Saturday, July 15, 2006

Дента кога умре фудбалот
(ако не ве интересира фудбал не се мачете да го читате постов) Знам дека МакНБА е резервирана за најдобрата лига и спорт на светот, ама па како што ние попаметните деца сме играле баскет како копиљаци, така за да се одмориме од тој баскет сме знаеле да попуниме и место у фудбалче, посебно кога се играло против друго маало каде (барем кај нас у Чаир) увек важело правилото - "Топката може да помине, ама играчот никако". Ваљда од таму нашата поврзаност со фудбалот како спорт, иако сме свесни за сите негови маани, кои како што стануваме се позрели, стануваат се поочигледни. Така, веројатно се ретките од нас кои нема екипа за која не навиваат или им е барем симпатична, било да е од кај нас или од некоја силна јуро-лига. Тоа што навивам за Атланта од дента кога почнав да се дружам со НБА е доволен доказ дека сум верен на тимот кој ќе ме освои, а таков сум и за многу други ствари у животот. Таков сум и во фудбалот. Единствен клуб чиви резултати и дешавки околу него ми биле битни од деј уан у свесната врска со фудбалот бил и останал Лацио. (Велам свесни затоа што не било моја согласнот кога на четири години сум станал член на НК Хајдук). Од времето кога таму играше Газа, преку Сињори, Ди Матео и Казираги, па Југовиќ и Бокшиќ и Неста, ондак Раванели, Маркеџани, Симеоне, Алмеида, Салас, па Верон, Креспо и Недвед, како и Фиоре, па се до Перуци, Роки, Ди Канио, Пандев, Одо...Лацио е дел од мене и сите кои ме знаат подобро знаат дека тоа е дел кој не сакам многу да ми го чепкаат. Нешто што искрено не можам ни сам да си го објаснам. Кога се покрена целава машинерија за местењето утакмици у Италија (што беше јавна тајна веќе 4-5 години) знаев дека ако некој треба да биде казнет тоа е Јувентус, ама не ми беше јасно кого друг би казниле затоа што нема екипа која била дел од Серие А овој милениум која нема наместено барем една утакмица (ова од многу поверливи извори од Италија). Самата логика вели дека ако Јуве местел утакмици секоја сезона тогаш за 4 години сигурно сите екипи се изнаредиле поеднаш. Втор за казнување беше вечното другарче на Јуве, Милан, кој скоро у иста мерка местеше со челавците Галијани и Берлускони на чело. Арно ама, познато е дека секогаш тој кој има најмалку уље за подмачкување на работите станува жртва на нечии игри. Така, наместо Јуве да лета у 3.лига, а Милан у 2-ра, у Сериа Б заедно со главниот кривец завршија и Лацио и Фиорентина. Лацио имаше една единствена сомнителна утакмица овие две години, и тоа таа со Фиорентина, додека Милан имаше најмалку 5-6 чисти местенки за кои му се "судеше". Тоа дека судовите у Италија функционираат како маалски кафани е познато одамна, како што е познато дека зборот на Берлускони си носи тежина. Кастрењето на бодовите не е ништо друго освен маска и ремикс на Калиопи и нејзината "Обои ме". Претседникот на Лацио свесен за невиноста на клубот најави борба која нема да се воздржи да ја однесе пред Судот на Европа, се со цел да докаже дека и ова судење уствари е уште една во серијата местенки на "чизмата". Како и да е, за мене фудбалот и вербата во него, која се ниша веќе неколку години, од петок 14 јули 2006 е мртов. Сезонава нема да гледам ништо од фудбал на ТВ, посебно не од Италија. Секако прегледи од Сериа Б, кои сега ќе ги има исто колку тие од А. Можда некое дерби у Премиер и Реал-Барса и тоа е се. Лацио останува таму каде што беше и пред оваа неправда и таму и ќе остане засекогаш, макар играле и у 16. селска лига.
* * * * *
Да не биде постов ептен без НБА еве нешто поврзано со фудбалот и зошто тој не е тоа што беше некогаш. Ако не сте знаеле, во секој град кој има НБА екипа е забрането да има легални места каде ќе можете да се кладите на НБА утакмици. Во оние места каде нема екипи можете да ставите ливче, и тоа во најголем дел од случаевите само за тоа кој ќе биде иден шампион. Иако е само јули, еве ги задњите коефициенти (или како што викаат у Чаир-ефисиенти) за тоа кој ќе биде нов или стар чемп, a најголем скок во однос на пред месец дена имаат Булси: Mavs (4:1) Heat (5:1) Spurs (5:1) Suns (6:1) Pistons (7:1) Cavs (12:1) Bulls (12:1) Nets (15:1) Rockets (20:1) Nuggets (20:1), а ондак следуваат од 11-то до 30-то: Clippers (20:1); Kings (25:1), Pacers (25:1), Lakers (25:1), Grizzlies (30:1), Wizards (35:1), 76ers (35:1), Magic (40:1), Bucks (40:1), Celtics (40:1), Jazz (50:1), T'wolves (50:1), Hornets (60:1), Sonics (60:1), Warriors (75:1), Bobcats (75:1), Hawks (100:1), Raptors (150:1), Knicks (150:1), Blazers (300:1).

13 Comments:

Blogger mucana said...

Mnogu jasno. Kaj so ima sila nema pravda. Pa daj neka nema Italjansko prvenstvo

7/15/2006 01:58:00 pm  
Blogger Ико said...

Интересно... Штета што најмногу ќе патат навивачите и фудбалерите.

Јас сум фан на Јувентус, но, фан на самиот тим - фудбалерите, тренерот, навивачите, стадионот, натпреварите, а не на луѓето кои го водат. Исто како што сум фан на Вардар ама не и на Брацо и Боро Ристевски.

Лацио не ми беа многу симпатични кога ни ја земаа титулата у последно коло, ама после некоја година се реванширавте исто така во последно коло против Интер :) Фала за тоа...

Како и да е, јас како фан се чувствувам измамен а верувам и вие. Сега барем ќе знам дека ќе гледам еден почист Јувентус.

Плус, ќе стаам дека Лејкерс ќе се шампиони :) добар коеф. има.

7/15/2006 02:19:00 pm  
Blogger Lakerfan8 said...

е сега 5-6 намесетени натпревари... абе дали читаш што пишуваш?! Милан "наместил" 4 натпревари од кои има две победи еден пораз и една нерешена средба..... За информација Берлускони не беше на чело на Милан од дента кога стана премиер на Италија па се до дента кога ја изгуби таа функција. А дека јуве местеше натпревари тоа и слеп човек можеше да забележи. Јуве во Италија "растур" правеше додека во Европа не му одеше така лесно....затоа што нема моќ да намести натпревари во Европа.

7/15/2006 03:34:00 pm  
Blogger retry said...

Ja kje stavam na Mavs. Ako ne bidat Lakers shampioni bar kje se zadovolam so toa shto sum kjaril neshto so Mavs :))

7/15/2006 03:41:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Тешко ми е да признаам, ама прав си! Нема везе, ова мораше да се деси и Милиан мораше да пакуе куфери у втора лига. Жива вистина..

7/15/2006 06:31:00 pm  
Blogger Омар Шариф said...

navijac na juve do koske: neznam po ona vcera vecer se osekam kako da sum izgubil nekoj blizok iako poodamna se znaese deka juve kje ide u 2ra ili 3ta. mislam na italijanskite vlasti ova im e polosh poteg i od koalicijata so hitler chetirieset i prva. kolku i da se trudam da bidam objektiven neznam po koja logika moze da se odzemat dve tituli za koi poveke od zasluzeno nogi iskrshija igraci kako bufon, kanavaro, turam, zambrota, emerson, vieira, kamoranezi, DEL PIERO, trezege, ibro itn... misalm ako veke se kaznuva toa traba da bide pred se finansiski a zatim i so prefrlanje vo liga od ponizok rank. a i ne mi e logicno sto vika karakash ako se namesteni kako sto vika vlasta u italija zadninje 8 sezoni, toa znaci deka apsolutno site timovi koj igrale u prva liga bile vkluceni vo bilo kakva mestenka barem po ednas i deka site treba da pijat ban, a ne vaka kazni chetvorica za drugite vo idnina da bidat umni. vrska nema! fudbalot e mrtof definitivno! kako i da e kje ostane mojata soba crno bela i tetovazata za koja se nadevaf deka u bliska idnina kje i dodadam uste edna zvezdicka. jebiga...

7/15/2006 07:49:00 pm  
Blogger Омар Шариф said...

so 50 evra na san antonio kje imam 250 hmm ne e losho ako inflacija ne mi gi izede :P

7/15/2006 08:22:00 pm  
Anonymous дарко100спорт said...

,, За информација Берлускони не беше на чело на Милан од дента кога стана премиер на Италија па се до дента кога ја изгуби таа функција.,,
МЛАДИЧУ АЈ И НАТАМУ ПРОДУЖИ ДА БИДЕШ ЛЕЈКЕРС ФАН И НЕ ДАВАЈ ВАКВИ ИДИОТСКИ КОМЕНТАРИ...голем кур ако официјално не фигурирал како прв човек на клубот.А ако мораа Лацио и Фиорентина ,мораше и Милан.ИТАЛИЈА СМРДЕЛА И ЌЕ СМРДИ

7/16/2006 10:57:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Berlusconi si pokaza deka e "capo di tutti capi", a jas kako najgolem Inter fan u svet se trudam da se raduvam so toa sto posle tolku godini od praenje budala u oci, ke vidime malku pravda, mada realno, pogotovo Milan, lesno pominaa. Se plasam deka po zalbite kaznite ke se namalat,sto e u redu so Lazio i Fiorentina,ama nikako so Milan i Juve,da im ja ebam krvta u picka seljacka,a!!!Kosata mi pobele na 23 godini! Izvinete, se razbudi seljakot u mene:),ili caircanecot, kako sakate:) FORZA INTER!!!

7/17/2006 04:09:00 pm  
Blogger Омар Шариф said...

koj baksuzi ste vie bre brat. mislam fanovi na inter, ne chairchani :)) posto i ja sum charichanec :) dakle koj baksuzi ste ni sea nema da osvoite titula. kje vi go zbrca roma a mozebi i milan. pak

7/18/2006 09:00:00 am  
Anonymous Boromir said...

I posle se sto iskoci na videlina,seuste mislis deka sme baksuzi?I pokraj site indikatori deka se e namesteno,pak ke pogodevme stativa ili ke utnevme cista sansa,pa i ja ke pomislev deka e do nasata losa sreka,ama te molam,nemoj da bides malo dete.Sega veke ne bi ne narekuval maleri,mozda preterano posteni.Znaes kao na basket koga igras so nekoi postari,i non-stop ti iledjat,ama vikas aj,mozda pak ke tepam,i nakraj ke izgubis,i ti ide da ubies nekoj,taka i Inter.A za drugata sezona ke se prasame.U najmala raka ja ke si gi gleam Inter 2 pati nedelno,a vie ke navivate za Barsa ili Arsenal

7/18/2006 09:33:00 am  
Blogger Dimitar said...

Eheheeeeeeeeeee.
Abe batki neznam so ne se osvrnuvam na nikoja replika posebno ama kje kazam so mislam i ja :
Italjanive se sranje definitivno. Djabe nekoi navivaci na Inter se furaat sega. Toa sto se pravelo kriminal ne znaci deka Juve ili Milan ne se podobri od Inter. Se odigraa i zdravi utakmici megju spomenatite timivi toa ne e sporno. Sepak kaznata na Milan e premala vo odnos na drugite, a i plus kje vidite deka na kraj Milan kje igra vo Uefa KUP so kje bide najgolem presedan. Se nadevam deka posle ova fudbalot vo Italija kje se sredi i na sportska kje mrsime race pocesto.

7/18/2006 02:56:00 pm  
Blogger Омар Шариф said...

abe ne me smej :)) preterano poshterni :)))))))))))))) luzeri :))

7/19/2006 08:24:00 am  

Post a Comment

<< Home