Monday, July 31, 2006

Retro бај Retry
По Двр, Бето, Чоте и Флајт, петорката на биг френдови на МакНБА се комплетираше со Ритрај, кој после 166584158-те коментари, конечно реши дел од своите погледи на работите да ги смести у текст...Ритрај е нашето најново дете. Ит шит, Есма!.....Тејк ит авеј, Ритрај, caмo немој да ни праќаш текстови како што ни оставаш коментари:) - К. Поради фактот што по завршување на play-off-от и драфтот, освен потпишување договори, размени и стрижења, не ни остана речиси ништо друго, почувствував дека е момент да дадам мал осврт на (речиси) целокупниот развој и случувања во лигата од хронолошко-еволутивен (и можда уште некаков) аспект. Би тргнал од примерот кој многумина од нас го даваат на блогов, а тоа е лупањето у гради за играчите што оставиле трага низ историјата на NBA, некои тврдат дека Jordan бил најдобриот на сите времиња, други викаат Chamberlain бил најдоминантниот центар, трети велат дека Russell е најдобриот одбранбен играч воопшто, дека Дражен е најдобриот европјанин (или уште повеќе неамериканец) што некогаш заиграл во NBA... Сето тоа е во ред, зошто секој има право според своите информации што ги примил за овие играчи да си извлече свои заклучоци. Но, проблемот е - Зошто токму тие напумпани информации да бидат причината за тоа? Можеби и тоа е дел од маркетингшката стратегија на лигата, а да не зборам за медиумите што ја опкружуваат, кога го исфрлаат оној атрибут "best ever" или "најдобар на сите времиња". Јас би дал малку порационално објаснување на работите. Тргнувајќи од своите почетоци, кошарката (или дури и ако се ограничиме само на NBA) претрпела многу измени во правилата, што севкупно земено, до денес претставува своевидна еволуција, имајќи ги во предвид тежината и новите компликации кои истите ги носат. Дури и воведувањето на шутот за три поени во сезоната 1979/80 (Ајде брзо кој ја пукна првата тројка у лига?-К.) не може да се смета како предност за кошаркарите и олеснување во нападот (со цел постигнување повеќе поени, нели), бидејќи од првиот момент ја растегнал противничката одбрана и тренерите веднаш почнале со градење стратегии како да го оневозможат убиствениот шут од дистанца. Покомплицираните правила иницирале нови посложени тактики и стратегии на тренерите, кои само физички поспремни и технички попотковани играчи можеле да ги реализираат. А за да се створат тие играчи, тренерите почнале да воведуваат понапредни тренинзи (во оваа категорија може да влезе и допингувањето :-) ). И така, во продолжение се креира еден домино ефект на прогресија во речиси сите елементи на кошарката. Притоа, и самите кошаркарски ѕвезди биле иницијатори на тие мини-еволутивни скокови. На пример, поради Mikan е воведено правилото на неправилна блокада (познатиот goaltending). Поради доминацијата на Chamberlain на велико почнало да се користи удвојувањето. Поради разорноста на Dawkins ставија зглобни обрачи (да, да и ова има врска). Поради прецизноста на Jordan и утројувањето доби на сила.... За да сфатите полесно за што зборам, а да не развивам цела математичка теорија, само би вовел една фиктивна величина што би ја нарекол “комплексност на кошарката“ или “тежина на натпреварувањето“ (нека биде BC – Basketball Complexity или Basketball Competition) - (ова одма да го патентираш) која пропорционално би зависела од времето - t. Останува уште да се погледне зависноста (која нормално не е линеарна заради разликата во тежина на промените воведени во кошарката) на овие две величини прикажана на графикот (земен е периодот од 1946 па до 2006, пред се пoради егзистенцијата на NBA). Ако малку подобро ја анализирате, тука има разлика во нејзиниот раст, т.е. периодите на 60-тите и 80-тите се оние во кои концептите на кошарката повеќе се промениле, предизвикани од наглиот пораст на квалитетни кошаркари, како и промени на стратегии и правила, додека пак во 70-тите и 90-тите имаме одредена стагнација (но сепак прогресивна), поради повредите на клучните ѕвезди (Walton, Unseld, …), retire-инзите на Jordan, брзото и изненадно повлекување на некои играчи во зенитот на кошаркарските кариери (Magic, Bird, Петро, ..) или конвергирањето и стабилизирањето на концептите на играта. Имајќи ја во предвид оваа еволутивна крива, се релативизираат оние претходно наведени атрибути од типот на “Нај“. Ако за најдобриот на сите времиња и нема некои популарни и конструктивни дебати (иако барем јас имам тука што да кажам-Кажуј!), тогаш многу копја се кршат околу тоа кој е најдобриот играч на сите времиња што играл на центарска позиција (воглавно тука се врти муабетот околу Mikan, Chamberlain, Jabbar и O’Neal, иако тука некаде би ги ставил и Russell, Reed, Walton, M. Malone, Olajuwon - Хаким не е тука некаде, тој е со тие момци погоре …). Mikan многу тешко би се снашол во периодот кога Wilt и Jabbar биле во лигата, зошто тактичкото удвојување во негово време не ни постоело, па неговата доминација во тие години била евидентна. Од друга страна пак Chamberlain, па и Jabbar не би биле толку доминантни како во нивните играчки периоди (кога имаме дури и помали димензии на рекетот), доколку би се нашле во ерата на Shaq, пред се заради многу пософистицираните одбранбени тактики против кои не е доволно центарот да има само висина, јака мускулатура и тежина, туку е потребна и брзина и разорност која ја има Shaq (освен во последнава сезона), но и психолошка подготвеност да се справи со современите тактики за запирање еден центар од таков калибар (вклучувајќи го тука и намерното фаулирање). Жив пример за тоа е и изјавата на Olajuwon, кој играше и против Jabbar и против O’Neal, веднаш после финалето 1995 година кога неговите Houston го “искичмија“ Orlando на Shaq: “Треба да се сменат многу работи за да може успешно да се чува овој човек“. Сличен сомнеж би паднал и врз хипотезата дека Дражен е најдобар европски играч што некогаш заиграл во NBA. Бранителите на оваа претпоставка како најсилен аргумент го исфрлуваат оној за тоа дека Петро се снашол во NBA и покрај тоа што во тој период било многу потешко за европјаните и останатите неамериканци да влезат во лигата, а камоли да успеат. Тоа е само донекаде вистина, пред се заради недовербата на кошаркарските скаути во квалитетите на “странците“. Но, факт е дека европската и воопшто неамериканската кошарка во периодот на седумдесетите и осумдесетите беше на далеку пониско ниво на квалитет од тоа што е денес, па и многу потешко било да се најдат таленти како Дражен. Сигурно од аспект на конкурентност (не сметајќи тука бирократски и административни причини, кои малку го закочиле Дражен и останатите европјани пред 90-те години) многу потешко му било на еден Nowitzki во така силна конкуренција на потенцијални европјани кои би заиграле (рака на срце многумина од нив по година-две ја напуштија лигата или воопшто не заиграле во неа) во NBA во втората половина на деведесетите (како Даниловиќ, Туркчан, Стојаковиќ, Бодирога, Сабонис…) да се избори за место во елитата и да стигне до самиот врв. Нешто што Дражен за жал не успеа да го достигне до крај. Денес младите кошаркари од Европа и светот многу пософистицирано се потковуваат од страна на тренерите со понапредни методи и тренинзи на лагер, за да станат идни кошаркарски ѕвезди без разлика каде да настапуваат. А за тоа голема заслуга има и самиот Петро. Затоа сите треба да размислиме уште еднаш, дали да го оставиме Jordan сеуште на врвот, дали да им се клањаме на оние рекордни 100 поени постигнати на Chamberlain или дали да оставиме да не импресионираат оние 22.5 скока по натпревар на Russell. Можеби во последниве неколку сезони сведоци сме на еден куп подобри играчи од Michael (како потенцијални: Kobe, Wade, James, Nowitzki, Nash, Stoudamire…) - (Ни како потенцијални, ни никако подобри од Мајкл)..., но заради поголемиот еволутивен степен на денешната кошарка и поголемата конкуретност (еволутивниот степен во споредба со времето на Мајкл не е нешто забележлив, а во некои области имаме и дееволуција), нивната доминација не е толку видлива и не можеме да ги идентификуваме како такви. Споредбата би била најрелевантна доколку на сите тие играчи од различни ери би им се овозможило да се натпреваруваат во исти кошаркарски услови. Треба да се има голема почит кон играчите од историјата, но како играчи кои доминирале во нивните периоди и предизвикале еволуција и револуција во кошарката, а не 100% да го глобализираме нивниот ефект. Впрочем една добра работа што го направи раководството на NBA лигата на 35-годишнината и 50-годишнината од своето постоење е изборот на 35 односно 50 најдобри играчи, соодветно, наместо да избере еден најдобар. Почитта кон само еден не би била фер и би била нереална.

19 Comments:

Blogger retry said...

Abe mnogu mi go iskomentira tekstot sred tekst :))

Inache prvata trojka ja zbrca Chris Ford nekogashniot igrach na Celtics i eden od bivshite treneri na Iverson koj go sedna na klupa na nekolku utakmici. E zatoa po necela sezona Ford go shutnaa od 76ers, normalno poshto reputacijata shto ja imashe Alen pred King beshe pogolema odoshto taa na Ford.

7/31/2006 07:19:00 am  
Anonymous goran stojanoski said...

sto da kazam, steta sto ne sum taka dobar poznavac na kosarkata kako sto sum na futbalot ama spored toa sto go procitav se uveriv deka vo bilo koj eden timski sport e neblagodarno da se kazuva koj e najgolemiot na site vreminja (ne samo vo kosarkata ) bidejki sportot e vo postojan podem i postojano se voveduvaat novi pravila so cel da se vnese poveke dinamika i za da se privlece poveke gledanost. vo momentov ima tolku mnogu klasa igraci cii megusebni otstapuvanja u smisla na podviznost, brzina sila,tehnika i sl. recisi i da gi nema taka sto igrata e svedena na edno strasno visoko nivo pa moze da se sluci da bides pregazen od nekoj kompleten anonimus samo zatoa sto bil pomotiviran od tebe ili pak ti ne si vlegol vo duelot so dovolna pocit sprema protivnikot(nesto sto porano dodeka ne bila igrata na ova nivo sto e denes mnogu retko se slucuvalo(trebalo da dobies "trovanje" pred utakmica pa anonimusot da ima sansa. aj da gi vidam denes kako bi se snaogale Bekembauer, Bobi Charlton , Pele so istoto nivo na igra so koe sto se zdobile u nivno vreme. edinstveno Maradona ima nesto oseteno od moderniot futbal ama pa toj ne e golem od druga gledna tocka posto ne e rabotata da bides "golem" samo na terenot.porano nemalo takov psiholoski pritosok kako sto ima denes. denes rekreativnosta i uzivanjeto se svedeni na minimum pa e mnogu tesko da opstanes podolgo vreme vo centar na vnimanie(samo zaradi dobri igri) bez da napravis nekoja glupost se so cel da bides mediumski zastapen po sekoja cena.
tolku od mene i pozdrav do avtorot na odlicno prenesenata analiza na slucuvanjata onamu(oblast na deluvanje) kade sto e tolku tesko da vmetnes svoj tekst poradi aktuelnost i konkurencija

7/31/2006 09:49:00 am  
Blogger retry said...

Ohooo Gorancho, me otkri a? Taman si rekov neshto za basket kje iskomentirash, a ti pak mi meshash bubamari so spalding :))

7/31/2006 09:58:00 am  
Blogger Омар Шариф said...

cita nekoj dolgi komentari?

7/31/2006 02:45:00 pm  
Blogger retry said...

Omare, imalo i podolgi, veruj mi :))

7/31/2006 02:49:00 pm  
Blogger Karakash said...

Не е до должината, него у тоа како се конципирани.

Морав малце да искоментирам у сред текст. Иначе, како ти се свиѓа постот. Визуелно, нали?

7/31/2006 09:37:00 pm  
Blogger retry said...

Fakja oko, fakja :))

Samo facite na evropejcite otkaj gi iskopa?

8/01/2006 02:47:00 am  
Blogger Владо Апостолов said...

Друже уредниче!

Читав нешо за едно дете, O.J. Mayo. Па у текстот викаат дека бил многу доминатен играч у средно и у тоа го споредувааат со Леброн.

Само шо разликата била шо Леброн одеднаш експлодирал у најбољи, а ова детево константо у цела своја high school кариера важел за најдоминантен.

Као демек се носел со притисокот на славата..

Па ја би сакал ако знае некој нешо повеќе за детево да напише нешто!

Поздрав до вашиот блог и до вас :)

8/01/2006 11:42:00 am  
Blogger Karakash said...

Друже Двр.

О-Џеј Мејо не е ново име во мојот речник. За момакот знам од пред две години, кога беше копиљ од цели 15 години.

А баш поради Леброн детето стана така познато, односно го пратат од основно школо.

Тачно е дека е доминантен како средношколец, но не подоминантен од еден Грег Оден. Мејо има и еден соиграч у истото средно по име Бил Вокер (ако ми текиња добро), кој уште сега важи за еден од најдобрите куцачи у САД.

Со цел да им удоволиме на вашите желби, во наредниот период ќе се погрижиме да напишеме и нешто повеќе за малиот Мејо-нез.

Се надеваме дека сте задоволни од нашиот одговор:)

8/01/2006 12:34:00 pm  
Blogger Karakash said...

Иначе, во оние нормални споредби на Америте Мејо го споредуваат со Двејдвејн.

8/01/2006 01:30:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Retry, целата работа е уствари гносеолошка заебанција...

Сите досегашни системи на познание тргнуваат од истата точка - ако воопшто постои смисла или вистина, таа секогаш е ЕДНА, без разлика на сеопштата разноврсност....

Човекот сака да зборува за Едното, за Најдоброто, како во тие муабети да го насетува приближувањето до некаков си совршен кошаркар, или совршен центар, сеедно...
Тоа е шармот на тие приказни, кои медиумски амплифицирани и исфорсирани, добиваат такви квази-митски димензии....
one is the loneliest number....

Знаеш, последниве пола век, сите најзначајни мислители ја критикуваа современата наука дека, претерано анализирајќи ги проблемите, ја убива дражта, илузијата....
А, тоа е единствената слабост на твојот текст, фактот дека, за жал, го прави истото....

Забегав, а? Јеби га....

И уште нешто...тие момци што ги наброи - бољи од Мајкл? Па, до толку не се отишло напред во BC :)

Инаку, O.J. Mayo е страшен талент -типчето е 87-мо годиште, али има неверојатна промена на правец...веројатно тука ја гледаат сличноста со Вејд..иако, Mayo е класичен плеј, за разлика од Двејн...

А, што се однесуе до Вокер, ДА, еден од најбољите куцачи денес, неверојатен одраз од две нозе, како само го праи windmill куцањето - ала Картер, арно ама - не е ништо повеќе од тоа....

Причината што сите го знаат Вокер беше наведена во параграфот пред тоа....

8/04/2006 11:36:00 pm  
Blogger flight 75 said...

BTW, Каракаш, не мислам дека местото на Хаким е со првите момци - тие се разликуваат во тоа што биле ДОМИНАНТНИ центри - играчи што одбележувале декади - што Хаким, според моето скромно мислење, не Е...(можда тоа е резултат на временското поклопување со MJ, ама тоа е тоа...)

А, Retry, го знаеш муабетот дека поради тоа што Вилт можел да ја закуца од слободни почнувајќи го залетот од врв на рекет, го смениле правилото - дека не смее да се изведуваат слободни со забивање?

8/04/2006 11:45:00 pm  
Blogger Karakash said...

Флајтчо, има и поклопувањето со МЈ врска со муабетот за Хаким, ама единствена причина поради која Дрим не се става у ист кош со таа група е тоа што тој никад не бил у центарот на вниманието, а тоа е затоа што не сакал.
Не бил егоцентричен тип како другите погоре спомнати, а што се однесува до кошаркарскиот талент, бил подобар од повеќето од нив, ако не и од сите.

Најблиска споредба на Хаким со денешните играчи е Данкан, кој има сличен приод на работите. Ама тоа значи дека и Тимчо Роботчо, исто како и Хаким, не е еден од најдоминантните високи играчи во историјата на кошарката. Само што они доминирале таму каде што и треба, на паркетот.

8/05/2006 11:45:00 am  
Blogger flight 75 said...

Имам еден другар на кого омилени играчи му се Олајџувон и Данкан, па ако веруваш овој муабет ми го збори стално....

Па, добро, веројатно имате право до негде, иако сепак не се согласувам во целост. Можда моментот на разлика е физичката доминантност на првата група момци, невозможноста да се чуваат еден на еден....
За Џабар, Вилт и Шекил се праеле специјални дефанзивни стратегии, што не се дешавало до тој степен ни со Тимоти, ни со Хаким, ниту пак со Јуинг или Вилис Рид, на пример....

Оние првите го редефинирале Центарот и некако ми делува логично да се повлече еволутивна линија Мајкан-Вилт-Џабар-Шекил....
А, да се стави Хаким измеѓу Џабар и Шек, едноставно не ми иде...

Знаеш како.... она што е Хаким за Шекил, тоа е Дрекслер за Џордан, така некако ги глеам работите....

Можда се поклопуваат некои работи, како недостаток на други квалитетни центри во периодот на зенит на доминантните центри, за разлика на пример од периодот во кој играше Хаким, али шо знам....

А, за муабетот дека оние првите биле медиумски ѕвезди и егоцентрици, ДА, апсолутно се сложувам....

8/05/2006 12:53:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ти текиња на финалето 1995 год.? И кој му бил идол на Шек кога растел?

Се слагам, Јуинг и Рид не се у таа категорија, барем не Патрик од постарите денови.

Што се однесува до Тимоти и Хаким, тоа е само привидно дека не се правеле посебни стратегии за нив двајца. И едниот и другиот се незадржливи еден на еден.

Барем за егоцентризмот се сложуваме:)

А Хаким е човекот кој доминираше со лигата, на теренот у двете години кога Мајкл пробуваше да игра безбол и маваше голф.

8/05/2006 04:26:00 pm  
Blogger retry said...

Flight-cho, mnogu filozofski osvrt dade na celava stvar :)) Inache za toa so Wilt si u pravo, ama treba da znaesh istotaka deka reketot vo toj period bil pomal od segashniot, shto e ushte edno objasnuvanje za dominacijata na Chamberlain.

Muabetot za Hakeem: Ne e do toa deka dominacijata mu se izgubila shto igral vo ist period so Michael (Jordan ne mu bil protivigrach, kako ni Hakeem nemu), tuku povekje na plejadata kvalitetni centri shto se pojavija i opstoija vo slichen period (Robinson, Ewing, ...). A toa deka e povlechen od javnosta drzhi malku voda, ali i Kareem beshe takov - gi izbegnuvashe novinarite maksimalno i se trudeshe da ostane nadvor od javniot zhivot (osven ako se izzeme "ima li pilot u avionot", ali i tamu imashe skromna uloga), pa sepak lugjeto go stavaat chekor ponapred od "The Dream".

8/05/2006 06:32:00 pm  
Blogger Karakash said...

Што е грешка.

8/05/2006 11:42:00 pm  
Blogger retry said...

Normalno, spored mojata teorija toa e greshka :))

8/06/2006 10:13:00 am  
Blogger Karakash said...

Se najdovme:)

8/06/2006 10:53:00 am  

Post a Comment

<< Home