Tuesday, October 17, 2006

Нов NBA.com, Марк Стерлинг, Доналд Кјубан, Чарли Ви и The LeBron's
По двата сериозни поста на Шеп решив да фрлам еден малку понесериозен поглед врз стварите кои се дешаваат низ НБА последниве неколку дена. Во тек е претсезоната, која како што кажав и порано ми е еден од понеинтересните делови целиот НБА циркус. Со мене по се изгледа се согласуваат и поголемиот дел медиуми затоа што ретко кој им дава поголем простор на средбите кои се играат во првата половина од октомври. Најголемиот број од локални медиуми кои ги пратат своите екипи се сконцентрирани на повреди, нови договори и слични муабети, а и поголемиот број сајтови полека се спрема за новата сезона. Кој менува дизајн, кој менува домејн, кој ги прави и двете ствари. Ние за некои недела дена би требале да бидеме во последнава категорија. Дел од првата категорија е главниот сајт на лигата и од денеска имаме целосно нов NBA.com. Мене ми се свиѓа многу повеќе од претходниот, само да не откријат играчите дека е користен микрофибер при неговата изработка и да почнат да го бојкотираат.
* * * * *
Се уште не го знам точниот момент кога Марк Кјубан од газда кој не жалеше пари за своите ѕвезди и за нивното уживање стана газда од типот на Доналд Стерлинг на Клиперси. Како тоа да не беше доста па се пушти и во нет-војна со Гугл и Ју-Тјуб?!?!?! Можеби нешто во него пукна кога се заеба со потписите на Вокер и Џејмисон. Мада од нивните трампи после тоа ги доби Тери и Херис. Или можеби кога Нешти реши дека многу поубаво му е во уште потоплата Аризона, него во Тексас каде имаше се што ќе посакаше. Да не биде дека Кјубан ептен станал циција, тој летово ги продолжи Ејвори и Дирк до 2011 година, и тоа не баш за мали пари, ама како да заборава дека тие двајца сами не можат да го вратат кај што беше пред четири месеци. Така, веќе некое време го одолговлекува задржувањето на Џош Хауард, кој заедно си Дирк и Тери беше најзаслужен за ланскиот успех. Кјубан упорно одбива да му ги понуди парите кои ги заслужува на Џош, а тоа би можело скапо да го чини следното лето кога овој би можел лесно да си отиде од Мавси. Не знам дали грешам, ама мислам дека Џош е во право кога бара понуда која би била барем еднаква со таа која лани Тејшон ја доби од Детроит. Грешам?
* * * * *
Ви текнува кој беше играчот со најголема глава на СП во Јапонија? Е па, од вчера Монструмот од Порторико више не плаши деца низ Вашингтон. Некаде во главниот град на САД фризерката која му ги правеше плетенките прави голема журка. Додека Џош Хауард чека пореална понуда од Кјубан, Кејвмен доби 50 милиони од Клиперси за пет години. Нешто дефинитвно не е во ред, Ова е како у филмовине кога два лика ќе си ги сменат телата. Тешко му на Далас ако е така. Шеп, добар е Чарли Ви, у тоа нема сомнеж. Само уштеда научи како да остане во игра некоја минута повеќе. Хупседикт блогот, кој важи за еден од подобрите на нет лансира свој сајбер баскет магазин. Кај нив на блог има и интервју со Скуп Џексон. Прочепкајте.
* * * * *
За крај, два клипа од новата The LeBron's реклама за 4-та генерација на Зум Леброн патиките.
* * * * *
ПМС: Секој кој сака да биде дел од МакНБА Фентази лигата, али овој пат посериозно од лани нека го остави во коментари својот Yahoo мејл.

27 Comments:

Blogger chote said...

djpece2001[at]yahoo.com , другарче ми е. Ќе биде сериозен сигурен сум. :)

10/17/2006 09:45:00 pm  
Blogger retry said...

50 milioni za Kaman za 5 godini ?!?!?! What the f...? I aj sega na Howard da mu dadat tolku i ushte pa da bide zadovolen. Ne bi mu se lutel ako si otide. Mada pre bi rekol deka Kaman e preplaten, a Josh ja zasluzhuva negovata plata.

10/18/2006 12:51:00 am  
Blogger Karakash said...

Ako se sporedi Kejmn so igraci na negova pozicija od tipot na Tajson Chendler, Semjuel Dalember, Adonal Fojl , Jerome James itd...tipot definitvno zasluzuva 50 mil. za 5 godini.

Mene me zacudi pustanjeto srce na Sterling.

10/18/2006 11:02:00 am  
Blogger retry said...

Pa i pushtanjeto srce me zachudi. A deka Kaman ne vredi 50 milioni, ne vredi. Znachi po taa logika Kaman e daleku podobar od Diop, Dampier, Mohamed, Howard, i da ne gi redam sega. A inache ushte eden centar ne zasluzhuva takov debel dogovor - Ben Wallace.

10/18/2006 11:33:00 am  
Blogger flight 75 said...

Па, Е далеку подобар од тие момци, Retry...освен од Хауард, кој ако не се лажам тек треба да потпишуе дебел договор....
Тоа што 50-те милиони делуваат астрономски од наша гледна точка нема врска со вредноста која се формира структурно - т.е. у споредба со Адонал Фојл, Џером Џејмс и т.н. :)

10/18/2006 01:03:00 pm  
Blogger Karakash said...

Right on point.

10/18/2006 01:14:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

toni4yu@yahoo.com
2nd season
ziro

10/18/2006 02:39:00 pm  
Blogger retry said...

Abe koj gi spominja Adonal Foyle i Jerome James, jas vikam deka Kaman ne zasluzhuva tolku, mozhebi e podobar od niv, ama ne mi kazhuvajte deka e podobar od Diop, Mohamed i Dampier. Za Howard pa da ne zboram. Od Ben mozhebi e podobar :))

10/18/2006 05:20:00 pm  
Blogger flight 75 said...

За споредба со Dampier може и може да се разговара, иако сигурно не со неговата Далас верзија...ама да го споредуваш Кејмен со такви цепаници као Мохамед и Диоп е смешно....
Дечкото има пост-игра што Диоп да игра 100 години нема да ја има...А, тек ќе напредува...Оваа сезона прогнозирам барем 15 ppg, а мислам дека нешто слично во него гледаат Клиперси, па затоа му даваат ваква понуда...Па ако можеше Рашо, зар не може Кејмен?

10/18/2006 06:46:00 pm  
Blogger retry said...

Mozhno e da napreduva, ama jas zboram za dosega kako igral. Ako Sterling pretpostavuva deka kje bide MIP u narednava sezona, togash si procenil deka gi zasluzhuva tie 50-ki. I druga stvar, Diop i Mohamed barem igraat odbrana i se daleku pocvrsti dechki.

10/18/2006 07:55:00 pm  
Blogger Дождалец said...

Прати страшен муабет на Јорданчо.

Критики, пердуви летаат, плус интересна идеја.

Пиши некое мислење, ако не те мрзи.

Да не ти расипуам како беше она темплејт ај со прагови:

Jordan eyes European teams in NBA

10/19/2006 09:33:00 am  
Blogger Karakash said...

Ритрај, и од тоа што покажал до сега Кејвмен е далеку поквалитетен играч од Назр, Диоп итд...кои и не се некои посебни дефанзивци, посебно не Назр. Тоа што ќе залепат некоја рампа чат-пат не ги прави тоа. И да, момакот ќе напредува, а ако не сте знаеле боледува и од еден синдром кој во САД е познат како ААD, а немам појма како би се превел кај нас. Гуглајте го или ѕирнете на Википедиа да видите за што станува збор.

Дождалец, мислам дека ова ти е прв комент, така да честито сефте. Што се однесува на текстот што го линкаше, не знам дали бараш ја да ти коментирам нешто или некој друг.
Муабетот на Мајкл не е ништо ново, а сега го спомнува зашто е низ Европа како дел од неговата Џампмен турнеја. Нормално е дека у такво опкружување ѓе дава изјави кои ѓе им будат по ќеф на домаќините.
Стварноста е дека идејата за НБА тимови во Европа е се уште далеку, а тука играат многу фактори како логистика, селари-капови, спонзори, долги летови итд...

10/19/2006 11:29:00 am  
Blogger retry said...

ADD-to na Kaman e eden vid mentalno poremetuvanje (no ne vlijae na inteligencijata tuku na odnesuvanjeto), neshto slichno na piromanija, klaustrofobija, ... Eve link.

Inache pomal faktor se troshocite vo pari i vreme za letovite, Amerikancite od uvek znaele da go optimiziraat schedule-ot, pa toa i ne bi im bilo problem duri i da se igraat natprevari u Afrika. Problem-ot e povekje e vo finansiskata sostojba vo koja se naogjaat klubovite od Evropa - finansiski najjakiot klub vo Evroliga (ne znam momentalno koj kotira na toa mesto), ne mozhe da mu se fati za mal prst na najslabiot vo NBA (istotaka nemam pretstava koj e na toa mesto momentalno).

10/19/2006 12:08:00 pm  
Blogger retry said...

Link :))

10/19/2006 12:09:00 pm  
Blogger Дождалец said...

Не видов дека сум на Каракаш територија, али нема везе, задоволен од одговорот.

10/19/2006 01:22:00 pm  
Blogger Karakash said...

Dobri linkovi Ritraj.

Dozduvalec, OK e. Inace, ova e vasha teritorija.

10/19/2006 02:17:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Retry, Диоп и Назр се прототип на анти-Шек играчи....високи, дугачки раце, силни, не многу вични у напад, навидум добри дефанзивци, а уствари совршено погодни за праење фаули... :)

Тоа што се на цена како добри дефанзивци е аномалиска последица од постоењето на Шек (Енко, веројатно ова е еден од аргументите (иако прилично лабав) за тоа зошто не мислам дека Хаким влага у низата големи центри за која дискутиравме пред некое време. Таквите играчи се познаваат според тоа во кој степен лигата се населува со анти-играчи кои се дефинираат во однос на нив. На пр. ако крајот на 80-тите на цена беа брзи и агресивни двојки и тројки кои можат да му парираат на MJ, дефинитвно нов тренд се воспоставува во средината на 90-тите - центри од типот на Диоп...
Хаким никогаш немал свој анти-тип :)

P.S. Retry, за секој Коби постои по некој Брус Боуен, ама никад не би потпишал дека Боуен е подобар од, на пример, Стивен Џексон, кој у принцип многу послабо се носи у дуелите со Коби...

10/19/2006 05:00:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ти држи ова Флајт. Али па така Шек и Вилт се единствените доминантни центри, што во основа и онака не е далеку од вистината.

Ипак, има место тука и за Хаким.:))

10/19/2006 09:03:00 pm  
Anonymous observer said...

darc_darko@yahoo.com

za fantasy

10/19/2006 09:29:00 pm  
Blogger retry said...

Flight, moram da priznaam deka apsolutno se soglasuvam so tebe. Dobra konstatacija (y)

10/19/2006 09:42:00 pm  
Blogger Karakash said...

"Кој менува дизајн, кој менува домејн, кој ги прави и двете ствари. Ние за некои недела дена би требале да бидеме во последнава категорија" - и никој не праша ништо за ова...

10/19/2006 10:19:00 pm  
Blogger retry said...

Enko, kazhi pokonkretno na shto mislish? Valjda ne se odnesuva ova na toa shto me pitashe pred nekoj den.

10/19/2006 10:25:00 pm  
Blogger Karakash said...

Не, тоа е за некој друг...Нашето е готова работа и ќе го презентираме пред старт на новата сезона. Толку.

10/19/2006 10:48:00 pm  
Blogger chote said...

Енко, Шеп, одлучивте доменот како ќе биде? Или сакате да биде изненаџење?

10/20/2006 12:41:00 am  
Blogger chote said...

This comment has been removed by a blog administrator.

10/20/2006 12:41:00 am  
Blogger Karakash said...

Domenot e gotova rabota i ne e se razlikuva mnogu. Ok e za start, pa vo idnina ke go aktivirame i mojot predlog, ne smeam da pisam koj za da ne ni go ukrade nekoj kako sto ni se desi so www.maknba.com

10/20/2006 11:32:00 am  
Blogger Shepard said...

ама ќе видат они убаво, кога ќе го регнеме www.maknba.kz у чест на борат!

10/20/2006 11:04:00 pm  

Post a Comment

<< Home