Tuesday, June 27, 2006

Драфт збунка, Црната Кутија на чичко Штерн и раперот Рајли
Кај сум у дилема дали сите ние живееме у иста држава, исто така апсолутно неам појма кој ќе биде 1. пик на утрешниот драфт. Нешто у што не сум единствен, а веројатно ни самиот Брајан Коланџело до последен момент нема да знае кого ќе избере, откако изјави дека се уште се мисли меѓу двајца момци. Барем за сега типот вика дека нема никаква намера да го трампа својот прв пик, за кој па и нема некој посебен интерес со однос на тоа дека на овој драфт нема играч како на некои претходно кој уште у првата своја сезона може да направи голема разлика. Коланџело веројатно се мисли меѓу Андреа Барњани и Ламаркус Олдриџ, иако не би ме изненадило на крајот да се одлучи и за Адам "Бркот" Морисон. Од одлуката на Торонто целосно ќе зависи дали драфтот ќе продужи по текот кој другите екипи го посакуваат или пак Репторси ќе започнат домино-ефект у кој секој ќе мора да бира не според претходните планови, туку според тоа што ќе им остане на масата. Така, ако Коланџело не го лапне Барњани, онда шпагетата може слободно да падне до 5. или 6. пик, пред се поради тоа што после Коланџело нема многу Џи-Ем-овци кои се убедени дека ќе биде играч од момакот од Рим. Ја лично баш Андреа го имам најмногу гледано од овие момци кои се топ фаци на драфтот, додека другите ги имам фатено чат-пат, недоволно да видам што се крие у нив. Од она што го слушам, најкомплетен играч е Морисон, кој уште сега е спремен за НБА, што не може да се каже за другите момци. "Бркот" има факат страшен шут и одлично се движи без топка, плус на тоа тој од мал се мучи со дијабетисот што секако ќе го направи класична палома-шмрк прича за Америте. По вкус на скаутите им е и Ламаркус Олдриџ, кој многу потсеќа на својот ментор Крис Бош, иако у сите најави го споредуваат со Џермејн О'Нил. Ја пред некое време читав интервју со Олдриџ у кое се гледа дека момакот е скромен тип од Тексас кој располага со голем потенцијал да стане играчиште, што не би требало да биде проблем со оглед на одличниот ворк етик. Иначе, мок-шмок драфтови не правиме. Остатокот од момците се мистерија и од нив може, ама па и многу лесно може да не биде играчи. Ништо чудно овој да биде еден од оние драфтови на кои пик избран од 10-30 место да постигне многу повеќе од поголемиот дел од играчите избрани пред него.У продолжение следи најава на Топ 5-те талентите на овој драфт, која утре ќе се појави и у весник:
1. Ламаркус Олдриџ Роден на 19.07.1985 год. во Далас 210 см., 106 кг. Универзитет: Тексас Го споредуваат со: Џермејн О'Нил
Олдриџ располага со сите физички предиспозиции кои се бараат во од еден висок играч во НБА. Тој и покрај својата височина е екстремно брз и подвижен и во зависнот од потребите може да игра и на "четворка" и на центар. Покрај тоа Олдриџ е одлично кошаркарски поткован, нешто што ретко се гледа денес меѓу младите играчи, а освен во нападот знае да одигра одлично и во одбраната каде главна карактеристика му се атрактивните блокади. Веројатно најголем потенцијал на драфтот.
2. Андреа Барњани Роден на 27.10.1985 во Рим, Италија 213 см., 102 кг. Клуб: Бенетон (Тревизо) Го споредуваат со: Дирк Новицки
Барњани е типичен европски играч за кој сонуваат НБА скаутите. Тој е висок, подвижен, има брз прв чекор и одличен шут за играч со својата височина. Во негов прилог оди и тоа што за разлика од другите европски играчи Андреа игра нетипично добра одбрана. Плус е чувството за тимска игра изградено во системот на Еторе Месина. Она за што му се забележува е недоволната мускулна маса за да се бори во рекетот со НБА ѕверовите, иако и Дирк кога дојде во лигата ја имаше сличната градба.
3. Адам Морисон Роден на 20.07.1984 во Спокејн 202 см., 90 кг. Универзитет: Гонзага Го споредуваат со: Ричард Хамилтон
НЦАА лигата одамна немаше видено играч со такво чувство за игра како Морисон, кој е по вкусот на речиси секој НБА тренер. Главна карактеристика на Адам е тоа што тој е одличен стрелец, но покрај тоа него го красат и многу други работи, како брзиот прв чекор кој во комбинација со шутот го прави екстра тежок за чување. Не е загарантирано дека тој еден ден ќе стане голема НБА ѕвезда, но сигурно дека во вистинскиот систем ќе биде Ол-стар играч.
4. Тајрус Томас Роден на 17.08.1986 во Батон Руж 203 см., 98 кг. Универзитет: ЛСУ Го споредуваат со: Тајсон Чендлер
Доколку се погледнат физичките способности и височината во НБА има малку играчи кои можат да му парираат на Томас. Покрај тоа што има еден од најголемите одрази воопшто во САД, Тајрус се движи како бек и е многу подобра верзија на Тајсон Чендлер и Стромајл Свифт. Главна негова карактерстика се атрактвните забивања и блокади. Како минус му се наведува тоа што доцна почнал да игра организирано кошарка, како и се уште неизградениот шут.
5. Брендон Рој Роден на 25.07.1984 во Сиетл 198 см., 94 кг. Универзитет: Вашингтон Го споредуваат со: Ману Џинобили
Рој отсекогаш бил на листата на најталентирани млади играчи, но дури на последната година на колеџ тој целосно го покажа својот потенцијал на еден од најкомплетните млади играчи. Главно оружје на Рој е влезот за кој колеџ екипите немаа решение, а има и одличен шут од дистанца. Како плус му се наведува и добриот преглед на теренот и малиот број на загубени топки. Од тоа дали ќе успее да се префрли на плеј во многу ќе зависи кој тим ќе го избере и дали ќе успее во НБА. Факат е дека драфтот знае да биде и место каде се прават тешки грешки, а галеријава на Ес-Ај ни покажува дел од глупостите на Џи-Ем-овите. (Обратете внимание на Тод Фулер и момците кои беа избрани после него).
* * * * *
Е сеа, дилемата, т.е. трилемата да биде комплетна, НБА денеска лансираше промо материјал во кој само се кажува дека утре ќе биде отворена Црната кутија во која се содржани доста ствари кои ќе изненадат многумина. Мене прво на памет ми падна крајот на Seven, само што можда сега ќе ја видиме внатре главата на Ајзеа. А?
* * * * *
Коа сме кај Ајзеа, ако главата не му се најде у кутијата, онда типот има рок од една година да го среди хаосот кој сам си го направи во Њујорк или стварно ќе му лета главата, ама фигуративно. Газдата на Никси, Џејмс Долан конечно се разбуди од неколку годишната кома и му даде ултиматум од 365 дена на Томас. Или ќе ги среди работите или ќе лета. Поштено. Ја типувам дека нов надимак на Ајзеа ќе биде Брдмен, може и Чучулига, ако се побуни другар ни Андерсен.
* * * * *
Знам дека има еден куп драфт деј дубари кои се спомнуваат у моментов, а у нив ништо помалце па имињата на Ајверсон, Гарнет, Џермејн, Мерион, Луис, Бузер и Шцјасдбасбукијак. Мислам дека нема ништо од сите најави, барем не утре вечер, иако се погласен е муабетот дека деновите на Ален у Фила се одбројани, само уште да му најдат екипа у која би го трампале. Ќе видиме, сите тие иде-не иде муабети ми се ептен мрски, онакви, као за у мало на клупа.
* * * * *
Знам дека реков дека више нема да пишуваме за финалето, ама ќе беше штета на го ѕирневте клипов. Толку.

16 Comments:

Blogger chote said...

Рајли е мангуп. :) Мора да го убацат у наредното продолжение на Кум. Додуша ирец е, не е италијан, ама плаче за улога у филм со Пеши и ДеНиро. :)

6/27/2006 09:33:00 pm  
Blogger retry said...

Kenny, ne zezaj, Riley e primerna lichnost so izrazito chuvstvo za moda :))

6/27/2006 10:15:00 pm  
Blogger retry said...

Coleman beshe dobar dodeka Drazhen igrashe so nego, a upravata na Nets go forsiraa nego da stane All-Star igrach shto na kraj i se desi prvata sezona po smrtta na Petro. So sila go napravija dzvezda koja vistinskite ljubiteli na kosharkata ne veruvam deka ja pochituvaa. Sepak mislam deka ne treba da se stava vo ist kosh so Todd Fuller ili Traylor ili...

6/27/2006 10:24:00 pm  
Blogger retry said...

Pa i Billy Owens ne bi go stavil vo toj kosh, speak imashe odredeni blesoci vo karierata, posebno dodeka igrashe za Warriors i Kings.

6/27/2006 10:26:00 pm  
Blogger retry said...

Mislam deka da ne bea povredite mozheshe da stane neshto od Sam Bowie, ne bi pravele Blazers takva kardinalna greshka, inaku pred da vleze vo NBA beshe dosta soliden igrach i potrebata od visok chovek gi natera Portland da go izberat. Samo i vo tekstot shto stoeshe do nego ima edna vistina: "Draft izborot ne smeesh da go pravish spored pozicijata na igrachot koj ti treba". Da go zemea Jordan Blazers mozhea da imaat trojca relativno visoki igrachi na 1, 2 i 3 (Porter, Jordan i Drexler, ne e bitno koj kje beshe play, a i ne bi bilo strashno koga bi bil nekoj od niv i rezerva). Dokolku pak Jordan ne se uklapal u nivna shema, bi mozhele vo sekoja prilika da go trampaat i da dobijat mnogu bolji igrachi nego Sam Bowie.

Poglednete go i ova.

6/27/2006 10:40:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ритрај бе, Били Овенс?!?! Па типот беше андерачивер од прв ден у лига, а не му ни беше лесно зашто беше трампан за Мич Ричмонд на драфт деј.

Колмен за Овенс беше играчиште.

6/27/2006 10:57:00 pm  
Blogger Karakash said...

А бе црн Шепарду, недела дена како МакНБА направи година дена, а ни торта не им понудивме на луѓево...ццццц....

6/27/2006 11:00:00 pm  
Blogger chote said...

Oпаааа, ај нека се угоде. Нека е жив и здрав блогов...:) И пост по повод роденденов обавезно да пишете...:)

6/27/2006 11:13:00 pm  
Blogger Shepard said...

ja suum kjorrrr

6/27/2006 11:28:00 pm  
Blogger retry said...

Ej i izvadite statistika, koj go napishal prviot komentar, koj najmnogu komentari napishal, koj napishal najmnogu komentari po post, koj napishal najdolg komentar, ...

6/28/2006 12:45:00 am  
Blogger retry said...

I koj e MakNBA MVP, koj e rookie of the year, koj e najbolji shesti, ...

:))

6/28/2006 12:45:00 am  
Anonymous bodan said...

честито А:)))

6/28/2006 01:24:00 am  
Blogger znalac said...

И денес драфт, а? Речиси е сигурно дека TOR ќе го земат Bargnani, кога веќе го земаа Gherardini (GM на Бенетон), Рашо, го имаат Calderon, а и Colangelo изјави дека ова е вистинското место да се направи truly international franchise (нели, 53% од жителите на Торонто се родени надвор од Канада и градот има навистина интернационален менталитет - посебно за светсково тоа се приметува). Е сега, со оглед дека Bargnani објективно не е пик број 1, прашањето е што може да се добие плус. Последниот муабет е пазар со CHA кој бира трет, т.е. 1 (кој сака CHA) + A.Williams за 3 (Bargnani) + B.Knight. Во секој случај, со Colangelo + Wayne Embry многу поинетерсно е што ќе биде по драфтот, отколку на самиот драфт.

Ај честито годишнина.

6/28/2006 05:13:00 pm  
Blogger Latifovich said...

искрено да ви кажам највеќе би сакал Олдриџ да го ивдам во Чикаго а ако го земат томас ќе направат грешка веќе имаат еден Чендлер не и мтребаат двајца

и ај честито годишнина

6/28/2006 06:27:00 pm  
Blogger Karakash said...

Тоа што Џерадини е помочник на Коланџело не мора да значи дека ќе го лапнат Барњани.
Ангажманот на Џерадини беше завршена работа некој месец пред Торонто да добие право да бира прв.

Иначе, интернационалниот flava у Торонто ова лето ќе ви го донесе д уан енд онли, Хорхе Гарбахоса.

6/28/2006 09:18:00 pm  
Blogger Karakash said...

Фала за честитките....со Шеп нешто планиравме МакНБА средба, ама изгледа ќе ја биде следната недела. Ако имате некои предлози, никако немојте да пишете:)

6/28/2006 09:19:00 pm  

Post a Comment

<< Home