Monday, June 19, 2006

Going all the Wade...Cuban - the Psycho и 20 години потоа
Класика или класичен неуспех? Така ќе биде оценета Гејм 5, само зависи која страна ќе го оценува. Јас сум дел од помногубројните кои на Гејм 5 гледаат како на вистинска класика, (иако на моменти имаше тешки грешки на некои играчи за кои ќе си помислиш дека е немогуче да се дешаваат у едно финале). Мавси нормално, по овој пораз ќе продолжат со плачење, нешто што во голема мерка го правеа по суспензијата на Стекхаус, иако мислам дека многу попаметно и на Ејвори и на сите сега ќе им биде со камбекот дома да успеат да си направат камбек и на самодовербата со која ги згазија Мајами у првите две. Мада, сега серијата е тотално различна и Вејд, Шек и дружбата не се истиот тим од тие две средби од Далас... ...(По пауза од некои 4 саати)... Иначе, според Марк Кјубан, кој беше бесен пред утакмицата, уште побесен у тек на утакмицата и црвен како рак откако заврши утакмицата, не беше спорниот фаул кој судиите му го свирнаа на Дирк над Вејд тоа што ја реши средбата, нити пак глупиот потег на Хауард да викне тајм-аут. Според Кјуб пресудно беше она што се деси некоклу секунди пред да биде фаулиран Вејд, кога Мајами од туѓата половина ја убаци топката у игра враќајки ја на својата половина. Признавам, кога го видов застанав и си го помислив она "Чекај малце!?!?" (со "Рик Аделман кога се крши резултатот" фаца), ама судејќи според тоа што никој освен Кјуб не се пожали изгледа дека тоа е дозволено у НБА. Кај нас знам дека не е дозволено, ама пак кај не се ни игра кошарка, така да... Откако Вејд ги убаци двете, а поради тајм-аутот после првото слободни Далас мораше да почнува од под својот кош, наместо од пола терен, Кјубан неколку минути останал на теренот бунејќи се кај судиите, записничката маса, па дури и онака, како муле, без зборови, бесно гледал накај Штерн кој бил у близина. Психо. У тој филм продужил и Дирк, кој на пут до соблекувална почнал да удира ствари по путот при што настрадал еден невин и недужен статичен точак кој морал да се соочи со бесната десна 73-ка на Швабата. "What am I saying to you right now, dog? Please, don't come off on me right now because I'm going to come off on you, and I'm not in a great mood right now. Get out of my face, man. Get out of my face" - Џош Хауард. Покрај тоа што ја направи глупоста поради која, доколку Далас го изгуби финалето веројатно ќе биде запаметен до крајот на кариерата, Џош Хауард под својата слика на Јаууу е главен виновник за поразот на Мавси од 1010-100. Не знам за вас, ама мене Девин Херис страшно ме потсеќа на Тајрон Лу од финалето 2001 , а и доста бргу се искачува на "Најмрзок играч" листата. И на крај Двејн, кој беше феноменален вчера, барем во финишот, иако на моменти ми изгледаше дека служи како спасител за непостоењето никаква тактика на Рајли. После таа партија сабајлево, Вејд е еден од само 6-те играчи кои на три средби по ред од финалето убациле најмалку по 35 поени. Другите се: Dwyane Wade 2006 Shaquille O'Neal 2000, 2002 Allen Iverson 2001 Michael Jordan 1993 Rick Barry 1967 Elgin Baylor 1962 Како тоа да не е доволно, па со 21 убацено слободно Вејд стана и рекордер според број на уфрлени слободни у една финална утакмица. Момците од Yay! имаат интересна дилема: As great as Wade has been, for some reason our thoughts drift to Shaq, and what would be going on right now had he been able to trim down and take a backseat to Kobe Bryant like this. If he had, the Lakers would be on their way to title number six, in all likelyhood. The way players were flocking to Shaq/Kobe, they'd have gotten Michael Finley, Nick Van Exel, and all the rest, don't you think? Are Laker fans angst-ridden? Хмммммммммм.... Лајла, Kатја, Касандра, Ники, Кате, Брук, Керликс, Ешли, Сузи...???
* * * * *
Оф д фајналс топик: Драфтот кој ќе се одржи у Њујорк следната недела ќе обележи 20 години од еден од најлошите драфтови у историјата на НБА. За тоа имам пишувано и порано, a смртта на Лен Бајас kако повод за сеќавање на типот, но и на многу други контроверзии кои ги разбуди неговата смрт, ја искористија за текстСпортс Илустрејтед и момците од Селтикс блог, кои веројатно најмногу ја почувствуваа трагеијата на нивниот 2.пик

21 Comments:

Anonymous bunteski said...

Густо беше, мадафака!
Кој и да победеше немаше да биде незаслужено, макар што у двата табора имаше по некој баг што у следеча утакмица Мавси пред се ќе мораат да поправат.

А ова што дозволија Heat да води а имаа 2- 0 е брука.

А што ќе изгубат титула, тоа веќе друг муабет... :)

6/19/2006 01:18:00 pm  
Blogger Shepard said...

абе ајде, мрскоча

тој новицки готово. полуде. хаселхоф ќе го прогонуе у сон.

следната, +15 за мајами. толку беше од финалево. не ми се верува како си прокоцкаа..

6/19/2006 03:24:00 pm  
Blogger retry said...

I mene ne mi se veruva. I to ne edna, dve utakmici si prokockaa :-(

6/19/2006 04:28:00 pm  
Blogger Latifovich said...

mnje nervoze ljudi, kazav jas majami slednite 3 ke gi dobijat ama ne me slusate vie i nisto cudno u gejm 6 da se resi titulata

6/19/2006 06:02:00 pm  
Blogger Виктор said...

Може, ама ќе биде доста поинтересно ако гледаме Гејм 7.

6/19/2006 08:01:00 pm  
Anonymous Ivica said...

Ah Howarde dete jadno, ja posra na neiskustvo na kraj (ne deka ke storea nesto ako izvedea od drugata polovina ama aj). Za koj k** mu trebase toj da vika tajm aut???

6/19/2006 08:33:00 pm  
Blogger znalac said...

Мене ми се чини дека DAL е подобар тим, ама си го плаќа данокот на неискуство. Имаат осцилации кои во финале се недозволиви, прават грешки (као тајм-аутот на Howard) на теренот и надвор од него. Се сместиле во некој пребукиран хотел во downtown, па морале по двајца у соба да седат. Добар беше коментарот на D.Armstrong за цимерот Дирк - добро што не преместија, цел ден слушав германски рап и гледав фудбал. После AJ ги преместил во Fort Lauderdale, ама сето тоа е distraction и губење на фокусот. Освен тоа, мислам дека и покрај изјавите дека не ја изгубиле самодовербата, резултатите го зборуваат спротивното. Две прокоцкаа, а беа 3-0 во продолженија во плеј-офот. Ситуации кои порано ги добиваа, сега ги губат. И тоа против тим кој промаши 17 слободни, имаше 9 скока помалку и полош процент од поле. Сепак, MIA не победил во DAL којзнае од кога.

6/19/2006 10:50:00 pm  
Blogger Karakash said...

На место коментар Зналац.

6/19/2006 10:59:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Што знам ја што да додадам......

Далас ќе победи у шестата. Овој плеј-оф не заслужува ништо помалце од седум меча у финале.

Сигурен сум. Примам и кладби :)

6/19/2006 11:11:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

D-Wade закон
Готово, си купувам дрес:-)
Dallas дома се јаки и колку и да го посакувам спротивното, мислам дека ќе ја добијат 6-тата. Ако, ќе ги среди D-Wade у 7-ма. А белким и Шеко ќе утера некое слободно...

6/20/2006 01:38:00 am  
Anonymous bodan said...

USHTE EDNASH ASKOLSUN ZA MALIOT!

6/20/2006 03:05:00 am  
Blogger retry said...

Serijava mi lichi na onaa pred dve godini pomegju SAS i LAL vo polufinale na zapad. Koj ja sledel kje znae za shto zboram.

6/20/2006 09:10:00 am  
Blogger Latifovich said...

A od zenskive,mislam mazuretkive na miami najdobra e Layla ubedlivo :)

6/20/2006 02:15:00 pm  
Blogger Laf said...

This comment has been removed by a blog administrator.

6/20/2006 04:52:00 pm  
Blogger Karakash said...

Лафе, з'ш си ги бришеш коментарите?:)

6/20/2006 09:35:00 pm  
Anonymous Џиги said...

Нешто чудно ми се сони.. Ентоан Вокер, ноќеска ќе забега.
Претчувство, многу чудно.

6/21/2006 02:50:00 am  
Blogger Shepard said...

ама се бркаат..

6/21/2006 04:20:00 am  
Blogger Shepard said...

џиги, тоа кошмар е, не е сон :)

6/21/2006 04:22:00 am  
Anonymous Џиги said...

Их.. Има уште цело полувреме, ама мислам дека си во право Шеп, кошмар сепак, а не дека е `жега` деновиве во Ск. па се будам жива вода..

6/21/2006 04:34:00 am  
Anonymous Џиги said...

.. Блиску бев со Вокерот, а?..
Шепчо, да ти отсањам некое прашање за на испит? :))))

6/21/2006 06:22:00 am  
Blogger Shepard said...

абе мање више испит, некој кец у два на свецково, да се офајдиме :)

6/21/2006 06:24:00 am  

Post a Comment

<< Home