Tuesday, June 06, 2006

Живот лети, Капетане!
На 07.06., пред точно 13 години во трагична сообраќајна несреќа во Германија засекогаш го загубивме кошаркарскиот Моцарт, Дражен Петровиќ. И по толку години, болката е еднаква, а раната боли како тоа сончево сабајле кога со тазе скршен зглоб ме вратија од школо дома и кога слушнав дека Дражен го нема веќе. И порано имам пишувано за Петро, за тоа што ми значеше тој мене, а уште повеќе на генерацијата некоја година постара од мене и што значеше тој воопшто за кошарката во сите земји од екс-ЈУ, но и Европа. Но, Дражен е и совршен пример дека всушност не е битно колку, туку како живееме, односно како поминуваме и што оставаме зад себе во животот. Како извичник на целата негова кариера денеска во Загреб ќе биде отворен "Mузејот на Дражен Петровиќ",кој по долги години барање спонзори на сите страни, успеа да го изгради мајка му на Дражен, Бисерка, потмогната во голема мерка од самиот град Загреб, а и Владата на Хрватска. И стално си викам ај да седнам да напишам еден подолг пост за Петро...ама не иде, почнувам да се ежам, да ми се враќа филмот на тој ден кога целиот кошаркарски свет се сруши...Клипот мора да го погледнете, без разлика колку време му треба се лоудира. Во него се сите играчи кои треба да му кажат едно големо ФАЛА на Дражен за табањето на патот по кој тие стигнаа до НБА. Сликата што ја гледате најгоре е урамена и виси на еден од ѕидовите во мојата соба, а еден од моите единствени два НБА дреса е плавиот на Петро од Нетси. "It was a thrill to play against Drazen. Every time we competed, he competed with an aggressive attitude. He came at me as hard as I came at him. So, we've had some great battles in the past and unfortunately, they were short battles" - Michael Jordan. Еве и неколку линкови. GoldenEye, кој една година пред трагедијата ја имал таа чест да го интервјуира Петро ; Официјалниот сајт ; По приемот во Хол оф Фејм ; На NBA.com и на Вики. ...Живот лети, Капетане! ПМС: Од утре ќе почнеме да се занимаваме со финалето.

20 Comments:

Blogger Shepard said...

. . .

6/07/2006 12:27:00 am  
Blogger beto # 6 said...

Никад го неам гледано и незнаете колку ми е мука...Неможе толкава фама да се дига на секоја година од неговата смрт, а да не бил ѕверка на терен. Баш ми е жал што умрела една кошаркарска ѕвезда...

П.С. ај споредете ми го Дражен со некој од денешниве играчи...Дирк, Неш?!?!

6/07/2006 07:06:00 am  
Blogger retry said...

Ubistven shut, u dvete zadnji sezoni u NBA imashe shut od pole nad 50% i fantastichni 40 i kusur za 3, shto za bek e nezamislivo. Shteta shto Portland go draftuvashe i vo sezonite pominati tamu ne dobi shansa pred se zaradi Porter i Drexler, ali koga prejde u Nets prosto eksplodira.
Ja pred se po shutot go pamtam (tuka mozhe da pravish sporedbi so Dirk ili Nash, iako totalno razlichen skok shut imaat ovie trojca), ali i utakmicata protiv Houston koga mu iskrshi kichma na Vernon Maxwell (onie koi ne znaat, eden od podobrite defanzivci vo toa vreme) i mu ubaci 40+. Shteta za chovekot.

Inache da vi kazham edna stvar, koja mozhebi e koincidencija koja retko koj ja znae (mozhda Enko) ama ...
ROKOT NA VAZHENJE NA LICHNATA KARTA NA DRAZHEN ISTECHE TOCHNO NA DENOT KOGA ZAGINA

Gadno, a?

6/07/2006 08:22:00 am  
Anonymous Чоте said...

Што ти требаше ова Енко, се наежив и растажив.

6/07/2006 08:25:00 am  
Blogger retry said...

Pogotovo klipov me trogna (da ne se izrazam losho), mnogu dobro ukomponiran pogotovo onoj del so igrachite shto treba da mu se klanjaat na grobot za uspesite shto gi postignale u NBA (ne znam samo zoshto go stavile Darko u celava pricha, aj mozhda pokasno kje bide od nego neshto).

Enko, dali na pochetok toa bea zborovite na Derrick Coleman shto gi kazha, koga go povlekuvaa dresot na Drazhen? Taka mi zvucheshe ama ne sum siguren.

6/07/2006 08:49:00 am  
Blogger Karakash said...

Ritraj, licna karta - tacno.

44 protiv Hjuston.

Kolmen - tacno.

6/07/2006 11:08:00 am  
Anonymous Чоте said...

И да, забораив да споменам дека Реџи Милер во една прилика изјави: “Сакам да имам шут како Дражен Петровиќ“...

6/07/2006 02:35:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

У стил на најбоља традиција на разбивање на R.I.P. тензијата со хумор, а и истовремено и како оддавање почит на непокорливата жовијалност на Дражен:

Миличиќ погаѓа од дистанца само на трибјути....... :)

6/07/2006 04:51:00 pm  
Blogger znalac said...

Да, и јас до денешен ден се сеќавам на моментот кога ја слушнав веста. Не можев да поверувам... И мислам дека на секој кошаркарски фанатик кој израснал со генерацијата од средината и крајот на 80-тите останал со 2 неостварени желби: да го види Дражен во полн сјај во NBA (иако постигна многу во последните 2 сезони во NJN) и да го види дуелот на тогашната YU репрезентација со NBA тимот.

Како и да е, ќе кажам само дека беше легенда во секој поглед. Од Шибенка, Цибона, Реал,... секогаш. Во NBA имаше две безвезни сезони со POR, но со преселбата во NJN го покажа квалитетот. Ги однесе во плеј-оф после 6 години, имаше 20+ просек во двете сезони и беше водечки SG со 51%, односно 52% од поле (пред Jordan, Bird, Reggie,..). И до денешен ден е трет на all-time 3pt% листата. Сепак, тој беше единствен играч од првите 15 стрелци кој не беше повикан на All-Star 1993, што за него беше голема навреда. Има една интересна книга од Harvey Araton - Crashing The Borders околу странците, НБА, провокациите кон Петровиќ (посебно ми текнува на една од John Starks), ама за тоа после финалето и драфтот ќе праиме муабет.

За мене, Петро и МЈ засекогаш ќе останат "the greatest ever", секој на свој начин.

6/08/2006 01:59:00 am  
Anonymous Чоте said...

Ех, Зналац, 100% се слагам со твојот последен коментар, впрочем истиот коментар за Дражен го дадов кај мене на блог, ЕмЏеј и Дражен се најголеми кошаркари на сите времиња, секој на свој начин.

6/08/2006 09:35:00 am  
Anonymous Џиги said...

Бето:
- Ако во моментов Дражен беше жив и имаше 20 години, немаше да биде прв пик на НБА драфтот, за него ќе направеја посебна драфт лотарија и куглици ќе имаа само екипи како Лејкерси, Бостон, Филаделфија и Њу Јорк.
- Ален Ајверсон е Николче Петрушев, во споредба со Дражен.
- Дирк + Неш + 50% умешност + 300% магија = Дражен
- Коби Брајант е Раџа Бел за Дражен
- Стерн го молеше на колена Станковиќ од ФИБА за да им дозволи на Ен Би Ејците да играат по олимпијади и светски првенства, зашто Дражен и Сабонис ги правеа пуздер разни Алонзо Морнинзи, Дејвид Робинсони, Кени Андерсони, Мич Ричмонди, Чарлс Смитови, Херши Хокинси, Дени Менинзи, Стејси Огмони, Ден Маерлевци, Крис Гетлинзи, Кристијан Лејтнери, Били Овенси и така многу натаму.
- Дражен е првиот европски спортист кој потпиша договор од милион долари (Реал Мадрид).
- Дражен Петровиќ има постигнато 112 поени на натпревар од прва лига (Цибона - Олимпија 84-85, додуша, Олимпија играше со младински состав, ама тоа некако за тоа време му доаѓа исто како кога играат Лејкерси и Торонто, оваа година на пример)

- Изјавата на Стерн е патетична и идиотска, затоа што, не дека е без респект, ама е многу сува, обична и стерилна. Не така! За загубата на Дражен не се зборува. Се молчи.

Кога ќе прашаш некого што го гледал и што живеел со Дражен, всушност тој што ќе се обиде да ти одговори треба да молчи. Да поќути малку и ти да не го прекинуваш.

Не постојат зборови, не се ниту овие доволни и не се тие што можат да го опишат Дражен, уште помалку времето и еуфоријата што се случуваше околу него.

Жал ми е што не си го гледал, а тебе можеби треба да ти биде жал и затоа што не си живеел во времето кога го покоруваше светот.

Утакмиците можеш да ги гледаш и денес (тенкс ту технолоџи), ама духот на тоа време, за жал не.

Знаеш мајсторе, времето во кошарката како и во уметничките периоди (Барок Марок Романтизам..) се дели на ПРЕ и ПОСТ Драженовско. И да не претеруваме дека само уште еден единствен заслужува такво нешто. На листата со Мајкл Џордан заедно мора да се и Меџик Џонсон, Лери Брд и Дражен, рамо до рамо, ниту педа подолу, ниту педа погоре од нив.
Можеби има и подобри статистички, подоминантни кошаркарски, ама тие се поинакви од сите други. Поинакви.

Драго ми е што бев сведок, па сега сведочам.
Поздрав

6/08/2006 12:56:00 pm  
Blogger Karakash said...

Држи Џиги, држи.

6/08/2006 01:07:00 pm  
Blogger Karakash said...

Од збор до збор.

6/08/2006 01:07:00 pm  
Blogger Shepard said...

. . .

6/08/2006 01:47:00 pm  
Blogger retry said...

Dzhigi, respect. Svaka chast.

6/08/2006 02:55:00 pm  
Blogger retry said...

Shep, ne pravi be vakvi finti :))

6/08/2006 02:56:00 pm  
Blogger znalac said...

Одлично кажано Џиги, одлично.

И добро што потсети на тие 112 поени (40-60 шут од поле). Беа против јуниорскиот состав на Олимпија (играчите им штрајкуваа или не знам што беше), но и Дражен тогаш имаше неполни 21 година.

6/08/2006 05:07:00 pm  
Anonymous Џиги said...

Не, играчите на Олимпија не штрајкуваа, него тоа беше прво коло, а глупот секретар на клубот не ги однел на време барањата за лиценци на првиот тим, па според тогашните закони, мораше да играат со младинци или службено да го загубат мечот.
После се збореше дека наводно секретарот се опил негде на пут до Белград... Ама тоа нема врска, Дражен си е Дражен..
Човече, беше крвник за кошеви...

6/09/2006 01:34:00 am  
Anonymous Џиги said...

Уствари, коментарот на Шеп е најбољи, веќе 2-3 пати заборавам да го нагласам тоа, а заборавам.
Така е дечко, тоа е коментарот за Дражен.

6/09/2006 01:44:00 am  
Blogger drazen3 said...

Аз съм от България но знам всичко за Дражен той е мой идол в баскетбола никога няма да го забравим !!! Най-великия евеопеец !!! почивай в мир

4/29/2007 08:46:00 pm  

Post a Comment

<< Home