Friday, September 29, 2006

Дебело црево + Jay and his silent comeback
Кога више ве згадив со палците на црнците, а посебно тој на Маркиз Дениелс, ова и не би требало до толку да ви биде гадно. Дехуан (или Дежуан, зависи како сте расположени за читање) после агонијата која ја имаше со повредите и посебно со здравјето конечно ја доби својата втора шанса. Ова и не е некоја вест со оглед на тоа дека Вориорси го потпишаа Вагнер на две години уште минатата недела, но не смеев да оставам да не го спомнеме со оглед на цета мука која ја имаше типот. Како што можете да читнете и во линкот, Дехуан нема поголем дел од дебелото црево. Немам појма од медицина така да не знам како функционира без тој дел од стомакот, ама сигурен сум дека сега е доста полесен од порано. Уште откога влезе во НБА се збореше дека Вагнер има хронични проблеми со стомакот, но никој не веруваше дека работата е до толку сериозна. Иначе, тој беше Леброн пред Леброн, нормално не според играта, него според вниманието кое му се посветуваше додека беше средношколец кое дотогаш беше нешто невидено. Веѓе беше најавуван како нов Ајверсон, а на крајот улогата на Месија на Кавси ја презема токму Леброн. Ај да се надеваме дека како и со Хил, така и Вагнер ќе успее да се врати.
* * * * *
Истото се однесува и со 2. пик од 2002 год. Џеј Вилијамс, кој ја очекуваше и ја доби поканата за тренинг кампот на Нетси. И не само тоа, него доби и договор од Њу Џерси. Свака част. Избран од Чикаго Булс како 2. пик на драфтот 2002 година, веднаш зад Јао Минг, Вилијамс во својата прва НБА сезона оствари просек од 9.5 поени, 4.7 асистенции, 2.6 скокови и 1.15 украдени топки на 75 средби. Бројки кои му обезбедија место во вториот руки тим. На 19 јуни 2003 година изгледаше дека неговата кариера го доживеала својот крај кога со својот само што купен мотор со голема брзина се удри во улична светилка. Сообраќајка во која ги скина лигаментите на коленото, доживеа оштетување на нервите во левата нога и заработи скршеница на карлицата. Следните три и пол месеци ги мина во болница, а недолго потоа Булси за три милиони долари му го откупија руки договорот. Од тогаш тој напорно работеше прво само да го врати своето тело во нормала, а потоа почна и да размислува за НБА камбек.

6 Comments:

Blogger Владо Апостолов said...

Ајде! Чекам кариера од Џеј! Тужно е шо не е у Чикаго, али ипак...

9/29/2006 03:38:00 pm  
Blogger zare said...

Vazno se vrati,a spored nego i dobro e sto se Nets,za kojsto on i sakal da go draftuvaat pred nekolku godini,taka da nema nisto tazno..

9/29/2006 05:36:00 pm  
Blogger Karakash said...

Двр, ти само се јавуваш кога ќе се спомнат Булси

9/29/2006 10:48:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

TOAAAAAAAAAAAAAAA! Јес Јес Јес ќе биде бек ап на плеј. Ќе биде закон. НЕТС РУЛЗ, КАРТЕР МВП:) Ај ова не ми требаше:)

10/01/2006 01:23:00 pm  
Blogger retry said...

Beto, i ti pochna ko D. Howard :))

10/02/2006 09:02:00 am  
Blogger Karakash said...

Ne ti trebashe. Inace, bek ap plej ke bide Markus Vilijams. Jay ke si ja poceka sansata.

10/02/2006 11:37:00 am  

Post a Comment

<< Home