Friday, June 23, 2006

Фајналс Микс.... + анализата на Чоте
Ајзеа го одложи текстов за еден ден, но време е да се даде последен поглед на 60-то НБА финале, кое зависи од која страна гледате е едно од најдобрите во последно време или пак уште еден случај за conspiracy теоретичарите. (Малку ќе одам рендомли од ствар на ствар за финалето, али ќе ме сконтате, после преку 200 ноќи без спиење...израчунав негде околу 220 утакмици...малку ми е чудно што ќе си легнувам пред изгрејсонце). Ја сум негде измеѓу. Не сакам да гледам како титули се решаваат со слободни, слободните треба да бидат составен дел од играта, но не на начин на кој цела сезона би се сведувала на изведување слободни од страна на еден играч и тоа на две средби по ред. Тоа што Вејд испуца преку 20 слободни на две средби од финалето, а тоа факат се нема десено никад, е нешто што фановите на Далас и Кјубан никако не можат да го сварат. Факт кој оди на нивната воденица е и тој дека Ајверсон сезонава беше лидер по бројот на изведени слободни (Коби е втор), а тој цела сезона изведе преку 20 слободњаци на само четири средби (кога Коби убаци 81 поени тој шутна 20 слободни). Е сеа, знам дека ова звучи како Вејд незаслужено да се најде таму каде што момакот е сега, што у никој случај не е вистина. Вистината е дека додека другите се мислеа и не знаеа како да ја свртат средбата во своја корист Двејн едноставно беше фром анадр планет. Кога требаше да се оди на шут - тој си погодуваше, кога требаше асистенција - тој си наоѓаше слободен соиграч, кога се кршеше резултатот - тој знаеше дека треба да тргне на влез и да изнуди што може повеќе контакт, свесен дека судиите ќе дувнат фаул, иако имаше и доста ситуации во кои Двејн не го доби тој суперстар третман. Факт е дека во ова финале Флеш покажа муда какви сме виделе ретко кога досега, посебно не на вакво ниво. Вејд на грб ги качи сите старци од пензионерскиот од Мајами и ги однесе таку каде што сами никад не можеа да стигнат кога беа у најдобри години баш поради тој факт - што немаа доволно големи муда (дел од муабетов нормално не е Шек). Факт е дека сите бевме сведоци на пишувањето на историјата на НБА, нешто за што сигурен сум дека ќе им раскажуваме на нашите деца, внуци, итд...
* * * * *
За да се сфати како стигнавме до тука и до ситуација слободните да решаваат треба да се вратиме некои шест-седум години назад кога чичко Штерн одлучи и дефинитивно да ги избаци од лигата момците и фаулите од типот на Оукли, Лејмбир, Мејсон, Родман, Махорн итд... Комишот воведе неколку измени меѓу кои кључна беше хендчекинг фаулот надвор од рекетот со кој им се даде максимална слобода на момците како Вејд, Коби, Ајверсон, Трејси и др., за да им биде уште полесно, секој погруб контакт кога тие момци ќе влезеа у рекет беше окарактеризиран како непотребна грубост и значеше суспензија. На времето тие фаули беа само тн. "машки" фаули, сега се фаули за у затвор. Добар пример е фаулот на Стекхаус над Шек, за кој порано никој немаше да лапне суспензија, па уште у финале?!?! Ваков третман пред 20 години да имаа Мајкл, кога Бед Бојси буквално на секој негов влез одеа да му скинат глава или Доминик, кој и без тоа го држи рекордот за 23-23 уфрлени слободни на една утакмица сигурно ќе имаа просеци од преку 40 поени. "I really got involved to outlaw all the handchecking and all the beating up of guys on the perimeter, so now the game's gotten a lot smoother, so you've got superstars like Dwyane Wade, LeBron James, Dirk Nowitzki who can take the ball to the hoop without all of that old Knicks ball, the old Pat Riley stuff, where they'd just beat up on people" - изјава која Марк Кјубан ја даде на "Летерман" кога серијата се пресели во Мајами. Веројатно сеа си ја мава главата у ѕид.
* * * * *
Веројатно држи вода фактот дека е потребно искуство, посебно на клупата за да се освои титулата. Колку и да не ми се свиѓа начинот на кој залижаниот ги водеше Хит. Сите забелешки на неговите потези губат на тежина кога ќе се сфати дека токму Рајли, заедно со Флеш ја одигра најголемата улога во освојувањето на титулата со тоа што целосно го стави у мал џеб Ејвори Џонсон, кој се изгуби после две средби и три и пол четвртини. Улогата на мотиватор, по која уствари Рајли е и најпознат, тој ја изигра оскаровски, убедувајќи ги своите момци дека се способни да се вратат од 0-2 и велејќи им дека на 20.06. ќе ја освојат својата прва титула. Ејвори после ова може слободно може да си ја врати наградата за Коуч оф д јир, затоа што недозволиво е за некој како него да не сфати дека му е подобро да престане да го утројува Шек и конечно да му посвети повеќе внимание на Вејд. Нели е подобро еден од триото мрцини Диоп, Дампие и Мбенга да го пази еден на еден Дизелот (колку и да е тоа немогуче за нив) и секогаш кога Шек ќе ги поминеше и ќе се најдеше у позиција да поентира да направеа фаул. Можда Ејвори не примети дека Шек е труба на слободни. Кој знае. Тој имаше 18 фаули да подели на Шек, а наместо тоа Мавси цело време го праќаа Вејд на слободни. Проблем ми е и лидерството у Далас, каде барем до финалето Диркулес покажа дека конечно си ги пронашол мудата и знае што му треба да стане шампион. Ви текиња на серијата со Сан Антонио и растурањето од шутирање слободни на Дирк, што е многу слично со тоа како Вејд ги смска у финалето? Тој Новицки го снема негде на патот од Феникс за Далас и не се врати до крај. Можеби избричената глава и брада ќе му помогнат да сфати колку бил блиску - за влакно. А и што да очекуваш од екипа у која најплатен играч е Кит Ван факинг Хорн...
* * * * *
Никад не ми се верувало дека екипа у која стартен плеј е Џејсон Вилијамс, а уште па на тројка почиња Ентоан Вокер ќе успее да помириса финале, а камоли да стане шампион. Ама, веројатно тоа е Вејд-Шек ефектот. Свака им част на Зо и Пејтон на првите титули, посебно поради тоа што и двајцата одиграа голема улога. Уште ми е у глава куцањето на Зо на крај на прво полувреме и секоја од петте блокади у Гејм 6. Па уште како се тресеше на земја како да има напад...пример за тоа како се игра со цело срце...и еден бубрег.
* * * * *
Шек, колку и да според некои хејтери не делуваше така, одигра огромна улога во освојувањето на титулата. Со самото тоа што беше во игра и што у секој напад беше у2 и у3јуван тој отвараше простор да играат сите, а посебно Флеш. Сега, Шек спободно може да каже дека го исполнил ветувњето кое им го даде на сите у Мајами кога пред две лета стигна во градот. Тој стана шампион без Коби покрај себе, иако мора да се признае дека тој тоа не го оствари на начинот на кој го замислуваше или посакуваше. Од друга страна, Коби сакаше да ја освои титулата на ист начин на кој тоа го направи Вејд - со надминување историски дефицит со игри за историја, правејќи се сам кога се крши резултатот и докажувајќи дека тој е главната фаца у тимот. Тоа што Шек свесно целата моќ му ја проследи на Двејн сигурно уште повеќе го полудува Коби, за што веројатно и не е потребно многу напор. Начинот на кој заврши сезоната на Коби, со тоа што по медиумите беше повикан за неуспехот на Лејкерси во клучната седма со Феникс, кога во цело второ полувреме имаше само три шутеви од игра кога најмногу им требаше на своите помошници. Кога на тоа ќе се додаде фактот дека Двејн е ѕверот кој успеа од 0-2 да сврти едно НБА финале во 4-2 за својот тим, па тоа што Двејн без проблеми успеа од менторот на Коби, Шек да направи втора опција и на крај тоа што сите почнаа да го споредуваат со идолот на Брајант, Мајкл химселф...веројатно му дава силни мотиви на Коби за следната сезона, познавајќи го каков его-манијак е. Едвај чекам да ги видам неговите дуели со Двејн следната сезона кои сигурно ќе бидат класика и ќе се најавуваат како што тоа до оваа година беа најавувани двобојите на Коби и Шек. Едвај чекам.
* * * * *
Во продолжение...РЕКАПИТУЛАЦИЈА НА ШЕЕСЕТОТТО НБА ФИНАЛЕ by Chote, кој е најнова аквизиција на МакНБА тимот. Бето, уште не си ја аксептовал поканата која ти е пратена пред месец и кусур. Ај така. (Иначе, морав малце да ги преуредам задњиве два текста затоа што си реков дека тоа што го пишав у петокот ќе биде задњи пост за финалето. Плус, Шеп многу, т.е. ич не го средил текстот, па морав малце да го излектурирам. Чоте, пази со дупли спејс у будуќе:). Донт вори, ги префрлив и коментарите. Сеа со текстот на Чоте добијате дупла доза НБА фајналс рикеп и тоа подвлечено со жуто - К.) НБА сезоната заврши. Имаме нов шампион, "нов-нов". Ретко кој очекуваше ваков расплет, особено по почетното водство на Далас во финалнава серија. Но, се случи чудо. Се срушија многу НБА рекорди и се прекинаа многу традиции. Најбитно од се, НБА се издигна, не знам како да го објаснам тоа, ама НБА е повторно интересна за гледање, барем за мене. Се разбира не на исти начин интересна како што на пример беше во времето на Џордан и компанија (месо-боранија-К.), но не е досадна како што беше пред 4-5 години. Веројатно најдобро ќе ја опишам новонастанатата ситуацијата ако кажам дека се поставија нови стандарди. Многу добро го кажа тоа Лекиќ, кој за наша среќа ги коментираше сите натпревари од финалето. Она по што најмногу ќе го паметиме финалево е секако Двејн Вејд, кој израснува во феноменален играч. За мене тој отсекогаш бил подобар од Леброн и Мело, играчи со кои најчесто го споредуваат. Вејд експлодираше кога беше најпотребно, Вејд покажа особини на исклучително зрел играч кога беше најпотребно. Голема заслуга тука има и стариот лисец (што би рекол З.Михајлов) Пет Рајли, кој успеа да ги постави работите така за да извлече максимум од составот што му беше на располагање и затоа што успеа да ги постави работите така за талентот на Вејд дојде највеќе до израз кога беше најпотребно. Иако морам да признам, на моменти тактиките негови ми беа чудни. Во привјуто на финалево што јас го пишав споменав дека една од причините поради кои Мајами е во предност е токму Двејн Вејд. Да бидам искрен, во никој случај не мислев на оваа предност што Вејд му ја донесе на Мајами во финалево. Ова што се случуваше ретко кој можеше да го предвиди. Човекот е чудо. Човекот на раце го однесе Мајами до титулата. Во него има потенцијал, различен од оној на Леброн или на Мело или пак на Коби. Човекот е едноставно различен од супердобрите играчи како овие споменати погоре. Мислам дека имаме чест да гледаме раѓање на една легенда. Иако сум веројатно сеуште под импресии од се она што се случуваше во финалето, сигурен сум дека Двејн Вејд е играч со вонсериски потенцијал.(Така е). Во привјуто на финалето, исто така, кажав дека очекувам Шек да биде главен. Но, не беше така. Ни блиску до тоа што јас го очекував. Според мене, освен експлозијата на талентот на Двејн Вејд во финалево, друг многу битен момент што стана кристално јасен во последнава недела е падот во формата на со сигурност најголемиот активен играч во НБА. Станува јасно дека Шек остаре.Факт е дека сеуште нема играч во НБА што може да го чува еден на еден, но исто така очигледно е дека колената на Шек попуштаат и он неможе да издржи повеќе од 30 минути на паркет. А и во тие 30. минути не е оној стариот, го нема оној жар и желба и секако не е физички спремен за да пружа партии какви што пружаше за Лејкерс на пример. Во наредниве неколку сезони, Шек се повеќе и повеќе ќе се потпира на неговата харизма и искуство. Ние можеме само да уживаме во неговата игра, во играта на најголемиот активен играч во НБА во моментов и по неколку години да им кажуваме на децата за него. Шек беше втора виолина во финалево, како што и самиот си призна на крај. Во секој случај, вистинска привилегија за Вејд се околностите во кои тој "расте" како играч - Пет Рајли и Шекил О'Hил, не може да посака подобри тутори. Во привјуто исто така реков дека очекувам старците во Мајами да гризат. Така и беше. Морнинг потсети на најдобрите денови од неговата кариера, јас не сум го видел толку мотивиран. Пејтон исто така изигра солидно за минутите што му беа доделени, а и за кондицијаита што ја има. Пејтон го реши третиот (одлучувачки) натпревар. Останатите ветерани и не прикажаа кој знае што. Не ми е јасно како може Џејсон Вилијамс, 7 години да игра во НБА и при тоа да не созрее 5%, да не се надгради 5%. Истите глупости што ги правеше во Сакраменто на времето, па потоа и во Гризлис ги прави и сега, на тотално ист начин. Ептен е за никаде. Секако треба да се спомене и Вокер, кој имаше голем удел во победата во последниов меч и исто така огромен удел во двата први порази на Мајами во финалната серија. Исто така Вокер даде огромен придонес за победата во третиот или четвртиот натпревар кога последните минути ги помина на клупа (ко што одлично забележа Енко - Седи бе:)). Поуси и Хаслем треба да се споменат, епизодни но битни улоги одиграа двајцата. Да сум јас тренер на Мајами, секако Поуси би играл пред Вокер, а Пејтон пред Вилијамс, без разлика на годините и лошата физичка подготвеност на последниот. Како и да е, патетиката на Морнинг, Пејтон па и на Вокер конечно им се исплати,(за разлика од Мелоун), тие сега ќе се пензионираат спокојно, со шампионски прстен на раката. Далас ја изигра најдобрата сезона до сега. Јас пред почетокот на плејофот прогнозирав дека ќе играат во финале. Тоа и се случи. Сепак, искуството (поточно неискуството) си го направи своето. Дирк и компанија запреа кога беше најпотребно. А беа многу блиску. Не беа во состојба да се вратат по поразот во третиот натпревар. Јас мислам дека во тимот на Далас има потенцијал и мислам дека сеуште не го кажале последниот збор. Ејвори е одличен тренер, а доколку го задржат костурот на тимот верувам дека можат и повеќе од ова што го направија оваа сезона. Едино ако на лудакот Кјубан,(кој има фаца на лудак, се понаша како лудак и лудачки им аплаудираше на Мајами на крај) љубовта кон Маверикс му спласне, па дигне раце од нив. Сепак, мислам дека шансите за тоа се многу мали. Риспект за Ејвори, Дирк, Тери, Хауард а и за останатите од тексашкиот тим. Направија навистина многу. Сега се поискусни за едно финале, а тоа може многу да им биде од корист во иднина.
* * * * *
Долго, а? За крај, една од најдобрите НБА најави евр... (од следната недела почнуваме да се занимаваме со драфтот)...

18 Comments:

Anonymous Чоте said...

Напишав и ја едно текстче за финалево. Баш го завршував док си го постувал ти ова. Али се поклопуваат/повторуваат многу работи :) така да, веројатно нема место на МакНБА за тој текст. Ќе го објавам кај мене на блог изглеа, набрзо...а со тоа и ќе го искоментирам (на некој начин потврдам) твојов пост а и целтот финале. :)

6/23/2006 10:39:00 pm  
Blogger Karakash said...

ОК бе друже Чоте, клај го кај тебе на блог па ќе ставиме еден линк до твојот поинт оф вју за финалето.

6/23/2006 10:51:00 pm  
Blogger Latifovich said...

леле швабото на сликата :(

6/23/2006 10:58:00 pm  
Blogger Shepard said...

мечката бара будење пак
предолго заспана била
на ејвори му падна преку очи мрак
двејдвејн има сила

и сега нели најава за дуелите коби - вејдвеј:

мамбата бара одмазда пак
предолго у сенка била
во ЛА сонцата донесоа мрак
коби има килаааа

упс, грешка :)

6/24/2006 12:15:00 am  
Blogger Shepard said...

исто може нешо и со напред-назад да се укомбинира

(премногу глеам митинзи)

6/24/2006 12:16:00 am  
Blogger Karakash said...

Двејн Вејт:)))

6/24/2006 02:51:00 pm  
Blogger Shepard said...

двејвејн вејдвејн двејнвејн вејдвеј двејвеј вејндвеј двејдвејд и така натаму.

имаше мислам и скуп џексон некоја заебанција за тоа, или не знам кој на еспн :)

6/24/2006 03:05:00 pm  
Blogger Shepard said...

иначе, wade значи „прегазува“ „згазува“ и сл. :)

6/24/2006 03:06:00 pm  
Anonymous чоте said...

Само што го постував ривјуто на финалево кај мене. Ќе биде добро на крајот од текстот на Кракаш да стаите едно линкче до мојот текст, пошто ипак првично беше пишуван за МакНБА. :)

6/24/2006 04:41:00 pm  
Blogger Shepard said...

ќе го линкам јас лично и персонално во иден пост чоте, не се секирај. цениме, и поштоваме. ;)

6/24/2006 07:27:00 pm  
Anonymous Чоте said...

Ондак, за да се задржи ексклузивитетот :) Ќе го тргнам од кај мене привремено :)

6/24/2006 08:18:00 pm  
Blogger Karakash said...

BODAN said...

ја за далас пишав уште во прогнозите дека ми личат на лузерски(без срце)малу го попраеја утисакот со спарси али...)тим па затоа не би се сложил дека се поискусни за едно финале туку се поискусни за една фрустрација која тешко ќе ја залечат.

6/26/2006 03:08:50 AM

6/26/2006 07:27:00 pm  
Blogger Karakash said...

Chote_ said...

Не се слагам. Далаc никако не е лузерски тим, немаа искуство, затоа изгубија. Искуството од финалево ќе им биде само од корист во идиниа..никако фрустрација.

6/26/2006 02:32:13 PM

6/26/2006 07:28:00 pm  
Blogger Latifovich said...

леле леле најавата е стварно закон а мада пистонси не им требаа али ајде да им прогледаме низ прсти на тие што ја правеа

6/26/2006 09:55:00 pm  
Blogger gigi said...

Frustracii? Let me tell you so se frustracii... posle kraj na gejm 5 direktno zaminav na odmor za Albanija mislejki, neli sepak se poarni sega... da, da, nema problem patistata gi sredija, smestaj, hrana, plaza, moreto, sve fantasticno (ova bez zaebancija, plus cenata 35 evra polupansion po coek vo apartman od 55 kvm.)... arno ama Internet... oces kurac sine, so bi rekol Mocart... sega uspeav nekako da se doberam samo so mi pomina kefot za komentiranje na finaleto... po svadba tapani...

Kako i da e, ogromni cestitki za novata NBA ikona, mi gi natera nazad v usta zborovite za reseniot MVP na finaleto i potpolno zasluzeno ja osvoi titulata bez ni trunka somnevanje... ni zbor ne sakam da slusnam za conspiracy theories...

Dalas, back to square one, i se gledame vo slednoto finale protiv bilo kogo...

6/26/2006 10:52:00 pm  
Blogger Karakash said...

Гиги пријатељу, свака част за коментарот, мислам на локацијата. А глеам ја од кај се не читаат и глеам: Тирана, Албанија - ?!?!?

Како и да е друже избањај се и за нас малце у Јадранот и кога ќе се вратиш да ни раскажуваш како си убил ајкула со голи раце додека она се обидувала да фати некоја плавуша со силикони:).

6/26/2006 11:06:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

чеај малце, поканата..

ја неам видено:)

на мејл треба да стигне така?

па могуче ли е да сум го утнал тој мејл?

6/27/2006 02:48:00 pm  
Blogger Shepard said...

бето, ќосле, ти пратив уше пред месец и кусур!!! барај тамо у инбоксот. ене, у мембр статус вика „пендинг“ шо значи чека да ја аксептоваш или да ја одбиеш.

6/27/2006 06:49:00 pm  

Post a Comment

<< Home