Thursday, October 05, 2006

Дебелиот, блогерите, пијаницата, Фабио и Рон Џереми
Шек, како и многу други играчи не го мириса новиот баскет. Очекував такви муабети од играчи како Квами Браун (кој и се жалеше) или Дени Фортсон, ама од Шек не. Изгледа годините си го направиле своето. Мислам дека муабетот ќе се заборави како ланскиот со дрес-кодот и за некој месец никој нема да го спомнува.
* * * * *
Зголемувањето на блог трендот на широко ја фати НБА и сега по ланските блогови на новинари, Џи-Емови, играчи, легенди итд...Сега имаме блогови на играчи за секоја дивизија посебно како некакви најави и слично. Еве ги дивизиите една по една и играчите кои се блогери. Атлантик ; Централ ; Саутист ; Саутвест ; Нортвест ; Пацифик Покрај тоа, еве и линк до еден одличен наменски блог во кој 30. различни блогери (некои и новинари) ќе пишуваат најава за својот тим. Некои веќе поминаа, а некои ќе бидат. Линкот ТУКА.
* * * * *
Пијаницата и ликот кој е совршен за реклама за антидепресиви - Вин Бејкер како-така успева да си најде клуб кој е спремен да му фрли некој долар. Задњи кои го собраа некогашниот ол-стар се Вулфси, кои и онака тенки сакаат со Вин да си ги решат муките. Кевин МекХејл знае дека ако не му успее овој потег, никој нема да го критикува и Вин ќе продолжи да оди по биртии. Ако успее, сите ќе го сметаат за паметен Џи-Ем и Вин слободно ќе може да си купи биртија во Минеаполис.
* * * * *
Спомнав у линковите до медиа-деј сликите, а гледам дека и новинарите од Шарлот му го дале истиот прекар на Валтер Херман. Или е тоа стварно Фабио? Али тоа не е ништо со прекарот кој Хорхе Гарбахоса го доби во Торонто. Porn player?!?!?, Рон Џереми?!?!?. Го имаме наследникот на Стен Ван Ганди.

2 Comments:

Blogger flight 75 said...

Вода можат да ми носат со Рон Џереми...
Гарбахоса за мене стално ќе биде Андоре.... :)

Енко, ќе игра Ајверсон вечер?

10/05/2006 12:30:00 pm  
Blogger Karakash said...

Bi trebalo da igra.

10/05/2006 02:24:00 pm  

Post a Comment

<< Home