Thursday, June 22, 2006

Isaiah Allmighty...или "Ќе падне сеир"
Таман седнав да пишам текст за новиот шампион Мајами и колапсот на векот на Далас кога, кој друг, Ајзеа Томас ми се јавува и ми вика "Еј, конечно се откачив од стариот пацов!!!" . Можам да го замислам со мобилниот у раце и неговата насмевка која го направи позната, од уше до уше. Не знам зошто и не би бил таков Зик, секој би сакал да си најде газда кој ќе му даде одврзани раце да си прави што сака, да троши пари на бескорисни ствари, да фрла милиони на сакати и предебели сумњиви типов и од една од оригиналните најголеми спортски организации, која делумно му беше трн у око кога беше играч, да направи нешто на што цел свет ќе му се смее. И се тоа вршејќи ја работата за која немате појма, а за која добивате една од најдобрите плати на светот. У задњата епизода од Isaiah Allmighty, Томас фаќа Лерингитис и го брка Браун од Биг Епл за конечно тој да си седне на клупата на хаосот кој сам си го создаде. А како да не поминаа ни година дена (и не поминаа) кога Ајзеа со истата таа насмевка на медиумите од Њујорк им го претстави Браун како човекот кој ќе ги врати Никси таму каде што им е местото - што и бидна, само што не сфатија дека тоа место е дното на Атлантикот. Е сеа, покрај тоа што Ајзеа е ужасен како Џи-Ем, светот у следната сезона ќе се потсети и на она што веројатно малце го подзаборави, а тоа е дека Ајзеа е и ужасен тренер. Во ова мислам дека ќе уживаме сите ние, освен нормално, фановите на Никси. Што се однесува до Лери, спремете се за серија драматични изјави од старецот кој стави милиони во џеб оваа сезона за седење на клупата на Њујорк и правење тужни фаци. Тој ипак е Бродвеј тип на тренер кој нема туку-така да си отиде, а и онака нема многу други занимација за него во пензионерски. Спремете се за уште посмешна сезона од прошлата во Никси, а сеирот ќе почне уште на драфтот на 28-ми следната недела кога у нивната арена Чикаго како 2-ри ќе го лапне пикот кој лани Томас им го даде за мрзата Кари. М-м-м, а таман помислив дека не може да биде посмешно у Њујорк. ПМС: Вистински момент да го ставите у букмаркси Sell the Knicks, кои пред некои месец дена Џејмс Долан проба и да ги укине.

8 Comments:

Blogger Shepard said...

ќе биде жустро..

6/23/2006 01:25:00 am  
Anonymous bodan said...

Vishe nishto ne moze da me iznenadi od Isaiah!

6/23/2006 03:46:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Стварно е луд! Али знаете што, ја мислам дека баш сеа коа он ќе седне на хот бенчот у Медисон, работите ќе тргнат од 0. Ќе видите:)

6/23/2006 07:50:00 am  
Blogger retry said...

I kje ostanat na nula :))

6/23/2006 08:15:00 am  
Blogger Shepard said...

ќе бара тајм аути ко будала :)

6/23/2006 10:35:00 am  
Blogger Shepard said...

или нема да бара, сеисто.

6/23/2006 10:35:00 am  
Blogger mucana said...

A jas ne mislam deka Kari e tolku los.Bas naprotiv. E sega zavisi so ke zame Chicago.
Sepak mislam New York nema da se dozvoli da bide dolu. Fali duh vo NBa bez niv

6/27/2006 01:04:00 pm  
Blogger Karakash said...

Не е Кари толку лош, полош е.:) Зицер фора.

Али тачно, НБА не е НБА без Никси, па тоа Н не за џабе значи Никс.

6/27/2006 07:43:00 pm  

Post a Comment

<< Home