Saturday, June 03, 2006

Чичко Нејсмит може мирно да спие
Бидна. Кошаркарскиот свет може да здивне, чичко Џејмс Нејсмит, таткото на оваа игра конечно може слободно мирно да си спие, по немирот кој со ланското финале му го предизвикаа Детроит и Сан Ан, по кое се зборуваше дека чичко Џејмс сам, во солзи талка низ Халата на Славните, молејќи се пред дресовите и сликите на Мајкл, Меџик, Лери, Вилт, Карим, Петро, Бејлор... Мирен сон на Нејсмит му обезбедија двајцата кои еден сигурно ќе бидат дел од истата таа Хала, Шек и Двејн, кои ги пратија Пистонси таму каде што им беше местото...на распуст, а веројатно и раcпуштање. Барем се на Флорида, па нема да им треба многу време да си најдат место на плажа. Е сеа, на блогов ретко кога се навивало за некој тим, уствари, освен Шеп и ко. за Лејкерси, поголемиот дел од постовите со навијачки елементи не биле навијачки, него анти-Пистонс постови. Посебно у текот на сериите со Кавси и оваа со Мајами, кога вистинскиот карактер на поголемиот дел од тимот од мотор-сити излезе на површина. Да нема забуна, гледано играчки, немам ништо против играчи како Чонси, Рип, Шид, па и Принс, ама...често се заборава дека оваа игра ја сочинуваат некои работи кои не се само поврзани со победувањето или играњето добра одбрана, а се викаат - карактер. За да го објаснам ова морам да се вратам малце назад. Начинот на кој се однесуваа, а ова го пишав уште по првиот пораз од Кливленд, од ОК тим од нив ми направи најмрсок тим у лигата и ме потсети колку на времето ми биле одвратни оригиналните Бед Бојси. Во тој само еден пораз, буквално секој во екипата, заедно со тренерот и помошниците, се понашаа како тие да се династија која освоила пет титули по ред (а имаат само една), како да се играчи од кои секој од нив има барем по една МВП титула (а факат никој ја нема, и најверојатно никад нема ни да ја има у свои витрини), како судиите да им се криви за се, па и кога ќе свирнеа фаул за нив, бараа повише, некоја технича или намерна (у што предњачи плачкото Хамилтон), кога Кавси ќе дадеа кош или Леброн ќе им закуцаше у фаца (а се дешаваше често), тоа го пратеа со цинична насмевка, а после поразот не признаа дека биле истабани од тим далеку послаб од нив, туку дека Кавси само имале среќа (една е , три по ред не се среќа). После тоа следеше моронската гаранција на Шид, а кога беа исплескани уште два пати по ред, сите у Детроит се испосраа и ми стана јасно дека Пистонси оваа сезона едноставно го немаат ТОА што е потребно да се вратат у финалето. Само повреда на Шек или Двејн како лани можеше да ги врати на врвот на Истокот. За среќа на кошарката, тоа не се деси, па ни температурата не можеше да го спречи Двејн да видиме дежа-ву од лани. Разликата меѓу Детроит и Мајами е токму во тоа, во играчките големини. Зошто, колку и да се добри играчи нивните стартери минус Бен, а у оваа серија и минус Шид, тие никогаш не биле, нити ќе бидат на нивото на Вејд (кој којзнае кај ќе му биде крајот) и еден од најголемите на сите времиња, Шек. Тие двајца се разликата на страната на Хит, а најдобар доказ за тоа е што дел од финалето ќе бидат пацери и пензионери како Типи-Тоу Вокер, Зо "бокс у груди, прст у вис, леле колку сум нафрлан од лековите за бубрези" Морнинг и Пејтон, кои треба да се клањаат на дајнамик дуото. Нешто помалце клањање треба да удрат Вилијамс, кој беше фантастичен вчера, конечно играјќи како што треба против поспориот Чонси и Поузи, кој колку и да е грд за гледање (и како игра и онака), вчера заврши голема работа со преземањата у одбрана. Како и да е, Пистонси вчера беа истабани, а резултат на тоа не мислам дека е толку потенцираната одбрана на Хит, него неможноста на Билапс, Шид, Принс и ко. да погодат од чисти позиции. Со такви муда-лешници, нема Финале. Ќе гледаме кошарка.

16 Comments:

Blogger Shepard said...

таќе е

6/03/2006 05:36:00 pm  
Anonymous Zvezdara said...

Ono sinoc je bila blago receno dekadencija.Detroit me je mnogo razocarao,bez ikakve normalne akcije...Bah.

6/03/2006 08:53:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Баш така. Одлично, Karakash

6/03/2006 09:13:00 pm  
Anonymous Ivica said...

Do Shep ili Karakas: Proverete go mailot na gmail.

6/03/2006 09:46:00 pm  
Blogger gigi said...

"Уби ме прејака реч", вака со три збора може да се објасни шо се случи со Пистонси... овој тим не е ни бледа сенка на шампионскиот тим од пред две години и ланскиот финалист... и тоа во секој поглед, од играчки, до тимски, до (најважно) пристапот и начинот на играта... моето почитување кон нив (лани во финалето дури и навивав за нив ама лани играа против Сан Антонио па со тоа се е кажано) почна да еродира во тек на серијата со Каваљерите за во оваа потполно да се здроби и да заврши во прав и пепел... капак на се беше малодушноста и очајно лошиот шут (и тоа од куп чисти ситуации) во шестата игра... онаков Мајами каков шо беше сабајлето сигурен сум дека и Атланта или Торонто би го добиле... после сето шо го видовме (и чувме) од Пистонси не би ме изненадило да изјават дека изгубиле ради публиката шо била облечена ко шеици и тоа ги џинкснало и ги деконцентрирало... па-па Пистонси, толку од овој тим, се гледаме со некоја нова генерација...

ПС Жими стојко шо некој ќе му понуди 100 мегадолари на Бен после фијасково...

6/03/2006 11:53:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Пистонс шутираа 28% од поле додека тоа значеше нешто. Го дигнаа процентот на 30 и нешто, само кога тоа не значеше ништо. Обично Пистонси у плејоф ги гледав седнат, станат, или у скок. Вчера лежев, од средината на втора четвртина до крај, и останав буден единствено затоа што не сакав да ја испуштам нивната последна утакмица сезонава (знаев дека е така, се гледаше од авион, муабетот на Лекич на 3 минути пред крај со 38 поени разлика, дека ништо не се знае, беше... ај да не претерам). И хејтот е ОК, и примедбите, и све, ама нешто што не е ОК е начинот на кој изгубија. Патетично indeed.

Фактот дека "им се искршија чакрите" држеше, вчера повеќе од било кога у последниве неколку години. Се случи нешто со Детроит во второто полувреме во втората утакмица против Кливленд, и тие веќе не беа истите, се до крајот. Никогаш ама баш никогаш не се повратија, освен во кратки блесоци, блесоци у кои се изгледаше возможно (најчесто траеја минута до две). 106 поени просек у првите 5 утакмици од плејофот, излегувајќи од сезоната како најдобри во лигата. Таквата "анти-кошарка", I'll take it anytime, anywhere, anyhow. Да се разбереме, хејтот ќе останеше, затоа што на некој може и да не му се допаѓа начинот на кој стигаат до 105 поени на натпревар кој го добиваат, но сепак, нештата ќе беа троа поразлични.

Шид се повреди. Врти, сучи, плеткај, збори, ќути, плачи, смеј се, од повредата на зглобот па наваму, не беше фактор. Никаков. Освен една утакмица на која отиде над 20, на начин сличен на оној на кој вчера Вилијамс отиде над 20. Шид не беше фактор.
За скок шутот на Детроит може да се збори многу. За начините на кои тој функционираше низ неколкуте години, за Рип, за Чонси, за Делк, за Аројо, за Делфино... Некој на почетокот на сезонава, истакна дека скок шутот на Детроит е најголемиот учесник во градењето на репутацијата на непобедливост на тимот, и дека за истиот постојат реални шанси во плејофот да имплодира, што би било критично за тимот, кој нема вистинска солуција доколку тоа се случи. Подоцна се обиде да даде објаснувања, како тоа би можело да се надополни со мали тренерски корекции, со неверојатниот клач темперамент на целокупната петорка на Пистонси и нивната ментална снага која им ги добиваше огромниот број од утакмиците кои во последните минути беа ни-натаму-ни-наваму... Човекот требаше да престане да збори пред да почне да набројува објаснувања, затоа што беше во право.
Што не носи - drumrolllll - до Флип. Реков еднаш дека е тапа. Објаснување би било можеби дека е тапа за Пистонси, барем за овие Пистонси кои сакаат да освојуваат титули, а не први места во сезони. Можеби ја ќе требаше да престанам да зборам пред да почнам да давам објуаснувања? Мој gut feeling е дека Флип и Бен догодина нема да бидат во ист тим, ако грешам - еве нека освои титула тимот у кој ќе бидат заедно...
Чонси не беше фактор.
Принс дефлатираше, но тоа сепак не го оддалечува од квази-титулата, најдобар играч на Детроит во плејофот.
Рип се запали касно, и во таа afterburner серија, се виде и се огледа целиот тим, со се клупа и тренер и GM. (Настрана тоа што во пораз беше онаков каков што и го портретирам у мојата свест - џентлмен. Пејтон игра кошарака миљон години, па откако го сопна Чонси, и тоа намерно, изгледаше како штотуку да го видел Буда како обесчестува малолетничка)

Детроит изгубија во вечер кога го задржаа Вејд (без разлика на околностите). Детроит може да игра. Ако игра како што може, никој, никој, не може да го победи во серија подобар од 7. Детроит не играше како што може, месец уназад. Кога беше најпотребно. Кога се кршеа копјата и кога се остваруваа соништата. Ништо утешувачко, ништо деградирачко, и ништо помалку битно нема во начинот на кој играше последниот месец. Детроит може да игра. Детроит не играше. Знак =.
Над еднаквото - сите критики до нив, омразата што ја навлекуваа, изјавите што ги даваа, концептот врз којшто треба/ше да изникне династија, наследството од минатото, соништата за сегашноста и иднината, и човечката снага и слабост. Бен во изјавите рече дека (парафразирам) - животот е прекраток за човек да се замара со нештата од минатото, негова работа е да биде спремен, да излезе на терен, и да го прави она што го сака и што го може. Без разлика на шансите и целиот циркус околу нив. Тоа е - според него - должност, одговорност и чест на секој спортист. Токму тоа, тој самиот (не толку многу) и неговите соиграчи, го загубија некаде по патот 2002-2006, а доколку не се јават во Биро за lost-n-found во најскоро време, ќе го изгубат засекогаш. Непознатата X ќе им остане единствен спомен од нивните кратки животни моменти поминати заедно во играњето кошарака за еден голем (или не толку голем) професионален тим, единственото ветување за "она што можеше да биде". Тоа, и еден единствен прстен на нивните раце, што на крајот на краиштата и не е толку лошо, зар не?

Поздрав, Syndicate

6/04/2006 12:48:00 am  
Blogger Shepard said...

синди, убав коментар.

и ивица прати текст, сеа му вратив на мејл.

ако сакате може да ви ги објавам заедно во еден пост деновиве, без мењање, ако има надопуна ко шо му реков на ивица, едино фуснота или заграда..

и единствено дајте надопуна со слики, или клипови од јутјуб (не нешо многу, да не биде сувопарно, само текст).

АЈДЕ ВЕЧЕР МАВЕРИКС!!!

6/04/2006 12:59:00 am  
Anonymous Ivica said...

Loooooooooooooooool!!!!!
Postov od syndicate e ist ko mojot:)))). Na koja adresa go prativ be mojot??? Da ne ja zgresiv:))?
Znaci ajde cim go objavi Shep i mojot sporedete gi i ke vidite slicnosti. I am amazed.

6/04/2006 01:16:00 am  
Blogger Latifovich said...

E ovi penzionerive dvajca trojca pa i cetvorica vo majami ke im se posreki konexno i da zemat titula, a i drugo nesto daj ne pisuvajte volku dolgi komentari memrzi da gi citam

6/04/2006 01:45:00 am  
Blogger марче said...

rispekt dirk! sosema zasluzeno! ... kako za kraj od moja gledna tocka maksimalna sezona na nesh i drugarchinjata. so vakva igra i zdrav stademaer dogodina neizbezna e titula ... tolku od mene za ovaa sezona. se citame dogodina :) pozdraf

6/04/2006 05:25:00 am  
Blogger retry said...

Chestitki Marche :))

6/04/2006 06:14:00 am  
Blogger kole said...

марче немој да бидеш толку сигурен дека со стадемаер ке бидат блиску до титулата. Имало многу играчи кои после тешки повреди, никако не можеле да се вратат у таа форма у која биле пред да се повредат. Дај боже да се опраи зверот и да глеаме таков феникс,зверски. Да не кобам, ама нешто од унатре ми кажуе дека амаре нема да биде тоа што се очекуе да биде

6/04/2006 11:34:00 am  
Blogger Karakash said...

Sindy, respect za komentarot.

Marce, dali toa znaci deka vise nema da komentiras?

Kole, aj ne Kobi za Amari!:))

6/04/2006 12:04:00 pm  
Blogger Latifovich said...

Eve sega imav vreme sindy i go procitav kometarot i da ti kazam do trenerot e ne e nisto drugo problemot i malku ponasanjeto na igracite :)

6/04/2006 02:17:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Looks nice! Awesome content. Good job guys.
»

6/08/2006 09:53:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Hey what a great site keep up the work its excellent.
»

7/22/2006 02:34:00 pm  

Post a Comment

<< Home