Thursday, October 26, 2006

Пистонс Привју
Ивица од Прага, комесарот на МакНБА Фантази лигата (за која можете да се пријавувате уште некој ден) ни прати најава за неговите Пистонси. Мојот привју за Централ ќе следи утре. By Ivica Оваа сезона Пистонси (бар според мене) ја почнуваат како втори фаворити во Централ. (ТУКА ИМАШЕ КЛИП СО БЕН ВОЛАС, КОЈ ЗАРАДИ ДОБРОТО НА СИТЕ ДЕЦА КОИ СЕГА ПОЧНУВААТ СО КОШАРКА И ЗАРАДИ КОШАРКАТА ВООПШТО НЕ МОЖЕВ ДА ДОЗВОЛАМ ДА БИДЕ ВИДЕН. ДЕЦАТА СЕ СЕПАК НАЈВАЖНИ - Каракаш) Бен Волас, човекот кој последниве неколку сезони беше убедливо најдобриот одбранбен играч во НБА го напушти Детроит и потпиша за ривалот од дивизијата Чикаго. Не знам дали грешката беше во раководството на Детроит (читај:Думарс) или па Бен имаше толкава желба да си замине, ама знам дека Детроит нема да е ни отприлика она што беше последниве неколку сезони. Чонси, Шид и дружината дефинитивно нема да имаат 60 победи, а некако не сум баш сигурен и дека ќе бидат во првите 4 на Истокот. Еден поглед на нивниот ростер за оваа сезона кажува се. -Стартна петорка: Назр, Рашид, Принс, Хамилтон и Чонси Во основа стартната петорка е единственото нешто кое не ме загрижува во тимот. Момците ќе дадат се од себе и ќе се повеќе од доволни за да обезбедат 50 победи. Е сега, за останатите победи ќе мора да истапи и некој од резервните играчи, а после првиот поглед на ростерот е јасно дека тука нема играчи кои се способни за такво нешто. Единствено МекДајс, а можда и Флип Мареј може да пружи добра партија, ама за него тоа се вика откога почна да игра во лигава, а јас на ниедна партија не сум видел да бил фактор. Значи работата на клупата од Детроит е "од црна-поцрна". Со само 6 и пол играчи кои се способни да се носат со најсилните тимови во лигата Детроит ќе има мноогу проблеми во играта и често ќе доаѓа во ситуација да е без решение (како што беше случај лани со Мајами). Најверните фанови на Детроит, повеќе од немоќ се надеваат на breakthrough сезона на Делфино, Дупри, Максиел или пак на рукито Блелок, ама сите сме свесни колку е таквата можност реална опција. Од сево ова единствено што можам да заклучам е дека Детроит ќе е цврст тим во поголемиот дел од регуларниот тек на сезоната и дека ќе биде многу тешко да се тепа во Обурн Хилс, ама како што ќе се ближи плеј-офот, така поуморни ќе бидат главните 5 (не вклучувам тука повреди, недај Боже:)) и така послаби партии ќе пружа целиот тим. Фактот што играат на Исток, каде има мноогу слаби тимови, донекаде им обезбедува плеј-оф место, ама за нешто повеќе од тоа Думарс ќе мора да се заангажира и да донесе уште некој квалитетен играч. Мое предвидување за оваа сезона е прво или евентуално второ коло плеј-оф. Од Фантази гледна точка мои фаворити од Детроит ќе се Назр Мохамед и Антонио МекДајс. И двајцата ќе бидат драфтувани ниско, а ќе имаат и минутажа и можности да станат Фантази фактор.

8 Comments:

Anonymous шанкуре блог said...

ако е ова Џо Думарс на сликата?-Ке одам да се убијам,па што напраја хамбургерите и пивото од луѓево..:))машала!

10/26/2006 08:14:00 pm  
Blogger Karakash said...

Тој е. А на маицата која ја носи е оној Думарс кој ти го памтиш.

10/26/2006 09:10:00 pm  
Anonymous Ivica said...

C c c c ova so cenzurava ic ne me bendisa. Ua snajderi, krojaci..:P. Pa so mu falese na klipot?:) Demonstracija za cvrstinata koja ja izgubi detroit bese toa.

10/26/2006 10:12:00 pm  
Blogger Karakash said...

Мисли на децата:)

10/26/2006 10:15:00 pm  
Anonymous Ivica said...

Iskreno receno Separd sakav da go videse klipot. Znam deka gi obozava pistonsi:)

10/26/2006 10:26:00 pm  
Blogger retry said...

"Детроит нема да е ни отприлика она што беше последниве неколку сезони" - kje bide bolji od toa :))

10/26/2006 10:52:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Hey,
Prilicno redoven posetitel sum, ama nogu me nema po komenari, forumi i takvi raboti!
Sega me interesira, sho e fintata so fantasy nba!
Dali e nesto slicno na Fantasy premier league (u fudbal) - biras sostav i vo zavisnost od rezultatite na igracite dobivas i ti poeni?!?! ili nesto slicno!
Ako e toa, sum zainteresiran (oti igram vekje Fantasy Premer League). Ama za sekoj slucaj ako ima nekoj sho ima lufta 5-6 min da mi napishe sho e fintata, toa moze da go napravi na d_krstevski@yahoo.com
Pozdrav

10/27/2006 02:17:00 pm  
Anonymous Ivica said...

Da da toa e toa. Ke ti pratam link pa ti vidi si tamu razgledaj i ke ti stane jasno.

10/27/2006 06:07:00 pm  

Post a Comment

<< Home