Wednesday, August 23, 2006

Italian job, Шек, Коби, Рајли, Херингтон у Индијана
Италијаните у екипа немаат ниеден НБА играч, ама тоа не значеше дека не можат да бидат најтежок противник за Америте у Јапан до сега. Белинели и компанија одлично се држеа со Кармело, Вејд и остали и да не беше баш Мело и неговата памук рука Америте сега ќе си ги чешаа главите. Сепак, и покрај победата тие тоа веројатно го прават тоа, затоа што утакмицата со Италија беше голем чекор назад за нив. Само шест играчи убација поени, а најевидентна до сега беше огромната дупка која ја имаат у рекетот. Единствен кој нешто игра под кош у Јапан е ѕверот Двајт Хауард, кој откако тресна на грб Италијаните направија серија од 26-11 и го свртеа резултатот. Бош и Милер не ни влегоа во игра, затоа што според Кшижевски тешко можат да се носат со противниците и да се снајдат во играта која тој ја бара. Посебно диносаурусот. Сега се гледа колку еден здрав Амари им фали на Америте. Елтон Бренд мушки се бореше цела утакмица и беше најбољи Амер у прво полувреме, а у второ Мело и Вејд се попалија. Посебно Мело кој погодуваше од секоја позиција. Разочарување беше Леброн, кој по одличната партија со Словенија се мучеше со Италија. Знам дека нејќе да форсира и да игра тимски, ама Брон кај беше мизерен у напад со многу грешки и лоши додавања беше беден и у одбрана каде чуварите му се шетаа кај сакаа. Свака част на Италијанците за мушката игра, како и за Крис Пол и страшната асистенција до Бренд у 2. четвртина кога баскетот помина меѓу двајца противнички играчи. Гледав и непто други утакмици на СП денес, али повеќето беа тапа. Либанците ги изненадија сите со победата над Франција и покажаа дека у таа група А само Аргентина има шанси за висок пласман. Можда и највисок. Шпанија се мучеше со Ангола, која продолжува да изненадува, а Грците овој пут лако си славеа со Бразилците.
Сликава и клипов само за Бето. И играчот кој е следен Италијан у НБА. Нормално, у Торонто.
* * * * *
Не е никаква тајна дека со Шек се прават најинтересните и најзабавните интервјуа. Така беше и минатот вокенд кога Дизелот го посети Њујорк. Еве и докази. Доказ 1. и Доказ 2. Посебно интересен (ко нешто да не е интересно) у вториов доказ е муабетот за Марбери и неговата ланска изјава за тоа дека е најбољи плеј у лига.
* * * * *
Даг (и Џеки) Кристи се спремал за камбек, откако лани за доброто за сите нас се пензионираше. Тужен ден за кошарката, кој може да биде потужен само ако "Прстот у небо после секој потег" стварно се врати у лига. Кој ли би го сакал?
* * * * *
Атланта и Индијана конечно ја комплетираа трампата која ние на МакНБА ја најавивме уште пред некој месец и пол, а според која Пејсерси за Ал на Атланта им дадоа еден иден пик од 1. рунда, две кутии пуканки и тостер. Каков менаџер и газди имаат Хоукси добро е што и ги извадија пуканките и тостерот. Во Херингтон Индијана го доби 11!!! ново име ова лето во обидот на Карлајл и Бирд да направат многу поцврст и поатлетски офанзивен тим од Пејсерси. Ал влетува на местото на Пеџа, од кој е послаб шутер, но е бољи стрелец и може да игра и на 4-ка што од време на време ќе го преместува Џермејн на 5-ка, Гренџер на тројка, а Џекес Џексон на 2-ка. Уште да си најдеа плеј кој ќе може да издржи да не се повреди 15 пути у една сезона и се ќе биде ОК.
* * * * *
Денес, 23.08. му е роденден на Коби. Честито. (Ова зашто Шеп не е тука).
* * * * *
На големо изненадување на сите...Не. Пет Рајли одлучи и догодина да биде тренер на Мајами, исто како што и Зо одлучи да одигра уште една сезона. Cе дешава кога сте многу блиску до "Лери О'Браен".
* * * * *
Хака all the way. Можеби не им иде на свецково, ама нема ништо боље и посмешно од Хаката која Нов Зеланд ја игра пред секоја утакмица. Најбоља слика од Јапан до сега.

5 Comments:

Blogger flight 75 said...

Го глеав прееска пресот од САД-Италија и беше многу интересно.
На пр. - го прашаа Кжижевски што мисли за Белинели, а оној онака кулирачки им враќа
- Мислам дека треба да дојде у Duke :)
И продужи да раскажува како имал два италијански зета и дека и покрај тоа што немал трета ќерка да му понуди на Белинели, можел да му понуди стипендија....

Рекалкати, па, прашан зошто уопште не играле зона - лукаво врати дека планираат пак да се сретнат со Америка, па чувале нешто у резерва....

А, искрсна и муабет за trash-talk-от на Вејд и Сорања:

Сорања: You're not Michael Jordan. There was only one Michаel Jordan.

Вејд: I never said I was MJ. But thanks for the compliment anyway :)

8/24/2006 01:06:00 am  
Blogger Омар Шариф said...

big l: site sakaat da bidat kako dzordan, a dzordan saka da bide kako mene! :))

8/24/2006 09:08:00 am  
Blogger flight 75 said...

BTW,
Arroyo sleeps with the fishes :)

8/24/2006 02:33:00 pm  
Blogger retry said...

Wade ispadnal pofraer od Soragna :))

Inache jaka tekma, kako shto bea jaki i Turcija-Grcija i Portoriko-Italija. Shteta shto Portoriko nema da gi gledame u osmina-finale (a kje ja gledame edna Nigerija, na primer), a mislam deka zasluzhija tamu da se najdat.

Mnogu srekja u preostanatiot zhivot na Kobe, srekja mu posakuvam i n Jiggy (znae zoshto :-) ).

8/24/2006 04:02:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Овој Белинели е луд жими све.

на 20 години е НОСИТЕЛ на играта на една Италија која претендира за медал! Го бутка од петорка Џанлука Базиле играч на Барса! А по конституција типов е кифла, али има рука и муда!

8/25/2006 02:18:00 am  

Post a Comment

<< Home