Monday, July 24, 2006

Nashty, паметните Мавси и Лососот
Ванкувер имаше бек ту д пест флеш викендов кога Нешти и пријателите у преполна арена, која ретко била така пуна за Гризлиси, одиграа хуманитарна утакмица. У стилот на МВП и Санси резултатот беше 177-164, а тотално не е битно кој победил. Најбитна е димензијата на Нешти, која ја има ретко кој друг играч. И порано сум пишувал дека Неш и Јао ме фасцинираат од различни причини, а колку и да ви е мрсок Стиви, со двете фризури (и таа крпата претходно и Аушвицот сега), факат е дека тој е многу посличен до секој од нас од било која друга НБА ѕвезда. Тотално даун ту рт типче, на кој не му е битно како изгледа, типче кое знае да си заигра партија баскет со дечки кои не ги знае, а и партија фудбалче доста често. Тип кој у текот на сезоната сам, со свои пари изгради цело болничко крило у болница за деца у Парагвај, од каде е жената му (у овој дел не сме слични). И уште многу, многу др. ствари, има низ архивите, поснифајте за Биг Мен Стиви.
* * * * *
Најсветлиот момент на Ал у Индијана. Буквално.
Иначе, спомнав дека Ал Херингтон веројатно ќе биде трампан назад у Индијана, и тоа за ниеден играч, некој драфт пик и нешто кеш. Таа опција стана уште поизвесна викендов кога Пејсерси со цел да исчистат што е можно повеќе простор за новиот договор на Ал (кој ќе биде за 60 милиони за 6 години, фор шор). Индијана Џонс нема да ги добие парите кои планираа да му ги понудат, па поради тоа веројатно ќе го лапне Торонто (за нив подоле).Ентони Џонсон, како најголема жртва за Харингтон, си заврши во Далас, каде ич нема да му биде лошо, а Инди за него си ги добија Дарел Армстронг (значи никој) и тандемот Пауел-Маршал, кои лани искомбинираа цели две минути у игра. Не знам, али мене Ентони Џонсон ми изгледа како малце поразвиена копија на Ејвори, со нешто подобар шут, што у основа не е ни многу тешко, затоа што Ејвори ни немаше шут на повеќе од пет метри од кош. Кога ќе треба да се успори играта, тука е Ентони, а кога ќе треба да се игра побрзо тука е Девин Херис. Паметно од Мавси. Со овие потези Инди ослободи доволно простор да го лапне договорот на Ал, што и ќе се деси деновиве.
* * * * *
Цела фамилија Салмонси
Сеирот викендов падна со Лососот Џон, кој одби да потпише со Репторси и тоа за пет години и 23 милиони. Претходно и Сиксерси сакаа да го задржат, а и Феникс нудеше слична сума како и диносаурусите. Е сеа, у Фили викаат дека не планираат да го вратат Џон, у Феникс веќе си го потпишаа Маркус Бенкс со тие пари, така да Лососот останува слободен да си плива кај сака и тоа веројатно за многу помали пари од тие кои ќе ги лапнеше у Канада.Мозок.
* * * * *
Америте си се спремаат у Вегас, ама некако уште не ми се пишува нешто посебно за нив. Кај и да ми се пишува кога може да се занимаваме со ликови како Џон Салмонс.

35 Comments:

Blogger Latifovich said...

значи Ал во Индијана, а америте тешко до злато

7/25/2006 02:49:00 am  
Blogger retry said...

Enko be, NESHto mnogu za Nash se fati u posledno vreme :))

7/25/2006 11:08:00 am  
Blogger Karakash said...

jebi ga, faca e tipot.

7/25/2006 11:51:00 am  
Blogger Karakash said...

Lososot ne mu ja cekase mnogu se skrasi vo rekata vo blizinata na "Arko".

Nesto smrdi tuka, samo ne znam dali e od glavata ili od opasot. Kako Pitri i Salmons da si imale dogovor od porano.

7/25/2006 12:18:00 pm  
Blogger zare said...

Abe batali go lososot.!:):)


Malce nadovor od temata na postot..
Ovie denovi ja davaa SAD-Hrvatska..1992 god..Finale na olimpsiki igri..Jas ja nemav gleano porano...Ovie Hrvatite ne bile nisto posebno..Samo 2 igraci igraa ok..Drazen i Kukoc..Drugite tapa...Ja ocekuvav deka bile mnogu pojaki,ali nisto posebno..
Ali kakvo smeenje padna koga Arapovic sam u kontra ne uspea da ja zakuca,toa bese nesto nevideno!!

7/25/2006 12:37:00 pm  
Blogger retry said...

Aman be, kolku brzo se sluchuvaat rabotite kje treba da pochnam dnevnik da vodam za trade-ovive.

7/25/2006 12:37:00 pm  
Blogger retry said...

Zare, chovek so ime Franjo mora da e tapa. Srekja shto ne se utepa :))

7/25/2006 12:38:00 pm  
Blogger Омар Шариф said...

ama ja uste neam videno belec da nosi dres od nesh, a kamo li crnec :)

7/25/2006 12:39:00 pm  
Blogger zare said...

Dobro sto imeto ne mu pocnuva na S..

7/25/2006 12:47:00 pm  
Blogger Karakash said...

Zare, a kazi kakvo smeenje padna koga ja zakuca Arapovic i se obesi na obrac, a?

Drugi vreminja, drugi faci, druga kosarka...Taa utakmica se gledase togas, u momentot. Sekoe gledanje sega ne e toa, osven ako ne si ja gledal i u zivo 1992.

7/25/2006 12:48:00 pm  
Blogger Karakash said...

A za Sranjo imase finta koja se vrtese dolgo vreme:)

7/25/2006 12:50:00 pm  
Blogger zare said...

Dobro e sto togas franjo ne padna od obrac zosto toa ke bese kraj!!
Inace Dino Radja imase mnogu jako kucanje so dve race (samo ne znam vrz koj bese)pri kraj na prvo poluvreme..

Inace toa e toa..Toa sto ne sum ja gledal togas ne znaci deka ne treba da ja gleam sega..U toj moment i ne me interesirala kosarkata ..

7/25/2006 12:55:00 pm  
Blogger zare said...

Za Sranjo sosem slucajno kazav u momentot koga je gleav i koga go utna toa sto ne trebase..

7/25/2006 12:56:00 pm  
Blogger Karakash said...

Nikoj ne rece deka ne treba da gledas sega, ama filingot vise ne e toj, ni od daleku.

7/25/2006 01:04:00 pm  
Blogger zare said...

Abe mene mi e jasno toa.Ama koga ne si gledal ne si gledal.Uste podobro e da si bil na lice mesto ..Neli..Toa e filing

7/25/2006 01:08:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Spusti se, Franjo....

Иначе, на Сиксерси не им треба Селмонс...Го имаат Игуодала, а сеа го земаа и Карни....

Додуша, ко ќе размислам, Селмонс ретко на кого му треба...посебно за тие пари....

7/25/2006 03:37:00 pm  
Blogger chote said...

Херингтон не се прослави во Инди, тоа е факт, но сепак, Енко прерадикално ги прикажал работите.:)
Meне ми се допаѓаат играчи како Ал. Иако има 206см, одлично се движи, и може да игра се од 2 до 4. Многу лесно доаѓа во ситуација да поентира. Барем јас имам таков впечаток, ако он сака да поентира, го прави тоа без разлика на се. Без проблем погодува и шутеви од надвор, трча контри... Во Пејсерс сигурно ќе напредува и со играта во одбрана. Се надевам исто така дека ќе нема проблеми со повреди. Најголемата мака на Пејсерс. Пу-пу да не го урочам.
Друг битен момент, на Пејсерс им треба играч како него, мислам дека ќе биде идеална поддршка во напад за Онил, кој изминатава сезона беше сам во напад, многу неконстантните Џексон, Тинсли и компанија не му беа од помош ич.

7/25/2006 05:48:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Chote, пренабилдани се тие крилни позиции на Индијана. Не им треба Херингтон. Посебно ако продужат Џермејн да го играат на четворка, во што сум сигурен.
Херингтон мене лично ми се свиѓа, арно ама Индијана многу вложува поверење у Дени Грејнџер, за кого на велико се збори како иднава сезона ќе добие многу позначителна улога...
Згора на тоа, Пејсерси ги драфтуваа Mr.Shawne, кој исто игра 3 и 4, и my man White, кој покажа поише у летнава лига и кој до негде може да ги реши дефанзивните проблеми на Индијана...(Енко, веруј ми на ова :)

Додуша, може најбоља опција е стварно Џермејн да иде на центар, па да напраат солидна, атлетска постава...а поените на Херингтон сигурно би биле добредојдени....

Е, сеа, шо ги имаат и Полард, Фостер и остали role players на 4 и 5, тоа е заебано...

Али, контролираната кошарка на Карлајл не бара поголем број изразити стрелци и мислам дека може овој ростер да се адаптира и без Херингтон, а да се побараат други решенија што би ги подобриле другите аспекти....

7/25/2006 06:32:00 pm  
Blogger Karakash said...

Флајт, Херингтон им треба на Пејсерси, и тоа ептен им треба. Само мислам дека беше грешка што така за лесно се откачија од Ентони Џонсон, кој беше стабилноста на плеј прошлата сезона. Посебно ако пак се повреди Тинсли, а склон е на тоа, Инди мака ќе мучи со плејмејкер.

Што се тиче Херингтона, човекот како што вика Чоте може да игра на повеќе позиции, само ја тој број би го смалил на две. Гренџер е Ок момак, али ништо од аспирации за титула и висок пласман ако се надеваат на 82 добри утакмици од него, барем не со минути на стартер. За него, и за Инди е боље да ја има улогата на 6. човек. За дебитантите нема потреба да објаснувам.

Херингтон сезонава ќе игра и на тројка и на четворка и тоа во зависност од потребата на тимот. Со него Пејсерси ќе бидат бољи тим од лани, што и не е така тешко со оглед на никаквиот ефект кој на тројка го имаше Шабан Стојаковиќ. Фостер и онака беше парт-тајм стартер, а и нешто се збори дека би го трампале.

На таа контролираната кошарка на Карлајл ќе и треба малце слобода, зашто ваква не им донесе некој резултат. Со Ал у екипа ја имаат таа опција.

7/25/2006 07:39:00 pm  
Blogger Karakash said...

Сеа нема да ме изненади Пејсерси да направат потпис-трејд и за Бонзи Велс.

7/25/2006 09:54:00 pm  
Blogger chote said...

Пред пар сезони Онил играше на 5ка ама слабо се снаоѓаше, не верувам да го малтретираат на петка пак. После му го донесоа Бред Милер да игра на петка... пркна малку од тогаш. Природна позиција му е 4ка.
Иначе, тандем Онил-Херингтон на позиции 4 и 3 ќе биде многу многу опасен напад, кој што сака нека каже.
Се слагам со Енко дека изгубија многу со пуштањето на Ентони Џејмисон :). Човекот изигра многу добри партии у последниов плејоф. И ако се им в предвид дека Тинсли и кога беше здрав беше камен... максимално нелогичен потег. Имаше ситуација една на крај од сезона, имаа црна серија од 3:7 (или така нешто, не сум сигурен). И у тие 10 утакмици кога и да изгубија (во сите 7 тукми) стартер беше Тинсли а у останатите 3 Џонсон. ... Плус, за него го добија седумдесетидеветгодишниот Армстронг... не знам што ќе му праат на него.
Иначе, не можат да се ослонат на дебитантите и Грејнџер ако сакаат да се у првите 4-5 тима у лигата, колку сака нека се младиве талентирани и добри. Тоа е јасно ко дан.
Лани, на позиција два го имаа Фред Џонс, солиден играч, почетокот на сезоната го изигра добро, али нормално како и сите у Инди и он се повреди , мада, не беше лош ни по повредата, на оние малку утакмици што ги изигра. Он е слободен играч. Ако си отиде он, не знам што мисли Џим Кери. На двојка уште ги имаат Џексон (каков човек е тоа!) и Маркис Дениелс. Неможам да кажам дека се тапи, ама нема далеку да догураат со нив.
На плеј ги имаат, Д.Армстронг, Еди Гил и Јасикевичиус. Сплет на просечни плејови и дедовци....
Од друга страна, Џим Кери сибал мамата. Се сеќавате дека он ги створи Детроит овакви мрски какви што беа, до пред некој ден. Така да, може да има некоја подла идеја у неговата глава. :) Кој знае...

7/25/2006 10:45:00 pm  
Blogger retry said...

Chote, kakov Anthony Jamison te spopal :))

Mislish valjda na Anthony johnson.

Da sum ja Rick Carlisle u prva postava bi gi stavil Jaske i Armstrong na 2 i 1, i Granger (neka bira 3 ili 4), a O'Neal i Harrington na klupa, pa da napravam kako shto napravi Larry Brown so New York i da zavrsham vekje so truliov tim na Pacerive.

Pa stvarno vekje ne mozham da gi prepoznaam. Od tim koj igrashe glavna uloga na Istokot do pred nekolku sezoni spadnaa na tim koj edvaj vleguva u playoff. Aj toa so Stojakovich se jadeshe nekako, ama ovie trampi sega ne mi se jasni voopshto. Ne deka Harrington e losh igrach, ama se nekako mi se chini deka ne bi se uklopil (koga vekje Peja ne se uklopi) u shemata na Rick. Aj da vidime, se nadevam gresham. Vo sprotivno ne mu bega sindromot Thomas na Bird.

7/26/2006 01:35:00 am  
Blogger chote said...

Ритрај, едно време спорт4 имаа на проба неколку коментатори, веројатно се сеќаваш. Еден од нив, го прекрсти Ентони Џонсон во Ентони Џејмисон. :) Тоа ми беше муабетот, има и смајли...

7/26/2006 02:50:00 am  
Blogger retry said...

Da be Chote izvini, ne go vidov smiley-to. A bash si rekov istiot lapsuz go pravish kako komentatorot :))

7/26/2006 08:19:00 am  
Blogger retry said...

Inache sluchajno sinokja ja zagledav tekmata od prvo kolo na play-off Detroit-Milwaukee i koga se potsetiv na Gadzhurovich se umrev od smeenje. Ajde ednash, ama stopati da go napravi toj lapsuz dechkoto sho komentirashe... :))

7/26/2006 08:24:00 am  
Blogger Karakash said...

A DvejdVejn tipceto be? Ja ne bev tuka koga se desavase toa (3. ili 4. gejm Majami-Chicago), a znam deka Shep mi se javi i pocna da mi se dere DvejdVejn na telefon. Mi bese smesno, ama ne kolku zavcera koga ja davaa snimkata i momakot dva-tri puti u minuta vikase DvejdVejn! Posle dve minuti vise ne se smeev...

Isto ko sabajle pred rabota: Divejn Dzordz...Tuzno
.

7/26/2006 10:43:00 am  
Blogger zare said...

Enko, koga vise se zbori za komentatorite na Sport4 samo da ti kazam deka jas uste go cekam tvojot post na taa tema,kako i toa vo vrska so iznenaduvanjeto...Pa ke bide li? Postot..

7/26/2006 12:18:00 pm  
Blogger Karakash said...

Iznenaduvanjeto nema da go bide, i toa nekoi 95%. E sea, ako zboram za nego toj procent ke ripne na 100-ka. Vaka, ostanuvaat nekoi 5% nadez, mada mene ne mi deluva deka ke go bide...Patience, sto bi rekle G'N'R.:)

7/26/2006 12:29:00 pm  
Blogger zare said...

5% Znaci mi kazuvas deka ima sansi :):):):))

7/26/2006 12:38:00 pm  
Blogger Karakash said...

:))

7/26/2006 12:50:00 pm  
Blogger zare said...

OK..Batali toa..
Kako sto slusam i citam Ajverson i definitivno ostanuva vo Filadelfija..Oficijalno..Barem vise nema da citame za moznite trejd scenarija..

7/26/2006 01:06:00 pm  
Blogger Karakash said...

Da. Ke pisam posle za toa.

7/26/2006 01:35:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Here are some links that I believe will be interested

8/04/2006 10:30:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Here are some links that I believe will be interested

8/09/2006 04:20:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Great site lots of usefull infomation here.
»

8/16/2006 06:41:00 am  

Post a Comment

<< Home