Friday, August 04, 2006

Тотална Кошарка
Само што го изгледав синоќешниот меч на американците со Порторико, па ред е да напишам нешто, што би било делумна ретракција на мојот претходен текст (којшто беше прилично афективен и поради тоа, веројатно – изразито еднодимензионален), а во исто време и некаква реплика на реплика..... Да се констатира дека имаше доста позитиви у меч којшто заврши 114-69, би било страшно редундантно, а богами и глупо. Али, ај да идам по ред.... Старната петорка на Кжижевски – Пол, Вејд, Леброн, Ентони и Бош е прилично индикативна и наспроти очекувањата за дисциплинирана и максимално контролирана кошарка, многу јасно ја изразува претензијата на coach K. - да создаде тим чија главна карактеристика ќе биде физичката доминантност, брзината и, воопшто, high-pace играта.... Ваквата почетна постава е многу блиску до онаа идеја за доминантен тим за која зборував, во смисла на формирање на кохерентен состав, кој сепак ќе биде составен од superstar индивидуалци. Значи, да се зачува двојниот момент – тим кој ќе се уигрува и кој ќе се компонира на оската на меѓусебната компатибилност на играчите, а во исто време ќе биде спој на екстра-поединци, потег-играчи, оној одлучувачки вишок на талент кој би бил точка на дискрепанца...... Со форсирањето на класата 2003 надополнета со Крис Пол – Кжижевски се обидува да го направи баш тоа – оформува тим составен од 5 franchise играчи, што е генералната идеја, ама и тим на 5 сосема различни играчи кои потенцијално низ комплементирање би создале, да, Енко, ДОМИНАНТЕН тим: Master of Puppets способноста на Леброн, извонредната визија на Крис Пол, Џорданескноста на Вејд, шутот, но и стабилноста на Ентони и пост-играта на еден скочен, ама и снаодлив центар (Бош, кој по сите стандарди е најслабата карика на оваа петорка, во перспектива би можел да биде заменет со еден здрав Амаре, или па можда, со Оден, кој беше спомнат неколку пати).... Арно ама, целата работа и не е толку едноставна. Не знам дали приметивте, ама цело време користев еден изшаблонизиран и внимателно одбран псевдо-профетски футур....Некако како цело време да зборувам за тим кој БИ БИЛ, за некаков потенцијал кој само се насетува, дистантна можност, а скептик веројатно таквиот тон би го нарекол – У-тописки...А, тоа е точката во која ни се разидуваат муабетите.... Првата четвртина на синоќешниот меч, во тој контекст, беше и те како отрезнувачка. Израмнета кошарка, што за овој ростер на американците, како што реков неколку пати, е рамна на пораз. Team USA не смее да си дозволи кош-за-кош игра, ако сака да се врати таму каде што припаѓа. Да, можда сум престрог, ама искрено верувам дека момците од класата 2003, како и неколку други суперталентирани млади играчи - МОЖАТ – ако веќе не – да бидат Супермен – тогаш барем да направат другите да се плашат од тоа колку добро им стои наметка..... Првите десет минути беа јасен показател за неколку битни фалинки кои ја поткопуваа целава приказна. Крис Пол беше солиден и ме натера да размислам да го вметнам у мојата идеална петорка пред Аринас. Ама, тоа важи само за офанзивниот дел. У одбрана никако не можеше да се снајде со Аројо кој е алфа и омега у порториканскиот тим и кој враќаше на секој кош на америте. Џејмс, и покрај тоа што беше добар, не беше KING James, а очигледен е проблемот во адаптирањето на игра во која може, но и не мора, секој напад да оди преку него. Кармело, од друга страна, беше одличен. Довербата која ја има у шутот му овозможува да игра едноставно против комбинирана одбрана као што играше Порторико и, од тој аспект, Мело може да биде ептен битен. Е, сеа, проблемот со вметнувањето на Ентони у стартните 5 и форсирањето на брза игра, е во тоталното жртвување на пост-играта. Бош, колку и да беше добар во скокот, сепак не може сам да го контролира рекетот, а ако се има у предвид и меракот за шут од дистанца, проблемот со дупката под кош е ептен очигледен. Ова америте обично го компензираат со атлетизмот и скочноста на крилните играчи (во случајов Џејмс), ама очекувам со посилен тим да дојде до израз овој момент. Од друга страна, посебна приказна е Вејд. Далеку од тоа дека беше лош, ама неговото сведување на sidekick во напад предводен од Леброн и Крис Пол - ич не ми е по ќејф. Дали тука е во прашање некомпатибилноста на Вејд со европската кошарка, за која упорно дрдореше Марти Брнс или, па едноставно ненаоѓањето на правилен модус да се извлече повеќе од него, што е мое мислење, тек треба да се види...On a bright note, Вејд беше одличен у одбрана, имаше неколку украдени топки, а, изгледа неговиот придонес во одбраната најбоље може да се воочи ако се види учинокот на Мистер Еди Хаус-гомна да јаде - Елијас Ајусо..... Иронично, почетокот на втората четвртина и поставата која ја изнесе К., беше некаков тест на теоријата за која дебатираат америчкиве стручњаци – онаа за одбраната и за тимската игра. Хајнрих, Аринас, Џонсон, Батие и Милер за мене е една molto dubioso постава, као што би рекле момците од SportItalia. Тука се Аринас и Џонсон, ама ова е сепак предефанзивна петорка за мој вкус. Како и да е, на мое големо изненадување, од тој момент во права смисла започна ДОМИНАНТНОСТА. Ако на овие пет се додадат и Боуен и Џејмисон, можам слободно да кажам дека тие беа клучот за пресвртот во резултатот, и најбитно – во играта. Од сите нив видов нешто што не сум навикнат да го гледам – извонредната одбрана на Кирк, ама и на Џо над Аројо која тотално ја смени играта, пожртвуваноста, ама и несебичноста на Аренас, поливалентноста на Џејмисон, позиционата одбрана на Боуен, па дури и физикусот на Батие. Изненадувачки, во вистинска смисла.... Ако се тргне оттука, може да се извлечат голем број на заклучоци кои би го демантирале мојот став за еден силен, доминантен, offensive-minded тим кој одбива да се адаптира. Ама, ако се погледне подобро мислам дека јасно се забележуваат контурите на еден нов тип на доминантност, една ревидирана верзија која еве на повнимателен начин ја поставувам на местото на можеби преизбрзаниот почетен модел. Значи, не адаптирањето кон противникот, кое ако се гледа од дефетистичкиот standpoint за кој зборував, може да се прочита во поставата која го направи пресвртот, туку токму НЕАДАПТИБИЛНОСТА на самото адаптирање, т.е. варијациите во тимот и во начинот на игра, тим кој секоја игра може да ја направи своја, кој се чувствува удобно во секое темпо, којшто никогаш нема само едно лице, или наједноставно кажано – ЧИЈ ЕДИНСТВЕН ФОРМАТ НА ДОМИНАНТНОСТ Е КОМПЛЕТНОСТА. Од тој аспект, Сан Антонио, на пример, не го сметам за адаптибилен тим којшто се компромитира играјќи туѓа игра, туку за тим кој секогаш ја игра сопствената игра, без разлика каква и да е таа... Сето ова можда изгледа преапстрактно и преутопистички, и можда повторно не можам да ја избегнам стапицата на идното време, ама едноставно не можам а да не ги регистрирам овие мали поместувања на потенциометарот. Силата на Team USA не треба да биде само во чистиот scoring brilliance, како што погрешно беше протолкувана мојата почетна теза за неадаптибилноста, ниту пак во приспособувањето кон европската кошарка на Марти Брнс, туку пред се, во една ТОТАЛНА КОШАРКА која може и мора да биде ултимативната перспектива на американскиот тим, или па на секој тим кој сака да биде најдобар. Синоќа, американците играа своја игра, без разлика колку “се адаптираа”. Тие се единствената репрезентација која има 12 играчи кои можат да играат пресинг 40 минути, ама и неколку играчи кои можат да дадат кош од секоја позиција во секое време... А, тоа мора да се искористи..... Батие, Хајнрих и Милер можда и можат да ја заокружат таа аура на КОМПЛЕТНОСТ која ја заслужува американската кошарка (иако во тоа искрено се сомневам), ама никако не можат да бидат ПОДОБРИ играчи од еден Вејд или од Џејмс, кои комплетноста ја носат во себе.... А, кога имаш ликови кои барем малце наликуваат на алтер-егото на Кларк Кент, едноставно не смееш да си дозволиш компромис......

32 Comments:

Blogger chote said...

Aх, треба да им забраниме на поетите да се занимаваат со кошаркарски анализи :P

8/04/2006 07:27:00 pm  
Blogger retry said...

Ne e do poetite, do tastaturite e :))

Inaku, napolno se slozhuvam so rupata pod kosh shto kje se stvara kaj ovoj DT. No toa ne veruvam deka kje bide presudno za negoviot uspeh, pa i Suns imaa neshto slichen sostav vo pogled na visochina i sepak daleku doguraa vo playoff.

A inache Argentincite go objavija sostavot i spored iminjata imaat "strava" tim, ama sepak treba na delo toa da se vidi.

8/04/2006 08:58:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Не ги закачајте поетите ! :)

BTW, Retry, честито дебитантскиот текст - Одличен е....

Баш сеа ти пишував коментар...

8/04/2006 11:39:00 pm  
Blogger Омар Шариф said...

druze kazi na koja tv gi gledas prenosite od prijatelskive na usa? i A(O)mare kje go bide ili ne?

8/05/2006 12:59:00 am  
Blogger flight 75 said...

На SportItalia

8/05/2006 11:05:00 am  
Blogger flight 75 said...

A, Amare го избација од ростер - не е спремен

8/05/2006 11:05:00 am  
Blogger Karakash said...

Поету еден:).
Не заборавај дека двајца од овие 14 играчи ќе треба да летаат од состав за СП. Боувен е еден од нив, ама кој е вториот?

Иако ми го форсираш Пол, вчера на плеј многу боље се снајде Аринас, а и Капетан Кирк не беше лош по првите минути трема.

Џо е ѕвер. Исто и Двајт Хауард.

Стартната постава од вчера нема да им пали против секоја екипа. Посебно не со Леброн на 4-ка. Еден од Триото ќе мора да седне на клупа, а знам дека тоа нема да биде Мело. Ќе останат заедно само ако Двејдвејн биде плеј.

Исто и на Бош не му е место у први пет, барем не според тоа вчера, а и Елтон Бренд не се покажа нешто посебно снаодлив. Хауард за стартер, па можда и Милер.

Примети како судиите беа максимално строги спрема Америте, сигурно по наредба, за да ги стегнат за СП.


Омаре, пишав пред некој ден каде можат да се гледаат утакмиците, има и линк.

А рехабилитацијата на Амари-Шамари ќе потрае. Изгледа бананата која му ја лепна Пол не била случајна.

8/05/2006 11:38:00 am  
Blogger Karakash said...

Сеа ќе стаам и слики...а и ти коментирав у текстот на Ритрај.

8/05/2006 11:47:00 am  
Anonymous Anonymous said...

miler bolje od bosh!? abe aj ne me zaebavaj bosh e edini igrac u nba sto ima prosek nad 22 poeni a gi sutira so nad 50% a ima samo 21 godina

8/05/2006 12:36:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Највише ме изненади Џо Џонсон, морам да признаам.

8/05/2006 12:42:00 pm  
Blogger Karakash said...

Анонимус, каде само прочита дека Милер е бољи играч од Бош?

Иначе, колку за твоја информација, Бош прошлата сезона имаше просек од 22.5 поени со реализација од 50.5% од игра.

Елтон Бренд од друга страна имаше 24.7 поени со 52.7% од игра.

Чисто онака.


Флајт, Џо тек почнал да изненадува. Јас не сум ич изненаден.

8/05/2006 05:05:00 pm  
Blogger retry said...

Fala Flight, fala, ti pishav i jas komentar na komentarot :))

Idealna prva postava spored mene bi bila: PG Arenas, SG Wade, SF James, PF Brand, C Howard. Ama sepak ovaa postava shto ja furaat na podgotovkite napravi rastur (iako stanuva zbor samo za prijatelski tekmi) i jas ne bi ja menjal ni do prvata utakmica na svecko, spored devizata "timot shto ne gubi, ne se menuva". Ali sepak u kritichni momenti Amerite mozhat da si pravat sekakvi kombinacii so igrachite od klupata (realno gledano imaat najjaka klupa od site reprezentacii), pa i prvata postava mozhe da pretrpi izmeni, a pritoa nikoj od 12-te da ne se naluti shto e rezerva. Barem atmosferata vo reprezentacijata zasega toa go pokazhuva.

A nie kje gi skrshime li srbendive vecher? I taka i taka imaat problemi so povredi, pa ne bi me zachudilo.

8/05/2006 06:41:00 pm  
Blogger Latifovich said...

леле јас ве заборавив на некој ден. Сакам да кажам мое мислење за Америте Вејд, Леброн, Бренд, Бош, и Хајнрих идеална петорка. А хајнрих изгледа е единствен белец во тимов и затоа мора да го игра него не за друго

8/05/2006 06:48:00 pm  
Blogger Latifovich said...

А и видете кој ми е на аватарот. И уште нешто за изводот на Леброн, па тој нема татко во изводот :)

8/05/2006 06:50:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ритрај, мене би ме зачудило.

8/05/2006 11:40:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Ништо од победа. Да сакаа да не притиснат, без проблем ќе го добиевме 30+

Ама важно, Гечевски го растури Дарк О :)

8/06/2006 12:57:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Исто и на Бош не му е место у први пет, барем не според тоа вчера, а и Елтон Бренд не се покажа нешто посебно снаодлив. Хауард за стартер, па можда и Милер. tamu procitav sa bosh ili loso sum te sfatil? ako e taka izvini.
i so ovoj antik se stail u nekoj film mi glumi jerome williams go vide li?

8/06/2006 01:03:00 am  
Anonymous Anonymous said...

PG:Wade SG:James SF:Antony PF:Bosh C:Brand i ako nekoj izgubi od ovie so 30 razlika ke bide uspeh

8/06/2006 01:15:00 am  
Blogger Latifovich said...

A be bred miler sum go zaboravil i on e belec

8/06/2006 01:44:00 am  
Anonymous Anonymous said...

so be ti rasist da ne si:)

8/06/2006 02:24:00 am  
Blogger chote said...

Гечевски му покажа неколку финти на Дарк О, ќе ги памти.:)
Иначе, ја као окорели навијач на СЦГ (или подобро Југославија) едвај чекам да почне светсково. Како има да го пијат северниве суседи...па-па-па. Ќе престанат да играат кошарка. И тоа у најјак состав, со АБдалович и Ашкрбиќ. :)
Кога го слушнав српскиот коментатор како повторува не знаев дали да плачам или да се смеам. А и со Дарк О се испосра, ќе го прават мајмун и него на светсково.
Ние да „се собереме“ у пун состав, со Илиевски, Стак, Самарџиски и Боцевски (кај е овој?!) ќе имаме големи шанси да го добиеме овој состав на СЦГ. А ако пак играме на пр. во Скопје, тогаш сме и фаворити. :)
Ама ако, нека глумат лудило и даље. Нека прават и даље вакви репрезентации...
Ми стануваше се помрско и помрско да навивам за нив, а од вечерва па натаму уопште нема да навивам за северниот сосед. Од репрезентација што може да биде и те како респектирана и силна они прават циркус.

8/06/2006 04:04:00 am  
Blogger Karakash said...

Antik - Jerome Vilijams so stegac na C.Zvezda na glavata:)

Chote, za koj si navival do skoro?

8/06/2006 10:52:00 am  
Blogger Shepard said...

си глеате утакмици, ако..

8/07/2006 10:30:00 am  
Blogger flight 75 said...

Ти бе жив си? Се врати ли?

8/07/2006 10:36:00 am  
Blogger Dimitar said...

Edno prasanje samo : Dali ti ja sakas samo NBA ili Amerika kako nacija... so e fintata i so celo vreme nesto mi razrabotuvas nekoi tatktiki na Amerite... mislam deka pomina nivnata dominantnost i deka nema ni da se vrati. Pokazatel za toa se sekako i poplavata evropski kosharkari vo NBA. A deka reprezentacii kako Litvanija, Argentina, SCG, Germanija ne se samo minlivi iznenaduvanja pokazaa na poslednive nekolku golemi sobiri.

8/07/2006 02:05:00 pm  
Blogger retry said...

Inache podgotvitelniot period za SP e vo poln ek, pa taka se odrzhuvaat dva dosta jaki turnira vo Italija i Shpanija. Bi ja izdvoil tesnata pobeda na Argentina nad Litvanija, kako i rasturot shto im go priredija Dirk & Co na Turcite.

Enko be, ti li go napisha u Mak Sport "Sredba od najdobroto od dvata sveta"? Ne mi se veruva deka taka bi ja narekol sredbata megju Ronaldinjo i Kobe. Mora Shep da umeshal prsti tuka :))

8/07/2006 02:19:00 pm  
Blogger Shepard said...

ја не се вратив, само привидно е тоа. денес си се враќам таму кај шо си бев. скопје е тапа.

иначе, не сум умешал ја прсти за коби и непцињо..

8/07/2006 02:49:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ритрај, тебе барем би требал да ти се свиѓа насловот:)

Кога пишувам за весник сум максимално објективен. Така да затоа и тој наслов. Ипак, у текстот има едно "веројатно"...

Од вчера (или денес, зависи како гледаш на работите) почнав да пишувам и за историјата на СП.

8/07/2006 03:36:00 pm  
Blogger retry said...

Aha da, go vidov i toa za istorijatot, interesna rubrika u sekoj sluchaj. Ovie prvive tri svetski bile i najtapa gledajkji od organizacionen aspekt, a za igrachki nema da komentiram zoshto ne ni vredi koga pola svet nedostasuval.

8/07/2006 04:24:00 pm  
Blogger flight 75 said...

И ја го приметив тоа "веројатно"...

Димитар, и НБА и Америка као нација, а пред се американскиот стил на кошарка...

Шепард, доста ти беше у Дојран...

8/07/2006 04:24:00 pm  
Blogger flight 75 said...

А, ги глеав сеа и со Кина

Иста прича - 118-73, со мали разлики - Двејдвејн и Леброн воопшто не играа заедно

8/07/2006 04:25:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Very cool design! Useful information. Go on!
neurontin tmj neurontin for tmj neurontin good medicine or bad news Whitening teeth during pregnancy Land rover cd Recreational ambien use Md hummer rentals Imitrex deaths buy neurontin online Mesotherapy in san jose california neurontin and topamax together side effects medecin neurontin effects neurontin sexual side neurontin pill and suicide thoughts http://www.online-keno-6.info Acne prevalence Lr1130 battery data

11/30/2006 05:38:00 pm  

Post a Comment

<< Home