Saturday, August 19, 2006

Свецко
Свецково почна сабајлево, а вчера не ми се пишуваше најава затоа што заедно со прошлата недела и историјатот на СП, оваа недела ги најавував и групите за Јапан. Сега не ми се пишува затоа што носот ми е како Нијагара, а надвор е некои +50 степени. Ипак, тоа не ме спречи сабајлечки, у ладовинка да се изнагледам баскет, а успеав и да дремнам у последната минута од Србија-Нигерија. Баш дружбата на Име Удока го направи најголемото изненадување и ги исплеска Србите. Дарко ко Дарк-О од Детроит, трупетина, иако против себе имаше за пола глава пониски и физички послаби играчи. Ништо бољи ни остатокот од екипата, на која рака на срце не и е ни место у Јапан. Ману и Носиони си завршија работа со Французите, кај кои се виде дека без Тони Лонгориа нема да иде баш најдоро во нападот. Најбољи потег - баџакот на Ману. Америте играа малце стегнато, ама нивното најјако оружје - 12. играчи спремни за игра ја реши средбата. Ипак, 100 поени од Порторико не смееа да примат. Најфаца на 1.коло - Питер Џон Рамос. Такво нешто мајка еднаш раѓа. Турците и Литванците ја одиграа најнеизвесната, но и веројатно средбата со најмногу грешки. На крај тепаше посреќниот. Литванците со оваа репрезентација не прават ништо. Исто и Турците, ама тие не ни очекуваат дека ќе направат нешто. Јаоза не може се сам, а тоа го искористија Италијаните. Базиле пак погодуваше од седум-осум метри...и погодуваше. Ги фатив малце и Словенците кои си се играа со Сенегал у кој веројатно му маваат заушки на секој кој не се презина Н'Џаје или не се вика Мамаду. Вчера по мејл од МТВ на работа ми го испратија списокот на сите утакмици кои ќе ги даваат у живо или преку снимки до крај на првата фаза по групи. Ама списокот и ми остана таму - на работа. Ќе пишам што ќе има. Важно има две у живо и една снимка секој ден. Толку, за прв ден и растечен нос - доста е.

2 Comments:

Anonymous Џиги said...

Енко, изглеав денес едно чудо утакмици, што низ пренос, што низ снимка, па ако не е предолго, еве нешто утисци..

Ми се свиѓаа ептен Нигеријците. Не се село без кучиња, без разлика што Србија е тапа. Море најбоље ќе им беше на Србите да не лобираа за вајлд карта, вака сега ќе се брукаат пред цел свет. Како само плачеше коментаторот..
Иначе, Нигеријците имаат неколку искусни играчи од НБА клупа и по некоја минута во Европа, ама тренерот им е пар екселанс, Сем Винсент, се сеќавате ли што убав мек шут имаше Семчо у НБА?
Турцка не ме изненади. Мислам дека само заради грч дозволија неизвесен меч со Литванија. Литванците се скоро у пун состав, без Јас И Кевичиус, кој најверојатно више нема ни да игра за нив, ама со сите други тука. Ама оваа генерација на Лиетува им е лимитирана, кога Маце им решава, што да ти кажам.. Инаку, за неговиот договор во Олимпијакос другом приликом (најскап у Европа после оние на Раџа и Кукоч).
Турција има се на секоја позиција, има и младост, има и тренер. Дел од тие децата беа европски прваци во кадетска конкуренција, а пред две недели освоија сребро на европско до 20. Значи, нема веќе кошаркарска нација, има само ситуација ИМАШ ПАРИ, НЕМАШ ПАРИ..
Грција пак игра некоја чудна кошарка, го успива противникот, не завршува напад пред дваести секунд, а одбраната им беспрекорна. Мислам дека Грците можат да стигнат до финале (Со Аргентина? хаха).
Не го ѕирнав распоредот, ама мислам дека Аргентина со САД играат во 1/2финале.
Американците одиграа онака како што очекував. БУКВАЛНО ИСТО КАКО И НА СИТЕ ПРЕТХОДНИ ПРВЕНСТВА И ОЛИМПИЈАДИ. Со чести ротации, демек за да имаат сила сите и да играат во исто темпо. Тука Енко не се сложувам со тебе, мислам дека ротациите им се најслаба страна, 12 играчи ДА, ама за долга сезона со клуб, на турнир играат само 2-3 играчи што ќе влезат во транс ритам, другите се додавачи. Ај, со Порторико извадија глава, ама примија стотче. Да имаа Порториканците поумен тренер, многу лесно можеше свашта да бидуе.
Инаку, ЈУ ЕС ЕЈ и натаму мислам дека се фаворити број еден, ама за да тепаат све живо до крај по 20 и кусур разлика, Кржижевски треба да има 5-6 главни играчи, а другите да влегуваат по потреба. Кога ќе дојде неизвесен финиш, утакмицата треба да ја решава некој што влегол пред 3 секунди, пред тоа 15 пати влегол и излегол од игра. Така не. Греота е што му прави на Леброн и Двејн..
Аргентина и натаму игра со леснотија, играат и се радуваат. Кошарка во вистинска смисла на зборот. Нема компликување, нема мавање со глава во ѕид, кошарка за мерак. Играат со срце, се бодрат еден со друг, човече, виде ли како Оберто и Волковиски се радуваа после победата со Франција?
Дефинитивно се мој пик.
Франција одлична, овие момци на Клод Бержо, да ги пратиш и на одбојка и на бокс и на атлетика и на пливање пак ќе бидат добри. Скокаат ко луди, трчаат ко мрднати, ама нема мерак у таа кошарка. Затоа стално рикнуваат на чекор до крај, немаат брате петља, не знам, ама никад не сум ги поштуел Французите, освен Ришар Дакури на времето.
И кој остана, да.. Шпанија..
Играат многу добро, одлично. Играта во одбрана и во напад им е доведена до перфекција, играат како и секогаш шеми што ги упражњаваат максимално во секој момент. Ама многу зависат од Наваро. Свака час на Гасол, ама мислам дека он не е винер у душа. Од нив можда само Наваро може да ја земе топката во раце и да решава. Пау ќе даде 20 коша и 10 скока, класика и у НБА, ама не брада, не бркови.. и влакна од уши да му никнат џабе е. Шпанија максимум до полуфинале, а таму ќе изгуби од Грчка.
Италија е следна на ред за рикнуење после Србчета, внимавајте на Словенија, мислам дека можат да отидат далеку. Панама има неколку екстра играчи, ама се ептен туристички настроени. Ед Кота и Рубен Даглас можат да бидат бековски пар у било кој од .. на пример.. десетте најбољи клуба во Европа, ама реков, ептен се туристички настроени. Сенегал, менегал, Либан мибан, Венецуела менецуела, Јапан мапан се само да се попуни бројот. Кина е атракција заради Мјао, ама мислам дека и они више спаѓаат у кригот на егзотични учесници, него у сериозни претенденти.
Диииркк. За малку ќе го заборавев. Германија има посилен состав од лани на Европцкото кога играа у финале. За Окулаџа и една година искуство плус, да речам и заедништво. Дирк ќе си ги даде триесте парчиња на секоја текма, ама се зависи од другите. Мислам дека 1/4 финале не им гине, а со помалку среќа можат и даље.
Новозеландија и Австралија имаат еден куп добри играчи, ама и нивните тренери го тупат со 5000 измени во текот на мечот. Инаку, кој не знае, Нов Зеланд го брани четвртото место од прошлото првенство, а на олимпијадата преклани ја тепаа Србија, а богами и Црна Гора. И они реално треба да влезат между 8 најбољи, ама неќе га бити место за сите.
Ете и да завршам, може со листа? прогноза за пласман на првите 8-10? Наравно, па затоа Енко ми е друг..
Еве, со мала напомена дека у финале играат Аргентина и САД, стварно не знам кој ќе тепа. Само ми е страв Манувци да не потценат некоја Италија или Грчка па да гледаме тапа финале.
1,2 Аргентина или САД
3 Грција
4 Германија
5 Австралија
6 Шпанија
7 Словенија
8 Нигерија
9 Франција
10 Бразил

А?

8/20/2006 12:51:00 am  
Blogger retry said...

Dosega najjaka utakmica beshe Turcija-Litvanija, a vednash do nea Italija-Slovenija. Turcite tepaa povekje bi rekol radi strategijata na Tanjevich u poslednite dve minuti, a Italijancite tepaa na srekja, Marconato be trojka da dade od 8 metri, koj go videl toa. Slovencive samo da ne padnat na psihichki plan, imaat jak tim, a i dobro se ukomponirani plus neiskustvoto sega ne e problem kako lani na evropskoto.

8/20/2006 08:36:00 pm  

Post a Comment

<< Home