Thursday, June 08, 2006

ВРЕМЕ Е…
Овие четири дена беа таков одмор од гледање баскет, што вчера и ми падна чудно колку се осеќам наспан, нешто што ми се нема случено последниве седум-осум месеци. Сега е време за уште малку месечарење откако после огромната пауза меѓу финалињата по конференции и големото финале, Мајами и Далас вечерас или поточно сабајле у три, конечно ќе го почнат финалето кое најголемиот дел од нас со нетрпение го чекаше. Посебно по елиминирањето на досадните до бога Пистонси и Спарси. Терминот од три за секоја утакмица е гарант дека пак нема да се спие, а ако на тоа се додаде Светското кое утре почнува у Дојчланд верувам дека продажбата на Нес и остали кафиња драстично ќе порасне овие две недели. Од недела навака секој ден си мислам зашто Далас, а онда и зашто Мајами би требал да го добие финалево...и на крајот останувам со фаца како онаа на Рик Аделман секогаш кога се крши резултатот. Едноставно не знам кој би можел да ги наследи мамузарите на тронот. Логиката ми вика дека тоа ќе бидат Мавси, затоа што го имаат Диркулес кој ја игра најдобрата кошарка на својата кариера, а и Мајами нема играч кој би можел барем малце да го задржи. Плус, Далас игра многу побрзо од Детроит, а и за разлика од Пистонси во серијата со Хит, Ејвори сигурно ќе ги натера Мавси да играат одбрана и да не дозволуваат да ги победат пацери од типот на Вокер или пак Вилијамс да им убаци 9-9 од игра. Како тоа да не е доволно, тие имаат меч повеќе дома и поголем избор на играчи кои можат да помогнат у нападот, а и во одбраната. Од друга страна, па некој глас ми вика дека нови кралеви ќе бидат Шек и Вејд, посебно после тоа како ги смскаа Пистонси. Дизелот го одмараа цела сезона за ова, а тоа и тоа како беше очигледно со Детроит. Сега, кога више нема за што да се одмара верувам дека ќе одигра максимално против кутрите Гана и Дампие, кој на времето се маваше у гради, нарекувајќи се Шек-стопер. Но, не очекувам од Шек да биде главен у оваа серија, таа улога ја резервирам за Двејн, за кој ова финале би требало да биде дефајнинг момент у кариерата по кој ќе се прикључи на најголемите. Плус, пред старт на вечерашнава средба сите зборат за синусите и грипот на типот, а мене одма ми иде паметот на еден друг играч кој го реши финалето играјќи грипозен, со температура. Се кладам дека вечер едно катаљарда пати ќе се повлече паралела меѓу Вејд и Мајкл од финалето 1998 год. Гарант. И тоа ќе се спомнува до толку што ќе ве тера на повраќање. Ако ова сценарио се исполни, Двејн е МВП на финалето. "I don't want to be LeBron James. I don't want to be Kobe Bryant. I want to be right where I am now, next to Shaq. Shaq draws double teams. I draw double teams. And we're both unselfish. That helps everybody. That's why we're in this position. And he's the only one on our team that knows how the champagne feels on your head. No one else does. That's why we all listen to him." - Двејн Вејд за разлика од некои други ликови, си ја сфаќа улогата. Голема улога мислам дека ќе играат и тренерите кои се класичен пример за њу и олд скул. Кога Рајли дојде на местото на Рон Џереми и после првата серија со Булси ама ич не ми мирисаше на ваков исход на настаните. Но, Рајлз ја одигра својата улога на мотиватор и го извади најдоброто од својот стар тандем, но и од ветераните епизодисти. За тоа, свака му част. Ејвори па од чисто офанзивен, Далас го направи комплетен тим кој кога треба знае да стисне заби у одбрана. Малиот Генералн у сериите со Санси и посебно Спарси, со ставањето на Херис, направи неколку потези кои само му ја потврдија титулата на коуч оф д јир. Голем фактор ќе биде играта на Џош Хауард, Тери од едната и Вокер и Вилијамс од другата страна. На прв поглед Далас е во предност, но... Скоро сите во анализите го спомнуваат како голем фактор искуството, што според мене може, ама па и не мора да игра никаква улога. Најдобар пример за тоа е финалето од пред две годиини кога Пистонси онака зелени успеаа да ги смачкаат емотивно растроените многу поискусни Лејкерси. Она што е исто со таа серија е тоа што Шек и Пејтон пак се дел од иста екипа. Дали тоа ќе се покаже како добар или лош знак ќе видиме и тоа веројатно уште вечер каде ќе почне да се одмотува енигмата околу тоа ќе биде нов шампион. Кој и да биде, единствено што сакам е да гледаме екстра кошарка, по можност седум тесни утакмици. Дека тоа не е далеку од можно кажуваат многуте прогнози. Ја ни у весник денес не ставив своја прогноза, зашто стварно мислам дека и едните и другите можат да стигнат до чичко Лери ОБраен. За да ни ја олеснат работата, момците од тоталплејстејшн седнале и ја одиграле цела серија на ПС2. Ако само дел од утакмиците се одиграат како нивните симулации, сигурно ќе бидеме задоволни. Мајк Кан од Фокс, во свој стил ни укажува на 10-те работи кои би требале да ги очекуваме во Финалето. Еден од најдобрите, ако не и најдобриот НБА новинар Скуп Џексонво дискусија за Финалето со Ерик Нил. Едниот е за Мајами, другиот за Далас. Мора да се прочита. Иначе, уште еден рекорд на Елџин Бејлор би можел да падне годинава ако Шек има три средби со барем 30 поени и 10 скокови. Колку да се знае, Дизелот е единствен играч во историјата на НБА финалето со просек од фантастични 32,6 поени и 13,8 скокови. За очекување е тој просек да падне годинава, но со Шек, кој е свесен за своето место во историјата, никад не се знае. Нека не ве изненади ако од утре има понекој пост за Светско. Само да не биде посеровка како тоа пред четири години на Далеком Истоку. Кога сме кај Дојчланд, го собравте ли албумот? Мене ми фалат уште бедни шест комада, кои немав време да ги побарам овие недела дена. Помагајте!

13 Comments:

Blogger retry said...

Ne bidete peeri sega da ostavate komentari u odnos na svetsko za fudbal. 22-ca trchaat po topka i plus chetvorica shto gi (kao demek) kontroliraat, a ti dremesh so pivo u ruka i (kao demek) buljish u TV i chekash mozhda da padne gol za da se razmrdash malku. Oduvek kosharkata sum ja rachunal za podinamichen i pointeresen za gledanje sport. Ne znam shto tolku lugjevo se palat po fudbal. Svaka chast na Amerive, znaat shto e sport.

Ipak za mene nastan broj eden u juni kje bide finaleto u NBA, pa makar da igraa i Detroit-San Antonio.

:))))))

6/09/2006 01:44:00 am  
Anonymous Џиги said...

Не знам за вас, ама финалево некако не ми започна као финале. Да не речам тапа. А?

6/09/2006 06:02:00 am  
Blogger retry said...

Barem Mavs tepaa :))

6/09/2006 08:12:00 am  
Anonymous Ivica said...

Hahaha a i deckive od total playstation blisku bea.

6/09/2006 09:39:00 am  
Blogger Shepard said...

енко, коа ти реков мрско..

6/09/2006 10:41:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Tеебе и Чикаго(98 год) и Сиетл да играат пакк мрско ќе ти биде, ако нема 4 продолженија.

6/09/2006 01:04:00 pm  
Blogger retry said...

Bto, 96-ta beshe toa :))))

6/09/2006 01:09:00 pm  
Blogger Shepard said...

абе ајде џејсон тери главна фаца..

не е тоа тоа..

6/09/2006 01:30:00 pm  
Blogger retry said...

A ti sakash Dirk da bide, pa ne mozhe chovekot 100 utakmici po red dobri da gi izigra. Sho vika Lekich, on ne e mashina :))

6/09/2006 01:45:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Абе знам дека е 96, мислев на Чикаго тимот од 98

6/09/2006 01:55:00 pm  
Blogger gigi said...

Retry, одма добиваш поддршка за непостирање за фудбалот иако сум свесен дека е нереално тоа да се очекува... за среќа, светското во фудбал е еднаш на четири години а НБА финале е секоја година... прц... плус годинава е и светско во кошарка кое осеќам ќе биди најинтересно досега... али отомпотом...

за утакмицата... испадна подобро отколку шо се надевав... најмногу ми беше страв дека после оние серии шо ги гледавме, финалево ќе ни дојди како антиклимакс, али за среќа не испадна така... не дека беше некоја блескава и незаборавна игра ама сепак ова беше прва уткамица и беше многу важно да се победи... посебно за Далас и затоа шо се игра 2-3-2 формат... енивеј, ми се напрај ќефот шо победи Далас, а следната уткамица ќе биди клучна за Мајами...

6/09/2006 02:34:00 pm  
Anonymous Sale said...

Odi na www.slikicki.com za problemot so slikickite

6/10/2006 12:10:00 pm  
Blogger Karakash said...

Znam Sale, fala, mi go pratija linkot pred nekoj den...mada nekako ne mi go lici interfejsot.

6/11/2006 10:26:00 am  

Post a Comment

<< Home