Ќе биде...
Како што обично бива, некои работи не тргнаа според планот, па ќе мора да почекате уште ден-два до лансирањето на целосно новата МакНБА со скроз нов домејн (да, да, регнавме домејн) и на нов сервер. Преселбата е готова, само уште да зачистиме во новата куќа...
Иначе, НБА стартува вечер со дабл-хедерот кој оние кои имаат НБА ТВ ќе имаат среќа да го гледаат. Вејд, Шек, Зо, Пејтон, Вокер и остали ќе си ги добијат прстените и банерот, а малку славјето ќе пробаат да им го засенат Булси појаки за Бен Волас.
После тоа новиот баскет одма се префрла во Стејплс каде Коби би требал да игра за Лејкерси, а Амари конечно би требал да го има својот камбек.
Се тоа, плус останатите најави по дивизии во следниве неколку дена.
Издржете...