Wednesday, July 12, 2006

Retro mode...(нешто како Паско)
Овие неколку дена сум у ретро моуд, а со оглед на тоа дека секој ден пишувам за сегашниве играчи и тоа кој каде ќе или би требал да иде, добро ми дојде малце одмор со фаци кои ми ги обележаа НБА почетоците. Тоа ми доаѓа како одмор од не пет, не четири, него три години продолжувањето на Брон, па тргањето по негови стапки на Мело и Вејд, како и од тоа каде ќе завршат Ајверсон и Ал Херингтон. Не ни мислам на потписот на Мајк Џејмс со Минесота или тоа што Артест си е Артест и игра у летна лига, каде е и Амари. Како ни на травата у колата на Мело и кокаинот кај Ајзеа Рајдер, за чиви глупости имам пишувано и порано. Така, задњиве две вечери пред спиење си местам еден од саатите на рака (као мадафака Паско) кој ме враќа во осумдесетите и си ги гледам Ол-Старите од 1986 и 1988 год. (кои признавам порано ги немав гледано, барем не цели и со оригинал амерички CBS коментар). Гледајќи ги ме пукна некоја носталгија за: Пируетите на Доминик (две у една минута). Но лук (ни кромид)асистенциите на Меџик. Порно бркот на Лери. Цвиките на Карим. Бекембардите на Гилмор. Газот на Баркли, Бицепсот на Карл. Олд-скулот на Мозес. Франкенштајн лукот на Мекхејл. Ролинзите и Њубалансиците на Ворти. Шутчето на Фет Ливер. Белите мантили на Д-р. Џеј и Док Риверс. Аким пред да си додаде големо Х пред името. Соленките од нозе на Ралф Семпсон. Себичноста на Ајзеа. Кевин Костнер фризурчето на Ејнџ. Анти-кошаркарската градба на Агваер. Смиреноста на Чикс. Кинг-Конг појавата со по метро стегачи на Јуинг. Мрскиот Бред Доерти. Глајдингот на Клајд. Иксот на Ксавиер. Одбраната на Алвин. Попунувачот на место Доналдсон. Машината за кошеви Инглиш. Пред-Портланд и пред-цвика ерата на Бак Вилијамс. Клонот на Агваер-Џеф Мелоун. Некогашниот симбол на Далас, Роландо. Ретро фацата на Дентли. По ништо посебно познатиот Маркиз Џонсон. Мајкл Џордан.

14 Comments:

Blogger retry said...

I dopuna:

Dosadniot Dumars;
Mladiot crv;
Poglavicata bez perce ali so grozna faca;
Golemata vredna patka;

Aj mozhe kje mi tekne ushte nekoj poposle :))

7/13/2006 09:33:00 am  
Blogger Омар Шариф said...

pojavata Walt Frazier!

7/13/2006 09:57:00 am  
Blogger retry said...

Ne go meshaj u 80-ti nego :))

7/13/2006 10:05:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Pa daj izvadi nesto i staj i nie da gledame.
Skrzav nieden :))

7/13/2006 11:41:00 am  
Blogger Karakash said...

Ritraj, Dumars 1986 i 1988 Ol-Starot go gledase u dnevna, so pukanki i pivo.

Volt "Klajd" Frejzer e od nekoe drugo vreme, za tamu mi treba drug saat:)

Kuti, cicija...cccc:)

7/13/2006 12:24:00 pm  
Blogger Karakash said...

Crvot mu pravese drustvo na Dumars, na patkata ne mi tekinja, a gleas, stvarno sum go zaboravil The Chief-ot.

7/13/2006 12:28:00 pm  
Blogger retry said...

Abe ne zborev za All Star-ite '86 i 88, jas mislev zborish opshto za 80-tite.

7/13/2006 01:02:00 pm  
Blogger retry said...

Patkata = Duckworth. Mora da ti tekinja. Od "skoro shampionskata" generacija na Portland.

7/13/2006 01:05:00 pm  
Blogger Karakash said...

Kako ne...kakva divogradba bese toj:)

7/13/2006 01:23:00 pm  
Blogger mucana said...

E ova me bendisva.Dajte nesto za starite da naprajme muabet.Koj igrac da go ogovarame a? Mene me bendisvaat Knicks-94 i Rockets-95 ama tie se veke 90setite. A sto velite

7/13/2006 05:12:00 pm  
Blogger Shepard said...

се осеќам млад у вакви муабети..

7/14/2006 04:12:00 am  
Blogger Karakash said...

Muc, tie od 90-ti se mladi, isto kako i Shepard:)

7/14/2006 11:18:00 am  
Blogger mucana said...

Iskreno kazano 90.mi se vo dobro sekavanje, se pred toa mio e bledo. Do kaj Bed Blue Boys mi e bledo ama od kaj Jordan pocnuva svetlinata

7/14/2006 02:02:00 pm  
Blogger retry said...

Mene mi dojde svetlinata od posledniot finalen duel LAL-BOS '87, sve pred toa ne mi e svetlo pred se radi mediumskiot mrak:))

E koga pochnaa da davaat na NBA+ retro playoff tekmi od sheeset i trekja pa navamu, togash mi svetna shto se deshavalo i pred 80-tite, a i mi ja refresh-uvaa memorijata na 80s i 90s (za ponovive dobro se sekjavam).

7/14/2006 06:28:00 pm  

Post a Comment

<< Home