Friday, June 09, 2006

"Слатко" ...+ The Avery Family and The Mavs Raiders Of The Lost Trophy
Зошто Шек е one and only? Ѕирнете го клипот.
Во текот на Гејм 1 играчите на Мајами неколку пати се обидоа да трчаат со Мавси, што знае да биде забавно и барем на момент да го подигне егото, ама е и совршен начин да се изгуби од Далас. Мајами има само еден единствен играч кој може да ги тепа Мавси во нивната игра и тој се вика Двејн Вејд, што тој и го покажа во првата и третата четвртина сабајлево. И, додека Вејд се забављаше на теренот, Шек изгледаше како да е далеку од тој стејт оф мајнд на својот "Робин" По средбата Шек за играта на своите соиграчи рече дека била "Слатка", израз кој Дизелот го користи кога сака да им стави до знаење на своите поданици дека биле за нигде. Далас со се срце ќе му дозволи на Вокер да шутне дупло повеќе пати од Шек во првите три периоди и осум пати повеќе во текот на целата средба. Мајами не може да победи со таква игра. Вокер отсекогаш бил една од најголемите неконстанти во лигата, за разлика од темелите Шек и Вејд. Тој пред две години играше за Мавси, кои без да размислуваат го откачија после само една сезона и кои верувам не би имале ништо против Вокер секоја вечер да пуца по 19 пати. Главната сила на Мајами е во силата на Шек, нешто на што Дизелот ги потстети своите поданици во дел од последните 12 минути кога им се дереше да му ја спушаат топката и да не шутираат луди тројки преку рака, посебно не пацери од типот на Вокер и Пејтон. Но колку што е во него силата на Мајами, во него е и слабоста на Мајами. Слободните на Шек ниогаш не биле посебно прецизни, ама па сабајлево беа катастрофални. Изјавата на Вејд дека ова е само еден меч е 100% тачна, како и тоа дека оваа средба беше од многу поголемо значење за Далас, отколку за Мајами, пред се поради глупиот формат на финалето. Клучна во ова финале ќе биде втората средба, која Мавси не смеат да ја изгубат. Нормално, свака му част на Авиончето Тери, кој го искористи самракот на ѕвездите и излезе како најсветла тачка у првиот дуел, нешто што сумњам дека ќе се повтори пак.
* * * * *
Два клипа кои заедно со изјавата горе на Шек влегуваат у конкуренција за најдобри клипови у историјата на МакНБА. Мооора да ги ѕирнете...
The Avery Family
Mavs Raiders Of The Lost Trophy

10 Comments:

Blogger Latifovich said...

Ништо страшно ќе има во серијава големи утакмици а и Вокер мора да шутира кока нејке никој друг, следните две утакмици ќе ги добие мајами

6/09/2006 03:35:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

ај се кладиме дека Тери пак ќе биде ФАКТОР Х и на најмалку уше една средба

6/09/2006 03:53:00 pm  
Blogger retry said...

Konstatacijava na Kevin Sherrington drzhi voda:
"The Mavs can prove just how tough they really are. But it won't be pretty, and by the time it's over, neither will they."

Tuka e celata storija.

6/09/2006 06:56:00 pm  
Blogger gigi said...

Џејсон Тери одигра феноменална утакмица (промашениот lay-up notwithstanding) и сигурно и понатаму ќе има огромна улога во тимот... да не заборавиме дека после идиотскиот потег и суспензијата во гејм 6 против Спарси, во седмата постигна 27 поени шо беше решавачки придонес на 35-те поени на Новицки... а во најмала рака, ако Мајами реши да го стопира тогаш ќе се отвори простор за Џош и Стек... а штом Хауард постигни 20+ се знае...

пс честитки до Стек како го прими нокдаунот од Шек... никакво бунење, плачење или драма... отиде да му стават фластер, изведе 2 слободни и замина во соблекувална на крпење... се ми се чини дека и тој не го кажал последниот збор во оваа серија...

6/10/2006 02:27:00 am  
Blogger Latifovich said...

хехехе закон се клипчињава

6/10/2006 03:19:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Омразата е изгледа поголем мотиватор од љубовта/непристрасноста а? :)

Во секој случај, ја очекувам утакмицава вечер со нестрпливост, и нормално (и не толку волно) навивам за Далас. Ако треба да лупнам процент за да бидам попластичен, мислам дека доколку Далас победи вечер има 75% шанси да биде шампион, иако и со победа вечер можеби нема да се извлече од седма.

Поздрав, Syndicate

6/11/2006 09:49:00 pm  
Blogger Shepard said...

мене клиповите ме ПРОГОНУВААТ!!!

6/11/2006 11:22:00 pm  
Blogger Shepard said...

enko znae ustvari :)

6/11/2006 11:22:00 pm  
Blogger Shepard said...

а и чоте знае.

6/11/2006 11:24:00 pm  
Blogger Karakash said...

The Avery Family...(убаци тука музиката од актуелниот филм)...Клипов го потремети Шеп, два дена не може да заспие:)

Ај, барем вечер нема ни да мораш да легнуваш друже.

6/11/2006 11:33:00 pm  

Post a Comment

<< Home