Friday, October 13, 2006

Toronto Raptors - плеј-оф или уште една промашена сезона?
by Znalac - straight out of T-Dot (или - он д'фејс оф д'плејс, од Торонто). Последните две сезони Raptors имаа преку 100 порази. Во тој период се обидоа да направат место во salary cap и да се реорганизираат. Сепак, главните промени дојдоа со отпуштањето на Rob Babcock и назначувањето на Bryan Colangelo за нов GM на почетоков на годинава. ВС се обидува во целина да го смени менталитетот на клубот - почнувајќи од клупските бои (сега се канадски - црвена и бела, наместо црна и виолетова), имиџот во јавноста и пред се - ростерот. На почетокот на оваа сезона тимот има 9 нови кошаркари (Rasho Nesterovic, T.J.Ford, Fred Jones, Andrea Bargnani, Jorge Garbajosa, Uros Slokar, Anthony Parker, P.J. Tucker, Kris Humphries), кои заедно со Chris Bosh, Morris Peterson, Jose Calderon, Joey Graham, Pape Sow и Darrick Martin треба да стигнат до плеј-оф место на Истокот. Имаше доста дискусии околу заминувањето на Mike James, Charlie V, Bonner, Araujo, Woods,... но, главно се сведе на муабетот "да беа добри, ќе направеа повеќе од 60 победи за 2 сезони", што донекаде држи вода. Она што мене ми остава место за сомневање е Sam Mitchell, кој мислам дека не е тренер соодветен за очекувањата на тимот и за овој играчки кадар, но ќе видиме. Целиот овој make over на ВС направи многу позитивен ефект. Сите се многу позагреани за претстојната сезона, картите се продаваат најдобро во последниве 5-6 години, многу се пишува и се зборува по медиумите, останува само уште Raptors да почнат да бележат успеси. Претсезоната за почна со еднонеделен камп во Waterloo, ON. На тренинг мечот минатата сабота имало 4,000 гледачи што е доволен показател за интересот. Потоа имаа меч во Washington, против Wizards, кој го добија со 93-88. Во прва 1/4 Raptors имаа очаен шут (21%), но подоцна се консолидираа и главно водеа со неколку поени разлика. На минута пред крај беше 88-88. Расплет: Garbajosa 3, Calderon 2/2 FT -> конечен резултат 93-88. Потоа, играа со Boston - изедначен натпревар кој со еден wild buzzer beater на Rajon Rondo отиде во продолжение (инаку Rondo одигра одлично - 29pts). Расплет во продолжение: Garbajosa 3, Garbajosa уште 3, Calderon положување, Calderon уште едно положување, слободно... -> конечен резултат 118-112. Од досега виденото - Bosh е во добра форма, новост е што шутира тројки и тоа доста добро, т.е. на тренинг мечот 4/4, а на првите 2 preseason средби имаше по 1/1. Rasho е стартер, ама ми се губи нешто. Би требало малку да се среди (последен се приклучи на тимот), но од него немам преголеми очекувања. Во секој случај е за класа подобар од типови како Loren Woods или Rafael Araujo. T.J.Ford е исто така стартер, меѓутоа на првиве 2 играше доста просечно, да не речам Calderon беше многу подобар. Посебно против Boston, Telfair и Rondo душа му извадија. Ако влезе во ритам, може да биде доста добар, ама ако влезе... Parker е стартер, меѓутоа играше со осцилации. Факт, во preseason меч има многу измени и ротации, но мислам дека ќе биде постабилен во текот на сезоната. MoPete е стандарден - ова му е последна сезона од договорот, па веројатно ќе биде добар. Од клупата, Calderon и Garbajosa играат многу добро и со многу самодоверба. Се однесуваат како Светско да освоиле :) Беа најзаслужни за првите две победи. Bargnani игра со доста самодоверба исто така, има талент,... би требало да е способен да го исполни планот од околу 10pts/ 5rb сезонава. Fred Jones - одличен, Kris Humphries доста солиден во минутажата што му беше дадена. Joey Graham не е лош, иако јавноста не му е премногу наклонета (без некоја посебна причина). Останатите до сега не добиле минути за да можам да кажам нешто. Ако се биде во ред, т.е. ако се отстранат недостатоците и нема многу повреди очекувам 42-40 сезона. Тоа би требало да ги врати Raptors во плеј-оф после 4 години, што во моментов мислам дека е максимален дострел на овој тим. Ако тимот има добар старт, мислам дека ќе се зацврсти самодовербата и позитивната атмосфера, што би требало да донесе успешна сезона.

17 Comments:

Blogger retry said...

Predsezona ne mora nishto da znachi. Mnogupati toa dosega se dokazhalo. Sepak mislam deka Raptors so timov shto go imaat mozhat da stignat barem do prvo playoff kolo.

10/14/2006 02:16:00 am  
Anonymous junk yard dog said...

mislam deka raptors sigurno ke vlezat u playoff i toa kako vtoi u divizija(posle new jersey)

10/14/2006 02:26:00 pm  
Blogger Karakash said...

Мене ми се права енигма. МИмаат потенцијал за 8. место на Исток, ама ќе треба многу коцки да им се поклопат за такво нешто.

Џером, тоа дека можат да бидат втори во дивизијата не значи ништо, затоа што лани од нивниот Атлантик во плеј-оф играа само првите Нетси.

10/14/2006 07:17:00 pm  
Blogger Karakash said...

Чекам коментар од Џиги:)

10/14/2006 09:11:00 pm  
Blogger Shepard said...

без чарли ви, нејќам ни да коментирам

10/14/2006 09:25:00 pm  
Blogger Jiggy said...

Еве го и Џиги, откако изгледа саботна програма во мак-лига..

Прво: Не ми се свиѓа Барњани. Сум го гледал едно 20 пати и мислам дека е во рамките на Рикардо Питис.

Второ: Овој проект е чиста намештаљка, бизнис, откако влезе во Азија (читај Кина) и го освои Далас, сега "Деби" (читај Стерн) ќе ја осваја Европа.

Никој не може да ме убеди дека е случајност што двете најмоќни кошаркарски земји (според парите) од Европа се малтене персонифицирани во Торонто. Па тука се уште и Нестеровиќ и Слокар (Словенија има најскап ТВ договор со НБА од сите други во Европа - пошто бираат утакмици кои сакаат, а сва среќа што и Еторе Месина дефининтивно ги откачи за прв тренер, што во споредба со Сем Мичел, може и да било ќар. Ме чуди како не го потпишаа Стојаковиќ, не земаа некој Литванец, не пробаа да донесат некој Француз, другиот Пјетруш или Боколо на пример.. Чист бизнис и мене овој проекат не ми се бендисува.

Е сега, единствената работа заради која ќе навивам за Торонто е Ентони Паркер. Кој, како, зашто, колку... нема врска, ми треба триесет поста да објаснувам, ама Паркер си е Паркер. Штета што својот играчки зенит го мина надвор од НБА, но не жалам заради тоа, напротив.
А со оглед на годините минати во Макаби, можеме да го прогласиме за еврејски претставник во Торонто. Тоа во врска со горната теорија. Зашто Паркер е омилена фаца во Израел, па ќе видите колку негови дреса (те од Торонто) ќе се шиткаат низ светата земја.

И за крај, провизорно да го прогнозирам пласманот. Ќе играат во плејоф сигурно. Ако не заслужат, Стерн ќе ги избутка. Па цела Европа веќе навива за нив, помислете на дресовите (Бекам и Реал се мали деца за НБА), ТВ преносите, рекламите..

Инаку, завереник сум на конспиративни теории како оваа. На времето добив опклада дека Бекам ќе потпише за Реал а не за Барса, а истиот тип ми рикна летово, кога му добив опклада дека Балак ќе потпише за Челзи а не за Манчестер.
Една едноставна причина, АДИДАС, компанијата чии заштитни лица се споменативе двајца, па заради тоа што во Англија слабо се продаваа дресови од Реал, а во Германија од Челзи (Арсенал и НАЈК со Леман дресот парче правеа), едноставо го принудија играчот на трансфер заради виши циљеви.

И за крај: Лично го имам слушнато Паркер дека НБА за него е минато и никогаш повеќе нема да се врати и докажува таму, меѓу другото и заради тоа што планира да остане да живее во Израел (типот и инвестирал таму). Арно ама го пропуштил факторот Стерн и неговите братучеди и стрини од прататковината.

10/15/2006 12:19:00 am  
Anonymous bodan said...

Одличен пост,мада и допуната на џиги е многу многу веродостојана.Ипак за плејоф тешко?

10/15/2006 01:54:00 am  
Anonymous bodan said...

Опааа,(сум пропуштил неколку дена)овде излеа постојве дупли са:))) бараос и за џиги(втор пут).

10/15/2006 02:00:00 am  
Anonymous bodan said...

namesto kaj indijana vtoriov komentar sum go ostael ovde.nepiem vishe.

10/15/2006 02:03:00 am  
Blogger Karakash said...

Џиги, као Мел Гибсон си у "Conspiracy Theory":)

Држи вода тоа што го збориш, мада не ми е јасно колку НБА успеала да заебе некој како Словенците за ТВ права кога тие лани и преклани го даваа само финалето, ол-старот и уште две-три утакмици у живо. Се друго одеше у снимки, и тоа една до максимум две неделно...во сабота попладне. Единствено нешто поврзано со НБА што кај нив беше редовно беа Екшните.

Ти текиња на надимакот на Питис на почеток на 90-ти кога Италијаните го промовираа (или па сакаа) во своја прва ѕвезда?
Истиот надимак му го закачија и на Андреа, а момакот си го одбра и соодветниот број на дрес. Има нешто.

Debbie does Europe:))

10/15/2006 11:24:00 am  
Blogger Karakash said...

Bodane, i da nepies vishe:)

10/15/2006 11:25:00 am  
Blogger znalac said...

Jiggy се слагам со теоријата на заговор. Ова е win-win проект во може да има многу пари. Торонто со својата „европска“ ориентација + екстремно силно еврејско лоби е идеално место за спојување на американските(НБА), европските и израелските бизнис/кошаркарски интереси. Единствен минус е тоа што позади Raptors не стои некој јак бизнисмен, туку MLSE (Maple Leafs Sport and Entertainment) во кој доминантен сопственик на акциите е Ontario Teachers' Pension Plan, кој се пали само на профитот, но не и на некои подлабоки инвестиции. Во секој случај, плеј-оф добро би дошол годинава.

10/15/2006 07:20:00 pm  
Blogger Shepard said...

без чарли ви, нема плејоф.

10/15/2006 07:33:00 pm  
Blogger Karakash said...

Charlie V. Ajde sega komentiraj:)

10/16/2006 02:55:00 pm  
Blogger kole said...

vcera posle 1 ko da citav nesto za lakers ili taka mi se pricinilo???

10/16/2006 07:06:00 pm  
Blogger retry said...

I ja chitav, ama Shep si go trgnal izgleda :))

Plus, imashe error na link-ot za comments.

10/16/2006 07:19:00 pm  
Blogger Jiggy said...

Каракашевиќ:
Прво, погрешно си информиран за договорот на РТВСло за договорот со НБА, пошто и лани и преклани ги откорнаа Бобкетси од преноси, а и сите екипи кај што играше Нахбар, нормално и Сан Антонио.

Второ, тоа и не е битно, пошто последниот двогодишен договор им беше истечен, па сега преговараат за нов, а Торонто како опција гарант ќе го даваат нон-стоп и во глобалниот пакет.

Трето, ако мислиш на прекарот "Италикански Кукоч" - тогаш тоа е тоа, иако од тоа колку го поштуем, уште не знам кој број на дрес носи Бањаркани.

Четврто, Шеп е нај-у-право, без Чарли Ви, батали ги Репторси..

10/16/2006 10:03:00 pm  

Post a Comment

<< Home