Thursday, October 26, 2006

SouthEast...со понекој линк плус
Вчера ја имавме бедотијата од дивизија Атлантик, а денес остануваме на Истокот со привјуто на Southeast дивизијата. Во план ми беше Централ, ама Ивица пиша најава за Детроит така да најјаката дивизија на Истокот (можеби и лигата) ја оставив за утре. На крајот табелата на Southeast би требала да изгледа вака, а подоле има и зошто. 1. Мајами 2. Вашингтон 3. Орландо 4. Атланта 5. Шарлот Идеме по ред... 1. Мислам дека не треба многу објаснување зошто Мајами би требал без поголеми проблеми да ја освои својата дивизија, која ја освоија и лани и тоа без 100% здрав Шек во текот на целата сезона. Годинава сите во редовите на шампионот се за една година постари, факт кој има позитивна конотација само во случајот на Двејн Вејд. Тоа што залижаниот ги задржа сите старци со кои војуваше лани може да се покаже како паметен, ама мене се ми се чини дека ќе се покаже како лош потег. Ипак, пред да се нападне Рајли мора да се знае дека селари-капот му е ограничен. На Мајами и тоа како добро ќе му дојдеше некој шутер, а и плеј кој би го мењал, па и би му го земал местото на Џејсон Вилијамс. Вака, екипата е ОК, ама тешко дека со овој состав може да го повтори ланскиот успех. Ипак, не смее да се отпишува екипата која кај себе ги има Вејд и Шек и како што рече 1995 година Руди Ти: "Никогаш не го потценувајте срцето на шампионот!" 2. Е сеа, ако Мајами киксне и им се повреди на пример Вејд, Визардси се и тоа како способни да им го лапнат 1. место. Летово им отиде мазохистот Џефрис, кој прифати да биде дел од циркусот на Ајзеа, но тоа во Вашингтон го надокнадија со потписот на Дешон Стивенсон. Останаа тие што се најбитни и тоа Аринас, Џејмисон и Батлер, а Сонгаила тешко дека ќе им ги реши проблемите во рекетот. Баш таа дупка под кош ги спречува да направат нешто поозбилно, како на пр. финале на Исток, мада со лудиот Жилберто не би брзал да ги отпишам. 3. Е сеа, ако па Визардси кикснат и им се повреди на пример Аринас, Орландо и тоа како е способен да им го лапне 2. место. На Флорида почнуваат цела сезона без Стив Френсис, што само од себе е плус, а и сезона во која ѕверот Двајт Хауард би требал да доживее целосна промоција. Момакот ми е омилена фаца уште од пред да го драфтуваат кога беше средношколец на кој хоби му беше кршење табли на сликања за насловни на списанија и гарантирам дека ако не го сотре некоја повреда ќе доминира долго време во рекетот. Тука се и Џамир Нелсон, Хидо, Аројо, а и Редик, кој не би требал да биде некој посебен фактор како руки. Грент Хил конечно нема да има притисок врз себе за успешен камбек, затоа што сите веќе дигнаа раце од него. Токму тоа може да се покаже како добро за Грент на кој му држам палци. Ако се врати барем на 50-60% на она што беше, Орландо ќе биде многу опасен. 4. Аааааа, моите Хоукси. Срце ме боли кога гледам како се мачат дома, а со насолзени очи ги гледа Доминик. Тоа нема многу да се смени ни сезонава, ама барем ќе бидат ептен интересни а гледање. Летово го трампаа Ал Херингтон и за него не добија ништо, а Били Најт тоа го објасни као ништо не им требало од Индијана. Како да не. Не им требал Тинсли, Јаске, Херисон или Фостер? Хмммм... Да не биде така црно ги пополнија двете дупки на плеј и под кош со Спиди Клекстон, Лоренцен Рајт и 5.пик Шелден Вилијамс. Тука е Џо, кој конечно си се враќа на природната позиција и е еден од најуниверзалните играчи во лигата, а очекувам добри сезони и од Џош Смит и Марвин Вилијамс. Не го заборавајте ни соленката Чилдрес, а и Заза. 5. Бобкетси летово малку пораснаа и пуштија пубертетски бркчиња. Адам Морисон и тоа како ќе добие минутажа да покаже зошто беше НЦАА ѕвезда, а и има потенцијал тоа да го потврди.Мека е конечно здрав, исто како и Шон Меј и Џералд Волас. Фелтон би требал да има одлична сезона на плеј, а Шарлот ќе изненади многумина. Доста е.
* * * * *
Еве и уште по некој линк да не биде дека пишуваме само најави кога се дешаваат доста други интересни ствари пред стартот на сезоната. - Фокс ја објави својата Топ 50 листа. Кој е прв? Нема да се изненадите. - Џордан и Спајк Ли за прв пат соработуваа во 80-те кога Спајк го глумеше Марс Блекмон во рекламите со младиот Мајкл кој самиот ги режираше. Сега дојде редот на Мајкл да му одаде почит на Спајк. И тоа со посебни Џорданки со ликот на Спајк, а кои се комбинација на неколку ретро модели. - Џи-Емовите на сите 30. екипи ги избраа Спарси за шампион и Леброн за МВП во новата сезона. Има уште по нешто. - Најважните прашања кои се поставуваат пред стартот на сезоната. - Лепотанот Двејн Вејд.

9 Comments:

Blogger retry said...

"And it remains to be seen if Bryant's mental maturity will ever reach his basketball maturity" - ova e najgolemata glupost shto sum ja chul. Togash James znachi e zrel, koga go stavaat na 1-vo mesto? A tipot nishto ne postignal dosega. Ova so James (chitajkji gi i drugite naslovi, kako prediction-ot deka kje bide MVP na ligata vo sezonava shto doagja) sve mi lichi na golema maketinshka kampanja, za promoviranje na dzvezdata shto doagja, onoj koj treba da gi nadmine MJs, LB, DW, KB i slichnite na niv.

10/26/2006 11:11:00 pm  
Blogger Karakash said...

"And it remains to be seen if Bryant's mental maturity will ever reach his basketball maturity" - Fakt. Valjda treba da ne se bide navivac na Lejkersi da se sfati tezinata na ovaa recenica.

10/27/2006 11:51:00 am  
Anonymous observer said...

Си го заборавил Миличиќ како фактор за добри резултати кај Орландо.

10/27/2006 01:04:00 pm  
Blogger retry said...

Znaev deka odma kje se javish :))

Abe James ne go stavam ponapred od Carmelo, a kamoli od Wade. E sega u godinite shto doagjaat ne znam u shto mozhe da se razvie. Toj fakat ne go chepkam.

10/27/2006 01:14:00 pm  
Blogger Karakash said...

Obsi, valjda posle tolku vreme skapuvanje na klupa vo Detroit zaboraviv deka Darko bi mozel da vleze negde vo igra.

Ali tocno, Dark-O bi mozel da bide faktor, mada ima mnogu pobitni faci od nego vo Orlando.

10/27/2006 01:20:00 pm  
Anonymous observer said...

Има побитни фаци сигурно, не е да не. Дарко може да го наречеме фактор изненадување :)

10/27/2006 04:24:00 pm  
Blogger Latifovich said...

Dark-o nema nisto da pokaze vo orlando ke mu trebaat najmalce uste 2-3 sezoni za da bide kako ostanatite "srbi" vo NBA

10/27/2006 06:16:00 pm  
Blogger retry said...

Inache Krstich spored mene se izdvojuva od ostanatite i od svojata debitantska sezona igra podobro od bilo koj drug srpski igrach od debitantskata sezona na Divac pa navamu. Krstich mislam deka nabrzo kje mu go odzeme primatot na Peja kako najbolji srbin u NBA u momentov.

10/27/2006 07:18:00 pm  
Blogger Karakash said...

Латифе, а останативе Срби играчиште до играчиште:)

Ритрај, тачно дека Нено има потенцијал и одлично го користи тоа што игра покрај Кид, ама момакот е ограничен и нешто многу повеќе од него не треба да се очекува.

10/27/2006 07:43:00 pm  

Post a Comment

<< Home