Wednesday, July 26, 2006

Хобитот и Бркот извисија, "Блогерите од Вегас", 21, KG и AI
Ај да направиме сефте и за дешавките у Вегас и задњето кратење на составот на Америте на 15. кои извадија фрст клес карти за мини-турнејата во Азија и кампот во Хонк-Конг. Откако Мерион го сјеба коленото (што е само оправдување и уствари значи - "Не ми се троши месец дена од скупоицениот летен одмор на шетање по азиски вукојебини"), останаа уште две места вишок.
Лук Мериадок Брендибак Риднур, по клоцата од Америте, си се врати во Шајрот.
Со оглед на тоа дека во тимот имаа неверојатна бројка од дури 4 (четири)?!?!?! белци, двајца од нив сосема логично мораа да се пакуваат дома. Изборот не беше лесен зашто во конкуренција беа еден дрвосеча, еден Вулканец, еден хобит и еден пар пубертетски бркови. На крајот пресуди големината и хобитот и брковите добија клоца. Тоа нормално, не значи дека тие не се во игра за на ист начин да бидат шутнати и на подготовките за ОИ во Пекинг за две години. Посебно со појаката конкуренција која ќе биде тогаш. Кога сме кај Америте, тие се познати по тоа што често, на за нив "иновативен" начин, се обидуваат ѕвездите да им ги приближан на нивните фанови. Иако најчесто таквите обиди завршувале ужасно, тоа не ги спречи да ни ги претстават "Блогерите од Вегас", или блоговите, ако можат да се наречат така, на некои од играчите кои се борат за место во составот кој ќе се обиде да го врати некаде по пат загубениот сјај на репрезентацијата на Америка. Блоговите, најблаго (и тоа со две топки чоколадо и една ванила) кажано, се - јок. Типично досадни како повеќето интервјуа после утакмица. Дури разочарува и Жилберто Аринас, од кој барем очекував да напише нешто поинтересно, поискрено. Како Артест не е у репрезентација.
* * * * *
Исто како и момците кои се дел од најдобрите 15., има и други играчи кои во овој период блогираат. И за разлика од нив, тоа го прават одлично и до коска искрено. Таков е блогот на Кеј-Џи, кој веќе некое време се наоѓа на промо турнеја низ Азија како дел од неговиот договор со Адидас. Нормално, тоа што тој блога на официјалниот сајт на лигата е исто така дел од еден договор, а тоа е тој кој Адидас и НБА го потпишаа пред некое време. Сепак, Кевин може да им одржи лекција од блогање на момците кои тренираат у Вегас.
* * * * *
* * * * *
Свите веќе знаете дека од трејдот на Ајверсон било каде нема ништо. Џи-Емот на Фили, Били Кинг вчера се избаци со изјава дека нема шанси да го трампа Ален, откако пред само неколку недели во едно интервју потврди дека прва цел ова лето му е да пронајде трејд партнер за Ајверсон. Да не беше Били Најт во Атланта одма ќе го прогласев Кинг за најбеден ЏМ, вака, останува нерешено. Кинг изјави:
"I've pretty much said that I expect him to be with us at the start of training camp. Our conversations with other teams at this point going forward do not include him"
Или во превод:
"Се заебав кога лани, кога најмногу вредеше, не го трампав Ален. Сеа се фолирам и ви викам како не е за трејд само затоа што живо пиле не ми се јави да ми даде барем пристојна понуда за него. Сите знаат дека не сум нешто посебно паметен, па мислат дека можат да го добијат Ален за пари и неколку драфт пика. Не сум јас толку глуп, Ален и Крис следната сезона ќе не однесат до титулата"
Одамна не сум јутјубувал, така да еве мал микс за човекот за кој нема мрддање од Филаделфија:

16 Comments:

Blogger Омар Шариф said...

ja bi gi kiknal hobitof i batije.

7/27/2006 12:32:00 am  
Blogger flight 75 said...

Исто.

7/27/2006 12:38:00 pm  
Blogger Karakash said...

Batie e dete na Djuk. Toa objasnuva mnogu raboti.

7/27/2006 01:31:00 pm  
Blogger retry said...

Mene odma mi pagja na pamet Christian Laettner.

7/27/2006 01:52:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ete.

7/27/2006 02:18:00 pm  
Blogger Shepard said...

абе мрсок е дизајнов. помали слики ставај. ај нека иде вака, јебига..

7/27/2006 04:36:00 pm  
Blogger Karakash said...

Абе мрсок еден, жив си значи. Па ти го правеше дизајнот:),јебига...

7/27/2006 08:11:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Сјебан е дизајнот у Експлорер

7/27/2006 09:17:00 pm  
Blogger chote said...

И у опера е сјебан...

7/27/2006 09:19:00 pm  
Blogger Latifovich said...

не бе со опера супер се гледа. а што е работава со изводот на џејмс ????

7/27/2006 09:41:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ејјј, факат е сјебан у Експлорер. Ја не го користам одамна, па не сум приметил. Опера исто така не ја користам више некое време, така да, не знам како изгледа у Опера.
У Мозила си е најОК, колку што може да биде кога Шеп го правеше дизајнот:)

Него Хобитот бе, Бркот, дрвосечата, Вулканецот, изводот од матичнно на Брон, Кеј-Џи, Ајверсон или Кинг? Нешто? Некој?:)

7/27/2006 09:45:00 pm  
Blogger Karakash said...

Латифе, муабетот со изводот на Брон е дека тој дефинитвно има 21 година, а не повише како што мислеа скоро сите. Пред се поради неговата физичка градба и психичка зрелост.

Дури и Вејд и Аринас на тренинзите у Вегас се му фаќаа сеир на Леброн изјавувајќи дека нема шанси да има само 21 година.
Жилберто дури и изјави дека нема шанси Брон да има под 30 години:).

7/27/2006 09:49:00 pm  
Blogger flight 75 said...

Може вака да коментирам - со пост?
А, за Ајверсон - тоа е углавном....

Инаку, како бе клип да убацам од јутуб? Ми пукна филм...не знам како да го ставам У постот...

7/27/2006 11:20:00 pm  
Blogger flight 75 said...

А, за Леброн... Знаете за Кина коа дознаа дека лажеле за економскиот раст? Коа испадна дека уствари е поголем?
Сто посто Леброн има 20 години....

7/27/2006 11:27:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Great site loved it alot, will come back and visit again.
»

8/12/2006 12:01:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Hi! Just want to say what a nice site. Bye, see you soon.
»

8/17/2006 04:58:00 pm  

Post a Comment

<< Home