Sunday, September 10, 2006

СОНОТ од 1992 год. и Доминик во Спрингфилд
Еве ме. После 11 дена у земјата на Европскиот шампион у фудбал, Свецкиот вицешампион и Европскиот шампион у кошарка се вратив дома, каде несреќно сме изгубиле од Англија и РобоКрауч и после срамот у Португал ги наредивме три по ред против Босна, Порто и Хамас. Трите титули на Грците ме удрија у глава додека ги гледав со Америте и у тој момент, и покрај целата мрскотија која ја осечам контра Јанаки и компанија, осетив почит за тоа што го постигнаа у овие три години. Башка организираа и одлична Олимпијада пред две години. Нормално, тоа не го намали сеирот кој го фатив кога изгубија у финалето, само тој сеир беше задржан на "смеење у себе", нормална реакција ако се земе во предвид дека бев опкружен со 10-ина нафурани Грци и 20-ина Срби и измиксани туристи кои беа по-Грци од Грците. Сите освен едно типче, мислам од Сенегал, кое седеше само позади мене и можев да приметам дека го фаќа истиот сеир како и ја. Како и да е, Шпанија сосема заслужено стана Светски шампион прикажувајќи иста игра од првиот до последниот ден. Искључок беше Аргентина, утакмица која не ја гледав. Грците одиграа партија на кариерата со Америте и по газењето од Шпанија сите таму беа свесни дека постигнале повеќе од тоа што го очекувале две недели претходно. Ману, Андрес и компанија кикснаа кога беше најпотребно, така да не ги обвинувам што одиграле без срце за 3. место. Америте се посебна прича, ама тоа што им се деси и не ме изнеади многу. Нешто што никој не го спомнува се ФИБА правилата како и годините на саставот на Кшижевски, кој беше најмлад у Јапан. Уште поголем фактор е системот на игра и годините кои од копиљи ги поминуваат заедно играчите од другите селекции само поради различниот систем на работа. Кој е најдобар и каде се игра најдобрата кошарка е сосема јасно, исто како што беше и пред Јапан. Разликата сега од тоа што беше пред 14 години кога започна СОНОТ е во тоа што тој Сон од тогаш почнаа да го живеат деца низ целиот свет. Мајкл, Меџик и остали им го дадоа Сонот на сите и во Барселона се зачна новиот изглед на светската кошарка. Плодовите од таа "љубов" денес ги гледаме низ цел свет, а НБА стана од лига во која играа најдобрите Американци во лига за најдоброто од целиот свет...Јапан ни малку не го намали митот на НБА, напротив - само го засили.
* * * * *
- Флајт, одличен текст за најава на Фајнал Форот на СП. До коска ја погоди слабоста на Америте, Софокле ефектот, бековите на Јанаки, колапсот на Аргентина и т.н. Али најбољи дел е компарацијата Гарбахоса со Андоре Џуниор. - Марче остави он-поинт коментар после финалето. - Бето, грешка си за тоа дека Шпанците незаслужено станаа светски шампиони. И тоа ептен си грешка. Па уште како без Пау ги намачкаа на лепче со малсиново масло Грците у финале. М-м-м-м-м. Бред Милер?
* * * * *
Толку за СП. Она што е најважно деновиве е примањето во Спрингфилд на Доминик, Баркли, Думарс и уште по некој. Оние кои се со МакНБА веѓе некое време знаат кој е главниот виновник за моите почетоци со НБА. Еве што за него вика чичко Штерн, а онда и самиот Ник заедно со неколку линкови за целата прича. Посебно вреди да се читне тој за тесктот на Ленг за СЛЕМ, текст кој го имам прочитано пред некоја година. "At a time when our league was being elevated, he was iconic for what he could do with the basketball" - David Stern. "Dunking was just a small part of my game. Dunking was just an intimidating tool I used. I had a much more rounded game than just dunking. To get 26,000 points, you don't get them all on dunks." - Доминик. "Domination" од Ленг Витакер. Сторија на SI. Сериозен поглед на стварите од страна на YAY!
* * * * *
Шеп, ја утна за еден месец прогнозата за побрадатиот и побушавиот Гасол. Пау ипак ќе одмара 4 месеци. Се читаме...

17 Comments:

Blogger Shepard said...

добредојде. децава мирни се, спијат и слушаат :)

9/10/2006 04:13:00 pm  
Blogger марче said...

barkli so dres na filadelfija u kukjata na slavnite :)))))) abe i vrapcinjata znaat kade barkli stana igraciste!

druga stvar ... da ne znae nekoj dali kje ima organiziran prevoz za makedonija - izrael u sofija? (sreda, 20.09.2006)

9/10/2006 08:31:00 pm  
Blogger Karakash said...

Марче, утре ќе имам подетални информации.

9/10/2006 08:38:00 pm  
Blogger Ико said...

епа јас би идел ако има...добредојде, јас ти вртев за на утакмица немав друштво ама после ми текна дека не си у мкд

9/10/2006 09:23:00 pm  
Blogger Shepard said...

и јас би идел, ептен и тоа.

9/11/2006 01:16:00 am  
Anonymous џиги said...

Велком Бек Шутер Каракашевиќ

Како тргнала работава, НБА ќе си остане НБА, ама момци од некои други села орото ќе го водат.

Ништо страшно, па и историјата не учи дека тоа е неминовно.

А и шминката еден ден ќе престане да биде успешна во покривање на лицето со се повеќе брчки. Се повеќе..

*шиткам карти за Софија, поволно :)

9/11/2006 04:22:00 am  
Blogger chote said...

Дечко, по-ошто картите за Софија? :)

9/11/2006 09:36:00 am  
Blogger retry said...

Dzhigi, sho ne kazha porano za kartite, vchera se vrativ od Bugarska, so 950 povratna.

Marche, Barkley u Suns imashe grom soigrachi, a Philadelphia od vtorata polovina na osumdesetite (ako se iskluchi vekje isluzheniot Dr. J), beshe tapa ekipa. Taka da mozhda Barkley si beshe igrachishte i u 76ers ama tamu ne ostvari povekje od eden plasman vo polufinaleto na Istokot za 9 pominati godini. U Suns beshe vekje druga pesna, tuka gi imash vekje K.J., Majerle, Hot Rod, A.C., ...

9/11/2006 10:42:00 am  
Blogger марче said...

abe zaebi, ne mu stoi dresot kao u feniks

9/11/2006 12:58:00 pm  
Blogger Shepard said...

а едно време, коа имаше на nba.com анкета, „за 10 години кој континент ќе биде највлијателен на кошаркарскиот глобус“, резултатите ако не се лажам, вака некако изгледаа:

1. норт америка
2. африка (ова ваљда подолгорочно)
3. саут америка
4. азија
5. ----> европа <----

:)

после софоклис мислам дека им се отворија очите

уште пингвините на антарктик да знаеја да играат баскет..

9/11/2006 01:36:00 pm  
Blogger retry said...

E da, koga kje mi tekne na Barkley odma go zamisluvam so dres na Suns. Shto e pravo, pravo e :))

9/11/2006 02:44:00 pm  
Anonymous bodan said...

zasluzeno!

9/11/2006 06:04:00 pm  
Blogger Karakash said...

Што се однесува за Софија, секој кој сака да иде ќе мора да контактира со Комити затоа што они организираат еден автобус кој у среда, мислам дека у 9 сабајле пред салата на МЗТ, ќе тргне за Софија. Од мене толку.

9/11/2006 09:11:00 pm  
Blogger марче said...

od federacija mi rekoa deka kje ima 3 autobusa... komiti kao praat spisok... kje ide nekoj od vas momci ???

9/12/2006 10:24:00 am  
Blogger Karakash said...

3 avtobusi od koi eden e za navivaci. Ja nema da idam, ke ide drug od redakcija. Ne mi se kacuva u avtobus u slednive nekolku meseci.

9/12/2006 10:59:00 am  
Anonymous Џиги said...

Абе Кукоч се повлече, ете тема мајстори..

9/12/2006 04:44:00 pm  
Blogger Karakash said...

да, да...пишав малце за утре у весник, а планирав да пишам и тука само што дури сега се прибрав.

9/12/2006 09:42:00 pm  

Post a Comment

<< Home