Monday, August 07, 2006

Мрско + Непцињо и Кобињо
Уште од првиот (и според многумина единствениот) Дрим Тим, заедно со составите на САД на СП во Торонто 1994 и на ОИ Атланта 1996 год. не сакав да ја гледам таа кошарка која се играше на тие турнири, барем не утакмиците што ги играа Америте. За мене нема ништо убаво во гледање како едни, за десет класи подобри играчи си играат "кур-ташак" со јадници кои не се на нивно ниво, ни физички, ни играчки, а кога ќе се сретнат со нив очи во очи - ни психички. Сакам да гледам кошарка, а во тие утакмици немаше ништо поврзано со неа. Можда тогаш тие утакмици и ми биле малку интересни, но тоа веројатно било поради тоа што сум бил 10-15 години позелен од сега. Колку повеќе ја разбираме кошарката, толку помалку сакаме да гледаме такви шаради. Начинот на кој пред малце Америте ја згазија Кина ептен ме потсети на тоа време, ама сега не можев да издржам да не трепнам додека гледав "порнич" у три попладне. Барем стварно да беше порнич. Бљувотина од кошарка, ако уопште може да се нарече така, пред се затоа што за добар баскет се потребни две добри екипи, а Кинезите без Јаоза (а често и со него у состав) се далеку од остатокот од светот. Ако една ствар ми се свиѓаше е тоа што без разлика што за разлика од своите противници спијат на вреќи со стотки и цел свет знае кои се, Америте во текот на сите 40. минути не попуштија во ритамот и гризеа без да застанат ни на секунда. Тоа го немам видено кај нив уште од 1994 година и е голема промена на подобро за разлика од Атина пред две години кога играчите, а посебно тренерот беа залутани негде измеѓу Акропол и Пиреа.
* * * * *
Ритрај го спомна насловот "Најдоброто од двата света" кој го ставив на фото-веста за денешниот број на М.Спорт, за средбата меѓу Коби и Роналдињо (или Непцињо, ко што го вика Шеп) чудејќи се како тоа го сметам КВ24 за најдобар. Еве го текстот кој одеше у весник. Ако кликнавте приметивте дека кај Коби пишува "веројатно најдобриот", што тој го покажа сезонава, нормално, како индивидуалец. За весник пишувам објективно, иначе не би го ставил ни Непцињо како најдобро од светот на фудбалот, посебно не по бедното СП у Дојчланд. Да биде комплетно, еве ја и сликата на Кобињо и Непцињо заедно:
* * * * *
И кога сме веќе кај весници, ми текна, иако не обраќам многу внимание на тоа што се пишува за НБА по дневниве весници ова не можам да го преќутам... ДИВЕЈН Џорџ, Леандро БАРБОША, МАСЕО БЕЈСТОН, и најголемата глупост од пред некој ден од "Вест" дека Шек е ново заштитно лице на кинеската спортска компанија Ли-Нинг. Информација која во овој момент е невистинита. Но, она што најмногу ме стресе у истиот текст е чистата, 100% лага дека Шек е второ големо заштитно НБА лице на компанијата по...пази сеа...Леброн Џејмс?!?!?!, кој има десетгодишен договор со Најк. Кој ги пишува (измислува) овие работи?

18 Comments:

Anonymous observer said...

Linkot za sport.com.mk ne raboti

8/07/2006 05:53:00 pm  
Blogger Karakash said...

Кај мене е ОК...

8/07/2006 06:00:00 pm  
Blogger zare said...

Ne raboti ni kaj mene.

8/07/2006 06:10:00 pm  
Blogger zare said...

Sega raboti!!!!

8/07/2006 06:12:00 pm  
Blogger retry said...

Kaj mene raboteshe, pa sega pak ne raboti. Nekoj saka da go sabotira Kobe :))

Najverojatno se menuva ItemID. Ako odam postepeno so surfanje pochnuvajkji od www.sport.com.mk togash mi go dava na ovoj link.

8/07/2006 07:48:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ритрај прав си, тоа било.

Mariano, next time ask nicely. We don't like spammers here.

8/08/2006 12:19:00 am  
Blogger retry said...

Ama i jas gledam pogore go utnav linkot za www.sport.com.mk :))

8/08/2006 12:56:00 am  
Blogger retry said...

James 10 godishen dogovor so Nike ?!?!?!?!?! Pa momakot znachi potpishal koga imal samo 11 godini !!!!!! E treba da si stvarno zanikade pa da sfatish deka toa e vistina. Kako samo go lazhat narodov, ama toa ti e sindrom na mislenje deka se i seshto mozhe da se progolta samo ako se plasira kako informacija vo "viden" medium. Ochigledno toa nema da im pojde od raka na tie "plasirachi", se dodeka ima nekolku trezni lugje megju niv.

Dobro e druzhe shto zabelezhuvash takvi raboti, i mi se dopadna shto vaka kritikuvame javno (posebno vo periodot koga 4-ka emituvashe istotaka somnitelni podatoci).

8/08/2006 01:01:00 am  
Blogger Latifovich said...

ni kaj mene linkot ne raboti a koga ke bidat objaveni tie 12 igraci ??

8/08/2006 01:38:00 am  
Blogger chote said...

Леандро БарбоШа...тоа у Дневник а?
Се сеќавате на Луиш Фигу, Руи Кошта Роналдињу, Роберту Карлуш...све што е португалски (бразилците зборат португалски нели) у Дневник се пишува така...Чудно! Многу чудно! :)

8/08/2006 03:05:00 am  
Blogger Karakash said...

Gazdata im e Portugalec:)

8/08/2006 11:23:00 am  
Blogger flight 75 said...

И не само од португалски, со сите јазици се фура до даска таквиот пристап....као оригинално....
не знам само со кинески како се снаоѓаат....

Иначе, коа сме кај БарбоШа, за малце ќе го попиеја америте. Коа ги стегнаа зона у второ полувреме, се испосраа. Па, Џејмс еден бунар коа фрли.....

Така да, и не личеше баш на '92 и '94.....

8/08/2006 04:33:00 pm  
Blogger Karakash said...

Што е добро, барем ќе гледаме кошарка.

8/08/2006 04:57:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Ли-Нинг има договор само со Дејмон “Железна Муда“ Џонс од НБА и никој друг.

8/10/2006 02:08:00 pm  
Blogger Karakash said...

Taka e Beto...ziv si bil.

8/10/2006 03:14:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Aбе у Грчка сум бил

8/11/2006 03:54:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

You have an outstanding good and well structured site. I enjoyed browsing through it » » »

2/22/2007 02:31:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Enjoyed a lot! film editing schools

3/15/2007 05:01:00 pm  

Post a Comment

<< Home