Tuesday, September 12, 2006

Среќна пензија, мајсторе!
Исто како и што се однесуваше на теренот, Тони Кукоч најтивко што може и без никаква попма призна дека ја одиграл својата последна сезона лани и дека единствена ствар која ќе ја игра во иднина ќе бидат голфот и повременото бочање кога ќе си се врати во Далмација. За официјалната сторија кликнете тука. Да нема забуна, единственото тивко за Тончи беше само начинот на кој се однесуваше теренот, секој кој имал прилика да го види како игра знае дека неговата игра зборувала многу повеќе од секоја можна изјава. Ако Дражен беше кошаркарскиот Бог за генерацијата на брат ми, тогаш Тончи беше она новото на кое се навлековме сите ние родени кон крајот на 70-те и почетокот на 80-те. Нормално, сите го сакаа и бескрајно го почитуваа Дражен, но во времето во кое Петро доминираше и газеше се пред себе Куки го донесе и тоа како потребното освежување и новата крв, заедно со другар му Дино Раџа.Уште во Бормио 1987 година Тончи покажа дека станува збор за тип на играч кој се раѓа еднаш во 100 години кога со 19 години им одржа лекција на Америте забивајќи им девет тројки (ustvari bile 11-fala znalac).Беше генерација со Раџа, Џорџевиќ и Дивац. Нешто како драфт класата 2003. Од тогаш ѕвездата на белиот Меџик растеше, а трите титули со Југопластика од 1989 до 1991, како и трите титули најдобар европски играч откако за тогаш европски рекорд потпиша за Бенетон само го најавија следниот неизбежен чекор - НБА. Во меѓувреме се деси најголемата можна трагедија со загинувањето на Петро па тронот на лидер на тазе хрватската репрезентација остана испразнет и тогаш почнаа првите критики за Тончи. Колку и да беше играчиште, па дури и покомплетно од Дражен, испразнетото место на Петро не можеше никој да го пополни, пред се затоа што тоа не беше изводливо. Почна да се зборува дека не е роден лидер и дека ја избегнува одговорноста кога е најпотребно. Зли јазици кои секогаш се јавуваат кога нешто нема да тргне по добро, а кои ги има насекаде, па дури и кај нас. Куки ги замолчуваше на најдобар можен начин, со играта на теренот. Фактот е дека на Тончи секогаш, како и на секој голем играч, повеќе му одговараше да игра покрај други добри играчи, а не со пацери. Така, свесен за своето место и начинот на кој може да им помогне на Булси, Куки не реагираше како некоја расплакана ѕвезда и од најголемо европско име го спакува егото и прифати да биде сајдкик на Пипен, а потоа и на Мајкл. Можеби не беше главната, но без него Чикаго тешко дека ќе ја освоеше втората тројка титули. Кога династијата се распадна (или Краус ја растури) Куки без проблеми стана лидер на младите Булси и нивни најбољи играч. Следуваа трејдови во Филаделфија, која го жртвуваше за Мутомбо, краток престој во Атланта каде беше еден од најдобрите играчи и конечно, последната станица - Милвоки, каде со побелено косиче беше професор на младите Бакси. Она што никако не смее да се заборави е важноста и големината на еден Тони Кукоч. За некои нови генерации кои за прв пат го виделе како дел од Булси, Тончи веројатно не е еден од најголемите европски играчи, но тоа е голема заблуда. Сите кои не го виделе Тончи како игра за Југопластика или Југославија пропуштиле многу, а сите кои го имале тоа задоволство знаат дека биле сведоци на нешто големо. Кога би пробал да го споредам Тони во најдобрите евро сезони со било кој денешен НБА играч - не би успеал. Што е уште повашжно, тоа е ефектот кој Куки го имаше на милиони млади деца ширум Европа терајќи ги да го земат баскетот во раце и да бидат како него. Во тоа време ретко кој сакаше да биде некој друг, НБА ѕвездите беа само сон, само стаповите кои едвај се мрдаа сањаа да бидат како Дивац, понекој помрсен сакаше да биде како Раџа, налетуваше понекој Даниловиќ, Комазец или Џорџевиќ, но сите сакаа да бидат како Тони Кукоч. Тоа е најголемото нешто што може да го постигне некој играч, а Куки, како и што играше на теренот, тоа го правеше со леснотија ретко видена пред, а и после него. Среќна пензија, мајсторе!

19 Comments:

Blogger retry said...

Kratko kazhano, najkvalitetniot nosach na cigli ever. Alal da mu e. A i toa mnogu ti drzhi voda deka Bulls ne kje gi osvoeja vtorite tri tituli bez Toni. Neshto kako Horry, na primer iako ne bi navleguval vo podlaboki sporedbi.

9/13/2006 01:40:00 am  
Blogger znalac said...

Е ај со среќа нека му е. Дражен ми беше најпочитуван, а Кукоч најомилен играч.

Во Бормио 1987 против САД (играа Gary Payton, Larry Johnson - тренер, нормално, Larry Brown) постигна 37 поени со шут за 3 поени - 11/12). Еве и два линка во врска со тоа:
Линк 1
Линк 2

Тоа беше еден од најдобрите кошаркарски состави, воопшто (над нив го ставам само САД тимот од 1992 и никој друг, пред и после).

9/13/2006 03:26:00 am  
Blogger Karakash said...

Drug nikoj izgleda ne slusnal za Kukoc

9/14/2006 11:47:00 am  
Blogger retry said...

Sho fajde koga povekjeto se kopiljaci tuka :))

9/14/2006 12:37:00 pm  
Blogger retry said...

Inache poteg shto kje go pamtam e cepelinot direktno od aut shto mu go namesti na negoviot najneomilen soigrach - Pippen. Chinam deka beshe sezonata na prvoto vrakjanje na Jordan 1994-1995.

Tuka bi gi dodal i zabivanjeto skoro od slobodni na YU All Star-ot, rolling-ot so asistencija otpozadi preku skoro pola teren do Steve Kerr, ... I da ne zabeguvam ushte.

9/14/2006 12:45:00 pm  
Blogger Shepard said...

абе шо да збориме сеа де, ја кукоч го знам само од чикаго :)

таму беше битна карика.. ама шо знам..

ете ова 11 од 12 тројки и сл., за мене е све фикција.

:)

9/14/2006 01:58:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Можда за тебе е фикција, ама иди сопри го татко ми у муабет...
Ко ќе почне да збори за Кукоч, а посебно за тој меч...нема крај...

А, има обичај и да праи генеалогии - на различните фази од кариерата реферира со надимакот од тој период - Келнер, Пинк Пантер... :)

Ми текнува еднаш падна муабет за Бодирога - и ја го прашувам за споредба со Тони...
Ми вика - абе каква споредба бе, Кукоч беше ИГРАЧ за него - со влез, со шут, со скок, осет за простор...

И така натаму...

9/14/2006 11:55:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

e vaka...
site cestitki za odlicno napisaniot post..mene, barem, me razdrma nesto dlaboko vo gradniot KOS...
..me vrati 15-16 godini nanazad koga placev za sekoj poraz na jugoplastika...i denes vo son mozam da go nabrojam cel sostav 0d No 4.Sretenovic do No.15.Naglic...a megu niv Perasovic, Pavicevic, Sobin, Dusko Ivanovic, Savic, Radja, Tabak....najgolem od site Tonci...eden i edinstven...nepovtorliv....
...se sekavam na onie golemi dvoboi vo jugoslovenskoto prvenstvo protiv Partizan, Cibona, Zadar, Bosna....a da ne zboram za onie mitski dueli vo togasniot Kup na sampioni protiv Aris na Galis i Janakis, protiv Limoz na Dakuri i Ostrovski, protiv Makabi na Doron Gamshi, protiv Filips od Milano so Riva i Pitis, D'Antoni...i protiv (kolku samo gi mrazev togas!) Barcelona so San Epifanio, Solozabal, Andres Himenez, Norris...
...visok, tenok kako trska, eleganten, lesen,roden za basket...sut, vlez, skok, asistencija...kompleten...onie sto ne go gledale propustile mnogu...
..poradi Kukoc prv pat fativ basket vo race....poradi Kukoc ne go ispustam od race do denes....poradi Kukoc (iako ve citam skoro sekoj den!), resiv da napisam comment...
e pa...neka mu e srekna penzijata!

9/15/2006 12:37:00 am  
Blogger Karakash said...

Za toa i zborev druze anonimen. I cestito prv komentar.

Imam nesto na kaseti od tie iminja koi gi spomna, i toa bas protiv Jugoplastika na Tonci.

9/15/2006 01:28:00 pm  
Blogger kole said...

Pa daj be nesto da vidime i nie pomalite, ako ne e problem...

9/15/2006 06:29:00 pm  
Blogger znalac said...

Ај ја еве као еден од постарите борци ќе евоцирам еден спомен на (мислам) 1990 кога во Скопје Југославија играше некои квалификации против Германија. Значи, тоа беше ТИМОТ (освен на тој што не играа Дивац и Дражен, кои беа во сред НБА сезона). Имаa подготовки во Скопје околу недела дена и ги гледав повеќето тренинзи (Парк/Ј.Сандански). Пар shoot-out сесии што ги видов тогаш нема никогаш да ги заборавам (и веројатно да ги видам повторно). For the record, имам присуствувано на shoot-out на Vince Carter, Manu и пар други ѕвезди, али...
И да, го добија натпреварот во Скопје со некои педесетина разлика.
Уште еден интерсен напис
Кукоч полни 38 во понеделник - време му е за пензија.

9/15/2006 07:09:00 pm  
Blogger Karakash said...

Зналац, и мене ми текињат на тоа. Тоа ми е една од првите баскет лајф спомени, а слика која ми се врежа е како луѓено буквално висеа по оградите од салата само за да ги видат ју-мајсторите. Мислам играа со Немачка.

Коле, ајде друже, да ве едуцираме малце вас помладите. Мислам дека ти можеше да ги префрлиш ВХС на ДВД, така?

9/15/2006 07:20:00 pm  
Blogger retry said...

Epa i jas sumza taa ideja, da se napravi edna DVD arhiva so postari snimki shto se na VHS. Toa bi bilo jaka rabota. Dobro bi mi doshlo edno potsetuvanje na primer na natprevarot Jugoplastika-Denver Nuggets koga po produzhenie zagubivme (ej togash za Jugoplastika vikavme ko stvarno nie da sme izgubile) i za prvpat sum se rasplakal na eden natprevar (jes da bev kopilj od desetina godini ama takvo plachenje sum udril shto i tatko mi mi vrza edna zaushka radi toa).

9/15/2006 09:47:00 pm  
Blogger Latifovich said...

vreme mu e, pametna odluka, samo da prasam nesto ke ima li ovaa godina fantasy ??

9/16/2006 03:56:00 am  
Blogger kole said...

Da,da mozam ja. Ajde kazujte koga, kade... Jas sum sloboden cel vikend.Vo zavisnost od toa kolku materijal (saati) ima, ke vidam sto e mozno pobrzo da prefrlam. Enko ako mozes pisi na mejl da se dogovorime. koledas123@yahoo.com

9/16/2006 10:57:00 am  
Blogger Karakash said...

Латифе, Фентази лига би требало да има, али има време за тоа.

Коле, имаш мејл.

9/16/2006 12:57:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

vaka..da ne ispadne "prv pat pisa comment, pa sega odma bara nesto", ama posto sum strasen sobirac na VHS i DVD, (a nemam tolku stari materijali) i posto kako sto kazav vo prethodniot comment,sum epten golem fan na Kukoc,zainteresiran sum za kopija...pa, kazete sto ke bidne so toa...i plus ako ima nekoj za razmena na evropski i NBA utakmici, neka kaze...ke napraime nesto...

9/16/2006 01:09:00 pm  
Blogger Karakash said...

OK...Ќе напраиме МакНБА Топ-Шоп. Озбилно.:)

9/16/2006 02:11:00 pm  
Blogger Shepard said...

мењам порки за нба утакмици..

9/18/2006 01:30:00 pm  

Post a Comment

<< Home