Friday, October 06, 2006

NBA Europe Live Tour....и што можеше да биде... + ЕВРО, АМАРИ И ВРБА АПДЕЈТ!!!
За ова нејќев многу да пишувам за да не се излетувам, а и сакав да биде изненадување кога ќе се уклучев да блогам од Келн. Ипак, како што често бива со наши медиуми и спонзори, нема да идам за Келн каде планирав да бидам дел од NBA Europe Live финишот на турнејата со Филаделфија и Феникс против европскиот шампион ЦСКА и Макаби. Можеби и ја циљав малку повисоко со барањето акредитација за местото за кое беше најтешка за добивање и каде плус предност имаат локалните новинари како и оние од соседните земји на Дојчланд и оние кои даваат понекој НБА играч. А со Шеп планиравме да направиме NBA Macedonia маици и да сликаме некој од играчите со нив. Јазк. Ќе има друга шанса, тоа сигурно. За оваа нема потреба више да се зборува. За сите информации за настанот еве ви го линков. Тукa имате се што ве интересира. ПС: Идејата со правење наши маици останува.
* * * * *
Во духот на гостувањата на НБА во Европа на официјалниот сајт се појави галеријава во која има неколку одлични фотки од времето, посебно тие со Дражен, Кукоч и Меџик и Ворти. Баш Кукоч е на задњата слика,а во легендата го пишуваат само како "некој играч на ПОП 84". Интересно. Ипак вреди да се ѕирне. Барса пак стана само третиот тим кој победил НБА екипа на официјална средба, иако треба да се знае дека играле со Филаделфија, која е далеку од НБА тим (мала шала). Момците од Јеј! имаат интересен поглед на таа дешавка. Мене лично ич не ме изненади тој пораз, а ништо чудно до крај да се деси уште нешто слично. Самата воиграност и физичка и психичка подготвеност на НБА тимовите во моментов е далеку зад тие од Европа кои веќе си ги почнаа сезоните и почнаа да фаќаат ритам. НБА фаците дури сега влегуваат у шема и почнуваат да фаќаат баскет во раце.
* * * * *
Малце вон евро-НБА муабетот, момците од ФриДарко си направиле своја Топ 50 листа на играчи на која го нема Дарко?!?!?!?
* * * * *
Феникс пак се тресе околу ситуацијата со колената (а не коленото) на Амари. Ѕверот пак почна да пропушта тренинзи, што секако не е добра вест, посебно откако изјавуваше дека ќе биде на 100% до старт на сезона. Ќе биде тужно да сме пак сведоци како Стадемаер се трансформира во Антонио МекДајс.
* * * * *
За крај морам да го спомнам Врба кого намерно не го спомнував тука, иако еден ден пред да излезе работата по медиуми знаев за неговото пензионирање. И јас како и сите бев шокиран, ама причината за таа негова одлука ми даде надеж дека Врба ќе и се врати на кошарката, затоа што во себе има уште сезона-две квалитетен баскет. За тоа што се се збореше нема потреба да се коментира, посебно не на гадостите кои ги избација некои београдски медиуми. Битното во моментов и задње за Врба е дека има добри шанси да се реши проблемот во негова корист, иако познавајќо го нашиот систем тоа ќе потрае. Уште побитно е што би можел пак да заигра за репрезентација, што ни е од огромна важност за баражот за ЕП следното лето. Па макар и без утакмици скоро година дена.

13 Comments:

Blogger Shepard said...

ќе ти праам ја тебе геноцид!

вчера нешо се ујебал блогот, у 6 сабајле срце ме стрефи. отвараш, бленк, вика нешо ЕРРОР! идам се логирам у блогспот, нишо не е. истата прича ко порано. и елем нешо чепкав у сетингс и ете го пупупупу.

иначе, идејата со наши маици останува. ќе праиме вет тишрт контест.

10/06/2006 01:53:00 pm  
Blogger Karakash said...

Wet t-shirt obavezno.

10/06/2006 02:15:00 pm  
Blogger Karakash said...

пупупупу

10/06/2006 02:15:00 pm  
Blogger flight 75 said...

И јас се логирав....не можев да пристапам до блогот, а само текстов беше у драфт....

Штета што не испаднала работата...

Следниот пут, коа ќе дојдат Hawks-и
:)

10/06/2006 02:28:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Опасен играч овој Ливингстон....
Уште да знаеше да шутира....

10/06/2006 08:37:00 pm  
Blogger Karakash said...

Кога ќе дојдат Хоукси, сам ќе си го платам патот, иако по се изгледа ќе играат у Тбилиси:)

10/06/2006 09:27:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Боље него у Ташкент :)

Иначе, Илиевски никако кош да дае...Ај, барем една тројка да прсне у второ полувреме...Да му стои у CV

10/06/2006 10:34:00 pm  
Blogger retry said...

Stoudamire kje se transformira (ako ne e vekje transformiran) u Ralph Sampson.

10/07/2006 01:13:00 am  
Anonymous bodan said...

Жално ова со враба бреј,шо малер го снајде.

10/07/2006 01:20:00 am  
Blogger flight 75 said...

За Врба е поише поучно отколку жално, за Стадемаер Е жално....

А, Илиевски се скрена у второ...

10/07/2006 11:37:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Врба и дефинитивно ви идно време ќе ги реши проблемите во негова корист, а токму затоа и на пресот кажа и самиот дека пак ќе настапува за Македонија во прво време, а не кажал дефинитивно не и на клупската кошарка, нормално ако му се средат работите.

ТО БЕ ВРБИЦА!

10/07/2006 01:39:00 pm  
Anonymous Џиги said...

Се нудам да организирам и да спонзорирам (макар во вид на доброволен прилог, засега, дур не ојачам :) ) правењето маици.

Контак ми

10/09/2006 12:09:00 am  
Blogger Karakash said...

Dogovorena. Nie ke ti vratime...barem koga ke ojacame:)

10/09/2006 11:45:00 am  

Post a Comment

<< Home