Sunday, July 02, 2006

Пеџа ќе ја пее "Паре, Паре, Паре"
Брат му на Пеџа - Шабан Стојаковиќ
Кога пред недела дена Стојаковиќ и неговиот менаџер Дејвид Бауман објавија дека Пеџа ја користи опцијата од договорот која му дозволува уште ова лето да стане слободен играч, никој не беше изненаден, па ни Бирд, Волш и друштвото у Индијана. Ама, после брзата одлука каде ќе ја продолжи кариерата на Пеџа, верувам дека гореспоменатото друштво останало со отворени усти и зачуден поглед. Како главна причина поради која ја поништи задњата година од договорот Пеџа и неговиот менаџер наведоа дека тој вреди повеќе од 8.2 милиони годишно (колку што му следуваше за следнатата сезона), но и дека уште поважно е тоа што Пеџа сака да биде дел од тим кој ќе се бори за титулата, нешто у што не беше убеден дека може да го оствари со Индијана. Е па сеа, трк у кладилници и ставајте дека Хорнетси следна сезона се шампиони. Стварно, нема друга причина поради која ПС би ги оставил Пејсерси, не би потпишал со тим кој има реални шанси за висок пласман освен шампионските амбиции на Хорнетси. Освен нормално 64-те милиони долари за следните пет години?!?!? кои му ги понудија Њу Орлеанс/Оклахома сити/Батон Руж и каде уште не Хорнетси. Брзиот потег на Бауман со раскинувањето на договорот и само што се отвори преодниот рок договарањето со Хорнетси кажува дека Пеџа ги имал "шампионските" амбиции исфилтрирано претходно, само што за некого зборот "Шампион" значи што е можно поголема сума пари у банка. Кој е тој Лери О'Браен?
* * * * *
Покрај овие два дила се десија уште неколку одма по отварањето на прозорчето за преговори. Така, Џејсон Тери се согласи да си остане во Далас, иако можеби на некое друго место ќе лапнеше и некој милион плус, ама и немаше да помириса титула (читаш, Пеџа?). Мело одма ги прифати 80-те милиони кои го задржуваат у Колорадо до 2012 год. Радман е нов Лејкер, а Клиперси одма реагираа па неговото место го попуни Тим Томас. Плус го договорија и Голум на уште две сезони.
* * * * *
НБА влегува во интересна фаза после ултра-интересниот плеј-оф, а начинот на кој поминува Свецкото само ја потврдува големата разлика помеѓу двата спорта. Една ствар ми даде надеж дека фудбалот не е мртов, а тоа е маестрото Зизу, кој им одржа лекција од фудбал, и тоа бразилски, на самите Бразилци.

12 Comments:

Blogger Ико said...

Околу ова за свеЦкото... Се створија преголеми очекувања од Светското првенство и преголема еуфорија па можеби затоа самото натпреварување не ги оправда очекувањата. Всушност, се игра многу многу подобар фудбал од Јапонија/Јужна Кореа 2002 некаде околу нивото на Франција 1998, само што очекувањата овој пат беа преголеми.

Плус, не можеш да споредуваш НБА Плејоф и Светско во фудбал...во НБА имаш тимови и играчи кои се заедно во текот на целата година и одиграле по 82 натпревари и се неверојатно воиграни, а тука репрезентативците се собираат едвај 3 недели пред стартот на првенството и тешко е дека баш во овој месец сите фудбалски ѕвезди ќе бидат во врвна форма и ќе ги одиграат најдобрите партии...

Пеџа шампион :))) лаком гз

7/03/2006 02:39:00 am  
Anonymous d-r nele said...

Se seca li nekoj na komentarot deka Peja igra samo za pari (bese dosta odamna)? Dzabe go zaebaavme coekot sto go pusti komentarot...
Vo pravo bil.

7/03/2006 05:14:00 am  
Blogger Lakerfan8 said...

The Lakers are so sure the stellar shooting and less-heralded athleticism of the 6-foot-10 Radmanovic is worth the long-term money they are deviating from their plan to have no one but Kobe Bryant and Lamar Odom under contract in 2008. That's when the Lakers hoped to sign a marquee free agent such as Ron Artest, Kevin Garnett or LeBron James.


Штета што треба да чекаме дури во 2008 :)

7/03/2006 09:47:00 am  
Anonymous observer said...

Колку шута ќе има Радман по утакмица (покрај коби) ?
3-4 ????

7/03/2006 10:11:00 am  
Blogger retry said...

Mnogu se 3-4. Ako se povredi Kobe, mozhe da mu dade tolku da shutira :))

Abe kakvo svetsko, sve je to super 90% od utakmicite fativ ali samo radi dobro drushtvo i muabeti pred televizor. Da gledam sam, so pivo u ruka 22-ca budali kako trchaat po lopta i ja pimplaat so saati (chat-pat po nekoj gol) i eden majmun shto im sviri, ne hvala, mozhda u buduchem zhivotu.

Svetskovo e tapa, pogotovo chista nameshtaljka beshe Argentina-Nemachka. Ne sakam da go drvam povekje za fudbal, ama ova svetsko, a i prethodnite se dobar primer kako se pravi biznis od sportot, pri shto potoa ne ostanuva ni S od sportot. Vo zadnjive 20 (a mozhda i povekje)godini nieden domakjin na svetskite prvenstva ne ispadnal vo prva runda po grupi !!!!

7/03/2006 11:00:00 am  
Blogger retry said...

I druga stvar, Mirko Novosel ima kazhano u vreme koga bil selektor na bivsha jugoslovenska reprezentacija u basket: "Razlika medzhu nogometa, rukometa i kosharke je u tome shto nogomet se igra s nogom, rukomet s rukom, a kosharka s glavom". Zatoa kosharkata e pointeresen, podinamichen i popoln so varijanti na strategii sport od fudbalot ili od rakometot.

A inache shahot e najdinamichen i najinteresen sport, poshto toj navishe se igra so glava :))

7/03/2006 11:07:00 am  
Blogger Karakash said...

Браво Ритрај, кај ја ископа изјавава на Новосел само:)

7/03/2006 01:23:00 pm  
Blogger retry said...

Eeee, ti to nechesh saznati :))

Shala na strana, go poshtujem momakot (dodushe dedoto) ima edna negova kniga recently izdadena vo koja se razglabaat mnogu zanimlivi raboti od kosharkata, pa eden kup strategii od vremeto koga bil igrach (samiot si priznava deka bil tapa igrach), pa se do vremeto koga stanuva najposhtuvan trener u SFRJ i Hrvatska. Posebno se e zanimliv negoviot period na mentorstvo na Aco i Drazhen Petrovichi, kako go posmatral i shpijuniral sekoj niven chekor. Edina rabota shto mi e somnitelna stvar za nego e shto ima visoko mislenje za Peja Stojakovich, za kogo veli deka e najbolji igrach od prostorite na bivsha SFRJ shto zaigral u NBA !!!!!! (kaj se u muabetov uchenikot mu Drazhen, pa Vlade Divac, ...). Mozhda znae neshto za Peja shto nie ostanatite ne mozheme da go vidime. A mozhda i kje osvoi titula so Hornets :))

7/03/2006 03:33:00 pm  
Blogger Karakash said...

Новосел, како и повеќето големи тренери, у свое време бил екстра почитуван и сите го прашувале за мислење. Како што старее станува сенилен и никој не го прашува за мислење...

За да сврти на себе внимание од време на време тој ќе даде некоја изјава за која сите ќе зборат. А што има поконтроверзно да се каже во Хрватска од тоа дека Пеџа е нај-европеец у НБА.

7/03/2006 09:26:00 pm  
Blogger retry said...

Mozhda si u prvo za toa, drzhi voda. On neli se imashe probano i u fudbal, koga go stavija za pretsedatel na Dinamo i sakashe da napravi organizacija eden klub u dva sporta so "merge-uvanje" na Dinamo i Cibona. Mozhda i zatoa go trgnaa posle.

7/03/2006 10:32:00 pm  
Blogger Karakash said...

Него Ритрај, чудно не искоментира ништо за клипот подоле со другар ти Коби...

7/04/2006 08:05:00 pm  
Blogger retry said...

Abe toa e sestra u na Kobe, ona igra fudbal :))

7/05/2006 08:32:00 am  

Post a Comment

<< Home