Friday, October 13, 2006

Привју номер едно: Indiana Pacers
Индиана Пејсерс ќе биде тимот за кој ќе пишувам. Ќе се обидам да бидам најобјективен што можам, сепак, навивам за Пејсерс повеќе од 10 години и се надевам дека ќе ги толерирате можните мали субјективни излети во текстот. :)

Најголем успех на тимот од Индианаполис е пласманот во големото финале пред 6 години. Изгубија од Лејкерс тогаш, поточно од К.Б. (од мрскоќа неќам ни името да му го спомнам). Беше тоа солиден тим, граден со години. Иконата на клубот, Реџи Милер беше во зенитот на својата кариера. Многу силниот тим на Пејсерс на неколку наврати претходно играше во финалето на источната конференција но за нивна несреќа во исто време на истокот играше и Мајкл Џордан. Губеа од Булси на пар наврати, од Никси исто така и иако шест – седум години по ред стигнуваа далеку во плејофот, никогаш не успеаа да се пласираат во финалето се до 2000 година. Кажав како заврши нивниот прв пласман во финале. Откако загубија со 4:2 од Лејкерс, тимот беше реформиран. Освен Реџи Милер сите останати битни фаци го напуштија клубот, некои заминаа во пензија а некои среќата си ја побараа по останатите НБА тимови. Јасно беше дека треба да се создаде нов тим. Исто така, јасно беше дека новиот тим не може повеќе да се гради околу Реџи Милер, се наѕираше залезот на неговата кариера. Клучен момент за Пејсерси беше трампата во која од Портланд во размена за Дејл Дејвис беше донесен Џермејн Онил. Играчот околу кој во наредните неколку сезони се градат новите Пејсерси.

Летово во тимот од Атланта беше донесен Ал Херингтон, играч кој настапуваше за Пејсерс пред неколку сезони. Тоа ќе биде засилување број еден за Индиана сезонава. Најзвучно име што летово го напушти тимот е Пеџа Стојаковиќ. Мое мислење е дека Бирд направи добар потег што не го задржа србинот. Пеџа е издишан играч. Нов жител на Индианаполис е и Маркис Дениелс. Доскорешниот капитен на тимот, Кроушир од следната сезона ќе биде играч на Далас. Силен печат на играта на Пејсерс во последниов плејоф остави Ентони Џонсон. Благодарение на вечно повредениот Тинсли и слабата форма на Јасикевичиус, Џонсон доби шанса која многу солидно ја искористи. Пејсерс се ослободија од неговите услуги, што за мене беше неочекуван потег. Сепак, се надевам дека Јасикевичиус конечно ќе се прилагоди како што треба на НБА и ќе може да даде и поголем придонес во играта на Пејсерс од лани. Ако се сеќавате, лани Јаске влегуваше во игра кога Индиана играше зона во одбрана. Тимот го напушти и Фред Џонс. Солиден играч, лани и тој како и сите играчи на Инди пропушти поголем дел од сезоната поради повреда. Мора да го споменам и дебитантот Вајт. Сепак, на прсти се бројат играчите што во дебитантските сезони им биле од голема помош на тимовите за кои настапувале. Очекувам нешто слично и со Вајт. Останатите кадрови промени нема да ги споменам бидејќи не се вредни за споменување. Барем јас имам впечаток дека ниту еден играч што си отиде или дојде од/во Индианаполис нема да има забележително влијание во играта на тимот. Тоа е секако, мое мислење. Ќе бидам среќен ако почетокот на новата сезона покаже дека грешам.

Главен збор на клупата на Пејсерс веќе неколку сезони има Рик Карлај (oн им дава вода на тајм аут ;)). Карлајл е еден од најдобрите тренери во НБА, верувам дека нема некој што нема да се сложи околу ова. Беше тренер на Детроит, пред да дојде во Пејсерс, тој всушност го “проектираше“ овој тим на Пистонси, тим кој во изминативе неколку сезони дрма низ НБА.

Главен играч во тимот, како што веќе најавив ќе биде повторно Џермејн О'Hил. Се надевам дека се потсредил психолошки летово, затоа што беше во очајна состојба на крајот на минатата сезона. Исто така се надевам дека О'Hил нема да биде форсиран на позиција пет затоа што мислам дека многу многу подобро се снаоѓа на неговата “природна“ позиција крилен центар т.е. четворка. Ако не го го малтретираат и бараат од него да игра на позиција пет и ако го послужи здравјето (се надевам дека рамото конечно заздраве како што треба), Пејсерси ќе имаат на кого да се ослонат. За квалитетите на Џермејн не треба повеќе да се зборува.

Втора опција во нападот сезонава очекувам да биде повратникот Ал Херингтон. Кога ја напушти Индиана пред 2 сезони имаше просек од 13.2 поени, минатата сезона во Атланта просечно даваше скоро 19. Има 26 години и со напредокот во играта во одбрана што покарј Карлајл очекувам да се случи зошто да не го гледаме и на ОлСтар. Со него Индиана доби одлична тројка. На позиција еден во тимот треба да се најде Џамал Тинсли. Можни беа негови трампи летово, но сепак, Тинсли не го напушти тимот. Се работи за многу талентиран играч, играч со исклучителен осет за додавање, но, за жал се работи и за играч со многу кревко здравје. Во последниве 3 сезони, пропушти околу 50% од натпреварите. Мислам дека му е време да се потсреди малку и да го покаже она што го ветуваше кога се појави во НБА, пред 5 години. Ако не се случи тоа, многу е голема веројатноста да биде трампан. Него би требало да го менува Шарунас Јасикевичиус, барем во првиот период додека не се прилагодат новаците. Се надевам дека Јаске напредувал летово и дека конечно ќе понуди нешто повеќе од игра во зонска одбрана.

Позицијата 2 беше осигурана за Стивен Џексон се додека не се случи инцидентот (во кој Џексон бил главен!) за кој Енко веќе пишуваше. С.Џ. на МакНБА многу е попознат како Џекес. Он е воедно и играчот со најнеинтелегентна фаца во НБА и најнеконстантниот играч што некогаш играл кошарка. Џекес сигурно ќе биде казнет, но за обликот на казната сеуште се шпекулира. За среќа, оваа сезона во тимот се Ал Херингтон и Маркис Дениелс па се надевам дека лошите вечери на Џексон (кои минатата сезона не беа во мал број) ќе има кој да ги покрива. Пратејќи ги игрите на Индиана, минатата сезона, особено позитивен впечаток ми остави дебитантот Дени Гренџер. Игра на позиција 2 или 3 и очекувам да биде солидна замена на Херингтон или Џексон. Да се прашувам јас, Гренџер би играл и во први пет на двојка наместо Џексон но... Гренџер би требало да додаде жар во играта на Пејсерс. Се сеќавате дека лани тоа мнооогу им фалеше, понекогаш имав впечаток дека ќе заспијат на терен.

Џекес

Како што погоре веќе споменав на тимот летово му се приклучи и Маркис Дениелс. Од инцидентот што се случи пред некој ден може да се заклучи дека Дениелс солидно се вклопил во тимот, т.е. во друштвото на Џекес, Тинсли и дебитантот Вајт. Останува да видиме дали ќе биде така и на теренот. По квалитет веројатно е тука некаде со Џексон, па се надевам дека колку толку ќе го мотивира Џексон да работи повеќе за да не го загуби местото во стартните пет.

Остана уште анализа на играчи што играат на позиција центар. Стартен центар би требало да биде Џеф Фостер. Просечен играч, знаеше понекогаш да здиви и да собере и по дваесетина скока, но за жал, ништо повеќе од тоа. За мене малку нејасно, минатата сезона Карлајл доста го форсираше дебитантот Херисон. Херисон може да игра само на позиција пет, и се надевам дека оваа сезона ќе имам можност да ја видам поентата на Карлајл, т.е. се надевам дека Херисон ќе почне да се оформува како солиден центар.

Во анализава ставам акцент на првата петорка, што можеби и е непотребно ако се знае дека минатата сезона Џим Кери промени околу 30(!) различни стартни петорки. Главна причина за таквите потези на Карлајл беа секако повредите. Се надевам дека оваа сезона нема да биде така. Оф корс, факт е дека повторно тоа ќе биде еден од клучните фактори за резултатите на Индиана.

Познавајќи го Карлајл, јасно е дека основа на играта на Индиана ќе биде пеколна одбрана. Нападот би требало да биде нешто што сигурно нема да биде run_n_gun. Значи, релативно спори напади по сигурните скокови во одбрана. Очекувам Херингтон да додаде одредена динамика а на некој начин и стабилност во нападот која недостасуваше изминативе сезони. Ако е се како што треба, Херингтон и Онил би требало да бидат многу опасен напад.

Ќе повторам уште еднаш, главен проблем на Пејсерси во изминатите неколку сезони беа повредите. Според мене тоа ќе биде клучен момент и во новава сезона.

Овие се пејсмејтс, упознајте се.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Лери Бирд е прв човек на клубот (President of Basketball Operations). Сопственикот на Пејсерс пак, Дони Велш освен тоа што е бизнисмен, е и љубител на кошарка и страсен навивач на Пејсерс. Сите оние што ја следат НБА во последниве десетина години, знаат дека Индиана е еден од најконстантните клубови во НБА. Мислам дека заедно со Сан Антонио во моментов се клуб со највеќе последователни учества во плејоф. Најголема заслуга за тоа веројатно има Велш. Верувам дека ќе биде така и сезонава. Верувам дека со малку среќа на Пејсерси не им гине пласман во плејоф. За понатаму ќе видиме...

П.С. Текстов е напишан пред неколку дена, т.е. пред да почнат подготвителните натпревари на Пејсерс. П.П.С Зоран Михајлов моментите откријте ги сами! :)

22 Comments:

Blogger Jiggy said...

ОК е Индијанава твоја и јас ти посакувам барем полуфинале на Исток.
Најбоља ствар што можеа да ја направат е таа што го ишутираа Стојаковиќ. Како и секој просечен Балканец, сега им продава пуфки на просечните Амери кои се палат на титулите од Ол Стар тројкаштвото. Уствари, Стојаковиќ престана да игра кошарка во моментот кога го усра финалето со Лејкерси и оттогаш е целоно посветен на својот буџет. Но, овде за Индијана се збори..

Нешто ми се чини пропушташ. Тимот, нормално ќе игра пеколна одбрана заради Карлајл, ама може и да не биде толку пеколна како што пеколно се најавува. Не заради друго, туку заради кревкоста на поголемиот дел стартери.

Најдобра ствар за Индијана е всушност хемијата. Ако погледнеме подлабоко во составот, во новите и староседелците, ќе видиме многу слични карактери, многу слична историја, па и фрустрации.. Тоа е нешто над што можеш да градиш тим, и тимски дух. Мотивот е многу лесно препознатлив кај сите овие момци, а јас лично очекувам во ослабената лига Индијана да игра бар полуфинале на Исток.

Зошто е лигата ослабена? Мислам дека прво, драфтот не донесе ама баш ништо. Второ, сите главни играчи се за година дена постари и поистрошени, па реално е сите тие помалку да се "стојаковиќи". Искрено, жалосно е што Вејд толку рано освои титула, па освен Леброн, останатите или немаат ѕверски мотиви, или имаат нереално мотивирани амбиции.
Коби ќе крева прашина пак (сори Шеп), Мјао ќе продава патики, Ти Мек ќе се лечи, Ајверсон ќе проба да биде Коби, едино Леброн ќе биде интересен.
И то (леле ама се распишував денеска), башка кажете ми кој и кога ќе пишува за Орландо, баш ме интересира коментар за игрите на Грент Хил пред да се повреди (пу пу пу, да му потрае подолго континуитетов игри).

10/13/2006 02:04:00 am  
Blogger Shepard said...

финале на исток максимун..

инаку, ама вовед, од финалето кога изгубија од КОБИ, шо и на тебе и на џиги ви е мрсок. тогаш КОБИ нели играше со шек, ама сеа КОБИ игра сам. а тогаш КОБИ носеше осмица, а сеа КОБИ ќе биде бр. 24. тоа пошто е КОБИ, а коа си КОБИ све ти се може. и нека не ти е мрско да го спомињаш името КОБИ, допрва ќе треба.. :)

и пола саат го форматирав постот :) фино ко за почеток чоте. поззз децо!

@ jiggy: Зошто е лигата ослабена?

the brand new orange roundie :)

10/13/2006 11:00:00 am  
Blogger Karakash said...

Чоте, при вакви најави и очекувам сите да бидат субјективни, посебно ако за својот тим навиваат задњиве десет години. Честито на тоа што за разлика од многумина не си го смени тимот кога ветрето дувна на друга страна.

Најголема грешка беше давањето за ништо на Ентони Џонсон, кој лани у плеј-офот му одржа лекција на Џејсон Кид. Џонсон не е класа на Кид, ама и затоа е искусен и стабилен плеј, каков што Далас си бараше...и си најде.

Што се однесува до Џим Кери како тренер, нема збор дека е еден од најдобрите во лигата, но и факт е дека отсекогаш, како во НБА така и во секој друг спорт имало тренери кои создаваат силни екипи и тренери кои со такви екипи освојуваат титули. За шал на Инди, Џим е у првата категорија. Тој ги створи Пистонси-да, ама Лерингитисот ги однесе до тронот. Кои се тие тренери доволно е да се погледне кој ја освојувал титулата задњиве десет години.

Факат е дека најголем проблем на Пејсерси е немањето лидер, колку и да сакаат да го претстават како таков, Џермејн не е материјал за лидер, а тоа го докажал безброј пати задњиве две години. На крајот и тоа ќе ги спречи за да направат било што повеќе сезонава.

ПС: Вајт не бил у биртијата со Џекес и Тинсли, него друг руки - Снеп Хантер

ПСС: За муабетот со Пеџа целосно се сложувам, а тоа го пишувам од стартот на МакНБА.

10/13/2006 12:06:00 pm  
Blogger Karakash said...

Малку го зголемив фонтот...за да може да се чита, а без после тоа да мора да се оди на офтамолог:)

10/13/2006 12:07:00 pm  
Blogger retry said...

To be Shep, konechno nekoj me poddrzha, koga pishuvav eden comment od praistorija deka KB beshe barem ednakvo zasluzhen (ako ne i pozasluzhen) za osvojuvanjeto na titulata 2000 kako i Shaq. Setete se samo na chetvrtata tekma koga Lakers u finish igraa bez debeliot i koga Rik Smits gi puneshe od pod kosh. Koj spasi situacija? Da chujam :))

Tachno e toa deka Pacers se sjebaa so Anthony Johnson. Ali ne se slozhuvam deka treba eden lider za da se stigne do titulata. Ako Chauncey Billups od 2004 finals go rachunate za lider onda tachno, kje im trebaat povekje lideri na Pacers. Umre taa stvar so lideri. Se slagam deka koga ima nekoj lider u ekipa taa ima povekje shansi no negovata uloga ne e presudna. Toa se pokazha i u prethodnite dve finalinja (ne go rachunam zadnjovo), a i sega na SP u Japan.

Edna druga rabota mi vika deka Pacers nishto ne pravat u ovaa sezona (se razbira dokolku ostanat na ovoj sostav), a toa e deka se tapa ko ekipa (sorry Chote :-) ) i nikakvi filozofii povekje. Shansa im e toa shto istochnite ekipi vo dosegashniot tek na preodniot rok ne se ojachaa mnogu, pa mozhebi kje imaat slaba konkurencija, ama koga kje dojde polufinaleto nema da ima beganje od realnosta.

10/13/2006 02:27:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ритрај, тоа што само Шеп те подржа доволно кажува за вашето убедување. Али, нема везе, ни Џордан можеби немаше да освои толку титули без Пипен...муабетот е тој, да не ги мењаме улогите.

И пaк правиш споредба која не ти држи. Не можеш да споредуваш НБА сезона, а уште повеќе плеј-оф со СП во Јапан!?!?!

Лидерите не умреле и нема да умрат, а докази за тоа има колку сакаш.
И да, Чонси е лидер на Пистонси и баш неговата слаба игра во плеј-офот против Мајами значеше но-рипит за Детроит. Од таму улогата ја презеде друг лидер - Двејн Вејд и неговите ментори и лидери на Мајами во соблекувалната - Шек и Рајли.

И уште едно - да, Пејсерси немаат ниту еден од овие два вида лидери. Сори Чоте.

10/13/2006 03:09:00 pm  
Blogger retry said...

Ej font-size-ov ti e ne znam. Bar sivkasti da bea malku bukvite, vaka drechi mnogu :))

Inache normalno deka ne se sporeduvaat NBA so SP u basket, amacelta mi beshe da pokazham deka liderstvoto ne mora da bide presudno. Pak izgleda ne se razbirame :))

Ok, ako ti go rachunash Chauncey za lider, neka ti bide. Spored mene ne mozhe da bide lider tip na igrach koj na edna ili dve od deset utakmici kje prezeme se u svoi race (i toa pod somnitelni okolnosti u finish, koga bez razmisluuvanje se pucaat trojki od devet metri, i mozhebi nekoja kje vleze pa potoa se igra igrata "ja sam heroj, bracho"). Mojata definicija za lider e chovek kon kogo se vrtat i molat soigrachite u sluchaj koga na timot ne mu ide, i znaat deka toj kje stori se vo sekoja mozhna utakmica da se dobie natprevarot, pritoa da ne zatreperi na psihichki i fizichki plan, da ne pravi nepromisleni potezi po sekoja cena, i sekogash da gleda soigrachite da gi napravi podobri odoshto se. Sinonim za lider mi e M. J. na primer, ama ne Jordan :)) Od igrachive shto se sega u liga: Kobe, Nash, Shaq, Wade (ali u paket so Shaq), Kidd, Duncan, Dirk ... Ne mi teknuvaat drugi. Lebron ni pod razno.

Da, u pravu si za Pippen. Bez nego Jordan nemashe da osvoi 6 tituli. Kje osvoeshe 7. Ova ozbilno go mislam.

10/13/2006 04:10:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Ко новопечен навијач на Индијана, ај да кажам и ја нешто...

Прво, морам да се сложам со Енко - овој тим само нов тренер би го однел на повисоко ниво - Пејсерси премногу често изгледаат предвидливо, бавно, неинвентивно,
а недозволиво малата слобода во играта го ограничува придонесот на играчите (можеби затоа Тинсли толку често се повредува :)
...Ми се наметнува паралела - Карлајл-Бенитез....

Второ, да, Џермејн е go-to момакот, ама далеку е од квалитетите што треба да ги има go-to играч на екипа која сака да биде шампион...
Истото важи и за Херингтон, којшто никогаш не ми се свиѓал....неконзистентен, предвидлив, премалку квалитети за солиден No.2...

Кај Џекес, па, не ми смета толку синусоидата на неговиот офанзивен придонес, па дури ни барабските излети у некои третокласни џоинти, колку катастрофалната игра во одбрана, недозволиво за играч на Рик Карлајл....

Не ми е поентата само да ругам, едноставно спомнувам некои работи премолчени од Чоте што мислам дека се ептен битни...

Е сеа, on a positive note, Грејнџер е една година постар, Тинсли ваљда ќе успее да остане здрав, Шарас веројатно ќе укапира како да придонесува у систем кој не е изграден исклучиво околу него (затоа мислам дека Ентони Џонсон нема да недостасува), а Маркиз Дениелс ќе мора да покаже дека заслужува втора шанса....

На овој список ќе придодадам уште еден момент кој Чоте не го спомна -Mаceo Baston - кој ќе биде солиден бек-ап и ќе притиска за минутажа (три финалиња по ред у Евролига можат чуда да направат за самодовербата)....

Коа пак станува збор за човекот задолжен за мојот прекар, она што може да го понуди е извонредна одбрана и мислам дека ќе биде користен почесто отколку што мислите - баш поради проблемите на Џексон и Дениелс у тој поглед што претходно ги спомнав....

Се на се, силата на Индијана е во depth-от на ростерот, како и играчкиот персонал кој нуди можност за повеќе стилови на игра, а слабоста, парадоксално, е во оние сегменти кои се посочени како најсилни - најдобрите играчи едноставно не се ДОВОЛНО добри, а тренерот е класичен шахист кој не знае кога треба да ја превртиш таблата и да му се препуштиш на текот - нешто за што Џексон и Рајли се мајстори....

П.С. Ослабената лига на Џиги имплицира дека најдоброто од Коби, Ти-Мек, па и од Вејд (кој би си ги задоволил апетитите со една титула) е зад нас, нешто што никогаш не би го потпишал....
Шармот на лигата е во нејзиниот динамизам, во скриените потенцијали кои излегуваат на површина како неочекуван резултат на (на прв поглед) очајни трансакциски маневри...Па, кој можеше да предвиди пред 3 години дека Вејд ќе прерасне во таков играч толку брзо, или дека Тони Паркер ќе стане толку влијателен во нападот на Спарси, а успут ќе ја легне и Лонгорија, или па - дека Амаре ќе доминира у дуел со Данкан - а година и пол покасно ќе го споредуваат со Сампсон и со Грент Хил? И т.н.
Кој знае? Може Ајзеа ќе биде страшен тренер :)

П.П.С. Чоте, барем Индијана има легитимна шанса да ја врати Slam Dunk титулата :)

10/13/2006 04:17:00 pm  
Blogger retry said...

Dobar comment Flight, dobar. Ustvari dobar roman :))

10/13/2006 06:56:00 pm  
Blogger retry said...

Inache, i ja ne se slagam so "oslabenata liga" na Jiggy.

10/13/2006 06:57:00 pm  
Blogger Karakash said...

Lebron ni pod razno...

А бе друже Ритрај, а Коби го стави у таа група лидери, а? Смешки:)

Да, добар комент Флајт, а и ја не се слагам со "ослабената лига".

10/13/2006 09:43:00 pm  
Blogger chote said...

Баш ми е драго што скоро сите се слагате со дел од моите забелешки...
@jiggy
-Интересна поента со хемијата. Не сум ги гледал работите од тој агол. Ќе видиме како ќе биде.
-И да, ни јас не се слагам со тоа дека првенството ќе биде ослабено. Од неколку причини. Прво, не мислам дека играч како Вејд ќе може да се задоволи со една титула, па затоа и не верувам дека играта ќе му биде на пониско ниво од лани. Второ, и покрај тоа што нема големи промени во НБА, значи, сензационални трампи или дебитанти кои може веднаш да направат бум, сепак, НБА има посебен шарм и убавина. Флајт тоа добро го срочи. Ситуацијата изгледаше многу слично и лани па ние сепак гледавме суперинтересно првенсто. Некаде слушнав/прочитав дека гледаноста на плејофот оваа година била за 15% поголема од лани...Тоа е показател дека по неколкугодишна стагнација, квалитетот на лигата оди во нагорна линија. Да се задржи нивото од лани ќе биде супер.
@shep
- Не знам што си форматирал пола сааат. :) Тро дугачок ми изгледаше постот па стаив Вердана у мала варијанта. Баш фино си изгледаше. Али добро.
@karakash
- Како што спомнав на почеток на коментаров, фактот што сите се слагаат со дел од моите констатации укажува на тоа дека објективноста ми била на високо ниво. Молим лепо. :)
Ќе се сложите со мене дека Онил е квалитетен играч, а јас со повеќето од вас кои велите дека Џермејн нема капацитет да биде лидер од врвна класа.
Лидер не се прави, лидер се раѓа. (ова од кампањата на Љубчо Георгиевски :)))) Ипак, јас мислам дека во моментов во НБА има многу малку “класични“ лидери, играчи со харизма како онаа на Џордан, Олајџувон, Томас. Па следствено, и не верувам дека тоа е клучно за успехот на еден тим, т.е. клучно за успехот на Инди. И веќе етаблираните лидери не се кој знае колку успешни во последно време..Ајверсон на пр. Сите суперуспешни тимови по постџордановата ера имале по два одлични играчи кога освојувале титули. Коби-Шек на пр. (На кого тука да му се стави епитетот лидер?! Еве, да речеме дека Шек е тоа, но сепак, нијанси се во прашање). Еве го и дуото Данкан/Паркер. Или сега Шек/Вејд. Вејд беше бољи, тоа е факт, но дали беше и оној кој даваше сигурност и стабилност на тимот? Нешто што несомнено лидерот на тимот треба да го прави... Ќе кажете дека Џордан го имаше Пипен а Хако Дрекслер, но има голема разлика! Тоа е тоа главно.
@flight 75
- Апсолутно НЕ се слагам со тебе околу коментарите за Херингтон. Не би рекол дека е предвидлив и неконзистентен. Штознам, мене ми се чини како идеално (пред се офанзивно) решение за Инди во овој период. Сигурен сум дека и почетокот на новата сезона ќе те демантира околу ова прашање. :)
- Обратно, сметам дека придонесот што Бејстон ќе го дава во играта на Пејсерс ќе биде занемарлив па затоа и не го споменав во тектот. Да имаше он квалитети кои би можеле да се земат во предвид во еден НБА тим, одамна ќе играше во НБА. Човекот има 31 година! Во играта на Индиана очекувам да има сличен придонес како што имаше во играта на Торонто пред пар години, занемарлив....
- Околу коментарот за Карлајл се слагам и со тебе и со Енко. Но сепак, тренерите кои ги споменувате вие, оние од врвната класа, Џексон ,Поп ,Рајли па можеби Лери Браун, оние кои ги освојуваат титулите во последниве 15 години се бројат на рака, на ЕДНА рака. Карлајл е една класа под нив. И околу тоа и не треба да се дискутира. Јас и не очекував такви коментари затоа што мислев дека тоа е јасно. Нешто слично важи и за Онил. Коментарите ќе ви беа на место да речев дека Инди со оваков састав и тренер е претендент за титула уште од сега. :) Овака....

10/14/2006 12:41:00 am  
Blogger retry said...

Chote, chim ne stavi @Retry znachi deka sum u pravo za se shto sum kazhal? :))

10/14/2006 02:10:00 am  
Blogger Karakash said...

:))

10/14/2006 07:14:00 pm  
Blogger Shepard said...

абе ајде ве испуштив од руки, се изначитав, оди реплицирај сеа нешто некому..

10/14/2006 09:27:00 pm  
Blogger makpacers said...

zdravo jas ve pratam na ova lopovskiov net veke podolgo i mislam deka ste ok osobeno so vmetnuvanjeto na komicni tekstovi.Fan sum na pacersi uste od vremeto koga jordan se borese za 1-2 tituli i ke si ostanam do kraj najverojatno bez razlika sto se desava vo INDIANA.Za ovaa sezona mislam deka Larry i Donnie napravija odlicna ekipa-mozda ne sampionska ama za poftorno iznenaduvanje da.Mislam deka ako go vratat zarot i zelbata za igra kako vo vremeto po suspenziite mozat daleku da stignat, za toa ima nekolku argumenti.Prvo ne se soglasuvam deka Johnson e daden za nisto-daden e za pribiranje igraci koi pri eventualen trejd na glupaci bi bile dodatok.Daniels e odlicen poteg ke se vidi nabrzo, nemozese da ima sansa kaj govedana pokraj tolku skapi igraci.BIG AL odlicen poteg-hemija i kosevi, tinsley povreden e problem, no ako se setite dva pati gi sprzi Heat lani, tip sto na desettiot natprevar vo nba realizira triple-double-ako neznaevte edino sto mi smeta e sto nema sloboda da poentira poveke,j7o ke si bide stariot sigurno, probklem ke bide centar tuka sigurno ke se razmisluva za trejd ako ne go biva Harrison, koj ne e los ako ne zakaci fauli i nekoja tehnicka,Granger e mozok za basket, se vide lani.Jackass e Jackass,mora da bide stegnat ako se saka uspeh, deka ne igra odbrana ne e tocno,tuka e bolji od Reggie pa ne gleam minus,Foster problemi so grbot, ako gi nema Ben (shit on the head) Wallace moze da mu se f...,Saras e isto mozok vreme mu e da se najde sebesi ili penzija, Peja i taka nikade go nema vo Play-off Kingsi ke bea sampioni da go imase tamu i toa malite ne gi znam i Baston, ke vidime.Mislam deka sekogomozat da go pobedat i od sekogoda izgubat-po makedonski vkus ekipa.Pzd MIK731

P.S. da ne znaete kade moze da se kupi dres od indiana nigde nema

mik731@walla.com

10/15/2006 09:27:00 pm  
Blogger retry said...

Shtoooooo, Peja se vratil u Pacers ?!?!?!?! :)))))))

10/16/2006 10:10:00 am  
Blogger Karakash said...

MIK731, после вака стручен и исцрпен коментар ми останува само да ти честитам сефте на лоповскиов нет.
И да, посебно сме ок во вметнувањето комични елементи во постовите. Тоа уствари ни е и најјака страна и така го криеме тоа што немаме појма од НБА.

За дресови, кај нас нема, а ако толку сакаш можеш да си нарачаш на нет. Aма не овој, лоповскиов.

Ритрај, не се прави дека не знаеше:)

10/16/2006 11:20:00 am  
Blogger Shepard said...

а чарли ви кај е?

10/16/2006 07:43:00 pm  
Anonymous bodan said...

Еве сеа фино лепо трезен:)) као фан на инди да остаем и ја коментар:Прво Џим Кери е ипак висок калибар за малтене да го наречеме губитник(колку само сезони и тимови му требаја на Лерингитис да стигне до титула).Второ: Приновите во ликот Маркус и Капоне можат многу да помогнат во подигањето на играта на ланската болница наречена Пејсерс,но ништо неможе да помогне повеќе од заминувањето на печалбарот од Шабац(или Вршац беше?). Трето:За крај сепак спасот би го барал во хемијата на џиги.Има тука некои шанси за финале на исток(ова е ипак максимилијано).поздрав.

10/23/2006 01:11:00 am  
Blogger Karakash said...

Bodan e trezen!!!

Ti trebase malku poveke vreme, ali jebi ga...vazno se otrezni:))

10/23/2006 01:04:00 pm  
Anonymous bodan said...

Mi trebashe i vreme i nevreme:)))

10/24/2006 12:26:00 am  

Post a Comment

<< Home