Wednesday, August 16, 2006

Не иде тоа така, момци + Ајзеа страјкс агеин, Рубенчо, Шек купува патики у Кина и Шид
Бето у коментари на претходниот пост праша зашто у весник сум ставил наслов "Избегната бламажа" за вториот дуел Мкд.-Буг. Бламажа затоа што Бугарите на таа утакмица играа без најдобриот играч Виденов, кој претходната вечер ни убаци 25 поени и првата опција во рекетот (Георгиев) кој у понеделникот ни убаци 17 поени. И покрај тоа и поголемата минутажа на Стак ние до последната минута се мучевме со Бугарите, за кои играа некои играчи кои на квалификациите за ЕП нема да добијат ни минута. И тие момци ни даваа кошеви. Често. Цел текст го имате тука негде Сепак, муабетот за бламажата уште повеќе ми доби на тежина со однесувањето на нашите играчи на теренот, посебно со судиите. За секоја своја грешка тие вина гледаа во судиите. Не викам дека овие не правеа грешки, ама само затоа што судиите се наши не треба да се очекува тие да судат во наша корист. Уште подобро беше што на неколку пати не свирнаа за нас, затоа што така ќе се навикнат нашите момци на третманот кој ќе го имаат на секое од гостувањата у квалификациите. Само таму, Антиќ нема да смее да го опцуе и пљукне судијата и затоа да добие само техничка. Истото, у малце поблага форма важи и за некои други наши играчи. Ич не ме интересира како бугарските судии суделе за своите на двете средби у Софија. Тоа им оди нив на душа. Наше не е да се однесуваме како дивљаци на секоја спорна судиска одлука. Изгубен у целата ситуација беше Стак, кого судиите веројатно најмногу го оштетија со 3-4 спорни фаули од петте вкупно. Ама, Амерот мирно си дигна рука на секој од нив, не се побуни кај судиите, малку си направи муабет со нив и мирно си излезе после 5. фаул. Баш затоа момакот следната сезона ќе игра у Олимпијакос. Свака му част за смиреноста и на Врба, а и Мирза и уште понекој од момците си беа кул. Јас барем сум воспитан така грешката увек прво да си ја барам кај себе, а дури потоа некаде на друго место. Така било и кога сум играл кошарка или баскет у маало. Секогаш е најлесно да се обвини некој друг, а у кошарката тоа се судиите. Ама да се дере на нив на секој досуден или недосуден фаул...не иде така. Ни судиите не се без вина, ама сигурен сум дека тие помалце би свиреле кога играчите помалце би правеле фаули. Да не зборам за однесувањето на клупата, која повеќе си правеше муабет меѓу себе и со понекој близок пријател од публиката отколку што гледаше што се случува на теренот. А и срам ми е да кажам дека сум новинар кога некои мои колеги цела утакмица навиваат ко луди за Македонија. Не зашто толку ја сакаат, него зашто ја ставиле кец у кладилница.
* * * * *
Ај да си се вратиме ние на НБА... Причата иде вака. Филаделфија е очајна да се откачи од следните две години у договорот на Крис Вебер вредни неверојатни 42 милиони долари. Со таа цел Били Кинг им се јавил на скоро сите генерални менаџер низ НБА и 28 од 29-те повици завршиле со едно "Ар ју кидинг ми" од другата страна. Сепак, по разговорот со еден Џи-Ем, Кинг бил тој кој ја кажал таа фраза. Со кого бил тој муабет. Не е тешко да се погоди...Ајзеа Томас. Кој друг. За среќа на сите фанови на Никси, баш Кинг бил тој кој на крајот кажал "Hе, фала", иако муабетот за можен трејд на Вебер у Њујорк се уште не е завршен. Сиксерси не ги сакаат за возврат Малик Роуз, Џером Џејмс и семафорот од Медисон Сквер Гарден, така да ништо чудно Ајзеа да се излета па за Вебер да понуди нешто стварно вредно. Ипак, не се добива секој ден шанса да се ангажира 34-годишен играч без колена и со две години договор вредни 42 милиони. Ајзеа не би бил Ајзеа кога не би пробал такво нешто.
* * * * *
Као што реков, муабетот за тоа дека Шек потпишал со Ли-Нинг не беше проверен, па затоа не ја коментирав веста. Сега е и потврдено дека Дизелот у иднина ќе купува патики у Кина. Колку лошо тоа да звучи. Сепак, останува дека тоа со Леброн Џејмс и Ли-Нинг е тешка глупост.
* * * * *
Тоа што некој ќе напуни 31 година не мора да значи дека е попаметен отколку што бил кога имал пет или десет години помалце. Мозокот на Рубен Патерсон своето развивање по се изгледа го завршил кога типот си отиде од Лејкерси. Прошлиот милениум. Тогаш Рубен по сите медиуми изјавуваше дека тој е "The Kobe stopper" и дека Коби нема шанси да игра против него како против другите момци. Слични изјави даваше и за другите НБА ѕвезди. Интересно, ако се земе у предвид дека типот никад не бил у дифензив елитата у лига. Сега, откако го пратија у Милвоки, Рубен пак почна да блада. "I can tell you there are guys in the East who don't like playing against me. Richard Hamilton (Detroit Pistons guard) is one of them. He just don't like it when I guard him."
* * * * *
Српски генгста.
* * * * *
Америте го комплетираа составот и како што се очекуваше Брус Боувен не е дел од тимот, а ни Гилберт Аринас, кој се повредил на тренинг во понеделникот. Имаше некој муабет дека не станува збор за никаква повреда, ама пошто веќе некое време се знаело дека Хајнрих и Пол ќе добијат предност, луѓето околу Аринас одлучиле тоа да го прикажат како повреда. Да не биде дека местото го изгубил од некој од двајцата спомнати некој ред погоре. Чаршиски муабети.

11 Comments:

Blogger flight 75 said...

...Mr.Hide comes out, Darko is crazy....:)

8/17/2006 12:21:00 am  
Blogger chote said...

А јас прогнозирав Боуен у први пет. :)
Абе треба да баталам кошаркава и блоговиве и да му се посветам на факсот поинтензивно. :)

8/17/2006 03:19:00 am  
Blogger beto # 6 said...

У Право си Каракаш за тоа што збориш за односот на нашиве кошаркари со судиите. И у првиот меч (коа глеав) Симич имаше еден опасен испад и тоа на најстариот судија, и ја од “јужна“ го слушнав као му вика Е ДА ВИДИШ У БУГАРИЈА ДАЛИ Е ТОА ФАУЛ ПИЧКА ТИ МАТЕРНА. И то..:)

Вчера го видов Перица Антич вечер искочен, многу е фаца (после Стак). Мафијаш, со џип со српски таблици. Закон

8/17/2006 02:18:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

И да живее Ли-Нинг! Не ми се веруе..

Шала на страна у ОРКА од Ли-Нинг има само едни, ама едни убави за око патики за шетање (не за баскет, ептен се грди). Чинат околу 1 500 денара и ми се свиџаат. Ако идете у Орка ѕирнете ги, сиви са и личат на еден модел на најк

8/17/2006 02:20:00 pm  
Blogger Karakash said...

Бето, тоа е проблемот - тоа што личат на модел на Најк.

Исто така, тоа е проблемот - српски џипови и до касно у град искачање.

Не учи од такви примери.

8/18/2006 12:57:00 am  
Anonymous Џиги said...

Се што пиша за репрезентативците, се точно од збор до збор напиша.
Е, сега ако те слушне или прочита некој од тие што се одговорни за репрезентацијата, ќе рече дека си тенденциозен и безобразен.

И да не ја ширам приказната зошто и како,.. накриво сме зараснати Енко мој, сега единствен спас ни е дрвото да го исечеме и новиот корен да не го уништуваме, ако воопшто некој ни даде шанса пак.

Запамти, ние нема да победиме на повеќе од 2 утакмици у квалификации.. А и да се пласираме на тоа Европското, никој не гледа дека зад Врбица Тоше и Стак има дупка голема, огромна и дека кошарката ни е на издисај..

Епа, ко преживи, причаќе..

8/18/2006 07:48:00 pm  
Blogger Karakash said...

Преживеќемо. Ќе вииш:)

8/19/2006 03:58:00 pm  
Blogger retry said...

Da ne se povtoruvam od prethodniot post, sepak se raboti za prijatelska utakmica i treba da se odigra porelaksirano, osven ako prethodno nemalo nekoj dogovor za da se odigra malku poradikalno i postagnato pa da si vidat ekipite kako izgleda i toj nachin na igra i da potreniraat na toa malku :))

inache Enko, u Mavrovo i po selata gore samo Mak Sport se chita i se distribuira ko lud, ne sum primetil prethodnive godini. Zatoa ti go vidov i ovoj tekst i si beshe na mesto. A i za Arenas toa ti e tachno.

8/20/2006 08:26:00 pm  
Blogger Karakash said...

Седи, бе:)

8/21/2006 12:33:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Wonderful and informative web site. I used information from that site its great. Divorce forms north carolina http://www.neurontinnuerotin.info/does-zithromax-treat-legionnaire-aposs-disease.html zithromax and hcg Taking bextra occasionally Hard drive download disk repair utility review Hummer police with lights on Zithromax treating Basketball baskets Ncaa games basketball Zithromax side effects if drinking alcohol Keychain light led logo projector 10x marketing introduces new search engine ranking software Cheap effexor xr free consultation betting odds conversion tables Volvo part 9171105 Toyota training Porsche window regulator for how long does zithromax work http://www.teenfuck3.info/Amateur_teens_hairy_pussy.html What is ix acyclovir

2/22/2007 10:51:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Enjoyed a lot! film editing classes

3/15/2007 01:56:00 pm  

Post a Comment

<< Home