Friday, May 19, 2006

Детроит и Спарси он д роупс + Коби и Чак на ТНТ и NBA Live '07
Пред некоја недела кој би помислил дека двата најдобри тима од сезоната во една иста вечер ќе се борат за својот живот во 2. рунда, па уште и на гости. Но, баш таа ситуација ја имаме вечер во дабл-хедерот во кој Детроит ќе мора да тепа у Кливленд, а шампионот ќе се бори за седма у Аламо кај Дирк и Кјубан. Малце повише ќе им се свртам на Пистонси, кои у овие задњи три средби чиста спротивност на тимот со најдобриот скор сезонава. Причината за тоа е тренерот, а до негде и клупата, која па пак е спомната ради работата на Флип Сандерс. Колку и да имам Лерингитис и да ги мирисам неговите потези на напуштање на тимовите и судирање со играчите низ кариерата, Лери Браун у моментов многу им фали на Пистонси. Кога Лери дојде у Детроит, тој од многу добар тим со солидна одбрана, направи многу добар тим со одлична одбрана. Баш тоа беше главната карактеристика на Пистонси од која се плашеа сите нивни противници и поради која играа две финалиња и освоија една титула. Оваа година Флип ја смени нивната филозофија, што добро легна кај играчите кои добија поголема слобода у нападот и сите беа весели у Детроит, барем до овие три со Кавси. Прошлите години Пистонси играа цели напади, го сечеа рекетот, спуштаа на пост и правеа едно чудо блокови за РИП. Оваа година не се мачеа толку и ако имаа чист шут го пуцаа и на 23 секунди до крај на нападот...и се беше ОК дури не отпатуваа за Кливленд. А пазете, Кавси се просечен (може и потпросечен) дефанзивен тим, доказите за тоа ги изнесоа Визардси во првата рунда. Ако сакаат да идат даље и да ги оправдаат прогнозите за уште едно НБА финале, Пистонси, односно Флип, ќе мора да сфатат дека тие се ДЕФАНЗИВЕН тим и само со таков пристап можат да освојат нова титула. Колку и да играа добро сезонава, тие не се ОФАНЗИВЕН тим, тие можат да бидат тоа, но не многу често, затоа што како што играа сега, премногу се потпираат на шутеви однадвор и многу малку игра на блокот и на постот. Проблем е и клупата која за плеј-офов ја скрати Флип и на која нема плеј-бек кој би им дал малце да дишат на Чонси и РИП. Можда Делфино, а? Како и да е, нема многу време за Пистонси да се разбудат и да сфатат што им треба за да се вратат на победничките стази. Ако до сега не сфатија, тешко дека ќе сфатат у само неколку часа до решавачкиот меч. У иста ситуација се Спарси, на кои вечер барем малце ќе им биде олеснета задачата со суспензијата на Џејсон Тери за мавањето у незгодно место на Финли у Гејм 5. Казната ги разбесни Кјубан и Мавси, ама па и на Тери не му требаше таа глупост (иако не беше нешто страшно). Колку е подобар тренер од Флип, Грег Поповиќ покажа на задњата со Далас у која конечно ги извади сите свои високи момци, освен Данкан, и почна да ја игра играта на Далас, како што лани направи со Феникс. Брзо и агресивно, без многу тупење. И покрај тоа Далас стигна до напад за победа, што само кажува каков мотиватор е Ејвори Џонсон. Ипак, без Тери мислам дека ќе имаат проблеми вечер да го задржат шампионот, некој ќе мора да степ-ап, а не знам кој би можел да биде џокерот. Еве го и шпиунскиот удар на Тери у мудите на Фин:
* * * * *
Кромидарите со свој поглед за дешавките во Њујорк, споредувајќи го Ајзеа со Буш?!?!?
* * * * *
У средата Коби беше у студиото на ТНТ, ја го фатив делот у полувремето на Далас-Сан Ан, кога Чак и Коби више си се објаснија за критиките на Баркли на негова сметка. Еве го клипот од првиот дел од муабетот у кој сконцентрирајте се на муабетот, на не облеката на Коби, која изгледа како да ја украл од некое 10-годишно дете од приватно школо.
* * * * *
Ја од пред некоја година (две-три) више не сум загреан за НБА Лајв игриците, пред се затоа што изгубија секаква смисла и уопште не ми личат на вистинска симулација на кошарка. Ватевр, ЕА спортс имаше сник привју на тоа како ќе изгледа новата игрица за следната сезона, која според тоа кој е моделот, од сега е осудена на тоа да биде тапа. Гасоламабад е една од фаците чии покрети се кепчаат, а у линкот има доста смечни слики на Пау у хеланки. Андале! Еве и клип како би требала да изгледа играта, од кој гледаме дека Трејси Мекгрејди уствари е мулат.
* * * * *
За кој навијам ја бе...

25 Comments:

Anonymous flight 75 said...

Ја па, Енко, искрено мислам дека Детроит е у каша баш поради тоа што со Кливленд ја игра единствената игра која не му одговара во ваков дуел: бавна, дефанзивна, контролирана.
Тим како Кливленд кој има една, максимум две офанзивни опции, треба да го растуриш, а не да береш страв од Леброн.
Остај го Леброн, нека дае 40, тепај ги дваесет разлика. Сигурен сум дека Кливленд не може да парира у брза игра. Флип ептен не знае да го контролира темпото.

Ај, можда ќе биде у седмата (ако има), пошто крај на трета е у моментов - 63:61 за Пистонси. Пак се мачат. Дури и да победат оваа, тешко ќе е......

5/20/2006 03:09:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Инаку, мора да спомнам дека за мене најголемо разочарување во цела серија е Рашид. Абе, земи го она бразилецот - тресни го од земја....Денес е посаглам, ама ипак...

П.С. Пример за она што го зборев горе е првиот меч - Леброн имаше солидна шутерска вечер, ама Пистонси демолираа......

5/20/2006 03:14:00 am  
Blogger Karakash said...

Не берат страв, него не знаат да играат кога неколј ќе им умртви игра, затоа што цела година немаат играно таква кошарка.
Флип им даде слобода у напад, ама па и скроз ги опушти у одбрана. Заради тоа и ова им се дешава.
Тоа ми е муабетот.

5/20/2006 03:20:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Е, тоа е друго.

5/20/2006 03:35:00 am  
Anonymous flight 75 said...

Ги извади Бен. Идеме у седма. А, сеа идеме у Далас....

5/20/2006 03:52:00 am  
Blogger Karakash said...

Детроит тепаше на најшупачкиот можен начин. После ваков пораз Кавси тешко дека можат да направат било што у Обурн Хилс.
А како само ќе ја усереше Шид да не го спасеа Кавси и нивното незнаење да се загради на одбрана у скок.

А и Мајк Браун ја усра. Типот немаше тајм-аут за барање у така тесна завршница па мораа да трошат време на пренесување топка.

Се исполни првиот дел од најмрското сценарио, а се ми се чини дека ќе се исполни и 2. дел и ќе тепаат Спарси.

5/20/2006 03:56:00 am  
Blogger Karakash said...

А и не ќе беше лошо да се укључеа у Далас-Сан Ан...

...Пуштија реприза од вчера Клиперси ?!?!?!?

5/20/2006 04:13:00 am  
Blogger Laf said...

Што прават овие од СПОРТ4???

5/20/2006 04:13:00 am  
Anonymous observer said...

Spurs is back !!!
Se si doaga na svoe mesto.

5/20/2006 10:26:00 am  
Blogger Shepard said...

да умре билапс! да цркне!

и паркер исто!

да умрат. не да се повредат, ДА УМРАТ.

5/20/2006 11:29:00 am  
Anonymous observer said...

Zasto Parker be, nek ti umre Kobi :))

5/20/2006 12:37:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Конечно Шид над 20... ОК, on to the next one...

За Мавс-Спарс, што се случи? Ја даваа на ТВ4? Инаку, моја прогноза е дека Далас ипак, иде даље.

Поздрав, Syndicate

5/20/2006 12:47:00 pm  
Blogger retry said...

Nishto batki, na krajov pak kje izleze SAS-DET. Ja bi sakal iznenagjenje ali... shta je tu je.

Enko sakash da se tepash, a? :))

5/20/2006 03:31:00 pm  
Blogger марче said...

dobro bre ovie sport 4 preku den znaat da dadat li nesto drugo osven tenis? reprizi od vecerasnite utakmici ima li nekad? ....

5/20/2006 04:33:00 pm  
Blogger joka said...

Alal da ti e KARAKASH za slikata.

5/20/2006 05:07:00 pm  
Blogger Shepard said...

ќе почнам ја агресивно према навијачи на сан антонио и детроит

5/20/2006 05:11:00 pm  
Blogger beto # 6 said...

ЈАС НАВИСТИНА РАЗМИСЛУВАМ ДАЛИ НЕКАД МОЖЕ ДА СЕ ДЕСИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ У ОВА ПЛЕЈ - ОФОВ?

АЈ ВЕЧЕР КЛИПЕРС. ГОУ КЛИПЕРС!

5/20/2006 05:15:00 pm  
Blogger Shepard said...

нема вечер нишо.

5/20/2006 08:23:00 pm  
Anonymous Дарко100%спорт said...

Ме изненадија Гуден и Илгаускас кој до 3/4 го водеа кливленд во резултатска неизвеснот,но ги немаше у послдена кога детроит направи неколку клучни офанзивни скокови.Потоа стапи Леброн и постојано форсираше преку него,што беше и причина за неколку изгубени топки.Иначе не знам што се случува со Билапс,многу слабо,едвај у последна се извади со слободните,иначе едвај да догура до мизерни 10 поени.Шид на висина на задачата.ДЕТРОИТ ТЕПА у мајсторката,што ми е баш жал.

5/20/2006 10:59:00 pm  
Blogger Shepard said...

ако биде финале спарс-пистонс блогов ќе го напраам ДРЕЧ ЗЕЛЕН ДА БОЛАТ ОЧИ.. као што ќе не болат очи од тикмите 65-64, прв стрелец бено удрих со 13 поени, 4/4 за три.

изненади морис еванс со 12 кај детроит..

5/21/2006 01:05:00 am  
Blogger Shepard said...

бен валас забележа учинок од 6 поени (1/15 од слободни) и 35 скока.

рип хемилтон беше 3/23 од поле..

брус боуен од ќоше даде 4 тројки.. сите во последна четвртина

данкан имаше кватрипл дабл со 10 поени, 15 скока, 10 асистенции и 13 рампи..

паркер постигна 10 поени, 10/10 за слободни и 0/9 од поле..

изненади и нестерович со дабл дабл од 11 поени и исто толку скокови, од кои 9 во напад..

џинобили имаше 7 украдени топки..

принс заби од линијата за слободни..

брент бери даде тројка од пола терен за победа..

и така..

а да, финли претрпе удар во муда.. од страна на назр мохамед, кој беше суспендиран..

роберт хори утна тројка, ама за среќа се одби до нестерович, овој му ја даде на данкан, а данкан ја фрли у стил на квотербек назад на пола, затоа што детроит ги имаа затворени останатите играчи на с.а.

и така..

5/21/2006 01:09:00 am  
Blogger Shepard said...

иначе чудно беше, како назр мохамед го мавна финли, иако од иста.. сите се прашуваат..

5/21/2006 01:10:00 am  
Blogger Shepard said...

исто добра партија пружи ТОНИ ДЕЛК..

5/21/2006 01:10:00 am  
Blogger Dimitar said...

Da Vi kazam deka ste carevi, alal da vi e ve postuem stvarno ste originalni 100%. Sekoja cest.
mislam ipak deka Maverics kje tepaat, a za Detroit iako gi mrazam, iako me izesdoa u petta na sportska so 1.25 koeficient, sepak kje tepaat ubedlivo u sedma. Garant. Se sekjavate na mojot oblog, dva posta podolu?

5/21/2006 04:00:00 am  
Anonymous chale_v said...

ќе даваат ли нешто на Спорт 4 вечер?

5/21/2006 05:09:00 pm  

Post a Comment

<< Home