Thursday, August 31, 2006

Final Four
10-11 саати пред полуфиналињата.... Во вакви услови, да не се почне со мудрост на Сидор ми делува као бласфемија од прв степен. Пошто, неговиот минуциозен пристап искомбиниран со страшното познавање на светската ономастика може да се спореди само со неговата маалско-чаршиска остроумност…Епа, ај: ”Се чини дека во светот на кошарката тимовите се поделија на големи и мали. Четири доминантни тимови кои со голема разлика ги добија сите свои противници. Можеби дури во полуфиналето можеме да очекуваме неизвесност и тесни мечеви.” Right on Point, Sidor baby…И крајно време беше.... Дај малце сериозна кошарка.Новиот систем си ја заврши работата – останаа само непоразените. Еден од нив ќе остане непоразен до крај.... Или као шо вика омилениот ми Шејн Батие: “The four best teams are still in race for the title. And that’s the way it should be.” Аргентина у седум меча изиграваше мачка на разно-разни глувци – Франција ја доби со највише мука, иако 40 минути беше јасно дека Диа и компанија ќе издишат кај да е.....Србите им дадоа извесен run for their money, ама од коа све беше решено...Се на се, со пола сили....А, Нигерија, Либан и Венецуела се....па...Нигерија, Либан и Венецуела.... Нов Зеланд и Турција? Иста приказна... Стварно ме фасцинираат овие момци, колку и да ми станаа антипатични у задњо време. Пепе Санчез има очи на г’зот. И плус, со главните играчи у екипата игра заедно уште од кадет...У секој момент има минимум три опции....Работите што Неш ги прави поради талентот и визијата, Пепе ги прави рутински. За Ману и Носиони е стварно глупо да си ги абам прстите. Америте се преплашиле од нив. Ако се исклучат Мело, Двејн и Брон, со Херман ја сочинуваат најубитачната тројка на светската кошарка...И она најбитното: они знаат дека можат да го победат Team USA… А, ги спомнав Скола и Оберто? Господата “иритирачки шут од дистанца, скокови коа највише треба и, да, ОДБРАНА”…Неверојатно прљави играчи, кој шо сака нека каже…. Ама, као шо вика другар ми Едис: ја не поштуам играчи ако немаат прљав репертоар – тоа значи дека не даваат максимум... Епа, Оберто и Скола даваат максимум :) И, као да не е доволно да имаш леворак бековски тандем шо игра заедно 15 години, од клупа влага и Делфино… Две години у Детроит чуда прават, посебно за адаптација у еден ваков, defensive-minded тим..... Опасни се, у пм....Арно ама, мислам дека е време за колапс...Досадни се, не за друго...И плус, од следниот противник губат редовно....Дури ни Ману не капира зошто: ”I don’t know if it’s the matchups, how they guard us, or how we guard them…” Или, па, поради тоа што Шпанија конечно направи тим што ќе освои нешто...Еј, откога глеам кошарка цело време се у висок втор ешалон и никако да пробијат – Мартин, Сан Епифанио, Хименез, Жофреса и Виљакампа, Ерерос... Епа, дојде времето на генерацијата ’80. Гасол и Наваро се несомнени лидери на тимот, ама она што мене ме фасцинираше е големиот број на квалитетни играчи што шпанскиот состав во моментов ги има....Па, скоро во сите натпревари пола време играа резервите.... Али, да почнам вака – Торонто...Двојката на Репторси ќе биде инструментална.Калдерон е ѕвер, извонредно ја контролира играта, а има и страшен влез, прав контрапункт за Пепе Санчез... Гарбахоса стандардно, од надвор е сатар, внатре е Andore Jr., а у единствениот колку-толку сериозен меч на Шпанците досега, по редовна постапка го стави Новицки у џеб.... Но, највеќе сум одушевен од Руди Фернандез, Серхио Родригез и Алекс Мумбру, играчи кои и не ги знаев така добро и кои ми оставија ептен силен впечаток, посебно Руди.... Штета што е повреден Фран Васкез. Со него ќе беа најсериозни кандидати и за злато.... Како и да е, Шпанците играат у демонска форма, као што би рекол Драган Шакота. Сите противници ги сомлеа рутински за дваесетина минути. Мислам дека им дојде ред да влезат у финале. А таму? САД? Па, не знам баш... Да се збори за американскиот тим, а притоа да се одбегне Џекил/Хајд метафората ми се чини као право мајсторство. Цело време некако ги следи стравот од тоа второ лице. Го знаете, она што не знае како против зона, што промашува чисти шутеви од 6,25, што игра пацерска периметар одбрана... Ако им тргне, овој тим може да ги згази сите останати. Ама, ако им тргне. Ако е Вејд у елемент, ако се Хауард и Бренд доминантни под кош, и најбитно од се, ако му тргне на Кармело... Во досегашниот дел на турнирот е многу јасно кој од капитените е главен, а кој потфрли. Изненадувачки, Мело покажа вистинска доминантност, онаква доминантност за која зборев пред првенството: самодоверба, стабилност, лидерство....А, Леброн нигде го нема.... Според мене, американците изиграа пет меча во кои беа доминантни и два во кои на видело излезе тоа нивно алтер-его: против Порторико и против Италија... И покрај тоа што на прв поглед се мачеа со Германија, тврдам дека беа и те како надмоќни. Имаа 30 шута повеќе од поле, ама се шинаа од промашување тројки. 10 од 40, ви се верува? Па, што ќе се десеше ако погодеа барем уште пет? Ќе победеа 35 разлика…А, искрено, толку и заслужија да победат. Да не беа толку опседнати со тоа да го затворат Новицки, може ќе победеа и 40 – 20 у прво, 20 у второ… Ама, тоа беше со Германија…. САД се уште не се сретнале со правите противници за да можеме да споредуваме. Американците ги имаа вистинските проблеми со тимовите кои имаат добри бекови – добри шутери, ама, пред се, добри ballhandler-и...Аројо, Ајусо, Белинели, Базиле, Ди Бела.... А, од тоа и ми е страв во пресрет на утрешниот дел. Утре Team USA игра со тимот со најстабилен, нaјконстантен и најдисциплиниран backcourt на турнирот – Грција. Спанулис, Тео Папалукас, “Војновиќ” Дијамантидис и т.н.Грција прерасна у страшен тим... Додуша, страшно досаден, ама сепак страшен... Она што Шеп кај нив го потенцираше: борбеноста, дисциплинираноста и играњето со срце, надополнето од шемите на Јанакис еднаш више им даде резултат: Европски Прваци. А, најодговорно тврдам дека ако америте не променат нешто, ако Вејд не доминира, ако Брон не се разбуди и ако не им тргне шут на Мело и на Џо, Грците ќе станат и светски шампиони.... Елада за мене е единствениот тим во моментов кој, во основа, игра европска кошарка (т.е. неамеричка). Аргентина и Шпанија се сосема друга приказна и се многу поблиску до САД... Е сега, она што ме нервира кај нив се тие детални тактички маневри, шеми разработени до максимум, досадни нијансирања и т.н. На секои две минути измена – Царцарис влага, Царцарис излага, Фоцис влегува да шутне од дистанца, Спанулис влегува да направи фаул...Ако има уште 20 секунди од нападот го играат тоа, ако има уште 10 ова...Дај бе луѓе малку слобода.... А, најсимпатичниот дел од тимот, нормално, ми е Скорци...21-годишниот ѕвер со претерано соодветно име – Софокле...Глеав слика од 2001 – на негови 16 години изглеаше ко Бен Волис.....неверојатно... Се на се, Грците се black horse, а Американците нека се молат да му е ден на Мело.... Значи, прогноза – сакам финале САД-Шпанија, нешто слично на она од пред 22 години….а, се плашам од финале у кое па би ја гледале Грција, слично на она фудбалското од 2004 – пошто, Јанакис некако ептен ми личи на Рехагел… И, апсолутно најважно, очекувам финале кое нема да го коментираат Сидор или Ников.....

12 Comments:

Anonymous chale_v said...

Јас сакам финале САД-Аргентина со шампион САД. И со коментатор Лимунот (Стерјов).

Инаку ве поздравија Португалците.

Португалија-Македонија 108:90

Далеко је сунцееее...
Затоа глејте си свецко и уживајте.

9/01/2006 01:02:00 am  
Blogger Shepard said...

флајт, утре ја ќе свирам бузуки. мислам дека..

инаку супер пост; ја и онака немав време.

9/01/2006 02:14:00 am  
Blogger retry said...

I jas sakam finale USA-Argentina, ama so Argentina na tronot po zavrshuvanjeto :))

9/01/2006 08:36:00 am  
Blogger flight 75 said...

Лимунот од неодамна познат и како "Сeњор Марадона" :)

9/01/2006 08:49:00 am  
Blogger chote said...

Хелаааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааассссссссссссссссссссссссс!!!!!!
Не ми се верува дека ми се направи волку ќеиф што грчиштава победија!!!!!:)
Хелаааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааассссссссссссссссссссссссс!!!!!!

9/01/2006 11:35:00 am  
Blogger flight 75 said...

Епа, бидна. Се оствари. Тоа што го зборев. Неспособност да одбранат тим со добри бекови, слаб напад, очигледен недостаток на уиграни шеми кои би биле егзекутирани кога ќе затајат сите индивидуалци и СТРАВ, еееј, страв....На Леброн му текна у задњи две минути да влага онака ко разбијач?
Само едно - секоја чест за Кармело - со храброст, па макар и изгубил....

Се на се, изнервиран сум, ама тоа е спорт. Се додека се наметнува ваква психологија на сеир кога американците ќе изгубат, се дотогаш ќе биде вака - американците играат под неверојатен притисок - дека мораат да победат - а Грците играат скроз растоварени - т.е. дека немаат што да изгубат - и од таму е силата - секогаш против американците тимовите даваат најдобра партија - па видете го Какиузис - сум го молел у Евролига кош да даде - труп невиден - а, денес се скрена....

Само едно ми е мерак - и, пак, нормално - Скорци...Го видовте ли коа го бутна Бош?

9/01/2006 11:43:00 am  
Blogger retry said...

Skorcijanidis go napravi presvrtot zaedno so dobrite "hraniteli na topki".
Za Carmelo mi e zhal, kakva faca napravi na kraj, mislam deka i zaplaka. Ali edino on se obiduvashe neshto da napravi, i mozhebi Wade i Хинрич, a drugite bea tapa nevidena.

9/01/2006 12:18:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Argentincive namerno izgubija, za pak da igraat so USA :))

9/01/2006 02:40:00 pm  
Blogger retry said...

Argentincive namerno izgubija, za pak da igraat so USA :))

9/01/2006 02:41:00 pm  
Blogger retry said...

Ej, abe zashto dvapati mi se pokazha comment-ot i toa kako anonymous?????

9/01/2006 02:42:00 pm  
Blogger retry said...

Vidi, vidi chudna rabota, i toa razlika od 35 sekundi ?!?!?!?!

9/01/2006 02:43:00 pm  
Blogger retry said...

Dobro, e gledam sega ne se duplira.

9/01/2006 02:43:00 pm  

Post a Comment

<< Home