Friday, July 28, 2006

Четириесет илјадарки!!!
Седнав да пишам коментар, ама беше предолг, а и сакав да ставам нешто видео. Одна напишав допунско на постот на Флајт, ама па тоа го реметеше цел дизајн. Плус, бев 39998 јуникс на МакНБА. Дури ова го пишав ја поминавме границата од 40 000, а само вчера како да беше кога кај Јанко, Шеп јадеше баничка и се прашуваа што бара новчаницава од 20 000 на МакНБА. Така, наместо допунско, еве посебен пост посветен на постот на Флајт. Он ту д сабџект. Ќе коментирам по ред, онака како се стварите изнесени во текстот: -Да, тачно е дека поминаа времињата кога можеа да се јадат гомна за Мерион и мислам дека да беше 100% ќе беше од голема корист за тимот. Од друга страна, на Шон да игра му е потребен плеј, а и тој не може да го импактот кој им е потребен на Америте. - Тој фри-флоуинг муабет за Амари е тачен, ама чисто сумњам дека Америте ќе играат така слободно и лесно на Свецко. Посебно не под окото на Крижевски (чекам потрврда за тоа како се чита), кој е тип кој не сака ѕвезди и сака максимална контрола и досциплина во играта. А, за тоа колку е Амари спремен доволно зборува сликава... Ако успее да се врати у старата форма Ѕверот ќе биде стварно голем асет, ама мислам дека нема шанси за така брз камбек. Плус, у поставени напади човекот секогаш се снаоѓал послабо, а таква кошарка ќе се игра на Свецко. - Бош и Бренд да, Милер никад не бил четворка. Да, им треба доминантен центар, ама такви центри има само два и пол на светот. Шек си го даде својот придонес за САД, другиот е Кинез, а таа половинката е Оден, кој има потенцијал да стане новиот доминантен примерок од врстата која е на изумирање. - Првите пет на Брнс и не се така лоши, само што нормално, за Батие не би требало да има место. На негово место - Двејдвејн. - Тоа со губењето на самодовербата и одеднаш инсистирањето на тимска кошарка го сфаќам, мада мислам дека тука самодовербата не играше толкава улога како што одиграа некои други фактори (Лери Браун). Американците никогаш повеќе не можат да бидат силата која некогаш беа. Не затоа што ги немаат најдобрите играчи или затоа што кај нив не се игра најдобрата кошарка, туку затоа што денешната кошарка и онаа од пред 15-20 години се разликуваат како што се разликуваше светот во времето во текот и по Студената војна и паѓањето на она ѕидот во Берлин. За тоа дека би било кукавички, ок, ама никој не е Супермен, а ова е тимска игра, тоа не смее да се заборави. Муабетот за адаптацијате не го подржувам целосно, затоа без талент за адаптација на противник и моменталната ситуација ни еден тим не може да стане шампион. Лани тоа беше случајот со Спарси, кои со Феникс играа на 130 кошеви посебно секоја средба, а у финалето со Детроит играа на 130 кошеви од двете екипи заедно. Оваа година Мајами не се адаптираше до толку, ама пак-трчаа со Далас, се влечкаа со Детроит. Не смее да се заборави дека за разлика од Америте, играчите од другите репрезентации еден покрај друг играат од 14-15 години и знаат како дише другиот. Тоа со САД никад не било случај. Голема улога у играта би можел, и би требал да има Џо Џонсон. Една од позитивните работи кои го разликуваат овој тим се подготовките кои траат месец дена, колеџ тренерот на кого му помагаат евро-специјалистот Бркот Д'Антони и дифенс гуруто Нејт МекМилан. Позитивна ствар е што сите тренинзи се по ФИБА правила и со игра со Молтенот, кој е помазен и полесен од Спалдингот. Друг битен факт е немањето некој ветеран ѕвезда кој би се фолирал и би се понашал како его-манијак, нешто што лоше ќе влијаеше на Брон и Вејд. Можеби затоа повредата на Коби е и добра работа за нив. Ја очекувам добар тим на Америка, кој за златото би се борел со Литва и Аргентина. Флајт, пошто не ти иде со јутјубот, еве ја ќе ставам еден клип. Ју лааајк?:)

6 Comments:

Blogger retry said...

Spored izgledot na licata i izjavite na Paul, Wade, Melo i James, se mi se chini deka pak ne si sfakjaat ozbilno rabotata. Sepak dobro e shto barem rakovodstvoto i trenesrskiot staff imaat takov pristap so treninzite i pogolemata posveta na odbranata i timskata igra za shto pokazhuva i relativno dolgiot period na podgotovki, shto ne znam dali voopshto se sluchilo vo dosegashnata istorija na DT-ot.

7/29/2006 04:05:00 pm  
Blogger retry said...

A dali toa Chris Paul go lepi zverot na slikata? Ili se raboti za montazha? :))

7/29/2006 05:15:00 pm  
Blogger Омар Шариф said...

abe moze ja zakucal sose nego :))

7/29/2006 06:25:00 pm  
Blogger zare said...

Moze,Moze ako ova e slikano pred 2-3 godini..:):)):)):)))

7/29/2006 06:53:00 pm  
Blogger chote said...

Ajде нека се множат...уште 4 катрљарди посети... :)

7/29/2006 08:39:00 pm  
Blogger Karakash said...

Фала, па на твоја глава:)

7/29/2006 11:27:00 pm  

Post a Comment

<< Home