Thursday, July 06, 2006

Како каже Најк
По неколкуте бизи дена од отварањето на периодот за преговори на 1 јули малку се стишаа работите и летото полека почнува и во НБА. Од стварите кои не ги спомнавме, а се десија овие неколку дена се: * Трејдот Далас-Индијана и то Маркиз Дениелс за Остин Крошит. Пејсерси добијаат, а Мавси пак собраа белец ветеран кој нема ич да им користи. Причината поради која го направија тоа се бааги милионите кои се ослободуваат следното лето кога на Крошит му истекува премијата од Бинго. * Третиот потег на Хорнетси кои по Пеџа и Боби Џексон го добија и третиот преплатен играч во Тајсон Чендлер и неговите уште 50 милиони за пет години, а за него се откажаа од Пи-Џеј Браун и талентот Џеј-Ар Смит кој не му беше по вкус на Скотот Бајрон. * Атланта си најде плеј, каков-таков, во Спиди Клекстон. Ипак е бољи од Ројал Ајви. (Кој не е?) * Назр Мохамед ќе го попуни местото на Бен во Детроит. Знам, Назр не е Бен, ама па и не кошта милион долари за убацен кош. * Феникс продужи со глупи потези по заминувањето на Брајан Коланџело и по трампањето на двата пика од 1.рунда и губењето на Тим Томас (и не е некоја трагедија) го потпишаа Ерик "Плави" Пјатковски. * Трендот на преплаќање продолжи и во Денвер каде Нене си лапна 60 милиони за пет години и се тоа за да биде резерва и без да одигра една цела утакмица лани. Ипка, тоа не е ништо за 93-те милиони кои пред две години му ги фрлија на сметка на Кенјон Мартин. * Јута доби на години со задржувањето на Мет Харпринг и трејдот за Дерек Фишер од кој у Сан Ан. уште имаат кошмари. 0.4. * Џоел "Гоустфејс" Пржибила по примерот на Пеџа и Бен се одлучи за убавиот мирис на милионите и си остана у бедните Блејзерси и покрај понудите од Детроит и Спарси. * Најважен од сите е потписот на Вејд на продолжувањето на договорот кое ќе го задржи кај шампионот до летото 2013 год. Спремете се за многу финалиња на Истокот каде Двејн и Леброн ќе ја пишуваат историјата на НБА. Нормално, ако Леброн одлучи да ја прифати понудата за продолжување која покрај Вејд ја прифатија и Мело и Бош, сите драфт генерација 2003. (Дарк-О нема да ги помириса никад тие 80 милиони). Оваа прича не носи на следниов муабет поради кој и седнав да постирам. Цел Кливленд се плаши дека со Леброн може да им се деси истата прича како со Карлос Лузер пред некое лето и типот и покрај изјавите дека би сакал да остане да си спакува куфери и да си отиде од Охајо. Кавси си ги понудија тие 80 милиони, ама Брон и неговиот менаџер ги нема нигде барем една изјава да дадат. Таа тишина е причина за страв на фановите на Кавси, но и причина за неколку сценарија, кои и тоа како не се неостварливи, посебно ако се оддолжи ставањето потпис на екстеншнот. Во текот на плеј-офот се појави прича која подоцна и беше потврдена, а таа е дека Леброн нема да остане во Кливленд затоа што неговите спонзори, пред се Најк, не сакаат таков маркетиншки бисер на стагнира во средина каква што е индустрискиот Охајо. Според нив, местото му е во еден од трите најголеми пазари во САД, а тоа се Ел-Еј, Чикаго и Њујорк. Ако стварно се одлучи за еден од овите три града Најк, а и др. спонзори ќе ги дуплираат сумите кои му ги исплаќаат сега, а тоа се пари кои ни Кавси со нов договор не можат да ги надокнадат, иако можат да му понудат најмногу и следното лето. Што ќе се деси ќе видиме верувам убрзо, затоа што ако Брон не потпише до пред подготовките за СП кои почнуваат на 19-ти месецов у Вегас тоа ќе биде знак дека влијанието на Најк пресудило. Само една ствар. Фанови на Лејкерси, Булси и Никси, не му се радувајте многу ако ова стварно се деси затоа што у таков случај тимот у кој најверојатно би завршил Леброн ќе бидат Нетси, кои дотогаш ќе се преселат у Бруклин.

17 Comments:

Blogger Latifovich said...

E stvarno se izraduvav ama koga go procitav ova poslednovo ne mi go napravi kejfot a ovie bullsi izgleda se skarale so nju york nisto ne im dadoa ovaa godina a i dosta se aktivni na pazarot

7/06/2006 09:44:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

pg-kidd sg-james sf-carter pf-krstic c-Wilcox wow

7/06/2006 11:21:00 pm  
Blogger Lakerfan8 said...

mestoto mue vo LA LAKERS rekov jas.. hehe.... 23 e rezervirana za lebron zatoa kobe se odlucil za 24 :)

7/06/2006 11:56:00 pm  
Blogger retry said...

Pa mozhe i u Clippers da zavrshi, neka ne se raduvaat mnogu Nets.

7/07/2006 01:44:00 am  
Blogger Shepard said...

mene mi e mrsko

7/07/2006 01:56:00 am  
Blogger Омар Шариф said...

ke se usere lebron u nets.
najbolje potez barem zasega radmanovic u lakers.

7/07/2006 09:22:00 am  
Blogger Karakash said...

Најбољи...за Радмановиќ.

7/07/2006 10:23:00 am  
Anonymous Anonymous said...

djabe im e radmanovic i dresot na kobi nema da vlezat u plejof

7/07/2006 12:24:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

ako ide negde james toa ke bide u nets i sam toa go izjavi poso se dobri drugari so jay-z sopstvenikot na nets

7/07/2006 01:17:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

"Спремете се за многу финалиња на Истокот каде Двејн и Леброн ќе ја пишуваат историјата на НБА."

Брао, Karakash, добар flair for the dramatic....
Одлично!

Леброн останува кај што му е местото, у Кливленд

7/07/2006 01:47:00 pm  
Blogger Karakash said...

Седи бе...:)

7/07/2006 02:01:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Чикаго:) Ќе иде у Чикаго, поготово сеа откако ја нема трубата Чендлер.

7/07/2006 07:59:00 pm  
Anonymous boromir said...

Znam deka nemaat knicksi "voda u oci" za nekakva trampa, ama ja da sum Mayor Bloomberg bi go(ja) trampal kipot na slobodata za Lebron! Bi bil prav mesija!

7/07/2006 11:44:00 pm  
Blogger zare said...

Абе што бидна со изненадувањето ке го биде или не ,или веке било само јас не сум у тек..

7/08/2006 12:46:00 pm  
Blogger Karakash said...

Кипот на слободата плус Тајмс Сквер:)

Па кај си бе Боромире, ти го гледав граџуејшнот.

Заре, изненадувањето не бидна, а и нема да бидне, барем не сега...и така мислев да пишам пост деновиве за тоа.

7/08/2006 02:02:00 pm  
Blogger Ико said...

Гледајќи ги, добивам слика дека им оди се повеќе и повеќе...ама од 3 места разбрав дека работава е пред распад...чудно.

Енко, знаеш за што зборам.

7/08/2006 02:31:00 pm  
Blogger Karakash said...

Знам

7/09/2006 10:43:00 am  

Post a Comment

<< Home