Tuesday, September 19, 2006

Бонзи, Шонзи...
Пред отварањето на трејдинг прозорот во јули три имиња се спомнуваа во скоро секоја анализа како главни играчи на пазарот. Бен Волас, Ал Херингтон и Бонзи Велс. Со Бен знаеме што се деси кога Булси ограбија неколку банки во Чикаго да им го лапнат на Пистонси и да го направат Бен еден од најпреплатените играчи во лигата. Ствар која добива уште повеќе на тежина кога ќе се сфати дека Бен е дрво у напад, не знае да погоди чист шут, има едно единствено пост движење и не знае што е тоа слободно. Парите кои ги доби не се даваат на некој кој знае да игра само одбрана, иако стојам на своето дека за добра одбрана на некоја екипа е потребно повеќе од еден или двајца играчи. Дефанзивните квалитети на Бен ќе се истакнат и во Чикаго, зашто Скајлс има сличен систем, ама од него ќе се бара и нешто у напад, а тоа е за него како секоја епизода на Икс-Фајлс. Детроит знаеше колку вреди и затоа не му ги даде парите кои ги бараше, а и системот на Флип е нешто сасвим друго од тој на Лери Браун кој го истакнуваше Бен како дефанзивец и не бараше ништо друго од него. Тоа најдобро се виде у плеј-офот. Ал и неговиот потпис за Индијана беше најлошо чуваната тајна у лига, а мајсторите у Атланта на чело со Били Најт успеаа целата работа да ја одолговлечат до максимум. Кога се се заврши Инди го доби Ал, а Хоукси-стапот. Најт се правдаше дека не му требал ни еден играч од Пејсерси, затоа и побарал само драфт пикови за возврат. Логична одлука со оглед на тоа дека Атланта е покриена на секоја позиција и еден Џеф Фостер, кој има ефтин договор, никако не би им помогнал под кошот или пак Тинсли, затоа што имаат неколку класа плејмејкери. Ни Јаске не им требаше. Ц. Текстов уствари почнав да го пишувам ради задњиот од овие тројца и реткиот се уште без ангажман. Бонзи бараше клуб кој ќе му даде повеќе од 8 милиончиња по сезона, бараше 10 милиони, доби 10-ка со кромид. Тоа што на Бонзи му пораснаа амбициите по игрите против Сан Антонио у плеј-оф и за него ѕверските 23 поени и 12 скокови не треба да чуди. Истиот пораст во самодовербата се дешавал редовно кај еден-двајца играчи секое лето, со мала разлика што на крајот резултирало и со пораст на контото во банка. Нека ви текне само на Џером Џејмс. Ипак, на Ајзеа за некое чудо не му требаа бекови и не стигна да му понуди 25 милиони по сезона на Бонзи, кој така си остана без клуб и пред стартот на тренинг камповите. Кингси му имаа понудено 36 мил. за пет години, ама тој лагано си ги одби. Сега сигурно сака да има тајм травел машина. Дел од парите си лапна Џон Лососот, а Бонзи доби клоца. Сега како главни играчи се спомнуваат Мајами, Денвер, Хјустон и од вчера Шарлот. Клубови кои би имале корист од Бонзи, посебно со фактот дека ќе го добијат за едногодишна проба од само некое милионче. Мислам дека најпаметно му е да успее да стигне до Нагетси, кои задњиве 50 години немале бек или пак Мајами каде ќе има луксуз да не се очекува многу од него. Хјустон не би му бил паметен потег, а не знам што би барал у Бобкетси. Тоа како тој се најде без работа до сега е спој на многу работи, а главна е неговиот незгоден карактер кој му го скрати престојот и во Портланд и Мемфис, кој го трампаше за Остертаг и Боби Џексон. Дел од оригиналните Џејлблејзерси, Бонзи никако да се снајде како што тоа го направи Шид у Детроит. Ај, можеби ќе потпише за Мајами, па ќе убаци некој важен поен у одбраната на титулата покрај Вејд и Шек...Или пак не.
* * * * *
Деновиве би требало да дојде до ситната, но важна промена која ја најавив прошлата недела. Да не зборам многу да не урочам пак. Плус, има уште нешто ново, али за тоа кога ќе бидне.

10 Comments:

Blogger retry said...

A zashto da ne otide u Bobcats ili Rockets ako mu ponudat edno peesche? Pa shto sega, Peja glup li e ili ne? Valjda Bonzi nauchil neshto od Sacramento :))

9/20/2006 08:00:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Бонзи ќе сврши у Рокетс.

9/20/2006 10:55:00 am  
Blogger Karakash said...

Rabotata e vo toa sto samo Bobketsi mozat da mu ponudat takvo nesto (ili blisku do toa), ama pa i oni ne se nesto epten zagreani da frlat tolku pari.
Hjuston moze da mu dade 2.1 milioni. Slicno e i so Denver i Majami.

9/20/2006 11:36:00 am  
Blogger Ико said...

Ајде бе со промениве, како политичари сте, само ветувате...уште ништо не сме виделе :)

9/20/2006 01:07:00 pm  
Blogger retry said...

Epa vo toj sluchaj mene kako najlogichni varijanti mi preostanuvaat slednive dve: Prva (ako mu e stalo do titula i da ne mu e gajle dali kje bide rezerva ili ne), da ide vo Miami; Druga, ako mu e stalo do $ i do (o)stanuvanje dzvezda (pokraj Paul), da ide vo Bobcats. Sekakov poinakov epilog bi bilo losh, katastrofalen za negovata kariera (ova mozhda e i prejaka fraza) i iznenaduvanje za mene.

9/20/2006 01:31:00 pm  
Blogger Karakash said...

Paul who?

9/20/2006 03:06:00 pm  
Blogger retry said...

What the fuck? Zar Paul go spomnav? Ne mi se veruva. Mora da e do predolgoto ostanuvanje pred kompjuter :))

Okafor.

9/20/2006 03:22:00 pm  
Blogger марче said...

retry ti si siluetata na slikickata? :))

9/20/2006 04:04:00 pm  
Blogger retry said...

This comment has been removed by a blog administrator.

9/20/2006 08:22:00 pm  
Blogger retry said...

Marche, da jas sum, ama ne taa silueta shto udira so glava, tuku taa vrz koja se mava :))

9/20/2006 08:28:00 pm  

Post a Comment

<< Home