Wednesday, October 11, 2006

Спрајт за Паркер, Јао и Рибок, Богут во аут, 120% на Амари... трет пат
Пред да пишам било што после еден од најдолгите наслови во историјата на МакНБА, мора да ги ѕирнете овие два линка. 1 и 2. Вистински начин да се претставиш пред својата домашна публика после подолго време. А мислев дека само Грент Хил пие Спрајт.
* * * * *
Веќе некои недела дена трае кавгата која Џеф Ван Ганди ја води со луѓето од Рибок, директно обвинувајќи ги за проблемите на Јао со стапалото, поточно палците. Проблем кој Кинезот почна да го чувствува пред три лета кога од Најк се префрли на Рибок. Нормално, во Рибок викаат дека грешката не е кај нив и дека Ван Ганди нема појма што зборува, ќелавиот го тврди спротивното, а кутриот Јао не знае на која страна да застане. После задњава вест се ми се чини дека Ван Ганди не е далеку од вистината. Уствари, кога ќе размислам подобро, Рибок до сега само еднаш правел патики за врвен центар и тоа во првите 6 сезони на Шек, кој после тоа ги откачи и почна да носи но-нејм брендови. Дали Шек поради истиот проблем се одлучил на таков чекор? Не знам, али ништо чудно тоа да е дел од приказната. Бај д веј, Јао е втор играч на кој во последниве десетина дена му е изваден ноктот од палецот.
* * * * *
Лоши вести за Бакси кои го изгубија Андрија Богут за следните 6-8 недели.
* * * * *
Вчера го спомнавме Амари и неговиот прв добар тренинг после подолго време. Иначе, Амари веќе некое време изјавува како до стартот на сезоната ќе биде на 100%, нo вчера, по пристигнувањето во Келн покажа дека тие прогнози биле грешка. Типот може и подобро од тоа. "Today, I feel 110 percent, yesterday, I felt 110 percent. So, if I can feel 120 percent tomorrow, then the 76ers are in for it" Амари Стадемаер - "Математичарот".
* * * * *
Во Орландо никој не знае од каква мистериозна болест боледува Хидо. Само знаат дека работата не е ОК.
* * * * *
Претсезоната почна, а оние од вас на кои од кабловачките им ставија НБА ТВ ќе имаат и шанса да фатат по некоја утакмица. Мене присизонот никад не ми бил посебно интересен, затоа и нема многу да пишувам за него. Само ова - Барњани го имаше своето деби за Торонто и убаци осум поени во победата над Визардси. Покрај тоа, направи и пет фаули за 13 минути. Толку

10 Comments:

Blogger Karakash said...

Ваљда сега се ќе биде ОК со постов...

10/11/2006 11:16:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Коа отиде Паркер у контра си викам у себе - зар може да ја закуца? - ми одговори на прашањето, сеир беше, нема што :)

Инаку, глеав сеа ЦСКА - Филаделфија...е, ова е друго...језда Папалукас се повреди па беше далеку полесно за Сиксерси...
У скоковите каде што ЦСКА доминираше против Клиперси, Филаделфија беше страшно надмоќна...
има нормален човек - и има Далемберт :)

Инаку, Карни ќе биде солиден играч

10/12/2006 12:38:00 am  
Blogger Karakash said...

Муабетот за континуитет на утакмици на НБА екипи да знаеш дека држи муабет, многу повеќе него што мислиш.

10/12/2006 12:45:00 am  
Blogger flight 75 said...

Абе ок, ама коа сум у афект ме замараат такви алиби-муабети, посебно кога се дешаваат пречесто..
Као изјавата на Магети и т.н.

10/12/2006 01:18:00 am  
Blogger flight 75 said...

Еве и Пејсерси почнаа со предсезона...Ова сакам да го глеам цела година:

(6:48) [IND 5-13] White Slam Dunk Shot: Made (2 PTS) Assist: Tinsley (1 AST)

:)

10/12/2006 01:32:00 am  
Blogger Shepard said...

не да држи муабет, вилануева е ќељав!

10/12/2006 01:34:00 am  
Blogger zare said...

Ovaa slikava Ming family trebase da bide u konkurencija za Foto na Godinata..

Za Parker,ne mi teknuva dali i drugpat mu se ima sluceno no znam deka koga i da ide da kuca sunozno uvek edvaj ja kuca ,taka da neznam zosto uopste ja kuca taka..

Za tie sto imaat NBATV nema problem ke gledaat i predsezona i Live Trening kamp ,a osven kaj tebe Enko ne znam kade na drugo mesto ima NBATV ako ima negde na drugo mesto kazete..

10/12/2006 01:00:00 pm  
Blogger Jiggy said...

Гледав нешто статистика од пресезонскиве, ме интересираше Биг Бен.. Момчета си е истиот со скокови повеќе него поени, ама мислам дека ќе им се погоди на Чикаго, ќе биде многу помотивиран, не само ради доларите, ваљда има нешто и у предизвик.. Чикаго вака така дефнитивно се наметнува, иако ми се чини дека им фали еден константен тип на поентер, како Мајкл Ред на пример.

Барњани не блесна на дебито, ама Торонто победи, Гарбахоза е уствари најдобриот дебитант, барем според статистика, Хорхе тек никад го немам видено да закуца, а нити Мали Френчмен Паркер богами. Бошко исто одличен кај Торонто, а лично повеќе очекував од Ентони Паркер, мада уште е рано.. Во секој случај, Торонто излегува од безличноста и медиокритетот, иако сум јас малку субјективен.

Него, како Драчеецот, а?

10/12/2006 11:54:00 pm  
Blogger Karakash said...

Си го погодил аватарот...

Зашто не ме чуди што посебно внимание си им посветил на ЕвроРепторси:)

10/13/2006 12:16:00 am  
Blogger Jiggy said...

Па зашто искрено, мислам дека ќе пукнат ко тикви заради оној Барњани што не го харесуем баш.
Ама Бошко, Ти Џеј, па богами Паркер, Гарбахоза и уште понекој може да прават бељи.

И уште нешто, мислам дека се едни од ретките кои пре-сизонот го играат со фул ростер.

Ај сега да видиме што сте пишале за Инди..

10/13/2006 01:44:00 am  

Post a Comment

<< Home