Thursday, October 26, 2006

Бедно
За разлика од лани, кога на секој тим му беше даден по еден посебен, бааги долг пост, годинава работите малку се успорија па немавме време за пишување подолги најави - комада 30. Што поради тоа што јас и онака пишувам најави за секој тим посебно за Мак.Спорт, а што поради тоа што Шеп последниве недела дена се дружеше со другарка и на Кондолиза Рајс. Нормално, тоа не значи дека немавме најави кои дел од МакНБА тимот си ги напиша за своите тимови и во ист стил ќе следат уште најмалку две и тоа Голден Стејт и Њу Џерси. Шеп направи сериозна најава на можеби најслабата дивизија во лигата - Нортвест, иако мој фаворит за најлузерска дивизија од која во новата сезона ништо чудно да имаме само еден плеј-оф тим e бедниот Атлантик. До старт на сезоната ќе имаме по една најава за секоја дивизија, а честа да стартуваме со нив ја има баш тој, мизерниот Атлантик. Еве како мислам дека ќе изгледа на крај табелата во Атлантик...и зошто. Мада што се однесува до оваа дивизија единствено нешто што изгледа сигурно во моментов е новата титула на Нетси. 1. Њу Џерси 2. Торонто 3. Њујорк 4. Филаделфија 5. Бостон Идеме по ред... 1. Њу Џерси има една од најдобрите први петорки во лигата и едно од најдобрите триа во Кид-Картер-Џеферсон. Летово не направија многу за да си ја пополнат дупката во рекетот и поправат проблемите со скокот, а не мрднаа ни од средување на клупата која лани не ја ни имаа. На драфт го собраа Маркус Вилијамс кој еден ден би требал да го наследи Кид, а ги прибраа и стално раселените Еди Хаус и Мајки Мур. Имаат солидна одбрана и еден од подобрите млади тренери во хобитот Френк и за среќа играат во Атлантик каде тимовите треба да се среќни што нема испаѓање од лига. 2. Можеби според некој ова е висок пласман за Репторси, ама не смеам против тим кој го составил помладиот Коланџело и евро-клапата на чичко Штерн. Со селекцијата на Барњани, па потписот на Андоре Џр, - Гарбахоса и враќањето во Америка на МВП на Евролигата задњиве две години добија вистински интернешнл шмек. Бош има потенцијал да стане ѕвер (или Ти-Рекс?), а тука е и ултра брзиот Ти-Џеј Форд, а и Мо Пит. Рашо не го спомнувам многу. Мрзок ми е. 3. Да беа во некоја друга дивизија ќе ги ставев на дно, ама конкуренцијата во Атлантик за таа титула е голема. Не очекувам ништо посебно од Њујорк и Ајзеа, но ако биде според најавите, дека ќе играат брза кошарка во стилот на Феникс, барем ќе бидат интересни за гледање. Одбрана е само сон, а покрај толку бекови Томас изјавува дека нема да има класичен плеј. Ипак, плеј-оф нема што ќе значи и клоца за Ајзеа на крај на сезона. Штета. Им фали уште Дариус Мајлс. 4. Ова место може на крајот да биде окупирано и од Никси и Репторси, а и од Бостон кој е едно место подоле. Зошто баш тука ги ставам Сиксерси? Ради годините во кои влагаат нивните главни играчи, т.е. играч - Ајверсон. Вебер е постар за една сезона, а колената ги изгуби одамна. Корвер, Игудала и остатокот од дружбата е далеку од талент кој еден ден би го заменил Ајверсон. Грешка што беше што летово не го трампаа, а следното лето ќе биде уште потешко да се направи такво нешто. Чикс не го биваше ни во Портланд, а ни во неговата Фила. Жал ми е за Ален. 5. Оербах, Расел и Кузи уште некое време ќе останат главните фаци на секоја средба во Бостон. Пол Пирс лани имаше страшна сезона која ради мизерните Селтикси остана незабележана. И тој како и Ајверсон можеби требаше на време да си ги спакува коферите и да побара трејд. Ако се повторат задњиве две години, тоа веројатно и ќе се случи. Тука е и Бен Стилер Шчербијакјакаоќпухиугујак, а не е за фрлање ни Делонте Вест. Многу се збори за Рејџон Рондо, кој импресионирал со играта во претсезоната и е дел од младиот бран во кој се и братучед му на Марбери, Себастијан Телфер, кој дојде од Портланд, па Перкинс, Џеферсон, Ален, Гомес итд. Момци кои ќе созреат кога Пирс ќе има 35 години.

6 Comments:

Blogger retry said...

Stvarno bedno :))

10/26/2006 01:44:00 am  
Blogger Laf said...

Друштво, едно off topic прашање, ако дозволите: имате ли информација дали некоја наша телевизија ќе пренесува NBA оваа сезона (СПОРТ 4, Алфа...)? Можеби веќе сте разговарале за ова, но немав време да го следам блогов редовно деновиве.

BTW - пак ли ќе се нервираме со ЗОРА ние во Тафталиџе, ако никој не пренесува од нашиве... :(

10/26/2006 01:06:00 pm  
Anonymous Ivica said...

Momci proverete mail.Prativ tamu preview za pistonsi.

10/26/2006 01:15:00 pm  
Blogger Karakash said...

Lafe, sega zasega izgleda deka ke se povtori lanskata sezona pa na pocetok nema da imame kanal koj ke dava NBA. Samo sto sega moze da se desi toa da prodolzi do kraj na sezona. Mada, kaj nas nikad ne se znae. Ne gubi nadez.

10/26/2006 01:24:00 pm  
Blogger retry said...

Da se pofalam, vchera gledav snimak Miami - New Jersey :))

Btw, utvrdiv mali nedostatoci na TVUPlayer-ot, a toa e deka so tek na gledanje streaming-ot slabee, pa se povekje secka i glasot i slikata. Kaj mene od 90 KB/s pagja po 10-tina minuti na 40-50 KB/s. A mozhda i mene me sechat od kablovksa :))

10/26/2006 03:22:00 pm  
Blogger Latifovich said...

Го пробав TVU Player-от и кај мене супер работи само што многу троши по 60Kb/s. А што се однесува до Атлантик дивизијата
1. Wu Xersi :)
2. New York
3. Boston
4. Philadelphia
5. Toronto
еве и зашто така мислам:
Уптравата на нетси прокоцка уште едно лето па нивниот 3+1 ќе одигра уште една сезона без озбилна подршка, како од клупата, така и од петиот стартер. неколку добри серии во регуларниот дел, како и секогаш, а потоа спуштање на земја во плејофот. ништо невидено од Њу Џерси.

Ако се гледа количината на таленти кај Ниикси се многу посилни од реалното, ама после онака бедна сезона лани за почеток не треба да се форсираат толку. доколку екипата добро го прифати Томас Место во плејофот. И оваа ќе биде Breakout сезона за Eddy Currya.

Повеќето од играчите на Бостон немаат доволно искуство за да можат да играат поозбилно. она што радува е тоа што тие „Клинци“ играат се подобро од ден во ден, меѓутоа дали Пирс ќе дочека да ги види своите соиграчи во полна форма.

За Филаделфија што да кажам, нема одбрана, нема хемија помеѓу двата најдобри и најскапи играчи, а покрај големиот број на изгунеи топки што ги губат Iverson и Webber нема доволно за останатите. Igoudala најверојатно ќе продолжи со својот развој, ама кој уште? Dalembert? Ashton Korver?


Дали поради тоа што Stern му се восхитува на Colangelо, поради големиот број на играчи од Европа, или кој знае поради што, Репторси добија најмногу наслови од сите тимови ова лето. Штета што во април ќе имаат повеќе наслови, кои што им беа посветени, отколку победи.

10/26/2006 06:15:00 pm  

Post a Comment

<< Home