Saturday, September 16, 2006

Среќно копиле
Вообичаена "Дерек Андерсон поза"
Негде после втората утакмица од финалето меѓу Мајами и Далас, кога цел свет мислеше дека Диркулес и Мавси се новите НБА шампиони, брат ми ме праша: - "Брат, што му е на Рајли. Зашто ниеднаш не го стави во игра Дерек Андерсон. Момакот е сигурно подобро решение од Поузи, а може и да го одмори Двејн?" А ја му реков: - "Не знам, брат. Веројатно затоа што задњата голема утакмица што типот ја одиграл беше кога играше за Сан Антонио пред пет години." Оваа недела Мајами го откачи Дерек и ми се врати тој муабет, но и времето кога Дерек беше најавуван како можна нова голема ѕвезда. Ми текиња дека некаде 1996-97 година кај нас имаше прилика преку сателитски доста често да се гледа НЦАА баскет, а Фајнал Форот таа година беше првиот пат кога го видов Андерсон. Сега сфаќам колку тоа прво гледање беше показател како типот ќе ја помине НБА кариерата. Таа последна сезона на Кентаки, Дерек имаше операција на скинатите лигаменти на коленото и за малце ја пропушти цела своја задња колеџ сезона. Единствено појавување на теренот му беше кога ги шутна двете слободни во полуфиналето против Минесота и утакмицата ја заврши со два поени за нула минути игра. Како? Па, тогаш на Минесота (у која прва ѕвезда беше Боби Џексон) им беше дувната техничка, а пошто имаше мртва топка у моментот Андерсон смееше да влезе и да ги пуцне двете слободни. И покрај проблемите со лигаментите Кавси го избраа како 13-ти и таму беше дел од млад тим заедно со Ззззззз, Џералд Хендерсон (му текиња на некој?) и Бревин Најт. Но, пак почнаа проблеми со повреди, со мала физичка спрема кои му останаа до ден-денес. Единствена светла точка беше уделот кој го имаше у титулата на Спарси 2001 година. Но, Поп и тогаш знаеше (како со Џексон подоцна), иако изгледаше дека најпаметно е да го задржи дека Дерек едноставно не му треба зашто го добил максимумот од него. Андерсон се шеташе од клуб до клуб, а со некоја ненормална среќа пак стигна до титула ова лето, иако не беше никаков фактор у Мајами. Уште па прошлото лето, кога го потпишаа во Хјустон се попалија дека го добиле играчот кој им фалел да станат кандидати за титула. Сите знаеме како заврши сезоната за Рокетси, а Дерек беше трампан на Флорида само три и пол месеци подоцна за...Џералд Фич. Мене ме чуди една работа, а тоа е истата како и кај Ајзеа или Боб Вајс. Како е можно во НБА да има место за некои генерални менаџери, тренери и играчи кои во својата кариера докажале дека не се способни за својата работа. Дерек не одигра ни една цела асална сезона во кариера, а има две титули и уште потпишува за јаки екипи (иако мислам дека и на тоа му дојде крајот)? Што уште повеќе ме чуди, а можеби не би требало со оглед на оперативното искуство на Мајкл, е како е можно Дерек до ден-денес да носи Џорданки, нови и ретро модели кастомизирани само за него и по негов вкус? Ако ви текиња кога Мајкл ја избаци Џампмен линијата патики негови екслклузивци беа Дерек и Вин Бејкер?!?!?, Мајкл Финли, а единствено добро решение беше Реј Ален. Интересно е што од тој тим на Кентаки единствен играч у НБА е Волтер МекКарти, кој у тоа време беше само уште една фаца покрај главниот тандем Рон Мерсер-Дерек Андерсон. Какво само играчиште ветуваше дека ќе биде па и Мерсер, ама тоа е сасвим друга прича со многу по тужен крај од таа на Дерек "Среќно копиле" Андерсон. ПС: Од следната недела би требало да има една мала, ама многу важна измена во врска со NBA Macedonia. Ќе виите.

15 Comments:

Blogger Shepard said...

овој дереков ми е еден од ултимејт мрските играчи.

ми текиња таа генерација на кливленд колку беше фурана.. онака ептен..

многу мрскотија ми причини. бегај.

него тоа измената, тибам баксузо :)

9/16/2006 03:25:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

kurinja,po jaki ste i od nba.com -Ako dobijam na loto? -Ako nekoj chicko od Amerika mi ostavi golemo bogatstvo,ja ogromen procent ke vlozam vo vas,ebesh mi mater ja poaren blog za kosharka nemam videno!!! redovno ve pratam i ke ve pratam.Bravo Shepard,Bravo Karakash.Nenad Jovanovic-shankureto

9/16/2006 07:58:00 pm  
Blogger Karakash said...

Фала Шанкуре, пошто веројатноста да добиеш на лото или па чичко Штерн да ти остави некое милионче е бааги голема, ја и Шеп сеа ќе се задоволиме ако фрлиш една гајба пиво...Да можеме да го залиеме јагнето што ќе ни го спремиш:)

9/16/2006 11:59:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Еј, Енко, не пипај у рани...

Дерек ми е еден од омилените играчи

Озбилно....

9/17/2006 12:27:00 am  
Blogger chote said...

Шанкуре друже, си заборавил да пишеш за варијантата да потпишеш за некој НБА клуб. :) У тој случај би бил сигурно најбогат. :)

9/17/2006 01:55:00 am  
Blogger Latifovich said...

EEee Derek Anderson него остај го него сакав да кажам за Џералд Хендерсон, го паметам јас него уште на времето кога играше за Звезда и кога во мајсторката на плеј офот во тогашна југославија на 3 секунди пред крај му украде топка на, не се сеќавам баш кого ама беше од ФМП, и постигна кош и Звезда станаа шампиони, а 3 минути пред крај губеа 12 разлика. 98 година беше тоа

9/17/2006 03:16:00 am  
Blogger Karakash said...

E pa onda moja greska. Momakot na koj mislev definitvno ne e Gerald nego Sedrik Henderson.

9/17/2006 11:24:00 am  
Blogger Karakash said...

A Flajt, po sto ti e omilen be druze? It's gotta be the shoes. Nema drugo.

9/17/2006 11:26:00 am  
Blogger retry said...

Enko be, Spursi 2001 shampioni, a? Izgleda sum ispushtil nekoja sezona :))

I ushe edna stvar za potvrda: da, sepak stanuva zbor za Cedric Henderson. Mozhda momakot povekjemina go poznavate gledajkji gi Memphis.

Inache i jas bev eden od tie koi mislea deka Anderson kje bide golema dzvezda, ama ne ni pomisluvav deka kje bide dzvezda u osvajanje tituli bez kapka pot. Pogotovo vo tandem so Brvin Knight, bea edni od najdobrite kradlivci na topki vo ligata, ali toa traeshe sezona i pol. I posle se vide rasuloto i na dvajcata.

9/17/2006 01:12:00 pm  
Blogger Karakash said...

Retry, pa zasto si ti tuka be druze:)

9/17/2006 01:25:00 pm  
Blogger Shepard said...

ја од прва помислив на седрик хендерсон, ама си викам ај да не истрчуем ко прле пред магаре..

иначе, синоќа се дружев со кемп од кливленд! :)

коа го упалив блогов онака ги барав циглите и графитите :)

9/17/2006 03:12:00 pm  
Blogger Latifovich said...

Abe koj se nadeva Arenas deka ke bide igračina a vo vtora runda bese draftovan

9/17/2006 03:19:00 pm  
Blogger Karakash said...

Цигли и графити:))

9/17/2006 04:00:00 pm  
Blogger марче said...

kopilevo redovno go draftuef na nba live 98 :)

9/17/2006 07:57:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Абе тапа играч е овој Андерсон, али нешо мора да признаете.,,

ФАЦА Е:) Онака кул чоече, се глеа не го боли кур за ништо друго освен за камен

9/17/2006 09:55:00 pm  

Post a Comment

<< Home