Friday, May 12, 2006

R.I.P. Justin Hughes
Понекогаш ќе прочитате некоја вест која ќе ве натера да се сетите дека "Има и поважни работи од кошарката", нешто што доста често се заборава. Ова подоле е текст/вест кој ќе оди утре во Мак.Спорт, а е поврзан со Лери Хјуз и смртта на неговиот помлад брат Џастин, кој знам дека од поодамна се мачеше со срцето и долго време беше во критична состојба. Можеби и тоа е една од причините за слабата игра на Хјуз во плеј-офот. Ако е така, сори Лери, прими го сочувството на МакНБА тимот.
* * * * *
Бекот на Кливленд, Лери Хјуз последниве два дена не е дел од тренинзите на Кавси, откако поради смртта на својот помлад брат го напушти клубот и замина за Сент Луис, каде живее неговото најблиско семејство. 20-годишниот Џастин Хјуз почина во четвртокот наутро. Тој бил роден со мана на срцето поради која тоа морало да му биде пресадено кога имал само десет години. Се уште не е познато кога Хјуз ќе се врати меѓу "коњаниците", кои вечерва дома ја играат својата трета средба од полуфиналниот дуел на Истокот со Детроит, серија во која губат со 2-0. "Кошарката во моментов не би требала да му биде приоритет. Тој мора да биде таму, со своето семејство, кое поминува низ многу тежок период. Доколку има сила да се врати, во ред, доколку не, ние ќе продолжиме играјќи за него и неговиот брат" - изјави соиграчот на Хјуз, Дејмон Џонс.
* * * * *

4 Comments:

Blogger Latifovich said...

Neka mu e lesna zemjata :(

5/12/2006 01:43:00 pm  
Blogger retry said...

Sega mi e krivo shto tolku go spomnuvavme Larry vo negativen kontekst. Imalo prichina stavrno. Sepak vo vakvi sluchai kosharkata mora da se stavi vo vtor plan.

5/12/2006 02:01:00 pm  
Blogger Shepard said...

бед

5/12/2006 02:17:00 pm  
Anonymous bodan said...

значи ипак имало проблем.жалим за серењето против него.

5/13/2006 01:20:00 am  

Post a Comment

<< Home