Tuesday, August 15, 2006

"Парк"-ет, Стак и доктор Дикембе
Вчера бев на Македонија и Бугарија у "Парк", а ќе идам и сега, за некои саат време пак. За самата утакмица пишав за денешен "Мак.Спорт", онака под притисок на време да завршам за да излезе весникот. У таа сала буквално сум ги направил првите баскет чекори, негде 1991 година и до ден-денеска времето таму не мрднало. Истите распукани ламперии, истите бедни клупи за играчите и уште победен дел за записничка маса. Истите мрежи и црева по ходниците. Единствено ново се пластичните столчиња, кои да не знаевте дека се нови ќе помислевте дека со постари од самата сала. Гадни зелени, избледени, испогазени, изгребани и прљави. Вистински показател за тоа колку нашиот шампион си ја одржува салата. Впечатокот го заокружуваат искршените маси за новинари на онаа трибинина што би требала да биде само за медиумите. Врзани со некои конопи и лепени со кој знае што импровизираните маси личат на се, само не на тоа што треба да бидат. Не ни зборам за конекција за компјутер. За среќа вчера немаше странски новинари, мада со најавата дека квалификациите ќе играме у Парк тие сигурно ќе допатуваат. Има што да видат. После утакмицата имав шанса, заедно со колегите од др. медиуми малце да си направам муабет со нашиот Амер, Рајан Стак. Типот е ептен кул. Онака, као америчкине сурфери. Фино лепо, културно си даде изјава, а да имаше време ќе му направев и онака, неформален муабет. У тоа малку време си призна дека е уште вон форма зашто нема одиграно утакмица уште од задњата со Арис прошлата сезона, а и дека верува во наш пласман на ЕП.
* * * * *
За разлика од најстрашниот глас у историјата на НБА, Дикембе Мутомбо важи за голем хуманитарец кој не жали пари да им помогне на децата у својот роден Конго. Последен доказ за тоа е последната негова донација од "само" 15 милиони долари за изградба на болница во Киншаса. Е, кога сите не би ги жалеле милиони како Дикембе.

18 Comments:

Blogger zare said...

A Cepelinot na Antic..Koj bese Super..Ali..
Kako sto vikase komentatorot kolku i da bese visoko frlena topkata Pero Antic ke ja fatese i ke ja zakucase:)):):):):):):):)::):):):)

8/15/2006 05:38:00 pm  
Blogger flight 75 said...

ОК е Стак.

Иначе, втората како заврши?

8/15/2006 08:48:00 pm  
Blogger Karakash said...

96-86

8/15/2006 08:53:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Бев само на првата и не ми се свиѓаше баш кошарката, добро сфаќам дека беше пријателска, да нема ризик од повреди али ич бе ми немаше жар. И вчера, не отидов од таа причина па времето од 18 до 19 часот го проведов трчајки на кеј . БАтали тоа...


Стак мене ми е најбоље од овој состав на Македонија, а да не лажеме и најфаца е типот. Антич ја здрве ненормално, до сеа најбоље нешто што сум видел у живо...

А зашо денес у спорт пишуе за малце избегната бламажа нешо у тој стил?

8/16/2006 11:58:00 am  
Blogger flight 75 said...

"Стак мене ми е најбоље од овој состав на Македонија"

Бето, Бето...Знаеш на што ќе личи овој тим без Врба?

8/16/2006 01:42:00 pm  
Anonymous bodan said...

Пријателе,може нешто ќе се измени со влез на нашите тимови во Јадранската лига(мислам на условите)кога ќе има барем некој профит????

8/16/2006 04:51:00 pm  
Blogger chote said...

A Владо Илиевски е педер, хомиќ, како сакате.

8/16/2006 05:08:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Остај го него, се бори за место у Лотоматика :)

8/16/2006 05:29:00 pm  
Blogger Karakash said...

Не би брзал со осудите за Владо. Тука играат неколку фактори...Иако тој не би требал да си дозволи тоа да му го мења пристапот кон репрезентацијата. Он си знае.

8/16/2006 10:53:00 pm  
Blogger Karakash said...

Бодан, прво треба да се створат услови за создавање профит, односно квалитетен домашен производ. Дури онда ќе можеме да бидеме дел од некоја квалитетна лига.

8/16/2006 10:54:00 pm  
Anonymous bodan said...

у овја случај можноста е пред условите,пријателе.

8/17/2006 01:57:00 am  
Blogger chote said...

Што знам Енко, верувам дека се повеќе фактори во прашање, НО, неговиот однос кон одговорноста репрезентација е ... што знам, несериозен максимално, остава впечаток дека намерно не игра, а не дека има вистински причини што го спречуваат да игра...

8/17/2006 03:03:00 am  
Blogger Karakash said...

Pa e namerno, ama so pricina:)

8/17/2006 10:33:00 am  
Blogger retry said...

Abe ne deka nie dobro igravme, ama Bugarive bea tapa i na dvete tekmi. Oni nezasluzheno se plasiraa na evropskoto lani, da gi nemavme nie administrativnite problemi kje beshe zasluzheno nie da odime mesto niv. A inache ova se samo prijatelski utakmici na koi jas i ne im veruvam kojznae kolku, pa taka da mozhebi i ova ne e realen odnos na silite. Mozhebi sme ushte pojaki od niv.

Deka Stak e najolji, najbolji e. Deka e najstabilen i najsmiren, naj... i naj... e.

Chote, Ilievski ne e peder tuku ne projavil interes za reprezentacija. Toa e negovo pravo i jas napolno go pochituvam. Toa e mozhebi i do nashiot mentalitet da ne se igra za reprezentacija po sekoja cena, ne sme kako Argentincite na primer, koi i ova svetsko kje go igraat samo so natprevaruvachki motivi i rechisi za nishto drugo (se sekjavate, na sveckoto 2002 moraa i da chuvaat del od dresovite od prethodnite natprevari zoshto imaa deficit). No mora i KSM da smisli i drugi nachini za motivacija. Stak e primer za toa.

8/20/2006 08:20:00 pm  
Blogger chote said...

ритрај, не пројавување интерес за сопствената репрезентација е еден од најчестите знаци по кои се познаваат педерите! :)

8/21/2006 06:31:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Best regards from NY!
» »

12/07/2006 12:17:00 am  
Anonymous Anonymous said...

What a great site waterstone wall mount faucet Dose increase orlistat xenical Pilates studios southern california http://www.cellularphoneverizoncellphone.info/best-deals-on-cellphone-plans.html free xxx videos no credit card required software disk image price Paris hilton video scandal Transex huge cumshot

2/16/2007 09:54:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Excellent, love it! Lined police uniform pants aston martin db7 gta sun roof What about venlafaxine withdrawl michigan lawyer brainy robot vacuum cleaner qualifications for &aposfinancial services advisor &aposin bc Erotic tv

3/03/2007 05:45:00 am  

Post a Comment

<< Home