Wednesday, June 14, 2006

Двејн го изwadе Мајами
Бу-ја. Баш кога си помислив дека еден од најдобрите плеј-офови у задњиве 15-20 години ќе заврши на најмрскиот можен начин Двејн Вејд сејвд д деј или сабајлето, како сакате. Првите три четвртини беа на добар пат да ми ја убијат секоја желба за кошарка, а онда сите можни коцки се поклопија за Мајами и буквално секој играч даде свој допринес у победата и бегањето од провалијата од 0-3. Најголем придонес нормално, покрај Двејдвејн, даде Ентоан Вокер со своето седење на клупа у задњите шест-седум минути кога Мајами се врати у живот. Капа доле за Јудонис, кој одигра со една рака. Капа доле и за Пејтон кој конечно, покрај две-три добри одбрани у серијата успеа да погоди кога беше најважно. Капа доле и за Џејсон Вилијамс, кој иако нема појма од одбрана, погоди тројка со која тргна лавината наречена Вејд. Капетина доле за Шек чии две погодени слободни у финишот ја подигнаа самодовербата на неговите пајташи. Ова не е мала ствар, човекот шутира слободни под 50%, а у првите две имаше бедни 2-16. Сабајлево Дизелот погоди 4-6. Да не го тупам со тоа колку голема партија одигра Двејн и колку таа сигурно ќе остане запишана заедно со некои од најголемите на сите времиња у финалето, еве ви текст од Вашингтон Пост, кој нали, би требал да биде неутрален. Само едно, тоа што вчера Вејд го направи ги имаше сите предуслови да стане класика. Типот две недели се мучи со дехидрација и некој гаден грип. Како тоа да не беше доста па Шек у пад му налета на коленото, колку го здоболе му се виде по суратот до крај на утакмица, а и по тоа дека денес не можел да тренира. Мајами беше у дупка која ќе значеше неповратни 0-3. Неговиот Бетмен беше пак немоќен против утројувањата на Мавси. У иста петорка со него игра и Ентоан Вокер. Е сеа, ако Далас си ги смска следниве две, што и ќе биде ако одигра како у првите три сабајлево, онда партијава на Двејн малце ќе изгуби на тежина, што рака на срце не би било праведно кон момакот. Ама, ако Рајли не сфати дека Вокер не може да го чува Хауард (а кого може?) и дека наместо него треба да старта Поузи, кој целосно го затвори Џош у 4-та, онда на Мајами не му се пише добро. Од друга страна, Ејвори мора да смисли нешто да го затвори Вејд, откако у претходниве цела негова екипа работеше успешно на планот да се лимитира Шек. Не дека Вејд може да се затвори, ама со обрнувањето поголемо внимание и на него онда се отвара простор за д Биг Фела или па за помошниците на дајнамик дуото. Не смее да се забраве дека целиов пост до тука ќе можеше да се фрли у вода ако Дирк не заборави како идеше текстот на омилената му песма од тинејџ деновите. Како не беше Хаселхоф на трибина па да му шепне. Истиот кикс на другата страна и со помалце време го направи и Вејд, ама па тој се извади со огромната украдена на последниот обид за цепелин на Далас. Едно не ми е јасно, зашто мораше Дирк да го изведува тој аут, нели ќе беше подобро тој да беше у игра за да одвлече внимание на двајца играчи на Мајами за полесен цепелин за продолжеток? Едно објаснување е неговата висина со која може да фрли пас преку секого, ама пак...
(ОВА Е НАШ 401 ПОСТ!!!)
* * * * *
Shep: а еве што х`мка Новицки коа пуца слободни (КЛИПОТ МОРА ДА СЕ ВИДИ) Хукд он а филин.. ајм хукд он а филин.. Евровизија..
* * * * *
Има и некои други ствари кои деновиве се дешаваат низ лига, а најинтересни се пред-драфт камповите и тазе руморсите за некои од поголемите фаци у лига. Една е за тоа дека Кингси сакаат да го лапнат Гарнет, иако Мекхејл изјави дека нема шанси да го трампа својот најбољи вук, а другата е дека даните на Одом у Ел-Еј може да се избројани и дека би можел да заврши у Чикаго у размена за 2. и 16. пик. Има уште, ама за нив кога ќе заврши финалето.
* * * * *
И за крај, омилениот дел на Шеп од Гејм 3...

13 Comments:

Anonymous чоте said...

Каракаш, ти честитам за маестралното пердашење на Вокер кое морам да кажам дека ми праи огромен ќеиф. Вокер од увек ми бил у прва петорка на најтапа/најодвратни/најмрски играчи, а и онака, се слагам 100% со твојата констатација дека најголем придонес за победата на Мајами вчера даде у послените неколку минути кога беше на клупа :).
Ја у текстот што го напишав како привју на финалево реков дека очекувам Шек да биде главен, и споменав дека единствена опција за бранење на Шек се удвајања (удвајањата се случуваат). И Dan Le Batard го споменува тоа у текстот што го објавивте тука пред 2 дена. Сепак, она што јас очекував да се случува по удвојувањата на Шек, не се случува. Како што кажав у моето привју, очекував Мајами на велико да профитира од играчот повеќе што ќе се прави по удвајањата на Онил, но, иако топката брзо се движи, реализациајта во тие ситуации е очајна. Сите што требаше да ги реализираат чистите шутеви промашуваат. Тука е по мене еден од главните проблеми на Мајами у финалево. Има и други ствари секако, ама ја мислам дека ова е една од главните кочници.

6/15/2006 03:01:00 am  
Blogger Karakash said...

Ne edna od, nego glavna kocnica druze Chote. Majami ednostavno nema igraci koi znaat da pogodat cist sut za dva po izvadena topka od reket ili pa ne daj boze trojka.

Vejd tuka ne vleguva zasto toj sam si izgraduva pozicija za sut, nesto sto za drugite e mislovna imenka.

6/15/2006 11:57:00 am  
Blogger retry said...

Zamislete shto kje se slucheshe dokolku Riley go ostaveshe sloncheto cela utakmica na klupa. Dallas kje izgubeshe 50 razlika :))

6/15/2006 12:50:00 pm  
Blogger retry said...

Toa u maalo go vikavme zijan igrach :))

6/15/2006 12:52:00 pm  
Anonymous ГанГ said...

мајами добија 3 четвртини, далас само една, со една добра четвртина (па нека биде таа и 34-16) не се добива утакмица...
во сите 3 финални натпревари таа 3та чет. е кобна за мајами, далас играат само по една јака (многу јака де) четвртина по утакмица.
ако тепаат мајами вечер, моја прогноза е 4-2 за мајами

6/15/2006 01:08:00 pm  
Blogger retry said...

A ako ne tepaat?

6/15/2006 01:46:00 pm  
Anonymous Boromir said...

Kako sto gleate,Miami e mis-match za Dallas. Ne za djabe ova im e prva pobeda nad Mavsi u 3 godini,i ne za djabe se 2-12 protiv pobednicite vo svojata divizija vo regularnata sezona.I koga pucaat so visok procent,i koga dallas igra ocajno,nemozat da se odlepat.A koga se slucuva sprotivnoto,dallas dobiva cetvrtina so 18 razlika.Wade nemoze sekoja utakmica da dava 40 kosa,taka da gubat edna,ako ne i narednite 2 u Miami.Avory e najbolji trener u NBA,siminjam kapa

6/15/2006 02:24:00 pm  
Blogger Shepard said...

го глеаше ли некој клипчето, спотот на хаселхоф бе?

лудила..

6/15/2006 02:50:00 pm  
Blogger retry said...

Ludilo batka, ludilo, ni Johnny Logan ne mu e ramen. I on posle bil strashniot chuvar na plazhata :))

6/15/2006 02:55:00 pm  
Blogger znalac said...

Абе Haslem заврши работа, 8 офанзивни. Clemenza, што би рекол Shaq. Не знам дали сте налетале на муабетот на Shaq, дека он е Don Vito Corleone, D Wade е Micheal Corleone, a Haslem e Clemenza. Во секој случај 2-1 е подобро од 3-0. Само DAL сите три претходни серии (вклучувајќи и G7 против SAS) ги реши на гостински терен, така што, според мене уште се фаворити.

За тие 4-6 FT на Shaq, што дојдоа после 2-16 во првите две средби, муабетот му беше дека шутирал како што шутирал во средно. Демек, пробав многу работи, ама пак на тоа му се вратив. После 15 години во NBA уште си го бара шутот... Плус, во понеделникот кога екипите немаа тренинг (патуваа од Тексас на Флорида), Shaq и Wade отишле во десет и пол вечер у сала да се испуцаат малку и да си ја зголемат самодовербата. Е кој не вежбал на време, ќе вежба навечер... :)

6/15/2006 05:43:00 pm  
Anonymous Чоте said...

Спотот на Хаселоф е Закон! З-А-К-О-Н. Имав една Саут Парк епизода у која го пердашеа поприлично, онака, у нивен стил. Имало и зашто.
Иначе, да навивав ја за Далас, и да слушнев дека Дирк си потпевнувал песна од Хаселоф коа шутира слободни одма се откажувам од навивање за нив. :)

6/15/2006 07:17:00 pm  
Blogger gigi said...

Конечно видовме утакмица достојна за НБА финале. Она шо Вејд, мојот омилен играч уште од сезона број 1, го направи во последната четвртина можи слободно да влези во топ 5 лични перформанси на сите времиња... и тоа со повредено колено и 5 лични скоро цела четвртина... постоеја само уште двајца играчи на планетава (кои јас ги знам) коишто можеа да изведат вакво нешто: Мајкл Џордан и Дражен Петровиќ... мислам дека неговиот перформанс беше icing on the cake на овој феноменален плеј-оф... Далас е далеку подобар тим, ама психолошката предност е на страна на Мајами...плус, сега имаат статус на underdog... Првата трема ја поминаа, а мое предвидување за Гејм 4 е или Мајами ќе ги растурат или Далас ќе победат многу тесно...

Off topic: is it me или свецково sucks big time? Жими Еквадор малку шо ме развесели...

6/15/2006 11:37:00 pm  
Blogger gigi said...

... а бај д веј, клипот почнав ама не можев да го догледам... it's too fucking embarassing... is this guy for real? каква кромидарска фаца, ни Шон Пен не му е рамен...

6/15/2006 11:43:00 pm  

Post a Comment

<< Home