Tuesday, October 24, 2006

Непцињо го виде Мајкл, Не се качујте на мотор!, Бррррдмен и Џо
Откако летово на турнејата низ Америка застана во Лос Анџелес и таму се запозна со уште една голема ѕвезда на Најк, Коби, Непцињо вчера го доживеа она што веројатно никогаш не го сонувал во животот запознавајќи го лично Најголемиот на сите времиња. Веќе пишував дека Мајкл се наоѓа на турнеја низ Европа на која го промовира својот нов модел Џорданки и во исто време својата линија Jumpman, а една од станиците е и Шпанија. Тој го гледал и дербито Реал-Барса на која Кингси ги преслушаа другарите на Непцињо и призна дека тоа била само втората фудбалска утакмица која ја гледал во живо во животот. Ако видовте на некои од странските вести сигурно ја видовте детската радост во очите и неверувањето кога Непцињо се поздрави и седна покрај Мајкл, кој како што самиот кажа му бил идол во детството. Зубињо иначе е голем НБА фан, а пукна од среќа кога Мајкл извади кутија со најновите Џорданки, спешли за него. Еве, да не биде дека не сум ставил линк до целата прича.
* * * * *
За жал, се исполнија прогнозите дека Џеј Вилијамс нема да може да им се наметне на Нетси, кои му кажаа едно фино "фала" за трудот кој го вложил во тренинг-кампот. Лично, не знам во каква состојба е Џеј и дали вооппшто наликува на оној Џеј кој беше 2. пик на драфт зад џинот Јаоза. Според она што се збори, тој е далеку од враќање на брзината која ја имаше кога беше играч на Дјук и Булси, а брзината е еден од главните физички атрибути кои мора да ги има секој НБА плеј. Плус, изборот да се испроба баш во Нетси не му беше најпаметен, не само ради Џејсон Кид, туку и поради рукито Маркус Вилијамс, кој сигурно ќе добие доста минутажа. Ама, со уште некој месец тренинзи и напорна работа, кој знае...можеби ќе се најде некој тим на кој ќе му се повредат 1. и 2. плеј. Приказнава на Џеј е само уште една причина зошто никад у живот да не се качите на мотор.
* * * * *
Ланската сезона како шок ни дојде веста за ногирањето од лигата на нашиот добар пријател Крис Андерсен со кој ја и Шеп имаме поминато многу "фини" моменти. Од тогаш никој ништо немаше напишано за Брррррдмен, а постот го прекинуваат на SI со прича со доста интересни факти за Крис.
* * * * *
Не е тајна дека Џо Џонсон е еден од најпотценетите НБА играчи. Само така нека се однесуваат и противниците на Хоукси.

12 Comments:

Blogger Владо Апостолов said...

Еееее Џеј, Џеј...

Иначе ја двапати сум се качил на мотор.

Еднаш за малце ќе лупнев у џип на УНПРОФОР, а другиот пат ме возеа со некои 120-130 на саат по скопските улици.

Бацував земја коа се симнав од мотор.

10/24/2006 10:40:00 pm  
Blogger Karakash said...

Имав слично искуство само што ја завршив "у кукурузу".

10/24/2006 10:44:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Заборавив да кажам:

ГО ВОДАМ М.Ј. У ГЛЕДАЊЕ ФУДБАЛСКИ УТАКМИЦИ У ЖИВО :)

10/24/2006 10:48:00 pm  
Blogger Latifovich said...

heheheheh, jas sekoj den do nax i nazad so motor, ama jas nema kariera da ja zaebam i da padnam. A kako bidna rabotava so Jay Williams, imase li dogovor so Chicago ili ovie go raskinale...

10/24/2006 10:53:00 pm  
Blogger retry said...

Brown back to work? - ova u tekstot za Johnson stoeshe, pri kraj.

10/24/2006 10:55:00 pm  
Blogger Karakash said...

Латифе, Булси испаднаа "џентлмени" па му раскинаа.

Ритрај, видов и се молам да не биде у Атланта.

10/24/2006 10:58:00 pm  
Blogger Shepard said...

овој крис андерсен е педер, не ми дава да пишам привју за денвер.

10/25/2006 01:07:00 am  
Anonymous Ivica said...

Abe narode, interesting issue vo fantasy ligata: Sakate da napravime live-draft?

10/25/2006 11:04:00 pm  
Blogger Karakash said...

Објаснувај. Би можело да биде интересно.

10/25/2006 11:21:00 pm  
Anonymous Ivica said...

pa vo osnova nema so da se objasnuva. Odreduvame datum i vreme, sednuvame site zad kompjuter vo toj datum i toa vreme i birame eden po eden igrac se duri ne imame poln roster od po 12 igraci . Mislam deka ke pridonese da se personificiraat timovive, da im se dade sopstven touch, sto na krajot ke dovede do aktivnost vo tekot na celata sezona.

10/26/2006 12:19:00 am  
Blogger Karakash said...

Може, али нека биде преку ден, може во понеделник во 12:00...

10/26/2006 12:26:00 am  
Anonymous Ivica said...

mene mi odgovara. Sto e so drugive momci? Ajde decki izjasnete se.

10/26/2006 12:36:00 am  

Post a Comment

<< Home