Thursday, October 05, 2006

Gilbertology
Не е тајна дека Гилберт Аринас ми е еден од најомилените играчи ради тоа што нема влакно на јазик и што никогаш не се фолира и секогаш си го кажува тоа што му лежи на срце, без разлика за последиците. А за Аринас да си остане ко Аринас, тој мора да прави работи кои на никој друг во лигата (освен можеби Рон-Рон) не би му паднал на памет. Така, линков МОРА да се ѕирне. Мора. Да не објаснувам многу, кликајте. Само како најава: Типот го проретчил воздухот во својата куќа за да биде физички поспремен во новата сезона. Ако тоа не ви е доста, еве малку Gilberto-логија.

4 Comments:

Blogger retry said...

Ima li be kaj nas takva kompanija za simuliranje na odredena sostojba na vozduhot? Ova mi e ushte eden pokazatel kolku sme daleku vo nekoi (mnogu) stvari od Amerite.

Nego batalete ova, jas mislam deka e chista glupost ovaa odluka i ne veruvam deka mnogu kje mu pomogne vo pojachuvanje na negovata kondiciona sostojba. Eve vi eden primer. Poredok vozduh se dishe na krajniot sever i krajniot jug, ili na mestata so povisoka nadmorska visochina, otkolku vo preostanatite delovi od svetot. Pa sepak povekje sportski rekordi i uspesi drzhat lugje koi zhiveat tokmu vo topli podrachja kade vozduhot e pogust. Da beshe taka, po logikata na Arenas, tatko mi, majka mi i ostanatite nivni predci kje bea kondiciono najspremnite lugje u drzhavava zatoa shto najgolemiot del od zhivotot go pominale na 1600+ metri. A ako ideme i po logika na genetikata, mozhebi i jas kje igrav vo Wizzards.

10/05/2006 04:56:00 pm  
Blogger kole said...

Добра логика, нема што... :)

10/05/2006 06:28:00 pm  
Blogger Karakash said...

А бе ако можеш, зашто да не пробаш. Точно дека тоа најверојатно нема многу да му помогне, ама затоа е Аринас - Аринас.

10/05/2006 07:32:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Абе знаев дека Филаделфија е тапа и тоа многу-многу не ме изненади....
Ама едно никако не можам да сфатам - како можат да утнат 50 слободни...тоа е beyond me....

10/06/2006 12:19:00 pm  

Post a Comment

<< Home