Wednesday, May 10, 2006

Плескање x 2
Вчера на програма имав дабл-хедер, кој на крајот, поради чачкалиците у очи, а и плескањето на Спарси сред Аламо се претвори во еден и пол хедер. Плескањето почна со Пистонси, кои во првите неколку минути им пуштија вода на Кавси, за овие да си се понадеваат дека можат и да направат изненадување. При крајот на првиот период тргна фуријата од Детроит, по која Кавси за само неколку минути се најдоа у минус од 20 поени и кој се до средината на задњата жетвртина немаа абер да го намалат. Онда се разбуди Леброн, кој успеа да избега од канџите на Тејшон и сите други "клипови", кои не го удвојуваа, него го утројуваа стално кога ќе примеше топка. Но, ту литл , ту лејт за Кавси, кои со само еден играч само намалија на пристојни минус шест. Е сеа, да имаа уште некој асален играч, Кави можеби и ќе ги изненадеа Пистонси. Но вака, и ова е успех. Еве неколку белешки: Лери Хјуз е тапа. Знам дека и претходно имам напишано дека е утка, но против Пистонси јасно се гледа дека тој е лош Робин за Бетменот Леброн. Типот нема шут од дистанца, а камоли за три, што и тоа како им треба на Кавси кога ќе се удвои Леброн. Плус, одбраната, поради која лани беше испофален Хјуз, оваа година ја нема нигде, а РИП си шутираше кога ќе посака преку него или го поминуваше кога сака за положување. Едно од тие положувања беше на минута до крај и Кавси у минус од само пет. РИП уште у прв чекор го изгуби Хјуз, кој стигна само да направи глуп фаул за допунско и решавачки плус осум. Претходно, Хјуз фрли во бунар два напади по ред, најпрво иако имаше чист шут од слободни, тој тргна директно у Бен и направи фаул у напад, а после тоа утна чист шут. Со таков сајдкик, Леброн вади максимум од Кавси. Серијата со Визардси беше најава, а оваа со Пистонси само потврда дека Кавси нити имаат плеј, нити имаат тренер. Не е изненадување за никого тоа што Сноу е тапа, но кога твојот стартен плеј не може да пренесе топка, онда стварно имате проблем. Дејмон Џонс исто така не беше многу подобро решение, додека нешто малце-малце Флип Мареј успеа да го растерети Леброн од пренесување топка цело време. Што се однесува до тренерот, цела сезона Мајк Браун својата игра ја базираше на тоа да му се даде топката на Леброн и тој да направи нешто во нападот. Е па, против Визардси можеше така, ама не и против Пистонси, кои се многу добро свесни за тоа и имаат посебен третман за Џејмс. Пред се затоа што нема кој да му повлече кога него ќе го затворат. Браун е еден од најдобрите ликови во лигата во седење покрај аут линијата и не правење ништо. Еден од бисерите на Браун беше удвојувањето на Тејшон стално кога овој ќе се спуштеше у рекет против Леброн. Тоа цело време го оставаше сам на тројка Шид, кој си пуцаше како на тренинг. Кога им текна да престанат да го удвојнуваат Принс, Кавси се доближија на помалце од минус десет, ама прекасно. Пистонси се машина. Тачно дека Кавси се една класа под нив според квалитет, исто како и Бакси, ама досега у плеј-офов тие покажаа дека се најопасен тим и заедно со Далас најозбилни кандидати за тронот на Спарси. За разлика од пуно од вас, на кои знам дека им се мрски, мене ми се милина за гледање. Секој си ја знае својата задача, секој стартер освен Бен може да погоди за три или да изигра еден на еден кога треба, а у одбрана сите затвараат и преземаат навреме. Е, има една ствар која ми ги прави малку мрски, а тоа е Бен Волас, кој лани си лапна уште една дефанзивна титула, тотално деградирајќи ја наградата која на времето ја добиваа еден Џордан, Пипен и Пејтон. Таков балван, без познавање на основни кошаркарски елементи ја немам видено одамна, а неговата одбрана е преценета зошто цела екипа игра тимска јака одбрана. У некој слаб клуб Бен би седел на клупа, како и што беше у Вашингтон и Орландо. Да не зборам за непостоечкиот шут, посебно од слободни, каде лани имаше едно убаво бунарче. Знам дека заради тоа што е балван и неталентиран до коска Бен заслужува почит, и тоа и го има, ама мислам дека е многу лоша реклама за секој кој знае дека у НБА играат најдобрите. Толку од Кавси и Пистонси, кои ќе биде изненадување ако одиграат повеќе од четири, ај преку сила пет средби. После нив, одма следуваше второто плескање по ред, она побитното и поголемото кое Мавси го приредија сред Аламо. Ако некој ги знае Поп, Тим и Спарси, онда тоа е Ејвори, што се покажа синојќа. Малиот генерал пак го остави Данкан да си игра, иако го ограничи неговиот ефект од поле, терајќи го да се поти од слободни, а играта ја убрза со Девин Херис, потег кој Поп веројатно не го очекуваше. Херис покажа дека Паркер не е 100% или Ева има добиено и заедно со Хауард, Тери и од клупа Стекхаус ја бушеше одбраната на Спарси, кои за прв пат после долго време делуваа споро, старо и немоќно. У таа прича се вклопи и Ману, кој исто така не е 100% и кој у овие две средби со Мавси не е никаков фактор. Единствена добра вест за Сан Ан. од вчера е тоа што серијата прави пауза од три дена, што ќе им даде барем малце време за одмор. Мада, како што играа досега, џабе ќе им бидат и 15 дена кај Тимчо Роботчо дома на Вирџин ајландс.

23 Comments:

Blogger znalac said...

Јас ги гледав двете и коментарот држи во секој поглед. Hughes ги закопа со глупиот фаул у напад над Бен. Си рече „ај и ја нешто да напаравам“, а боље ич ништо да не праеше. Едино за Рип би кажал дека положуењето на минута пред крај у ствари му беше единствен FG во мечот (што не значи дека Hughes играше добра одбрана). А, Бен на првата со CLE фрли два бунари од две слободни по ред - мизерија.

А во вторава DAL ептен ги истаба SAS. Што би рекле "coach of the year" на дело. Инаку Поп рече дека ич не му е по ќеиф непостојаноста на екипата и дека ќе биде густо, ама тоа е. Никако да врзат две јаки серии по ред, или две одлични (шампионски) сезони по ред. Затоа, DAL е сериозен кандидат за финале.

5/10/2006 03:38:00 pm  
Blogger retry said...

E sega malku moram da te demantiram. LeBron ima (kolku tolku spored iminjata) kvalitetni igrachi pokraj sebe. Poznato e kakov igrach beshe Larry Hughes dodeka igrashe za Wizzards i ofanzivno i defanzivno. Cavsi se ispotepaa proshloto leto da go zemat i vo toa uspejaa. Tuku aj da pochnam so red da gi listam tie "igrachishta". Samo me nervira vaka so brojki da izleguvam ama gledam deka na povekjeto na blog-ov tie im se porelevantni od bilo koi drugi stavovi, mislenja ili sledenje na natprevari (da znae Bakica deka tolku sakame statistika odma ne zema u ekipa :)) ).

Drew Gooden lani vo dresot na Cavs imashe 14.4 ppg i 9.2 rpg, ovaa sezona 10.7 so 8.4. Inache ushte kako debitant vo Grizzlies se predviduvashe deka igrata kje mu odi vo nagorna linija, shto se potvrduva i koga beshe zamenet vo Orlando i se do prvata sezona vo Cavs koja mu e i vrv vo dosegashnata kariera.

Larry Hughes lani vo Wizzards 22 ppg so 2.89 spg, ovaa sezona 15.5 so 1.47. Malo opravduvanje mozhe da ima povredata, no sepak se slagam so Enko deka mnogu povekje se ochekuvashe.

Zydrunas Ilgauskas lani vo Cavs 16.9 ppg, 8.6 rpg i 2.12 bpg, ovaa sezona 15.6, 7.6 i 1.74. Inaku Zzzzz imashe duri i podobri brojki vo sezonite pred da dojde James, a otkako si gi sanirashe povredite (se sekjavate, otkako go draftuvaa ne odigra nekolku celi sezoni). Mislite deka e do bradata?

Tuka bi gi spomnal ushte i veteranite Snow i Marshal koi na vremeto bea igrachishta i bi trebalo da znaat kako da odigraat vo playoff, kako i Anderson Varejao chii vistinski sposobnosti seushte ne isplivale na povrshina.

Vo tekot na sezonava i vo dosegashnite natprevari od playoff-ot mnogupati mnogumina od nas gi kritikuvaa ovie igrachi deka ne se na potrebnoto nivo. Vistinskiot odgovor nikoj od nas ne go pronajde, ama po poslednive natprevari na Cavs mislam deka rabotite mi stanuvaat jasni okolu toa prashanje. Prichina za padot vo igrata na site ovie igrachi e tokmu nivnata prva dzvezda. Vakvata igra na James (extra statistichki pokazateli) normalno e deka kje dovede do namaluvanje na prosecite kaj ostanatite negovi soigrachi. So takva igra na James Cavsi za prvpat po kataljarda godini stignaa do playoff. No vo tekot na sezonata koga se igra eden natprevar (so iskluchok na kluchnite natprevari kon samiot kraj na sezonata za zazemanje playoff pozicija) ne se obrnuva mnogu vnimanie na odbrana na eden igrach i negovo zatvoranje po sekoja cena. James vo tie natprevari gi pokazha svoite neosporni kvaliteti i negova e zaslugata shto Cavsi uspejaa da bidat duri chetvrti na istokot (na zapad ne znam dali kje mu uspeeshe). Od druga strana James e kriv shto Cavsi nema da odat podaleku vo playoff-ot (nema valjda da se desi chudo so Detroit). Treba da bidat srekjni shto voopshto na srekja go dobija bivshiot klub na Hughes i otidoa na megdan so Detroit. Vo playoff-ot malku poinaku stojat rabotite i James toa treba da go sfati. Vo sezonata toj gi osakati svoite soigrachi za da ne mozhat da odigraat asalna utakmica vo playoff. Prethodno dadov vetuvanje deka nema da go spomnam Kobe do krajot na playoff-ot, ama ova me natera da go prekrsham. Kobe nemashe dobar igrach pokraj sebe vo timot (osven Odom), a se potrudi, vo shto i delumno uspea, da gi razigra soigrachite vo playoff. Negovata igra vo sezonata e opravdana so tolkav visok prosek na poeni, na James ne e (iako pak kje povtoram so takva igra gi donese Cavsi vo playoff). No soigrachite na James ne mozhea da si ja najdat nivnata nekogashna igra protiv Washington i Detroit, vo momentite koga "kralot" zapochna da sfakja deka sam vekje ne mozhe i ne ide, pa pobara pomosh od niv. Samiot si e kriv shto gi unazadi Hughes, Zzzzzz i Gooden, shto ne im ostavi prostor na Snow i Marshal da vlezat vo ritam i da pomognat so svoeto iskustvo, i shto ne dozvoli da ispliva na povrshina Varejao (da mozheshe da prima od nekogo dobri topki pod koshot rastur kje napraveshe, ama...). Ete tuka e razlikata pomegju James i Kobe. Bryant bar se obide so nikakvi soigrachi da go napravi toa, James ne se ni obide, kolku i da sakal. E sega tuka vlijanie imaat i dvajcata treneri Zenijalecot i totalno izgubeniot sh... Brown. Enko, znam deka nema da ti se dopadne sevo ova ama toa e fakat i malku bidi poobjektiven vo sporedbite (ne znam dali voopshto ima potreba od sporedbi), se razbira dokolku gi iskluchime onie vonterenski aktivnosti (dolgiot jazik na Bryant itn.). James zasluzhuva kritiki za igrata vo ovoj playoff barem isto kolku i Bryant.

5/10/2006 04:16:00 pm  
Blogger retry said...

Inache treba da igraat zaedno vo ista ekipa Hughes, George, Stackhouse, Ginobili i Dampier. Samo ne veruvam deka kje mozhat da delat topki megjusebno. Sekoj kje saka shto povekje da go dozaebe timot :))

5/10/2006 04:21:00 pm  
Blogger znalac said...

Според мене, за ова издание на CLЕ „најзаслужен“ е шупак тренерот - Mike Brown. Мислам дека ако имаа некој искусен и квалитетен тренер можеа многу подобро да одиграат. LBJ игра (или би требало да игра), тоа што го бара тренерот, а тренерот е тој што треба да направи прилагодувања зависно од квалитетите на својот и противничкиот тим (као вчера АЈ со Devin Harris против ЅАЅ). Па и МЈ имаше просек 37,1 кога тренер беше Doug Collins. Дојде Phil Jackson, просекот падна, ама паднаа и 6 титули во 6 последователни (цели) сезони за МЈ. Тренерот треба да има знаење и авторитет. Што би рекол Поп, "my way, or highway".

5/10/2006 04:55:00 pm  
Blogger retry said...

Potpolno se soglasuvam. Brown duri i da ima avtoritet (ako vekje Lebron tolku go slusha, vo shto ne veruvam) ama nema osnovni trenerski poznavanja.

5/10/2006 05:03:00 pm  
Blogger Shepard said...

леброн е магарац.

5/10/2006 05:18:00 pm  
Blogger Shepard said...

а хјуз е пацов.

5/10/2006 05:23:00 pm  
Blogger Shepard said...

иначе енко, детроит не се мрски за гледање.

ДЕТРОИТ СЕ ЛАКСАТИВ.

5/10/2006 05:24:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Абе ја САС неможам да ги глеам...Детроит и мене ми се убави за гледање...

А иначе, јебото ЛеБрон (што немате појма колку ме нервира после тоа 3тиот меч со вашингтон) сеа нека трпи со Пистонс.



Вечер шо ќе даваат?

5/10/2006 06:52:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Pa ja retry da ti kazam Lejkersi imaat podobri igraci od Clevlend eee kwame brown prv pik 2001 ?!? a kaj klivlend site penzioneri e za edno si vo pravo trenerot ,mislev dobar bil ali ispadna sranje e posle siokesnata utakmica mada gledav samo prvo poluvreme. A drugo nesto vi garantiram vo rok od 5 godini lebron james ke osvoi titula so clevlend

5/10/2006 08:24:00 pm  
Blogger retry said...

Ti Kwame Brown go smetash za igrach? Znachi i Milichich e igrach poshto pred tri godini beshe 2 pik. Kwame Brown beshe predviduvan kako senzacija, ama nitu vo Washington, nitu vo LAL se pokazha bar vo 10% od toa shto mu go predviduvaa.

5/10/2006 08:51:00 pm  
Blogger Karakash said...

Ритрај, една ствар ќе ти кажам:
-Ти брат си луд!

Бето, види бе у пост-два подоле, имаш распоред за цела недела. Да, Мајами и Нетси ги даваат.

5/10/2006 10:18:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

Jeeeeeeee...TOP!

Утре не идам на школо, имам рикеп за Њу Џерси 100000% дури и да изгубат 20 разлика

5/10/2006 10:47:00 pm  
Anonymous flight 75 said...

Retry, само ова:
Кога, in the name of God, биле Сноу и Маршал играчишта?

5/10/2006 10:48:00 pm  
Blogger Karakash said...

Не бе, пак го прочитав твојот дооолг коментар друже Ритрај, ама џабе. Мислев да ти дадам асален одговор, ама јок, Ц. Ништо.

Останува констатацијата, која уствари сам си ја потврди со коментарот.

5/10/2006 10:52:00 pm  
Blogger марче said...

retry me potsekas na Cedric the Entertainer u Barbershop! :))

5/10/2006 10:53:00 pm  
Blogger марче said...

beto samo ti pishi, a ako ti treba opravdanje :) znaes kaj da se obratis :P

5/10/2006 10:56:00 pm  
Blogger Karakash said...

The Truth бај Скуп Џексон

5/10/2006 11:10:00 pm  
Blogger Shepard said...

скуп е патетичен.

леброн НЕ Е ПОБЕДНИК. нема ни да биде.

See, all of LeBron James' life, God has had a plan for him. - !!!!!

5/10/2006 11:40:00 pm  
Blogger Karakash said...

Телетабиси, а?

5/10/2006 11:50:00 pm  
Blogger Shepard said...

и понекогаш „волшебнички“.

абе не е типот победник, шо сеа. го нема тоа животинското, колку и да е животно. ти викам, ќе праи по 50 поени, трипле дубле, све ќе праи, и титула ќе земе ако му го донесат гарнет и уше некој, ама никад нема да ја има онаа страст - ју ноу уот ај мин - килер инстинкт, предаторска опрезност, фокус, разумност и шо знам, лепота..

уствари ако иде на летен курс кај дрекслер, меџик, пипен - ондак може и да научи нешто.

рецимо двејдвејн колку и да ме нервира, го има тоа, крис пол е надежен, бен гордон, коби да не збориме, џош хауард го глеам се дичи, џо џонсон да речеме, ама леброн некако ми е превише ваљак за да биде херој..

5/11/2006 01:06:00 am  
Blogger retry said...

Fala Enko :))

Inache Flight ne znam od koga si pochnal da gledash NBA, ama Snow i Marshall si imaa nekolku dobri sezoni (Philadelphia, Golden State/Utah, vidi statistika za niv ako ne ti se veruva), shto ne mozhe da se kazhe za 90% od igrachite u LAL.

5/11/2006 02:54:00 am  
Blogger Karakash said...

Open your eyes, momci. Open your eyes.

5/11/2006 10:30:00 am  

Post a Comment

<< Home