Sunday, August 20, 2006

Јапан 2006 by Џиги
(Џиги остави коментар на прошлиот пост, ама според правилата на МакНБА, секој коментар кој е подолг од "Ана Карењина" завршува како пост. Така да, еве ви го Џиги и неговиот поглед на стварите на Далечниот исток.) Изглеав денес едно чудо утакмици, што низ пренос, што низ снимка, па ако не е предолго, еве нешто утисци.. Ми се свиѓаа ептен Нигеријците. Не се село без кучиња, без разлика што Србија е тапа. Море најбоље ќе им беше на Србите да не лобираа за вајлд карта, вака сега ќе се брукаат пред цел свет. Како само плачеше коментаторот.. Иначе, Нигеријците имаат неколку искусни играчи од НБА клупа и по некоја минута во Европа, ама тренерот им е пар екселанс, Сем Винсент, се сеќавате ли што убав мек шут имаше Семчо у НБА? Турцка не ме изненади. Мислам дека само заради грч дозволија неизвесен меч со Литванија. Литванците се скоро у пун состав, без Јас И Кевичиус, кој најверојатно више нема ни да игра за нив, ама со сите други тука. Ама оваа генерација на Лиетува им е лимитирана, кога Маце им решава, што да ти кажам.. Инаку, за неговиот договор во Олимпијакос другом приликом (најскап у Европа после оние на Раџа и Кукоч). Турција има се на секоја позиција, има и младост, има и тренер. Дел од тие децата беа европски прваци во кадетска конкуренција, а пред две недели освоија сребро на европско до 20. Значи, нема веќе кошаркарска нација, има само ситуација ИМАШ ПАРИ, НЕМАШ ПАРИ.. Грција пак игра некоја чудна кошарка, го успива противникот, не завршува напад пред дваести секунд, а одбраната им беспрекорна. Мислам дека Грците можат да стигнат до финале (Со Аргентина? хаха). Не го ѕирнав распоредот, ама мислам дека Аргентина со САД играат во 1/2финале. Американците одиграа онака како што очекував. БУКВАЛНО ИСТО КАКО И НА СИТЕ ПРЕТХОДНИ ПРВЕНСТВА И ОЛИМПИЈАДИ. Со чести ротации, демек за да имаат сила сите и да играат во исто темпо. Тука Енко не се сложувам со тебе, мислам дека ротациите им се најслаба страна, 12 играчи ДА, ама за долга сезона со клуб, на турнир играат само 2-3 играчи што ќе влезат во транс ритам, другите се додавачи. Ај, со Порторико извадија глава, ама примија стотче. Да имаа Порториканците поумен тренер, многу лесно можеше свашта да бидуе. Инаку, ЈУ ЕС ЕЈ и натаму мислам дека се фаворити број еден, ама за да тепаат све живо до крај по 20 и кусур разлика, Кржижевски треба да има 5-6 главни играчи, а другите да влегуваат по потреба. Кога ќе дојде неизвесен финиш, утакмицата треба да ја решава некој што влегол пред 3 секунди, пред тоа 15 пати влегол и излегол од игра. Така не. Греота е што му прави на Леброн и Двејн.. Аргентина и натаму игра со леснотија, играат и се радуваат. Кошарка во вистинска смисла на зборот. Нема компликување, нема мавање со глава во ѕид, кошарка за мерак. Играат со срце, се бодрат еден со друг, човече, виде ли како Оберто и Волковиски се радуваа после победата со Франција? Дефинитивно се мој пик. Франција одлична, овие момци на Клод Бержо, да ги пратиш и на одбојка и на бокс и на атлетика и на пливање пак ќе бидат добри. Скокаат ко луди, трчаат ко мрднати, ама нема мерак у таа кошарка. Затоа стално рикнуваат на чекор до крај, немаат брате петља, не знам, ама никад не сум ги поштуел Французите, освен Ришар Дакури на времето. И кој остана, да.. Шпанија.. Играат многу добро, одлично. Играта во одбрана и во напад им е доведена до перфекција, играат како и секогаш шеми што ги упражњаваат максимално во секој момент. Ама многу зависат од Наваро. Свака час на Гасол, ама мислам дека он не е винер у душа. Од нив можда само Наваро може да ја земе топката во раце и да решава. Пау ќе даде 20 коша и 10 скока, класика и у НБА, ама не брада, не бркови.. и влакна од уши да му никнат џабе е. Шпанија максимум до полуфинале, а таму ќе изгуби од Грчка. Италија е следна на ред за рикнуење после Србчета, внимавајте на Словенија, мислам дека можат да отидат далеку. Панама има неколку екстра играчи, ама се ептен туристички настроени. Ед Кота и Рубен Даглас можат да бидат бековски пар у било кој од .. на пример.. десетте најбољи клуба во Европа, ама реков, ептен се туристички настроени. Сенегал, менегал, Либан мибан, Венецуела менецуела, Јапан мапан се само да се попуни бројот. Кина е атракција заради Мјао, ама мислам дека и они више спаѓаат у кригот на егзотични учесници, него у сериозни претенденти. Диииркк. За малку ќе го заборавев. Германија има посилен состав од лани на Европцкото кога играа у финале. За Окулаџа и една година искуство плус, да речам и заедништво. Дирк ќе си ги даде триесте парчиња на секоја текма, ама се зависи од другите. Мислам дека 1/4 финале не им гине, а со помалку среќа можат и даље. Новозеландија и Австралија имаат еден куп добри играчи, ама и нивните тренери го тупат со 5000 измени во текот на мечот. Инаку, кој не знае, Нов Зеланд го брани четвртото место од прошлото првенство, а на олимпијадата преклани ја тепаа Србија, а богами и Црна Гора. И они реално треба да влезат между 8 најбољи, ама неќе га бити место за сите. Ете и да завршам, може со листа? прогноза за пласман на првите 8-10? Наравно, па затоа Енко ми е друг.. Еве, со мала напомена дека у финале играат Аргентина и САД, стварно не знам кој ќе тепа. Само ми е страв Манувци да не потценат некоја Италија или Грчка па да гледаме тапа финале. 1,2. Аргентина или САД 3 Грција 4 Германија 5 Австралија 6 Шпанија 7 Словенија 8 Нигерија 9 Франција 10 Бразил А?

13 Comments:

Blogger zare said...

A nekoja slika da staevte na postov..

8/20/2006 06:01:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Па, не знам...Вториот ден некако ја изгланца призмата.

Нигерија и не била толку јака. Си го доби поштено од Венецуела.

Србите покажаа нешто подобро лице, ама мислам дека се шо направија е - ги покажаа слабостите на Франција...Да, баш као што кажа - трчаат, скокаат, ама......
Ептен фали Паркер. Борис си ја одрабти лидерската улога фино, ама многу често ми делуваат као да се без компас. Несигурен шут, високи играчи шо или се млади (као Петро), или се брадоњи-физикалци (као Туриаф) или се - Вајс....
Најјака страна им е нормално четворката - Диа-Жилабал-Пиетруш x 2...али поставава е највише за четвртфинале.....

Аргентина, од друга страна, ја покажа разликата у класи у споредба со сте други репрезентации у група. Да, ја гледам таа нивна joyful, joyful кошарка и се обидувам да најдам мана...Не знам колку успевам во тоа - Да речеме - Пепе е остарен, кај Оберто се осеќа едногодишна екскурзија у role-player статус...Па, и општо, стар ми е некако тимов....

АМА, Носиони е ѕвер...Ману не го р'чкам...I rest my case.....

Италија? Ги глеав прееска со една цел - да видам што го фалат толку Белинели - и видов....Дечкото е одличен - од раце му ја грабна штафетата на Базиле - и ги реши Словенците....Прав наследник

Шпанија е мој фаворит.
И не само сега, стално зависеле ептен од Наваро. Ама, ми се свиѓа тоа. Интересно ми е што се дешава со дечкото у репрезентација. Се е ментал у пм, и слобода....
Плус, мора да е страшно добро да имаш sidekick као Гасол....
плус Торонто Репторс - Хорхе и Калдерон....Јаки се, јаки... Би дале страшно полуфинале со Аргентина. За САД немаат муда.....

Грција не сум ја глеал, а другиве горе-доле се втор ешалон. Јеби га, Дирк.....

За Америте ако кажам уште нешто, ќе ме бануваат.....

8/20/2006 06:16:00 pm  
Blogger retry said...

Fala Flight, gledam odnapred si mi dal potvrda na moeto prashanje postaveno prethodno okolu shapnskite dinosaurusi.

E mislam deka konechno Dirk i pancerive kje riknat. Ne mozhe na dve svetski po red (i megju niv edno evropsko), da se potpiraat samo na eden chovek. Bi bilo toa premnogu, a ako toa se desi, onda Dirk e najbolji kosharkar u svet.

8/20/2006 08:46:00 pm  
Blogger retry said...

A na tekmata China-USA, ne znam koj beshe komentatorot ama Кирк Хинрич me umre od smeenje :))

8/20/2006 09:16:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Сидор, кој може да биде....А, вчера Ников? Се повреди Аренс...

8/20/2006 11:20:00 pm  
Blogger Karakash said...

Заре, како е сега?

Мене ми остануваат до крај Америте, Аргентина и Шпанија као најголеми фаворити. Единствени кои можат да им се умешаат у равенката се Грците, колку и да ки биле мрски, посебно нивниот тренер.

Словенците ги гледав денес и ја покажаа главната слабост. Слаб тренер и немањето лидер на теренот. Рашо не е тоа, никад не бил, а некако никој друг као да нема муда да ја земе таа улога у свои раце.

Белинели е следниот Италијан кој ќе заигра у НБА. Нормално, у Торонто.

8/21/2006 12:31:00 am  
Anonymous fac16 said...

Se nadevam nema da smeta mala reklama na blogov.Bidejki imam najvisoko mislenje za blogov odluciv tuka da pisam.Otvoriv blog za kladenje http://fac16.blog.com.mk/.Se trudam da objavuvam uspeni tipovi.Ne se sramete,posetete me.Dokolku mislite deka ne e vo red,slobodno izbrisete go komentarov.Pozdrav,se nadevam na ponatamosna sorabotka,Angel(imam ostaveno prethodno nekolku komentari).

8/21/2006 02:49:00 am  
Blogger retry said...

Lele puzder Shpancive napravija. Ama bogami i redno beshe posle SP 2002 i EP 2005 da im vratat na Nemcive. I toa so kamata. Okulaja mnogu losho odigra, mislam deka vekje godinite go stignaa. A bogami i Nowitzki praveshe nekoi nepromisleni greshki. Ali ko shto vika cenetiot ni nash komentator, oduvek Germancive ne se pretegnuvale mnogu vo natprevarite po grupi i najdobroto go ostavale za elminacionite tekmi, a Shpancite oduvek potpolno sprotivno pravele, ne me chudi i na ova svetsko da kiksnat.

8/21/2006 10:51:00 am  
Blogger Karakash said...

U redu je Angel...

8/21/2006 11:42:00 am  
Blogger zare said...

Enko,sega e top!!
Inace ocekuvav poise atrakcii od Team USA..ali toa e toa..

8/21/2006 12:33:00 pm  
Blogger znalac said...

Џиги, одлично срочено. Посебно се слагам со муабетот за САД. Coach K ги уби од ротирање, као да са на summer league. Кога играш 9 утакмици во 15 дена, секој ден со мање-више непознат противник и судии, убаво е да имаш 6-7 стандардни. Вака, против зона солираат, у одбрана... која одбрана на просек од 95 примени против тимови како Порторико и Кина? Ако влезат во неизвесна завршница со тимови како Аргентина и Шпанија, може повторно да си останат со прстот у уста.

Енко, тоа за Белинели у Торонто е прашање на време. Не знам што тим ќе направат Colangelo и Gherardini, ама знам дека главен бизнис ќе биде трансфер на играчи од Европа. Тоа е добро за НБА и чичко Штерн, добро за Raptors (имаат најдобра продажба на карти во последниве 5-6 години), добро за Европа,... е сега уште ако фатат и плеј-оф годинава, супер.

Retry, за Hinrich ќе ме изненадеше некој од МРТВ да го прочита правилно :). Инаку, ова Канаѓаниве не даваат СП на регуларните спортски канали, па го имам само на NBA TV. Е таму да чуеш Rick Kamla како ги кажуе Србиве... Остај друго, само менуваат нешто у програмска шема. Прво као по 2 преноса + 2 снимки дневно ќе има од прва фаза... стануеш у 3:30 за ARG-FRA, а они пуштиле снимка од девојчурине од WNBA - катастрофа. Како и да е, од прва фаза само USA одат LIVE (+3 снимки) и +2 снимки од останатите. Ај, треба да станам во 6:30 за USA vs Slovenia :).

8/22/2006 02:52:00 am  
Blogger Latifovich said...

Леле неписмени овие во МТВ, Hinrich го читаат керк хинрич :D А што се однесува до аргентинците само Nocioni вреи и Ginobili изведува некои финти. А финалето ќе биде Шпанија - Ес-А-Де и таму два триесет разлика за Америте. И Кшижевски е многу добар тренер а и ги собрал децата од Дјук и ете ти шампионска екипа

8/22/2006 01:37:00 pm  
Blogger Latifovich said...

Turcite vaka taka stignaa do tri pobedi, a ke stignat oni i do polufinale na mladinsko igraa vo finaleto a sega reprezentacijata im e sostavena od tie mladi igraci + imaat dobar trener. A barbosa gi unisti brazilcite na kraj

8/22/2006 02:47:00 pm  

Post a Comment

<< Home