Wednesday, July 19, 2006

Судњи дан...10 years A.S.
Њујорк го има 11.09.2001, а Орландо го има 18.07.1996. Вчера се навршија точно десет години од денот кога умре кошарката во Орландо. Од 18 јули 1996 година, па се до денеска во Дизниленд не успеаа да се опорават од тој шок. Во само еден ден, од тим на кој сите му предвидуваа најсветла иднина во целата лига, Орландо стана тим чија иднина зависеше од стаклените колена на Пени Хардевеј. Во тој еден ден, од тим кој за само пет години од своето постоење стигна до своето прво НБА финале, а една година покасно и на патот до финалето на Истокот ги избаци и Мајкл и легендарните Булси, Орландо стана тим кој мука мучеше да стигне до плеј-офот. Моќ да направат такво нешто со било кој клуб имаат само најголемите, а ликот кој тоа му го направи на Орландо е секако дел од таа одбрана група. Доказ за тоа е и летото 2004 кога од Лејкерси отиде у Мајами, кој пак летово си стана шампион за прв пат во својата историја, а во лигата влегоа заедно со Орландо. Сите веруваа дека тој ќе стане шампион со тим од Флорида, но никој не мислеше дека тоа ќе бидат комшиите на Орландо, Мајами. Сега на Меџик им останува само да жалат за својата бедна понуда од само три години и некои си малце повеќе од 50 милиoни!?!?!? Барем во Орландо го имаат Дизниленд. ПМС: Дури Шеп си го брчка газето во Дојран, јаc не бегам никаде. Се читаме...И да, дизајнов е м'зен:)

8 Comments:

Blogger retry said...

Mala korekcija: Prvoto finale na Orlando se desi sezonata 1994/95 (protiv Houston 0-4), a vo istata taa sezona gi izbacija Jordan i Bulls u polufinale na Istok (4-2). Vo prvo kolo go izbacija Boston (3-1), a u finale na istok Indiana (4-3). Dogodina Magic izgubija so chisti 4-0 u finale na Istok od vekje idnite shampioni Bulls (so rechisi ist sostav + Rodman).

7/20/2006 07:19:00 am  
Blogger Karakash said...

da, da...pa zasto si ti tuka druze:)

7/20/2006 11:25:00 am  
Blogger retry said...

Pa da :)

Ali shala na strana, moguche ako ostaneshe u Magic, Chicago da ne zemeshe 3 tituli po red, ama od druga strana i ne veruvam deka Shaq bi imal 4 tituli (pred se radi povredata na Penny) se na se.

7/20/2006 02:41:00 pm  
Blogger Karakash said...

Testing avatar

8/01/2006 12:03:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Here are some links that I believe will be interested

8/03/2006 11:38:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Here are some links that I believe will be interested

8/09/2006 10:15:00 am  
Anonymous Anonymous said...

I say briefly: Best! Useful information. Good job guys.
»

8/10/2006 12:51:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

This site is one of the best I have ever seen, wish I had one like this.
»

8/15/2006 11:37:00 pm  

Post a Comment

<< Home