Friday, September 22, 2006

Грент е здрав...и жив
Искрено, секогаш кога ќе чујам и видам вакво и вакво нешто, а тоа се дешава секое лето последниве шест години (со исклучок на 2004 год. кога одлучи да одмара една сезона со цел да го среди левиот скочен зглоб), се наежувам, а во исто време и се буди малку надеж. Надеж дека овој пат ќе биде поинаку и дека човекот барем на достоинствен начин, онака како и ја почна, ќе ја заврши кариерата. А ја почна како ретко кој играч. Како лидер на Дјук (мене многу мрсок колеџ) Грент стигна во НБА и иако не се очекуваа одма големи работи од него, неговите први два поени во кариерата покажаа по кој пат ќе оди неговата кариера, барем во првите шест години. Ви текиња на цепелинот од Думарс што го фати со една рука со главата скоро до табла? Се после тоа, од ко-руки на годината со Кид беше чиста магија и Грент со тек на време си го обезбеди местото во НБА елитата со шест ол-стара у првите шест години. И таа магија траеше се додека не одлучи да се пресели во Орландо, иронично – Меџик. Иако беше повреден, Орландо не се мислеше пред да му даде 92,88 милиони долари за седум години, во истото лето во кое го лапнаа и Ти-Мек од Орландо. Шест години подоцна веројатно секој фан на Орландо се осеќа као да му брцнале во џебот и никад не му ги вратиле парите. Не само за картите купени за да се види тандемот кој никогаш не стана тоа, туку и за да се види Хил, кој никако не застана на здрави нозе. Буквално. За оние кои немале прилика да го видат вистинскиот Грент, а тоа е оној од Детроит, замислете си го во улога во каква денес се Леброн, Вејд и Мело. Како млада фаца која од првиот ден ја освои НБА и колку да немаше потреба од тоа, редовно беше споредувана со Мајкл и заедно со Пени (сасвим друга прича) беа најавувани како негови наследници. Тогаш редовно можеа да се сретнат наслови како Just like Mike...only better. Денес е тоа смешно. Ама тогаш факат не беше. Тоа што му се дешаваше на Грент во овој милениум е веројатно една од најголемите агонии во историјата на спортот. Грент не е еден од оние типови за кои на некого и би му било мило што така ја завршил кариерата. Грент е мистер најс гај, црнец кој се интересира за џез и уметност, кој во секоја прилика им помогнал на другите. Што е најважно, играч кој чувствува морална одговорност да одигра барем една сезона за тимот кој веруваше за него и му даде огромни пари. А можеше да си се пензионира и да не си го поти гзот секое лето. Реткост. Има и јака и позната жена, ама тоа и не е толкава реткост у НБА. Кога само ќе ми текне дека пред две години, кога за да му го зашијат и закрпат левиот скочен зглоб, у кој има повеќе штрафови и метални плочки отколку во Робокап, му земаа кожа од левата надлактица, тоа предизвика таква инфекција од која за малку ќе умреше и да не беше смиреноста на жена му која го однела у болница у бесознание, денес ќе зборевме за Грент Хил, оној кој играше у Детроит и Орландо и кој умре обидувајќи се да се врати во НБА. Вака, Грент е жив, и како што вика тој - скроз здрав. Време е да проба да ја оживее и НБА кариерата и како му доликува да се повлече, после некоја добра сезона покрај младите фаци во Орландо. НБА не е истата лига со и без Грент во неа и иако ќе пуни 34 години и тешко дека ќе може да се врати во некоја стара форма, Грент ја заслужува шансата за камбек и конечно да заборави што е тоа болнички кревет.

13 Comments:

Blogger марче said...

срце ме боли за овој човек аууууу, а за пени хардвеј ич да непраам муабет ... какви шмекерски играчи беа тоа!

9/22/2006 10:53:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Ех, Грент Хил...

Одма се навраќам...Плеј-оф '97...
Атланта-Детроит...Невиден ѕвер....Сезоната ја играше ко Оскар Робертсон...21-9-8, ако не се лажам....

Јеби га, понекад листам стари списанија - Hoop или Slam од тој период - читам Jordanesque муабети за Пени и Хил....

Моја верзија на Старите Добри Времиња :)

9/23/2006 01:13:00 am  
Blogger Ико said...

Мој другар е во Орландо и се враќа за 15 дена....си купил дресови од Хауард и Хил :))) Не ми се веруваше дека земал од Хил...

9/23/2006 03:55:00 am  
Blogger Shepard said...

у градов има еден тип исти грент хил.. абе иста фаца, со брадичка таква џезерска..

иначе грент мене ми беше бољи од џордан.. не знам зашо.. многу го сакав.. немам зборови да опишам.. уфффф..

ај доста жалопојки. тоа е.

9/23/2006 04:22:00 am  
Blogger марче said...

и спрајт пиеше!

9/23/2006 09:32:00 am  
Blogger retry said...

Dobar, beshe dobar. Ali koga bi izbral megju Penny od najbolji dani i Hill od najbolji dani, nekako povishe me vleche nakaj Penny. Ne znam dali imashe bolja silueta ili bolje playoff utakmici izigrano ili beshe do timot (raka na srce Hill i nemashe nekoi posebno izdvoivi soigrachi, ako se izzeme stariot Dumars) ili do neshto drugo. Ne znam, stvarno, nekako bolje mi beshe i po podobro kje go pamtam. Sepak ako gi pogledame brojkite prednosta na Hill e vo skokovite i asistenciite. Po-allround igrach beshe.

9/23/2006 10:56:00 am  
Anonymous Crazy said...

Бев помал кога Грент беше, како да се изразам, на врвот од својата игра(пред да се повреди). Колку што се сеќавам човекот беше....Ѕвер.

Штета. Дај боже да го видиме пак здрав и прав во новава сезона.

9/23/2006 11:04:00 am  
Blogger Karakash said...

Дај боже.

И Ритрај, Пени беше за Хил, тоа што Пипен беше за Мајкл, гледано од аспект на квалитет и лидерски способности.

9/23/2006 04:00:00 pm  
Blogger Karakash said...

Мала исправка: цепелинот за првите поени беше од Линдзи Хантер.

А и клипов не е лош, а?

9/23/2006 04:05:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Хил и Пени беа првите НБА ѕвезди шо почнав да ги пратам од почеток. Трагично е шо се деси со нив. Трагично....

Како само лесно си положуваше Грент......

9/23/2006 08:51:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

abe muabetov e kako da praime za mrtva legenda . Grant Hill e ziva legenda.toa so go naprai za Detroit gi izednacuva site raboti so ne gi naprai u oralando.
a toa deka bil podobar od Jordan ,ne bi rekol .Od sekogas on bil "naslednik" na Jordan, kako so kazuat i komemntatorite na ESPN.
Najgolema greska mu bese so go smeni klubot.
sepak mislam deka ke se vrati da igra , a so toa ke dovede drugite da igraat podobro , bidejki Hill nema sigurno da se vrati u stara forma.

9/24/2006 02:26:00 am  
Blogger retry said...

Bravo be Enko, so sporedbava Pippen go napravi igrachishte :))

A koga sme kaj Pippen, opshto poznato e deka malku (povekje) e napumpana negovata uloga kako vtor igrach u Bulls, mislam deka facite kako Grant, Kukoch, Paxson, Williams, ... zavrshija pogolema rabota. Ne deka beshe losh igrach ama daleku od dzvezda, Jordan go sobirashe kremot i za nego.

9/26/2006 12:21:00 am  
Blogger Karakash said...

Sporedbata e napravena po principot: Follow the leader.

9/26/2006 11:35:00 am  

Post a Comment

<< Home