Thursday, November 02, 2006

We moved!!!

We have moved. From now on you can visit us at:

WWW.MAKNBA.COM.MK
Бидна!!!

После неколкудневна макотрпна работа на мкнење коментари, пакување постови, качување на рамо банери и ставање у архивар на архивите (логично), NBA Macedonia конечно си најде ново дома и ги откачи газдите од Блогер каде бевме кираџии скоро година и пол.

Овие година и пол беа ОК, ама јас и Шепард си знеме колку пати ни пушти вода парното од комшијата, колку пати лифтот ни се заглавуваше у три сабајле, колку пати ни наплатија за телефон иако го немаме и уште многу, многу такви “колку пати“ ситуации, кои ни дојдоа преку глава. Осилени од влашкото лоби и за инат на Масоните си најдовме ново дома, и тао новоградба и ич не ни е гајле ако ни се јават уште неколку ликови со папири дека тоа е нивно дома за кое уредно си платиле. Ние више си се уселивме и не мислиме да мрдаме некое време. Башка...има убав поглед.

Е сеа, како што ќе видите од линкот приложен подолу, и на новата адреса има работа. Ние само закречивме и го истругавме паркетот во ходникот и во дневната, а има уште да се средува по другите соби кои планираме со тек на време да бидат отворени за сите кои ќе ни дојдат на гости. И така.

А да, нашата нова адреса на која можете да не најдете, да ни мавате со камчиња под прозор и да ни ѕвоните на врата па да бегате е ваа:

WWW.MAKNBA.COM.MK
Ајде, кликајте и ставајте таму по Букмаркси и Фејворитси и ве чекаме на локум со ореви вода на новата адреса.