Saturday, October 07, 2006

ЏејлПејсерси
Иако уште имаат чат-пат проблеми со Зеко Рендолф во Портланд солидно се решија од имиџот на Џејлблејзерси и сега имаат повеќе примерни граѓани отколку типови кои кај стигнат закачуваат тужби, носат трава по авиони, мочаат на јавни места, се тепаат меѓу себе итн...Но, друг тим во лигата упорно во последниве две години се труди да го наследи тој Џејл-имиџ, колку и да се труделе нивниот претседател и тренер да го избегнат тоа. Кога лани се решија од Рон-Рон сите мислеа дека завршија проблемите во Индијана и дека сега без глупостите на Артест и со примерниот граѓанин Пеџа ќе почнат да се борат за камбек во финалето. Како сите да заборавија дека во екипата останаа сите други играчи кои беа дел од хаосот во Детроит и кои заедно со Рон претепаа пола публика во Обурн. Да не зборам за тоа дека двата најјаки удари кон навијачи на Детроит беа зададени од други играчи, а не Артест. Освен што го заборавија тоа, како сите да заборавија дека во Пејсерси остана играчот кој ние од МакНБА го викаме Џекес. Истиот тој Џекес, заедно со новите Пејсери Маркиз Дениелс, Снап Хантер како и Џамал Тинсли, решил да посети и фрли некоја илјадарка во локален стриптиз-клуб во Инди, веројатно за да се растеретат од напорниот тренинг-камп, кога ако не знаеле ТИМОВИТЕ СЕ СПРЕМААТ ЗА НОВАТА СЕЗОНА, А НЕ ЛУТААТ ПО БИРТИИ И СТРИПТИЗ ДУПКИ. У таа дупа некој го зачукал Џекес у фаца, а кога излегол надвор и пробал да го згази со кола. Џекес се качил на друг автомобил, го извадил својот пиштол (за кој има дозвола и си го носи стално со себе!?!?!) и почнал да пука во воздух во самоодбрана. За да не остане на тоа, полицијата нашла пиштоли во колите и на Дениелс и Тинсли (нормално, имале дозвола), а во тој на Џамал имало и трава илити Ганџа. А таман сите помисливме дека Лери Бирк и Џим Кери конечно ги држат работите во Инди под конец. Ќе биде интересно да се види нивната реакција на оваа нова глупост на нивните играчи. Еве линк со детален опис на тоа што се случило. Дури има и слика од биртијата у Инди. Детално и вредно за читање. Посебно интересно ако се прочита насловот за текстот за Тинсли напишан непосредно пред дешавката.

10 Comments:

Blogger zare said...

A Klipers se cetvrtiot tim od NBA sto izgubi!!!

10/07/2006 05:21:00 pm  
Blogger retry said...

I toa mislam deka go drzhat primatot na "najpregazena" NBA ekipa od strana na ne-NBA tim :)) Dal je moguche da izgubija 20 razlika ?!?!?!

10/08/2006 03:55:00 am  
Blogger flight 75 said...

Ги растурија...
ЦСКА е ептен добра....Фантастична периметар одбрана на Холден и Ленгдон...Бодирога-лајк лидерство на Папалукас..многу добри офанзивни скокачи...Извонредно движење на топката...Добар шут од дистанца (дури и од американците во тимот, нешто што посебно треба да ги замисли НБА стручњаците :)

А, Клиперси беа смешни...Да ти биде Кејмен најдобар играч е поразувачки...Не сакам да го потценувам типчето. Напротив, мислам дека е одличен играч, ама каде се Бренд, Мегети, Кесел, Томас?

А да не зборам за полу-играчи као Катино Мобли и Квинтон Рос...
Да, да, го знам аргументот...Не биле во натпреварувачка форма, Октомври било, како не бе...

Инаку, Retry, LAC изгуби 19 разлика, а толку изгуби и Атланта од СССР 1988...

10/08/2006 12:05:00 pm  
Blogger flight 75 said...

E сеа, ако изгуби, на пример, Сан Антонио од Макаби после, стварно ќе се замислам...

10/08/2006 12:06:00 pm  
Blogger Karakash said...

Flight, analizata na CSKA ti e OK, ali toa deka e oktomvri drzi poveke voda otkolku sto mislis.

Inace, SSSR-Atlanta Hawks konecen rezultat 132-123, odigrana na 30.07.1988 godina.

10/08/2006 12:41:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Dobar muabet za JailPacersi napravivte:)

10/08/2006 12:52:00 pm  
Blogger flight 75 said...

А, можда баш таквото ала-џејлпејсерс однесување на НБА играчите е еден од главните фактори за она што и се случува на американската кошарка....

Вчера губат 15 разлика, а Ливингстон повеќе обрнува внимание на состојбата на неговите нокти...Тотално без срце...

Иначе, моја грешка за резултатот - мислев дека е 132-113

10/08/2006 12:59:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Шеп, абе Лонгорија е у публика, и тоа со Анри
Се смириле со Тони, а?

10/08/2006 06:09:00 pm  
Blogger Karakash said...

Светот се врати у нормала. Тони и Ева изгледа не ни раскинале.

Таа му правела друштво на откривањето на негивата восочна фигура у Пари.

10/08/2006 09:30:00 pm  
Blogger retry said...

Dobro e, kje mozham pak sabajle da stanuvam :))

10/08/2006 10:49:00 pm  

Post a Comment

<< Home