Thursday, August 03, 2006

Тапа преноси, Амери, хуманиот Јаоза, мазохистот Џефрис и новата кожа на Репторси
Главните национални телевизии во САД, заедно со распоредот за новата сезона, ги објавија и своите распореди на утакмици кои планираат да ги пренесуваат во живо. Подоле можете да видите како тоа изгледа на ТНТ. Приметувате нешто чудно? Ај разбирам зошто Кливленд, Далас, Мајами, Лејкерс, Чикаго и Феникс добија по рекордни девет преноси...уствари - Не разбирам. Посебно не ако тоа оди на сметка на некои други НБА ѕвезди и екипи. И ја сакам да го гледам Леброн, Дирк, Вејд, Шек, Коби и Нешти, ама па не и ако тоа значи дека ради нив нити еднаш на ТНТ сезонава нема да можам да видам еден Кевин Гарнет, Ален Ајверсон или Пол Пирс. Посебно не по цена цели девет преноси да има од Булси?!?!?!? кои со Бен станаа страшно атрактивен тим за гледање и у Чикаго ќе делат бесплатни ручеци, а можда и викенди у хотел кога ќе убацат повеќе од 80 поени. Го нема 1.пик Барњани и новите Репторси, како и руки тандемот на Блејзерси. Само една утакмица од Аринас и Визардси. Нула од Атланта. Само по две за Орландо и Индијана. Ти-Мек и Јао добија дури три живи преноси. Затоа пак два пати ги има досадните до коска Соникси, а една цела утакмица има и од Бобкетси?!?!? Сепак, у секое лошо има и нешто добро па нема ни еден пренос од Њујорк и Никси на чело со Ајзеа. Не сум сигурен, ама сигурен сум дека вакво нешто одамна, а можеби и никад не се десило кога е во прашање Њујорк, ни еднаш да го нема на ТНТ. Уствари, тоа и не е така добра вест, зашто нема да можеме да фатиме сеир. ТНТ: Atlanta — 0; Boston — 0; Charlotte — 1; Chicago — 9; Cleveland — 9; Dallas — 9; Denver — 5; Detroit — 6; Golden State — 2; Houston — 3 Indiana — 2; L.A. Clippers — 5; L.A. Lakers — 9; Memphis — 1; Miami — 9; Milwaukee — 0; Minnesota — 0; New Jersey — 5; New Orleans — 2; New York — 0; Orlando — 2; Philadelphia — 0; Phoenix — 9; Portland — 0; Sacramento — 6; San Antonio — 6; Seattle — 2; Toronto — 0; Utah — 1 и Washington — 1. Работите не стојат многу подобро ни на ЕСПН и АБЦ каде доминираат истите фаци и екипи.
* * * * *
Америте у првиот меч, иако беше тренинг меч, ги згазија Порториканците, покажувајќи дека младите ѕвезди се решени да ги вратат работите во нормала, Нормално, тоа е само една утакмица, а стартери за САД на неа беа Крис Пол, Вејд, Леброн, Хауард и Џејмисон. На трибините се најде и Коби, со фини ретро Најки со розеви врвки врзани во машничка. Златце. За сите кои имаат Sportitalia у кабловачка радосна вест, затоа што Италијаните ќе вршат преноси од сите подготвителни средби на Американците, само денешнава со Порторико ќе иде утре како снимка.
* * * * *
Чичко Штерн се опамети по ланскиот дуел на Спарси и Мавси у 2.коло и си го одржа зборот кој го даде у тек на плеј-оф. Така, со новата промена на правилата више нема да се дешаваат такви апсурди.
* * * * *
Најголем потег на НБА пазарот овие неколку дена беше потписот на Девин Џорџ со Далас на две години. Еве ја реакцијата на тоа на момците од Association.. Не им замерам, и ја не би сакал да го имам Девин у моја екипа. Момакот покажа каков морон е лани кога одби да ја прочиа книгата (лектирата) која му ја даде Зенот. Затоа до крај на сезоната киснеше на клупа.
* * * * *
И Јао се активираше у улогата на хуманичина (сега го измислив зборов) и застана во заштита на ајкулите, од чиви перки во Кина се прави една од највкусните и најценетите супи. Иначе, косооките се најголеми увозници на перки од ајкула. Сега на Јаоза му останува уште да се откаже од јадење скакулци, змии и кучиња па да ја врати во нормала фауната во Кина.
* * * * *
Што може да се заклучи за Џаред Џефрис, кој ги замоли Визардси да не ја изедначуваат понудата од 30 милиони која ја доби од Никси? Момакот е мазохист. И тоа голем. Но, по се изгледа џабе моли затоа што Визси планираат да го задржат за истите пари. Што се однесува до Ајзеа, него, поради тоа што се некои 165752 милијарди долари над прагот за данок на луксуз, Џефрис устрави би го коштал цели 60 милиони долари. Не дека момакот е лош, ама никако не вреди толкави пари. Од друга страна пак, кога ќе се погледне составот на Никси, никој таму не ги заслужува парите кои ги лапа, освен можеби ланскиот руки Ченинг Фрај.
* * * * *
За крај, новите дресови на целосно евро-ремонтираните Репторси за следната сезона. Разликата од лани? Ја нема бојата на пурпурот, од која биле најголемиот број диносауруси...ama играчки.

10 Comments:

Blogger retry said...

Jaooo, tugo moja, do kade dojde ligava. Okolu imeto na Jarred Jeffries se spomnuvaat sumi od desetici milioni ?!?!?!?! Pa dobro be, dajte nekako da se upikame u roster na nekoja ekipa, pa kje zememe barem nekoja iljadarka i toa kje bide pozasluzheno od momakov :))

Inache Devin George e relativno nediscipliniran igrach i ne znam kako vo prvite godini u Lakers, Zenot mu ja davashe doverbata (chak i u startni 5 go stavashe). Sepak minatava sezona mislam deka Phil si ja nauchi lekcijata i go zakova George na klupa. Iako ne e tolku losh igrach kako na primer gorespomenatiot J. J., mislam deka nema shto da bara povekje vo Dallas od toa shto go imashe vo Lakers. Dallas vekje megju rezervistite go imaat eden Stack, i ne znam shto ima trebashe ovoj poteg so George, osven ako ne se vpushtile vo lov na zameni za zamenite.

8/03/2006 07:55:00 am  
Blogger Karakash said...

Dobro sea, ne bi idel tolku daleku da go stavam Dzefris u ist kos so Devin. Momakot e uste mlad i ima nadez deka od nego ke stane pristoen igrac. Usput, ne e los defanzivec.

Za potegot na Dalas, ne znam, valjda im trebase nekoj da sedi na mestoto na Markiz Deniels.

Taa ideja za mesto u nekoj klub mi se vrti veke nekoe vreme:)

8/03/2006 01:41:00 pm  
Blogger retry said...

A vidish, ne mi tekna deka go otpushtija Daniels, moguche da kombiniraat so Stackouse i George na poziciite SG i SF.

8/03/2006 02:48:00 pm  
Blogger znalac said...

Mala pauza so blogov napraviv, poradi odmorot vo Hrvatska i segasniot prestoj vo Makedonija, ali od vtornik se vrakam nazad, pa ke ve osvezam so nekoi inside vesti za NBA i Euro-Raptors.

8/03/2006 03:35:00 pm  
Blogger znalac said...

Denovive naletav na nekoja repriza od playoff so komentar na Sport 4. Se potresov... Pagjam vo iskusenie slednava sezona da vi pustam audio stream od originalniot komentar na natprevarite, posto vaka stvarno nema smisla.

8/03/2006 03:41:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Еве и ја се враќам сеа од Охрид. Глеам многу работи се издешавале. Ќе читам па ќе коментирам ретроактивно....
За старт, ми се свиѓаат стартните 5 против Порторико...блиску до она што го имав ја на ум....

8/03/2006 09:25:00 pm  
Blogger Karakash said...

Хелоу Зналац. Се извинувам за хоророт предизвикан од коментарот на Спорт4, уште ако бил Двејдвејн преносот, онда стварно ми е жал што си морал тоа да го слушнеш. Никој не заслужува таква судбина:).

Кога ќе се вратиш чекам извештај за јуро-репторси и големо интервју со Хорхе Гарбахоса:)

8/03/2006 09:45:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Се извинувам за хоророт :))))

8/04/2006 10:39:00 am  
Anonymous Anonymous said...

I have been looking for sites like this for a long time. Thank you! » » »

2/15/2007 01:39:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

What a great site here

3/17/2007 11:05:00 am  

Post a Comment

<< Home